Translate

Tuesday 23 October 2012

НАШИОТ FACTOR X...


      Ги гледам последните неколку натпревари на тимот и во глава ми се врти прашање за тоа како е можно вакви играчи да играат вака мизерни натпревари во континуитет. Губиш 3:0 на пола од мечот и се прашуваш, прво, како е можно од екипа која е очигледно ростерски послаба од оваа твојата да прими цели 3 гола за 50 минути, а второ, дали сега постои некој играч во тимот што може да направи нешто ова да не изгледа вака срамно, очајно, безнадежно. Иако терминот најчесто го користат за нечија способност и квалитет да се направи некаква разлика во однос на тоа што го гледаме, мене повеќе ме интересира оној дел на Factor-от X што ќе објасни што му фали на овој тим за да ја игра неговата игра. Milan се мачи на секоја можна утакмица сезонава, а рака на срце, не мачи и нас. Екипата не успеа, во ниеден меч досега, (можеби единствено против Cagliari на моменти) да наметне игра каква што им одговара. Max сезонава не осети како е да имаш релативно лесен натпревар кај што нема да ги исцрпиш своите фудбалери за следниот дуел кој доаѓа за три дена, а да не зборуваме за меч каде ќе ги одмораш најдобрите играчи. Ај, можеби ова со одморањето на играчи и не е баш некоја пракса кај нас последните три сезони заради повредите, ама сепак, ротациите што се случуваат во пресрет на натпревар кај нас се случуваат заради слаб перформанс, а не заради поштедување на играчи. И лек за проблемот сеуште не е најден, а веќе поминува и Октомври. Сите знаат, осеќаат и коментираат дека ова е недозволиво, ама никој ништо не превзема. Ниту играчите успеаа да ја срушат психолошката бариера, ниту тренерот успеа нешто тактички да промени (зборувам за промена што успеала, а не што само била испробана), ниту управата повлекла потег, било каков.

        Работите изгледаат закочено, некако се е неизвесно, исто како во Јули и Август. Тогаш не знаевме дали ќе ги продадат Ibra и TS, па потоа исчекувавме и се надевавме на трошење на тие пари на квалитетни засилувања, а сега чекаме тимот да проработи. А скорот во првенствотото е ужасен, историски срамен. Што е тоа што го мачи овој тим? Ништо, се е психолошки. Екипата беше ослабена, да не речам осакатена летово, ги изгуби сите можни предводници, а сепак се очекуваше да продолжи по некои славни стапки од минатото. Кога младиот тим не успеа од самиот старт да ја одржува великанската улога на клубот, многу лесно се почна да се растура. Не верувам дека распродажбата што ни се случи летово е одговорот за оваа ситуација. Петнаесетто место не им припаѓа на екипи што во состав ги имаат Pato, Robinho, Montolivo, Boateng или De Jong. Ниту тоа петнаесетто место ќе биде долго актуелно, затоа што едноставно е невозможно се да тече вака, на овој начин. Многу наскоро треба да има промени, а сигурно секој од нас верува и чуствува дека тие промени ќе дојдат многу, многу скоро. Зошто да не почнат уште утре, против Malaga. Factor X моментално во клубот имаат повеќе субјекти, меѓу кои веројатно не и Allegri. За жал, излгеда како човекот да пробал се и нема повеќе идеи како да го дигне тимот. Испаѓа како да нема доволно храброст да пробува уште и што е најчудно, не се однесува како давеник, како некој што се бори со последни сили да си ја спаси функцијата. И ако собереме се, многу лесен заклучок е неговото отпуштање, а тоа упорно не се случува. Сега клубот делува како без идеја чија суперсила да ја искористи, на играчите, на тренерот или на управата. Делува поразително кога клубот за кој знаеш дека е створен да победува, сега сите зборуваат со потсмев. Ама ние сме навивачи, нели, па за секој следен меч си наоѓаме по некој изговор дека овој нема да биде како последниот. Овојпат јас имам само еден: ова е ЛШ, тоа е мотив сам по себе, а и таму се снаоѓаме нешто подобро, немаме пораз, што би рекло... ова мора да е тој импулс што го чекаме!


         Allegri многу отворено настапи на денешниот прес. Откри скоро се во врска со начинот на игра, формацијата и составот. Кажа дека ќе игра во 4-2-3-1 со отворена дилема дали Pato или Pazzini да биде осамениот шпиц. Со оглед на тоа што Abate тренира одвоен од тимот и е изоставен од списокот, De Sciglio ќе стартува десно, a Nini лево. Во средината ќе биде интересно да видиме кој ќе стартува покрај Ambro во задната везна линија. Претпоставувам дека тоа ќе биде Nocerino, но нема да ме изненади и уфрлување на Flamini. Montolivo конечно на класичен advanced playmaker или либеро, по првото изоставување сезонава на Boateng од почетните 11. Десно од него Urby, а лево SES92. Единствено не беше ништо спомнато околу дефанзивниот двоец. Јас лично очекувам да ги видам Mexes и Zapata. Amelia е повторно на голот, заради бронхитисот на Abiatti. Max понатаму кажа дека пробувал и одбрана со тројца играчи, но сега не е време за тоа и е апсолутно во право со оглед на незгодната брза напаѓачка линија на Malaga. Го објасни и изоставувањето на NDJ кој имал мала повреда на колкот и го чува за викендот против Genoa. И уште неколку минути говор на Allegri во кој повикува на смиреност, бара уште малку време и помалку зборување, сака повеќе простор и играчи на располагање, кажува дека не се чул со B една недела (божем нас не засега колку често се слушаат) и слични веќе чуени работи од позната уста.

       Се на се, уште една стандардна најава со стандардни очекувања дека нешто конечно ќе тргне на добро. И пак ќе констатираме дека тимот пак ни е посилен од противникот и дека реално е да очекуваме победа, без оглед на двете победи на Malaga досега во кампањата. Една победа сега, на гости, може да значи многу, дури и активирање на Factor-от X на екипата. Јас верувам дека има сила за тоа, уште сега, за да имаме време за повеќе убави моменти сезонава.

DAI RAGAZZI, FORZA MILAN!!!

40 comments:

Anonymous said...

Негде прочитав дека ако Макс не освони ни 1 бод на гостувањето во Шпанија, и не победи со Џенова конечно ќе му биде врачен отказ.
Можеби таа ќе биде онаа позитивна енергија која му треба на овој тим, можеби Тасоти ќе направи "a Di Mateo" сезонава и ќе не изненади сите.
Само едно ме теши, а тоа е дека (ваљда) неможе полошо од ова.
FORZA RAGAZZI

ReBorned said...

Муабетот не беше за ниту еден бод туку барем 4 (една победа и едно реми) во следните 2 меча.
Убаво резиме на Navigator за тоа што се случувало, што се случува и нагаѓање за тоа што би можело да се случува во иднина. И така е, веќе нема лесни противници, веќе нема лесни натревари, веќе само можеме да погодуваме што би можело да се случи на секој следен меч. Добра идеја е таа дека со наводна победа на гости во Малага можеме да очекуваме подигнување на духот и отскочна даска но да не се залажуваме, Малага воопшто не е наивна, јас би рекол дека е опасна! Малага е тимот од кој се очекуваше годинава да крахира по завршената сезона на Football Manager од страна на арапите и нивната незаинтересираност за понатамошна соработка. Сепак, Малага одлично се држи и во ЛШ и во Примера, костурот на екипата е тука а нивна прва ѕвезда несомнено е Isco, новиот интригантен шпанец во Примера. Ама баш во ваков натпревар, баш против силен противник на негов терен, победата би значела двојно! Не велам двојно од аспект на случувањата во нашата ЛШ група, двојно од аспект на тоа каков елан, каков жар би можела да разбуди во клубот една ваква евентуална победа во Шпанија. А таа искра е потребна!

Околу клубот, веројатно најмногу од сè во клубот ни недостига лидер! Некој кој кога нештата нема да се однесуваат како што треба прв ќе викне, прв ќе направи лизгачки старт па и прв ќе заработи картон! Било што, што ќе го разбуди остатокот од клубот! Милан секогаш низ својата богата историја се потпирал на своите лидери! И во добро и во лошо Милан имал икони во својот клуб кои секогаш биле први во стројот за прослава и први во стројот за отстрел! На клубот му треба и лидер кој ќе ги прими сите критики со исправена глава, некој кон кого сите ќе ги насочат прстите кога не му оди на тимот, некој кој ќе ги амортизира критиките пред тие да удрат по целиот тим! Барези, Костакурта, Малдини, Шевченко, холанѓаните... сите тие се фудбалери на кои можеле секогаш да се потпрат и соиграчите и навивачите! Фудбалери кои биле славени и биле напаѓани а секогаш останале со крената глава! Во Милан во моментов нема лидер! Остана само Амбро кој и така е повеќе вон строј отколку на терен!
Тимот е слаб но не за овие резултати!

Anonymous said...

Amelia
De Sciglo,Mexes,Zapata,Antonini
Flamini,Ambrosini
Montolivo
Emanuelson,El Shaarawy
Pato

Јас вака би почнал со тоа што ќе има кој да му го чува грбот на Монтоливо, а за Ночерино се потешко ми е да најдам место во тимот во последно време.

Kole.22 said...

Најверојатно нема да бидам во можност да го гледам натпреварот, па би ценел во неколку реченици да ве чујам после натпреварот, померодавни сте ми од било кој портал :)

Морам да признаам дека Амбро ми недостигаше, бидејки однапред се знае дека тој си е стандарден во играта без многу ups-n-downs, ја дава таа потпора на офанзивците, и иако не е во најдобра форма, ке си го одработи својот дел на теренот, ке направи некој паметен фаул и веројатно жолт картон, но целта ке биде остварена. Не знам колку е реално ова гледиште во моментов или пак и вие и јас сме повеке врзани за сегашниот капитен поради минати заслуги и борбеност до крајни линии. Примарна негова цел вечерва ке биде Иско, богами, предизвик на ниво.
Како и да го ротираме составот, играчки сме надмоќни, но психо-физички сме инфериорни (прво поради гостинскиот терен, второ поради полетната игра на малага и нашиот моментално најголем проблем: вклопување во сивилото-и тоа еден по еден). Тоа значи дека 90мин игра се долго време на терен за овој состав и евентуалното бркање резултат нема да заврши добро. Спротивно, прв гол во нивна мрежа и нашите слабости ке се претворат во дополнителна позитивна енергија.
Да сумирам, тој што прв постигнува погодок, го добива мечот.

За првите 11 ке оставам да помине уште некој саат, а на моменталниот голман нека му дадат до знаење дека треба да ја охрабрува последната линија, а не да гестикулира за ситници и да бара виновник за нешто што има заемна кривица. Не ми е од поомилените.

Ако утре сакаме, ке победиме, нема збор. Не сакам да видам несигурност и плашливост, а најмалку она што го поседува јувентус во европа,квалитет, ама без срце.

ФОРЦА МИЛАН

ReBorned said...

Последното инфо вели дека ќе се започне со 4-2-3-1 но Монтоливо и Амброзини во линија а пред нив, десно Урби, лево Ел Шарави и Бојан на AMC зад Пацини. Значи Пато и Боатенг (кој е поблиску до Баерн) на клупа. Назад ќе стартува Де Шиљо кој би требало да пружи добри топки за Пацини напред (за илустрација лани Абате имаше 15 % успешни нафрлања во шеснаесетникот и повеќе ужива да влегува хоризонтално кон центарот отколку вертикално покрај аут линијата).

Navigator said...

Ја видов оваа формација на gazetta, ама некако не ми изгледа за верување. Повеќе ја очекувам онаа со Monti на либеро. Не само заради што за мене изгледа подобро, туку се ставам и на место на Max, а поснавајќи го него, не би сакал да имам само еден напаѓач на клупа и што е ушто полошо да немам играч кој би заменил на една од тие три позиции позади шпицот освен Boa, за кого гледам дека се повеќе луѓе не го вметнуваат во плановите на клубот. Не знам, некако неуверлив ми е составот...

Navigator said...

Еве читам нови претпоставки, уште помалку веројатни, едната од нив и во 4-3-3 формација:

Bonera--Mexes--Zapata--De Sciglio
----Montolivo--Ambro--Urby----
----SES------Pato------Bojan----


----De Sciglio--Mexes--Zapata--Urby----
-----------Ambro--------Nocerino------------
----Bojan-------Montolivo-------SES-------
---------------------Pato------------------------

Интересно е што и во двете ги нема ниту Pazzini, ниту Nini!

ReBorned said...

Дефинитивно ќе играат De Sciglio и Bonera како бекови но ме иритира тоа што De Sciglio пак го ставаат на лев бек?! Bonera нема да направи ништо во офанзива, пушти го малиот онаму каде што пружи најдобри партии, на десен бек!

ace1899 said...

Ја како што разбрав,има опција да се извади сречко катанец стајл формација денес 5-4-1..
Трпиме порази,понижувања,експерименти отапевме од оправдувања,туфкања,ветувања до кога само ???

ReBorned said...

Последното е дека Алегри ќе игра 3-4-3 за прв пат сезонава! Формација која стана подеднакво препознатлива за Италија како 4-3-3 за Холандија, веќе ја играат барем 2 сезони Јувентус и Наполи а веќе и Интер почна да го игра тоа. Последното вели 3-4-3 со De Sciglio и Antonini по страните.

Navigator said...

Ако веста е објавена подоцна во денот не значи дека е најрелевантна ;) Allegri јасно кажа вчера на пресот дека пробувал нешто на тренинг со 3-man defence, ама не е доволно увежбано тоа за да игра вечерва. Ако стварно видам 3-4-3 ќе ми биде дефинитивно јасно дека човекот лута и деновите му се одброени

ReBorned said...

Amelia, Bonera, Mexes, Acerbi, De Sciglio Montolivo, Ambrosini, Constant, Emanuelson, Pazzini, El Shaarawy

Ова се официјалните. UEFA вели дека е 4-3-3 а сајтот на Milan дека е 3-5-2. Играњето и на Urby и на Constant во исто време дава различни математики за формацијата. Ќе видиме како ќе изгледа фактички на теренот.

P.S Boateng е на трибините! Дефинитивно нешто смрди ако не станува збор за повреда (а немаше таква најава)

ace1899 said...

каша попара...

ReBorned said...

Galiani вели дека вечерва играме формација 3-5-2, тројца штопери и двајца wing backs а тоа ќе бидат De Sciglio и Urby!

Galliani has just confirmed that tonight's formation is a 3-5-2. #MalagaMilan #UCL

Galliani: "We're playing with 3 central defenders today and two wing-backs which are De Sciglio and Urby."

Galliani: "We have only played with a 3-man defence for nearly 3 years in the Berlusconi era. It was with Zaccheroni."

Navigator said...

Ова е дефинитивно хаос! Претпоставувам Urby и De Sciglio ќе играат како крила, но на онаа позиција RWB и LWB, а тројцата во средина ќе бидат распоредени во триаголник, еден заден везен и двајца нешто понапред. SES повторно на SS, позади Pazzo. Или во превод, нешто како ова:

--------Bonera--Mexes--Acerbi--------
Mattia--------------------------------Urby
------------------Ambro--------------------
--------Montolivo----Constant----------
-------------------------SES---------------
--------------Pazzini-----------------------


ReBorned said...

Графички на стримот покажаа дека играме 4-3-3 со Де Шиљо лево а Бонера десно :)

Navigator said...

Ако одиме во ситници, играме со 3-2-1-2-1-1, ама секој нека си го тумачи по свое :) Битно сите стримови се на арапски :)

FORZA MILAN!!!

CurvaSud_Milan said...

Пишете ако имате добар стрим, неможам асален да најдам.

Navigator said...

Montolivo за 15 минути има 6 изгубени топки! Му ги бројам...

Anonymous said...

http://www.rojadirecta.me/goto/tribunatv2.blogspot.com/

FORZA MILAN!

ReBorned said...

Дали некој има било каков стрим што воопшто не кочи?
И Пруенка е циркус! Прво се двоуми, па суди пенал и одозгора жолт на Констант за „стартот“

Kole.22 said...

Монтоливо едноставно нема опции па мора ефтино да ги продава топките, нема избор кога е под притисок. Криво ми е за шансата на шарави.
А за Пронса и општо судиите не знам што ве чуди, кога тим како Милан го губи авторитетот во играта, го губи и во тоа поле (благата наклонетост на судиите)

Navigator said...

Кај сме мизерни, кај не можеме да поврземе неколку добри додавања, кај не створивме шанса освен офсајдот на Pazzini, уште ни досудуваат ваков пенал... ОЧАЈ!

Kole.22 said...

http://www.sports-x.net/p/channel2.html

барем кај мене не сецка

Navigator said...

http://premier--streams.info/channel4.html

Еве стрим што не кочи, ама е нешто послаб во квалитет

Navigator said...

Добро бе, им се игра на овие мочковци или не? Мамицата нивна, ќе кинам нерви заради нив. Срамота! Идиоти!

ReBorned said...

Единствено што видовме ново беше формацијата, ништо друго! Истата анемичност, истата слаба игра, исто нè напикаа во нашиот 16ник, дури и при негатива од 1-0 повторно Малага напаѓаше по нашиот гол! Очај! Ако треба да дадам позитивни оценки тоа би биле само на El Shaarawy, Constant, Urby и можеби Mexes. Останатите, сите во ист кош!

ReBorned said...

И for the record, сега имаме само 1 поен пред Zenit (кои рака на срце денес беа очајни, ги гледав) и веќе немаме лесен натпревар до крајот на групата! Ги пречекуваме Malaga и Zenit а гостуваме на Anderlecht!

Navigator said...

Досега мислев дека нешто не чини, ама сега гледам дека ништо не чини во тимов! Ко да гледам група лузери облечени во црвено-црн дрес. Одма да се делува, оти катастрофата ќе остави огрмни последици. Ќе ни биде супер тешко да привлечеме добар играч во ваков мизерен тим. Уствари зошто "ќе ни биде", ќе им биде на оние што успеаа за едно лето да го унаказат тимот.
Allegri, мило ми е беше, многу среќа понатаму!

ace1899 said...

Си се навикнав ја ништо ново.Ајде сеа да си ги чуеме пак ИСТИТЕ песнички како Алегри ќе остане,како треба да сме трпеливи,како имало НАПРЕДОК,како имало ПОЗИТИВНИ РАБОТИ во мечот,па да па сеа ќе почнеме да победуваме...

ReBorned said...

G изјави уште пред мечот и со пораз Allegri не си оди! Едноставно и управата не знае што да прави, нема идеи! Незнам колку знаеш, G на своја рака реши да го стави цел прв тим во карантин во Milanello цела недела! Буквално спијат таму и не си одат дома уште од поразот против Lazio. Единствен излез од Milanello им беше ова патување во Шпанија и сега повторно се враќаат во Milanello и ќе останат таму заклучно со натпреварот против Genoa! Јас не забележав никаква промена на теренот, ниту во квалитетот на игра, ниту во пожртвуваноста (со ретки исклучоци). Ајде нека го играат El Shaarawy и централен дефанзивец, уште таму не трча! Игра напаѓач, им помага на фудбалерите од средината на теренот, им ги чисти ѓубрињата на бековите по страната уште да почне да игра и централен дефанзивец и таман ќе биде комплетен! А од друга страна сите сè на негов грб и очекуваат тој да даде гол во напад!

ReBorned said...

Мачкање на очи, ако ги преземат броевите на дресот не значи дека пак имаме икони во тимот! #11 од Златан му го дадоа на Пацини, #8 од Гатузо му го дадоа на Ночерино, #10 од Сидорф му го дадоа на Боатенг, #4 од Ван Бомел му го дадоа на Мунтари! За #9 сè уште ќе останам воздржан! Ако ги пренесеш броевите од легенди на група фудбалери со просечен квалитет за настап во екипи како Киево и Џенова не значи дека тие одеднаш ќе станат она што го носат на грбот! Само се мачкаат очи на фановите!

ReBorned said...

Journalist Pedulla':"From the info I have, Berlusconi already decided to sack Allegri before the Malaga match, Galliani keeps defending him"

ReBorned said...

Milan are ready to hire Frank Rijkaard, according to 7Gold.

Kole.22 said...

Позитивни оценки речиси никој, можеби Мексес. Некој погоре ги спомна Урби или Констант, настрана пеналот, беа муви без глави, трчање без цел. Пацини примаше топки на 40 метри од гол што го прави тотално неопасен, ел92 повторно најзабележителен мегутоа овојпат недоволно. Амбро имаше неколку добри стартови, Монти една од послабите партии одкога е дојден.
Не ми беше јасно како анонимуси ја контролираат средината над Милан, секоја чест за дечкото со кадравата коса што ни името не му го знам, ама имаше партија за чиста 10ка.
Време е да пружиме рака на Макс, да се заблагодариме за едно убаво скудето и пар-натпревари кои личеа на стариот добар Милан. Велам, секоја промена е добредојдена надвор од играчкиот дел.
Ја чекаме Џенова и нов предизвик.

Пс Малага имаше само 2 шута во рамки на гол....

ReBorned said...

Берлускони осуден на 4 години затвор!!

Kole.22 said...

Кога почнува со извршување на пресудата? Да видам да неверувам навистина да отиде зад решетки.. Цел живот се извлекува, па сега на стари години...

Anonymous said...

http://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/silvio-berlusconi/9636315/Silvio-Berlusconi-four-year-sentence-quickly-cut-to-one-year.html

Не иде во затвор па што сака нека биде :)

Anonymous said...

Ќе пишувам пост.

CurvaSud_Milan said...

"За да стане правосилна, пресудата против Берлускони треба да ја потврди второстепениот суд како и последната истанца, Врховниот суд".

"Според италијанските медиуми, додека заврши целата постапка, случајот може и да застари што ќе значи дека Берлускони нема да оди во затвор".

1.05 дека ќе биде ова сценарио :)