Translate

Friday, 1 February 2013

Преоден рок / Udinese


Беше што беше, сега доаѓа Udinese. А што беше?

Од тие што заминаа, најмногу боде очи Pato (потег кој мене лично ме направи помирен и пофокусиран. Бев преморен секој ден да читам кога Pato ќе се врати од повреда и кога ќе се фати за бутниот мускул на натпревар, да барам колку време ќе отсуствува од тимот. Подобро е вака). Покрај него за одбележување е и Urby, кој беше незаменлив во првиот дел од досегашниот тек на сезоната а неупотреблив во вториот. Тој замина во Fulham на позајмица без дефинирани понатамошни клаузули. Тимот го напуштија и Acerbi, Valotti, Copolla. Didac беше во план но поради фактот што сè уште не е опоравен од повредата, не можевме да му најдеме дестинација.

Она поважното за нас, приливот на фудбалери. Тука нумерички добивме помалку, со оглед на фактот дека сакавме да го скратиме ростерот. Дојдоа Zaccardo (кој беше трампан за Mesbah), фудбалер кој може да покрие на двете бековски позиции и како централен дефанзивец. Можеби не се вклопува во нашата нова политика но може да биде многу корисен. Потоа конечно дојде и Mario за кого повеќе можете да прочитате овде.

Во последниот ден од преодниот рок, дојде и Bartosz Salamon. Полскиот фудбалер кој настапува во Brescia, беше веќе една година на радарот на Milan. Станува збор за класичен regista кој може да покрие и како последен играч во одбраната. Располага со воочливи 190 см и прилично добро чувство за долги додавања и ширење на играта. Интересно, сезонава ја започна како дефанзивец во линија од три и беше одличен но пак настапуваше како libero. Подоцна, Brescia ја промени формацијата и настапуваше со класична четворка во дефанзива а тогаш Salamon имаше поголеми проблеми во маркирањето и чувањето на својот простор. Иако последните 6 месеци настапува како централен дефанзивец, неговата позиција е DMC. Тип на фудбалер како Sergio Busquets или David Luiz, може да покрие во дефанзива но побезбедно се чувствува малку понапред. Има само 21 година и заедно со Ricky Saponara (кој летово ќе дојде во Milan) важи за еден од најдобрите фудбалери во Serie B. Доколку може да се носи со притисокот кој го носи клуб како Milan, специфичната позиција на која игра и доколку доволно добро се вклопи во тимот, можеме да добиеме бисер на DMC за следните 10тина години. Неговите импозантни 190 см го прават опасност повеќе на нафрлените топки пред противничкиот шеснаесетник и главна дефанзива на нашата најголема болка, прекините во нашиот казнен простор.



------------------------------------------------------------------------------------------------------------


Во еуфоријата која ја донесе Mario, го пречекуваме Udinese, екипа која после Torino игра најмногу нерешени натпревари во Калчото. Измешани резултати кои во моментов им носат 9то место. Гостите го имаат еден од најопасните тандеми во калчото, барем според имињата. Di Natale е институција во Италија, а Muriel е фудбалер за кој допрва ќе се борат големите екипи.
Но затоа ние го имаме момчето кое своите први мрежи ги затресуваше токму против Udinese. Момчето кое за Udinese е вистинска казнена експедиција! 


Во нападот покрај него веројатно ќе се најдат истите оние, кои ги играат последните неколку натпревари во серија и тоа го прават одлично, Pazzini и Niang. Mario ќе чека шанса од клупата. Средниот ред е веќе константен (за жал без De Jong во него), а во дефанзива се очекува нов старт за Zapata покрај Mexes (за кој постојат најави дека може да му го препушти местото на Bonera но јас лично не верувам во тие комбинаторики). De Sciglio сè уште не е доволно фит па Abate ќе има нов старт на десната бековска позиција а на спротивната страна, константниот Constant.


Нема ништо поубаво од сигурна победа со која ќе го задржиме позитивниот моментум кој го добивме со аквизицијата на Mario Balotelli. Се надевам дека ќе ја задржиме сигурноста во дефанзива и ефикасноста во нападот.

Forza Milan!!!

58 comments:

ReBorned said...

Податок плус:

Salamon сезонава ги одигра СИТЕ 21 натпревар на Brescia од почеток до крај, не беше заменет ниту еднаш! Истото се случуваше и во купот на Италија. Дополнително, на мечот против Cremonese на 12 Август, играше цели 120 минути без да биде заменет (регуларен дел плус продолженија).

Unknown said...

Со Балотели го направија вистинскиот избор и одбраа многу добра замена за Пато кој иако е најавено дека ќе се врати јас не верувам во тоа,или ќе остане засекогаш да се вртка низ тимчињата во Бразил или ќе експлодира некаде во Европа(не Милан).

Саломон е доста интересен трансфер,по начинот на игра е сличен на Бускетс,значи не е глумец туку има исти карактеристики ко него и тоа ми се допаѓа затоа што на Милан му фали таков играч,играч што нема да бега од топката.

Ништо чудно играчов да не добива шанса некое време ко што беше со Нианг а во позадина напорно да го спремаат Алегри и Тасоти.
Оптимизам кај мене буди фактот што овие двајца одлично се покажуваат во тоа спремање на младите и убацување во првиот тим (Шарави,Нианг,Шиљо) буквално секој талентиран млад играч што им беше даден правилно го развиваат и укплопуваат во првиот тим.
Единствено не успеаа со Меркел.

Не очекува интересен втор дел од сезоната(минус тие 2 меча со Барса) па да уживаме момци :D

Anonymous said...

До душа за Меркел неможе да ни е многу криво.
Не ја доби можеби вистинската шанса ама верувајте луѓе, ако некој играч има потенцијал за големи нешта, ќе го покаже. Тоа германецот не го покажа и затоа сега е во Удине и не сум проверил дали е повикан за натпреварот в недела.
Преодниот рок беше реално тапа се додека не се случи она со Марио.
Сакале или нејќеле мораме да признаеме дека играчи како Балотели секој ден не доаѓаат во Италија, а особено не во Милан после бурното лето.
Сега имаме само една многу јасно дефинирана цел: 3то место, ни повеќе ни помалку.
А после на лето ќе има нов бран на играчи кои ќе го напуштат тимот (6-7 минимум) со надеж дека тие неколку што ќе дојдат ќе бидат квалитетни.
Пак се занесов, да поправам само дека според википедија и трансфермаркет Саламон е висок 194cm и ако заедно со Кристанте заслужуваат шанси да се докажат пред Фламини и Траоре.
Едно нешто е јасно, а тоа е дека во блиска иднина тешко дека ќе се купи напаѓач бидејќи сме и повеќе од обезбедени на таа позиција.
Дури и ако некој мене ме прашува вишок имаме, и со евентуално заминување на Робињо(4м годишна плата) и завршетокот на позајмицата на Бојан повторно имаме напад составен од Бало,Пацо,СЕС,Нианг и Сапонара.

ReBorned said...

Околу висината на Salamon, највалидниот може извор вели 190

http://www.acmilan.com/en/teams/roster_player/11255

Околу Merkel да не заборавиме, Merkel беше дел од трансферот кој ни го донесе El Shaarawy! Доколку не се откажевме од Merkel можеби никогаш немаше да го добиеме El Shaarawy! Некогаш мораш и да жртвуваш нешто за да добиеш нешто друго. Тоа е во ред, доколку тоа што го добиваш вреди многу повеќе. А богами вреди!

Anonymous said...

Кармона во Сарагоса на позајмица.
Ultras Milano

Navigator said...

Ги читам коментарите и се согласувам со вас скоро во се, ама ми смета една работа. Ми смета тоа нагласување на платата на Robinho. Прво, никој не зборуваше за тоа кој колку плата зема се до летово. Ако само се сетиме која беше платата на Zlatan, веднаш секоја друга споредба станува смешна. Второ, да не забораваме дека Binho дојде, исто, од City каде имаше огромен трансфер и дебела плата. Трето, не секогаш најдобриот играч во клубот има највисока плата, ниту играчите земаат плата по ефектот на теренот. Четврто, па да му се невиди зарем Binho не ја заслужува платата од 4 милиони? Тоа што Milan стана клуб каде се штеди на секое евро, одеднаш го прави бразилецот преплатен? Јас не се сложувам.

И не е само платата. Со префрлувањето на Boateng во средината и позајмицата на Urby, останавме со едно десно крило. Да не забораваме дека Allegri упорно форсира 4-3-3 веќе 2-3 месеци, а само со еден 18-годишњак на така важна позиција е превземање на преголем ризик. И на крајот на краиштата, да се гради млад тим е одлично, ама некако ми е прејака оваа еуфорија, особено со Niang. Мило ми е за неговата форма и перспектива, ама дајте малку полека (не се однесува на вас, тука), без толкав притисок. Има премногу идиоти што не го разбираат фудбалот и се активираат само кога е многу добро или само кога е многу лошо. Одма го менуваат мислењето за 180 степени. А тоа дефинитивно влијае кај 18 годишен фудбалер.

Navigator said...

И да, што се случува со Roma бе? Каква лоша серија, каков пад на форма... страшно!

Anonymous said...

Abe ivce,ja ne mu ja davam platata na robinho kolku saka neka zima nego dvolicno e da se zbori za stedenje koga imame igrac koj koshta mn a ne e neshto korisen dodeka od dr strana ni falat igraci na dr pozicii.
Izinete za latinica
ultras milano

ReBorned said...

Ezekiel Henty денес ги врати фановите на Milan, назад низ времето! Henty постигна ИЗВОНРЕДЕН гол за Milan Primavera, гол идентичен како оној легендарниот на Weah против Verona! Лекарите во Milanello велат дека Henty на сите тестови ја покажува истата брзина како онаа на Pato. Момчето од Нигерија има само 19 години.

Голот на Henty:

https://www.youtube.com/watch?v=K1YUxa0BQv8



Голот на Weah:

http://www.youtube.com/watch?v=h9DltQjBrDk

Navigator said...

Те разбирам, јасно ми е што сакаш да кажеш. Мене ми е муабетот дека од штедење и кратење стигнавме да зборуваме до платата на Binho, која е 4 милиони и ја земаат просечни играчи во Англија и Шпанија. А за тоа околу придонесот на Robinho е малку дискутабилно и субјективно. Ако ме прашувате мене, тоа што може да го даде Binho не може никој друг во екипата. Тоа што сега не игра и има мала минутаже, не значи дека ќе остане така до крај на сезоната

Navigator said...

А голот на детево е предобар. Хммм, малку чудно име има за нигериец...

Navigator said...

Повиканите:
Abbiati, Amelia, Gabriel, Petkovic (N. 61)
Abate, Antonini, Bonera, Yepes, Zaccardo, Zapata
Ambrosini, Boateng, Constant, Flamini, Montolivo, Muntari, Nocerino, Traorè
Balotelli, Bojan, El Shaarawy, Niang, Pazzini, Robinho

Milan е веројатно единствената екипа што некогаш повикала 4ца голмани за еден меч :|

ace1899 said...

Уште почуден е списокот за ЛШ. Де Јонг е вклучен(не знам дали сметаат дека за евентуално финале може да се врати од повредата),а ги нема ниту ѕакардо,ниту саламон.

ReBorned said...

Списокот за ЛШ е таков каков што е поради тоа што Milan можеше да направи само 3 измени а притоа да ги задржи оние „задолжителни“ кои што мораат да влезат како тренирани од клубот.

Ова со голманите е циркус :)

И дефинитивно нема Mexes да настапи, стегајте се за The return of the Boner!

Balo најверојатно на клупа (иако денес на последниот тренинг бил централен напаѓач придружуван од фамилијата крески од двете страни.

ReBorned said...

Инаку Abbiati е болен (грип) и Amelia ќе биде меѓу стативите.

Anonymous said...

Се додека Бонера и Анте се во списокот за ЛШ гајле немаме барем против Барса.
Ова не е првпат со 4те голмани...нешто слично имаше и кога беше повикан и Копола??? многу ват д фак моменти има Милан.
Утре од 15:00 ќе има неколку интересни натпревари од наш аспект.
Инаку фатив малце од вториот дел на Сасуоло-Емполи (знаете зошто), и освен жолт картон друго ништо не видов од Рики, ако некој друг гледал нека гукне нешто пошто јас премалце видов за да му судам.

Anonymous said...

Фиорентина победи,Интер изгуби а Лацио во овие моменти прима гол за 3-2 и губи!!Браво бе Џеновани!!
Моментална табела:
Јуве 52
Наполи 49
Лацио 43
Интер 40
Фиорентина 39
Милан 37

Уште е поважно да победиме вечер бидејќи 2та тима што беа пред нас киксираа и со победа се израмнуваме на 4тото место со комшиите со по 40 бода, само на -3 од Лацио.
FORZA GENOA, FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

ЛУДНИЦА! Победата е единствена опција!!!

Navigator said...

Ова што се случува со Printer, Roma и Lazio мора да се искористи. Еве да се согласиме дека титулата и второто место се недостижни, ама со победи и три бода од ЛШ, пред 20 дена изгледаше скоро незамисливо. Толку великодушни конкуренти сме немале никогаш :) Мора да се искористи! Ако стигнеме вечер на -3, готови се, ги јадеме!

DAI RAGAZZI, DAIIII!

CurvaSud_Milan said...

WHO THE FUCK IS BONERA DA STARTUVA?!! ...ja vaka iznenadno... :))) strav me faka koga ke go vidam deka startuva!

ReBorned said...

Bonera стартува оти Mexes не е фит. Nocerino стартува оти Boateng има грип. Иста е ситуацијата и со рокадата Amelia < > Abbiati.

CurvaSud_Milan said...

Ne procitav nilade deka Mexes ne e fit, zatoa mislev deka startuva Bonera kako izbor na Max pred Mexes. Nejse, ima par igraci koi nemozam da gi gledam vo timot. Edniot e veke vo Brazil :) ...ako ovoj vo brazil bese ligavo kopile bez zelba za doprinos kon klubot, a vazi za odlicen fudbaler, kaj Bonera e sprotivnoto. Ama kutriot kolku i da se trudi ednostavno si e trupec, i toa e surovata realnos negova, zatoa dovolno ni go maltretirase timot, na leto treba da se pozdravime :)

CurvaSud_Milan said...

mal milion greski vo tekstot, zatoa ednostavno mrazam komentiranje od smart phone.

CurvaSud_Milan said...

...a nervozata e i zatoa sto znam sto ke se sluci koga Mexes ke bide fit, ke se sluci ona sto se slucuvase vo prviot del od sezonata koga ako Bonera bese fit startuvase pred Zapata. Ma nemoj da me j***s bre se vika toa :) nvm, ideme na treto mesto! ANDIAMO!

Navigator said...

Јас па си помислив дека се изнерира кога виде дека од смартфон си пишувал на латиница :)

Какво темпо во првите 15 минути... И штета за Niang, требаше да го даде тоа.

Navigator said...

Каков стрес и какво олеснување на крајот!
Во кратки црти:
-Она што одбраната може да го заебе, тешко го поправа и врвен напад како нашиот
-Среќа е кога... Pazzini се повредува на загревање, а само тоа е начинот Balo да го почне натпреварот
-Niang и неговиот извонреден перформанс паѓаат во сенка на "спасителот"
-SES има сериозен проблем со докажувањето дека не е во криза, откако го запали цел свет со неочекуваниот блесок од такви размери. Се надевам дека нема истиот ефект да го постигне и играта на Niang
-(Одново заклучуваме дека)Zapata е најдобриот наш дефанзивец
-Flams си купи место во средината, веројатно до крај на сезоната
-Montolivo очигледно не може да одигра натпревар на DMC, а да не добие жолт картон
-За мене, 4-2-3-1 со овие играчи е неколкупати поефективна од 4-3-3

Champions League here we come!

FORZA GRANDE MILAN!!!

Navigator said...

Speaking of CL, еве како ќе изгледаат следните месец дена за нас и нашите конкуренти:

MILAN:
10.02. Cagliari - MILAN
15.02. MILAN - Parma
24.02. Printer - MILAN
02.03. MILAN - Lazio

LAZIO:
09.02. LAZIO - Napoli
18.02. Siena - LAZIO
25.02. LAZIO - Pescara
02.03. Milan - LAZIO

PRINTER:
10.02. PRINTER - Chievo
17.02. Fiorentina - PRINTER
24.02. PRINTER - Milan
03.03. Catania - PRINTER

FIORENTINA:
09.02. Juventus - FIORENTINA
17.02. FIORENTINA - Printer
24.02. Bologna - FIORENTINA
03.03. FIORENTINA - Chievo

Еден куп дербиа и директни дуели меѓу главните конкуренти за последното место што води во ЛШ! Со напомена дека Milan, Printer и Lazio играат и европски нокаути, кој ЛШ, кој ЛЕ...

Kole.22 said...

Фер е да се признае дека не беше пенал. А и фер е да се признае дека Удинезе не заслужи да освои бод.

Anonymous said...

Уа Владе, се јавуваш само коа Бонера стартува и купуваме нови играчи, активирај се малце повеќе :)
Стрес утакмица...незнаете само како слатко се смеев кога свирна пенал судијата и коа ги гледав играчите на Удинезе како се лигавеа дури и по завршетокот на натпреварот.
Многу ми се праи ќејф коа вакви мизерни екипи што гзот ќе си го продадат за еден мочан бод на гости губат.
Многу ми се напраи ќејф што Балотели од старт почна да ги враќа парите.
Многу ми се напраи ќејф што за краток период ги прескокнавме комшиите,виола,рома.. и сме на само 3 бода од третото место.
6 од 6 бода сега за сега, од оние 4 натпревари во кои претпоставував дека ако освоиме максимум бодови ќе се најдеме на третата позиција.
Следи гостување во Сардинија.
FORZA MILAN !!!

ReBorned said...

Најчиста ситуација за пенал е тогаш кога напаѓачот и дефанзивецот трчаат по топката но напаѓачот за дел од секундата прво ја допира топката па после дефанзивецот стартува на него

http://i1111.photobucket.com/albums/h477/intermania71/balo.gif

Navigator said...

Како и да е, од Juventus најдобро знаеме дека добри резултати во долга серија не се постигнуваат скроз чисто... :)
За мене е 50-50 ситуација. Можеше и да не свирне, ќе скокаа малку нашите, пак ќе беше контроверзно, ќе се зборуваше повеќе за недосудениот пенал над Balo. Вака испадна добро за нас, ќе има полемика неколку дена и се ќе стивне. Битно ние сме едно место погоре и само на еден меч од ЛШ.

Anonymous said...

kolku sto mi e milo za Balo so ista mera mi e milo i za Pato,samo neka prodolzi ne e ljubovta zavrsena megju nas.

ReBorned said...

А не ти е мило за хет-трикот на Сидорф и тоа дека љубовта меѓу нас не е завршена?! Лицемер! :)

Anonymous said...

so ogled na godinite na seedorf e zavrsena :D

ReBorned said...

Сидорф се враќа! Не знам во која функција ама се враќа!

Anonymous said...

Леле уште се замарате дали било пенал или не? Абе толку пати бил оштетен Милан прошлата година титула ни избега од раце ради грешки па сега за еден пенал ќе се замараме? Пфффф

Navigator said...

а кој е анонимниот?

Anonymous said...

Anonimniot e Martin navivac na Milan :D Ozbilno decki ovoj blog go smetam za edinstveno mesto kade sto moze da se napravi ozbilen muabet za svojot tim vo ovoj slucaj Milan,a pritoa da nema mai deca,bezveze muabeti,pcuenja itn... se nadevam ne vi precam zatoa sto gleam site si se znaete megjutoa tuka sme site za Milan, taka? pozz

Navigator said...

Не не Мартин, напротив. Не сакав погрешно да ме сфатиш, сакав само да знам дали е некој што го познавам или некој нов. Супер што си тука и фала за убавите зборови. Колку почесто си тука, тоа подобро :) А да бидам искрен, прво се посомневав дека е некој од постарите на блогот заради што ми се бендисаа коментарите. Тоа што се познаваме, како што рече, е заради Milan и тоа е најважно.

Navigator said...

Инаку твоја работа е дали ќе се потпишуваш или не, ама во случај да не знаеш, можеш да си направиш акаунт на blogger.com со било кој меил, па да знаеме кои мисли се од тебе :) И кирилицата е опциона, ама ја користиме чисто ради естетика и уметнички дојам :))

ReBorned said...

Мартине, јас со другиве на блогот се „познавам“ повеќе од 5 години а се немаме видено во живо, воопшто :)
Ич да не му се секираш, само како што кажа Navigatot убаво е ако не ти е проблем да имаш некој nick за да знаеме кој пишува поради тоа што опцијата да пишува анонимен е оставена слободна па некогаш пишуваат и други луѓе на тој начин.
Ако сè уште не нè следиш на ФБ, таму можеш да нè најдеш на

http://www.facebook.com/MilanFansMkd.

Таму се постираат сите постови пред мечевите кои што се пишуваат тука а воедно има и специфични слики и други интересни детали :)
Добредојде :)

Пред нас е жесток месец! Февруари и почетокот на Март можат да разјаснат барем дел од деталите. Не е наше да се занимаваме со маките на другите екипи но Klose се повреди и веројатно отсуствува барем 1 месец, можеби и повеќе.

Anonymous t.e Martin said...

Ок дечки, бујрум кирилица!!! Фала за топлото добредојде,се согласувам во целост многу многу битни неколку кола а и во подобар момент не можеа да дојдат.Многу ме интересира што ќе бидне со скандалов со наместени натпревари,само да не е пак вмешано калчово преку глава од тоа :D

ReBorned said...

Вкупно под сомнение за местени натпревари има 380 меча! Од нив само еден, единствен е од Калчо лигите (не значи дека е од прва лига, може и да е од пониските лиги).

На врвот (за мене без изненадување) е Турција со 79 местени натпревари. Но она што ме запрепастува, на второ место е Германија со 70 натпревари?! Има еден ЛШ натпревар кој е местен во Англија (најверојатно натпревар пред групната фаза односно квалификациите за ЛШ). Верувале или не Италија ЈА НЕМА ВО ПРВИТЕ 10 земји на листата! Тоа што федерацијата удри силно по Калчото, дава ефект. На таа листа покрај Турција и Германија се среќаваа Австрија, Белгија а од нашето поблиско опкружување, Хрватска, Словенија и Босна.

P.S Уште еден совет за Мартин, ако не си го средил feed-от на блогов, напиши #MilanFansMkd десно на самата страна под табелата кај што има GO. Кога еднаш ќе напишеш #MilanFansMkd и ќе кликнеш GO, потоа ќе ги имаш сите информации во врска со Milan кои ние ги твитаме на твитер а се поврзани со тој хаштаг. Честопати таму споделуваме блиц информации кои не се пишувани во коментари.

Kole.22 said...

Колку ги мрзам овие пријателски натпревари. Ако некој се здобие и со најмала повреда, ке збеснам.

Anonymous said...

Italy:
OFFICIAL line-up vs. Holland (4-3-3): Buffon; Abate-Barzagli-Astori-Santon; De Rossi-Pirlo-Montolivo; Candreva-Balotelli-El Shaarawy.
Италија U21 води со 1-0 против Германија на минута до крајот Сапонара и Палоски влегоа од клупата.
И поздрав од Филип II, Данска губи 3-0 на полувреме. 3-0!!!

ReBorned said...

На секој меч да одиш!!
Мене ме викаа, не отидов! А ретко ги пропуштам

Anonymous said...

И викаш на МТВ1 си наместил а :) Хах нема врска, битното се случуваше на стартот.
И да го повлечам тоа што го твитнам, не сум сигурен колку го сакам Астори во Милан, гледајќи го типот би рекол дека е подобар од Ачерби и само толку.

Kole.22 said...

Читав-не дочитав.
Пак ли има проблеми со стадионот на Каљари? Бонера се повредил?

Navigator said...

Да, Bonera е повреден и утре ќе се прават проценките за повредата и должината на отсуството. Во соопштението пишуваше дека се повредил во текот на мечот против Udinese.

Околу мечот со Cagliari... FIGC одлучи Stadio Olimpico во Торино да биде местото на одигрување, затоа што Is Arenas повторно не ги исполнува условите во смисла на безбедност. Ама, лудиот Cellino одново оди контра одлуките на Lega Calcio и најави дека неговиот тим нема да биде домаќин на ниедно друго место освен на Is Arenas. Засега е потполно неизвесно дали мечот ќе се одигра, затоа што двете страни си кажаа што имаа и остануваат на тоа. Се сеќавате дека Cagliari изгуби натпревар со службен резултат против Roma заради ист ваков испад на Cellino. Тоа се случуваше баш пред првиот дуел меѓу Milan и Cagliari есенва и тогаш зборувавме дека е можен некој вид на бојкот на сардинијците, па нашите ќе лапнат 3 бода меч игра. Сега е некако поверојатно. Додуша да бидам искрен и мене не ми се допаѓа ова шетање низ цела Италија. Најпрво играа во Трст, па во Бергамо, Парма, сега во Торино...

ReBorned said...

Интересно и Berlu изјави дека сака да играме во Cagliari и се запраша како може да игра Napoli а не и ние. Куртоазија?

Anonymous said...

http://www.transfermarketweb.com/?action=read&idsel=115854

Anonymous said...

https://twitter.com/Milanello/status/299926399198846977/photo/1

Anonymous said...

Ќе се игра на Is Arenas во Сардинија натпреварот во недела од 15:00

Anonymous said...

Ќе пишам привју до вечер.
И браво за активноста на фб страната :)

ReBorned said...

Е кога го спомна тоа:

УКАЖУВАЊЕ: СИТЕ ШТО ИМАТЕ АДМИНИСТРАТОРСКИ ПРИСТАП на ФБ страната, ВНИМАВАЈТЕ!!! Горе Ви пишува со кој акаунт ја посетувате страната, доколку ја посетувате со MilanFansMkd а сакате да дадете Like на некоја слика или видео, сменете си јузер пред да го направите тоа. Не знам кој ми прави вака ама константно по Вас правам unlike оти е извонредно глупо MilanFansMkd да става слика или видео и одоздола да даде like, MilanFansMkd. Ние сме повеќе ама таму сите сме под тој акаунт а делува аматерски кога некој гледа од страна. Како сам да си го лајкнуваш сопствениот статус или слика. Значи пред да направите нешто, видете горе на самата страна, пишува под кој акаунт ја гледате страната и со еден клик се менува во вашиот личен акаунт.

Kole.22 said...
This comment has been removed by the author.
Kole.22 said...

И јас го запазив тоа бидејки ми се случи 2-3 пати и приметив. Ама и кога стискам од мој профил, пак ми се појавува како да e од MFMKD

Anonymous said...

Чекав, чекав се изначекав!!
Не се каам што оваа саботна вечер ја поминав дома бидејќи гледав квалитетен Италијански фудбал.
Наполи напаѓаше 95 минути и тоа им се исплати.
Лацио многу грд фудбал, многу грда екипа.
Внимателно ги следев 2та дуела вечерва и можеме да бидеме задоволно бидејќи повторно нашите ривали не победија.
Со евентуална победа утре во Сардинија ќе бидеме на само 1 бод од Лацио и толку посакуваното трето место.
Сега ќе пишам пост бидејќи чекав да заврши фудбалов вечерва.