Translate

Saturday, 20 October 2012

Конечно, Калчо!

Конечно после долга пауза поради репрезентативните настапи, Калчо на програмата! Иако на Milan не му оди најдобро, секој фан на клубот па и воопшто секој фан на било кој клуб во Европа, тешко го преживува овој пост на клубски фудбал.



Се враќаме на калчото со 2 дерби натпревари, за нас поинтересен оној во ударниот термин, вечерва во 20:45. Одиме на гости на Олимпико кај забревтаниот Lazio. 



Petkovic го препороди клубот на Lotito и домакините имаат игра, имаат резултати. Со други зборови, Olimpico не е баш најдоброто место за да се запре лошата серија на Milan. Сепак, со Pato во тимот а со Binho во аут, одиме на 3 бода и ништо друго. Само победи (добри или лоши) можат да ја подобрат ситуацијата во клубот и да ја дадат онаа искра на самодоверба која им недостига на фудбалерите за повторно да веруваат во себе и да можат да започнат победничка серија. Веројатната формација ќе биде 4-2-3-1 со 2-3 недоумици на Allegri околу некои места во тимот.
Главните дилеми се за 2 места во одбраната (Yepes/Acerbi и De Sciglio/Antonini) како и за 1 во средниот ред (дали Montolivo поназад со De Jong а напред Urby или Nocerino назад со De Jong а Montolivo малку понапред). Сигурно е дека Pazzini ќе започне во шпицот а Pato ќе започне на клупата.


Некогаш мора да тргне, да се надеваме дека тоа ќе биде вечерва!

Forza Milan!!!

14 comments:

Navigator said...

Убава работа заврши Ри со постов. Десет дена дремеме за Калчо фудбал, никој еден пост да склопи.
Ова вечер би требало да биде еден меч сличен на неколку претходно, барем во најавата. Муабетот е пак ист, знаеме дека имаме подобра екипа од противникот, знаеме дека формата полека се крева, ама не знаеме дали момците можат да одиграат како што најдобро знаат и да победат. Ние веруваме, јас особено, дека Lazio може да падне дома на Olimpico и тоа да ја поправи малку сликата на табелата. Вечерва ќе има една интересна работа за следење, што може да разјасни некои работи околу шпекулациите за заминувањето на Boateng. Иако засега не верувам, можно е денес, особено затоа што се работи за исклучително важен меч, Allegri да даде знак дали на него смета за во иднина или не. Муабетот ми е следен: ако има вистина во гласините, очекувам Milan да излезе во формација 4-3-1-2 со Pazzo и SES во нападот, а позади нив Montolivo кој беше повеќе од одличен на таа позиција во Вторникот против Данска. Не би било чудно да Monti се почесто биде тестиран на позицијата што би останала празна во Јануари. Дури и кога Boateng би се нашол во составот вечер, пологично изгледа ако се излезе со 4-3-1-2 наместо со 4-2-3-1, освен во една ситуација, а тоа е кога Boa би играл на AMR, а Montolivo на либеро. Околу дилемата на лев бек, јас би се одлучил за Mattia, плус роденден му е денес :) Во одбрана би го одбрал Yepes пред Acerbi овојпат, заради континуитетот во натпревари што го има колумбиецот. И уште една информација што Ри не ја спомна, Amelia ќе биде на голот, место Abbiati.
Одиме момци на победа на местото каде што најмногу се радувавме последните неколку години!

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Да, Abbiati e во аут и ова е уште еден тест сличен на оној околу Boateng, тест на кој Amelia може да покаже дали на него може да се смета следната сезона како прв голман на клубот (Abbiati најверојатно ќе се пензионира и ќе добие место покрај Fiori како тренер на голманите). Околу левата страна повеќе сум за De Sciglio но нема толку да ми пречи ако игра Antonini но централно многу повеќе сакам да го видам Acerbi, не сакам пак да ги видам Yepes + Bonera во иста комбинација, само еден од нив, да, а тоа е Bonera во моментов. Уште една работа, ако не игра Urby а игра Boateng, верувам дека тоа нема да биде класична 4-2-3-1 туку нешто повеќе како 4-2-1-2-1 во која тој 1 ќе биде Montolivo и тој нема да игра класичен AMC (ќе биде нешто поназад од Boateng i El Shaarawy) но нема да биде класичен DMC и ќе биде нешто понапред од De Jong и (на пример во случајот) Nocerino. Нешто вака:

----------------Pazzo

--El Shaarawy------------Boateng

-------------Montolivo

------Nocerino--------De Jong


Јас лично мислам дека Montolivo може многу повеќе да придонесе таму, кога има некој што му го чува грбот но и кога е доволно напред за да може и самиот да биде опасен по противничкиот гол (има одличен шут). Сепак, во конкретниов пример страв ми е и да помислам што сè може да се случи со Nocerino и De Jong еден до друг, во зачетокот на нашите акции.

Anonymous said...

Знаеш и самиот што ќе се случува Ри, ќе се враќа многу поназад Монтоливо за да го започнува акциите и наместо он да чека топка од некој тој ќе треба да биде тој што ќе ги снабдува другите со топки.
За жал тоа што го разговаравме пред почетокот на сезоната вистина е, во моментов имаме само 2ца квалитетни везњаци (нерачунајќи ги боатенг и урби).
Пацини очигледно ќе се изнаигра сезонава, па не ќе биде лошо да го искорости тоа и да даде 15+ голови.
Јас оптимистички гледано, мислам дека со 2-3 засилувања тимов може сериозно да се вклучи во борбата за титула, сега не мислам за целосна реконструкција на тимот, туку 1-2 пополнување на дупки и еден играч кој знае да направи разлика.

ReBorned said...

Работата која најмногу треба да плаши вечерва, Lazio досега има постигнато дури 4 гола од set pieces сезонава!

ReBorned said...

Мора да го смениме тренерот кога веќе не можеме да ги смениме фудбалерите!

Kole.22 said...

Не постоиме на теренот. Дури се прашувам кои 11 се таму. Најзабележителен Јепес.
Да сочекаме уште 45мин

Navigator said...

Гледам и не можам да поверувам дека Lazio е подобар тим од Milan!

Kole.22 said...

А со што Абате заслужил доверба од тренерот?

ace1899 said...

Немам зборови веќе.

ReBorned said...

Boban:"Why still 4-3-1-2?".
Allegri: "Because I thought, having one man more in midfield, I could control the game".

Не можеме да го смениме целиот тим! Мора тренерот да поднесе одговорност, без разлика дали тој е најголемиот виновник или не, таа е единствената можна реакција кога сезоната е почната. Треба да се смени, ако ништо повеќе барем да му се даде шанса на Тасоти. Нов тренер можеби ќе успее да донесе нов елан за игра и нов импулс во играта. Фудбалерите не играат ништо, вечерва резултатот лаже за тоа колку бевме очајни. Сигурен сум дека и самите фудбалери не си го знаеја своето место на теренот, трчаше кој каде ќе стигне и кога сака! Тоа е обврска на тренерот! Ќе повторам, резултатот лаже!

ReBorned said...

И на крајот на краиштата, сериозно сум исплашен за нашето учество во ЛШ следната сезона. Баталете муабети од типот борба за титула и слично. Одат само 3 екипи во ЛШ, Јувентус убедливо ќе ја освои титулата, остануваат само 2 места за ЛШ! За тие 2 места ќе конкурираат Наполи, Лацио, Интер, Рома и Милан! Ако не се разбудиме навреме ќе биде многу тешко да се стигне потоа!

Anonymous said...

Незнам кој уопште се надеваше на титула Ри, 3то место и 1/8 финале во ЛШ за мене е успех сезонава.
Што сме мизерија мизерија сме.
Барем EL92 е одличен.

Navigator said...

Јас се надевав на Скудето! Се надевав и на пласман во ЛШ до онаму до каде што ќе налетаме на Real и Barca, единствените два тима во светот со кои не можеме да се споредуваме. Мене ми е јасна оваа реакција на фановите во глобала. Да има 7 бода од 8 натпревари е мизерно и ајде да зборуваме само за тоа, а не за квалитетот на екипата. Квалитетот на ростерот не е во корелација со овие резултати, мора да бидеме реални. Го поддржувам Ри кога вели дека мора нешто да се менува, а кога не може цел тим, ајде тренерот. Клубот нема веќе што да загуби, а може да добие поправање на атмосферата, малку живост, желба, елан, глад за победа и за подобра игра. Овие врвни фудбалери зарем заборавиле да играат? Или не можат да го повторат тоа од пред година или две? Се е психолошки, кога на ослабениот тим нема да му тргне добро, многу лесно целиот тој победнички дух паѓа, во нашиот случај ептен ниско. Ај подобро ќе пишам еден пост вечер, ќе се искажам убаво, а и да најавам ЛШ, барем таму ни оди нешто подобро...

Anonymous said...

Ќе ни дојде Иско сега и ќе ни каже колку добри ни оди во ЛШ :)
Се шалам, ама во една слична ваква сезона во 2007ма знаеме што се случи.
Се слагам, психолошки е проблемот и овие играчи мораат да стигнат до тоа 3то место, макар тоа би значело и отказ на Макс.
Ај чкртај вечер да прочитаме и коментираме.