Translate

Wednesday, 20 February 2013

Milan vs Barcelona - Champions League 1/8 final


На овој ден пред 27 години Don Silvio го превзема Милан и го претвори во тоа што е во моментов - Најуспешен клуб во светот.
На овој ден Милан има одиграно 3 натпревари во Лигата на Шампионите:
vs ПСЖ 1-1
vs Celtic 0-0
vs Arsenal 0-0
Осврнувајќи се кон минатото, и гледајќи реално на денешната ситуација нерешен исход е можеби и најочекуван, но ние како тифози на големиот Милан секогаш мислиме само на победа!
Со овој натпревар започнува оној тежок распоред каде што во рок од 10ина дена ќе играме против Барса,Интер и Лацио (сите дуели ќе се играат на Сан Сиро).


Алегри најави дека Нианг влече мала повреда поради која ќе го почне натпреварот од клупата, но другиов веднаш преку Твитер врати дека нема никаква повреда туку дека едноставно неговото отсуство од стартните 11 е само одлука на тренерот.
Тоа значи дека Боатенг повторно ќе почне и тоа во една офанзивна улога а во нападот друштво на ЕЛ92 се очекува да му прави Пацини, а само во некоја луда варијанта Бојан може да започне од старт.
Монтоливо, Амброзини и Мунтари како најискусни се скоро сигурно стартери во средината, а Де Шиљо,Мексес,Запата и Констант се најдоброто што го имаме во одбраната. Кичо ќе биде на голот нормално.

La storia siamo noi...

...и голема слика од Херберт Килпин ќе биде кореографијата која и му доликува на натпревар од ваков карактер а Curva Sud повторно се очекува да бидат на висина на задачата.
Сите очи на светската фудбалска јавност вечерва ќе бидат насочени кон Сан Сиро. Капели, Прандели, и многу многу други важни фудбалски и спортски фаци вечерва ќе бидат на Сан Сиро да го проследат најатрактивниот двомеч од ова осмина финале.



FORZA RAGAZZI!!!

23 comments:

Anonymous said...

Галијани му се јавил на Прециози викендов по завршетокот на првиот дел од натпреварот Џенова-Удинезе со цел да пофали еден од играчите на Џенова.
И италијанските новинари не би биле тоа што се ако не дознаат дека тој играч е Андреа Бартолачи!
21 годишен играч за врска кој потекнува од младинскиот погон на Рома.

ReBorned said...

Дури сега влегувам дома. И наапан сум! Ме фаќа блага трема, не знам дали е позитивна или негативна.

Navigator said...

Мене ме фаќа нервоза, а мислев дека ќе бидам опуштен и ќе чекам тоа што скоро никој не го очекува.

Navigator said...

ANDIAMOOOO!

Kole.22 said...

Па и не сме лоши. Прв и последен пат гледам ЛШ на нашиов канал, каква наклонетост и непознавање.
Бранче за овие од мртв е ЦАР.
Шансата на Боа :(

ReBorned said...

ААААААААААААААААААААААА!!!!!!!

Капа доле момци!!!

Капа доле Mister Allegri!!!

Само смирено и сталожено во реваншот и молам без пенали!

Navigator said...

Гледам и ти си смирен :) Ова е веројатно за историја. Толку зрел меч, не сум гледал последните 2-3 сезони. Стопати зажалив што реков некаде околу 40та минута дека не треба вака да се игра, да се браниме нон-стоп. Ова испадна повеќе од џек пот. Одиме на реваншот со самодоверба!

П.С. Некој напиша на twitter нешто во смисла: победа против Barca и во градското дерби во иста недела, исто како вечен оргазам :) Баш така!

FORZA GRANDE MILAN!!!

ace1899 said...

не знам од кај да почнам со коментари и пофалби,уште сум у транс у делириум мислам дека сонувам осеќам ова ќе биде легендарно како рете рете со манчестер http://www.dailymotion.com/video/xxnowl_highlights-ac-milan-2-0-barcelona-20-02-2013_sport?start=22#.USVP0aV32So

ReBorned said...

Ги читам изјавите на сите фудбалери. СИТЕ, апсолутно СИТЕ потенцираат дека Allegri го простидуирал мечот до детали, дека тој им ја поставил играта до совршенство и дека тој е најзаслужен за овој резултат! Barcelona не мрдна! Не Messi, Barcelona не мрдна!

Anonymous said...

Реално да правиме муабет скоро ист натпревар како оној минатата сезона, единствена разлика е што овојпат си ги искористивме шансите.
На првиот гол бев ладен како мраз, ама на вториот.....ја срушив зградата.
FORZA MILAN момци, и Ри пиши коа ќе доаѓаш.

Kole.22 said...

Амбро-Мунтари-Монти -перфекција

DraganTr said...

Каков меч за Алегри, мислев дека никогаш нема да го кажам ова ама: БРАВО АЛЕГРИ, ми го промени мислењето за него.

Монтоливо е ѕвер и играч што ни требаше минатата сезона. Целиот тим одигра перфектен меч.

А за раката на Запата:
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=2k3wfgh7I4I

ReBorned said...

Немаше рака а јас не се сложувам со коментарот на Ultras.

Мечот воопшто не беше ист со тој лани. Лани тие доминираа со шанси, Кичо фати некоја тешка топка, вечерва Барселона го упати својот прв удар во рамките на голот после 80та минута. Кичо воопшто немаше интервенција во текот на целиот меч. Меси во цели 90 минути само еднаш (повторувам, ЕДНАШ) имал контакт со топката во нашиот шеснаесетник. Цело прво полувреме кружеа околу кругот на центарот од теренот а во второ се приближија на 35 метри. Толку. Немаа никаков шут во голот, никаква шанса. А тоа што ние бевме клинични папред, така е. Можеби можевме да зададеме вистински нокаут во финишот кога бевме 3 на 2 а Traore шутираше од 20 метри место да рашири лево кон Niang. Одлично е и вака! Niang иако играше само 15тина минути, директно влијаеше за нашиот втор гол. Pazzini иако претходно не беше забележлив во однос на шансите, вршеше одлична работа во дефанзива и градење на топката кога треба и останатите (во прв план, El Shaarawy и Boateng) да одат напред. Montolivo беше извонреден. Конечно натпревар во кој вреди да се потенцира! Имавме некои ситуации во дефанзива кога не знаевме што да правиме со топката и си игравме со оган но од друга страна забележав нешто друго, Барселона тешко се справува кога противникот им игра пресинг на нивната половина. Allegri го практикуваше тоа во поголем дел синоќа и Барселона не знаеше како да реагира. Друга работа, Барселона под притисок се крши. Тоа го видовме лани по постигнатиот гол на Nocerino кој нас во тој момент не водеше понатаму, па се до пеналот беа буквално изгубени. Тоа го видовме и синоќа, после првиот гол беа расштракани а после вториот гол веќе не знаеја каде се наоѓаат. Убаво кажа Allegri, ни треба гол во Шпанија.

Anonymous said...

Под тоа скоро ист натпревар мислев од дефанзивен карактер пошто тоа и беше муабетот.
Истата тактика ја примени Макс како и минатата година, истата тактика која Ди Матео ја ископира со Челзи и му успеа, само што овојпат Алегри ја усоврши така што тотално ја неутрализираше Барселона.
Другпат кажувајте ако нема кој да пише пост зошто многу набрзина го исчкрабав тој вчера.

Anonymous said...

И да не заборавам...
Ви текнува кога Мунтари беше повреден кога мртов сериозен тврдев дека заслужува стартно место во средината?
Последните неколку натпревари покажуваат и зошто....

ReBorned said...

Уште синоќа после мечот помислив, да нема забуни - РЕВАНШОТ НА НОУ КАМП ГО ПИШУВА Ultras. Да се знае уште од сега.

Anonymous said...

deal. коа ќе доаѓаш навака пеер? :P

CurvaSud_Milan said...

Гласот си го изгубив на момент вчера! Неверојатно, сите потајно се надевавме на добар резултат, јас и со 0:0 ќе бев среќен надевајќи се на некој нерешен исход таму како 1:1 или слично, но ова е џек пот!

Сите заслуги одат кај Алегри, дефинитивно. Едноставно секој си ја знаеше задачата не теренот, посебно Констант, на моменти и смешно ми паѓаше, чоекот како ѕид да гледаше на половина терен и веднаш назад си се враќаше :)

Имаме голема предност, но сите тука знаеме дека ќе биде пеколно тешко на гости, но оставам тоа да збориме друг пат, сега уште се радуваме :)

...јас сум наметнал друже? не е точно, демант :) ...модифицирано, т.е. преведено го користам, "другар" :)

CurvaSud_Milan said...

Таму кај што треба Лацио и Интер си газат :) ...по 2-0 е моментално на двете средби што ќе каже дека е добро за италијанскиот фудбал да прогресираат, а што е уште побитно за нас сега да ги продолжат настапите во Европа заради трката за третото место.

Anonymous said...

Доста бе не л'жи ти го почна она комуњарско-блогерско друже и сите по тебе после :D

ReBorned said...

Ова го ставив и на твитер и на ФБ но вреди да го постирам и тука

http://www.facebook.com/MilanFansMkd/posts/333827273405330


P.S Утре веројатно доаѓам за СК ама не знам како ќе бидам со времето. Ако имам простор ќе барам некој :)

Kole.22 said...

браво за видеото!

Navigator said...

јас ќе пишувам пост за Дербито, изгледа вечер