Translate

Friday 26 October 2012

3-4-3 во недостиг на идеи...


Во очај подобро би рекол, бидејќи очигледно требаше да западне тимот во ваква мизерија па да се мисли на било каква промена во формацијата, а колку е тоа драстична промената ни кажува само во какви тешки г**** сме.
Последен пат ваква формација имало во времето на Закерони.
Да не се залажуваме, главната промена се случува назад, кадешто тројцата стопери треба да бидат усогласени, да размислуваат исто и да се бранат исто, а Ачерби,Мескес и Бонера не беа нешто најдобри во тоа, особено првиот кој делуваше изгубено цел натпревар против Малага.
Ќе треба доста време, и доста натпревари за да се воигра една ваква задна линија, а такво нешто Милан нема! Токму и затоа на ова гледам како скептик, и токму затоа на ова гледам како безидејност и менување на формација кога веќе неможе играчи и тренер.
Резултатите во Европа на Наполи и Јувентус говорат многу за товарот кој го носи оваа невообичаена поставеност на теренот, и колку пожртвуваност и напорна работа треба за да се оствари истата.
Последната изјава на Макс е дека повторно ќе игра со тројца позади, Ачерби најверојатно нема да стартува така да најверојатно Јепес ќе го завземе неговото место иако е тотално несватливо зошто на Запата не му се даде адекватна шанса.
Најверојатно Абате и Урби ќе бидат крилни бекови и ако ништо друго ќе биде интересно да се види како ќе се снајде таму Емануелсон од старт.
Пато е со сигурност стартер, а најверојатно друштво во навалниот дел од тимот ќе му прават EL92 и Принцезата од Гана.
Де Јонг е сигурен стартер покрај Монтоливо најверојатно, бидејќи е нелогично со двајца копачи да го почнеме натпреварот (Амброзини и Де Јонг)
Абијати се враќа во тимот и Алегри ќе има повеќе избор на голманската позиција.
Инаку вреди и да се спомене дека Мунтари е повикан за следниот натпревар на Примавера што значи дека е се побиску до враќање во првиот тим.

Еве го тимот за Џенова:


Abbiati, Amelia, Gabriel, Abate, Acerbi, Antonini, Bonera, Mexes, Yepes, Zapata, Ambrosini, Boateng, De Jong, Constant, Emanuelson, Flamini, Montolivo, Nocerino, Bojan, El Shaarawy, Pato, Pazzini.




16 comments:

Kole.22 said...

Мал проблем. Овие 3-4-3 значат дека Абате се враќа на својата природна позиција, што за него е добро, но не и за тимот офанзивно. Тука многу математики по десна страна нема, тој си игра класичен full-back. Проблемот е на другата страна. Прва опција е Урби кој е далеку подобар во офанзива што само по себе отвара дупка во одбраната по таа страна (верувам дека овој недостаток се приспособува во однос на противникот). Втора опција е Антонини кој на таа позиција која е изклучително захтевна и бара премногу трчање и особено центаршутеви. ДеШиљо останува да покрива или лево или десно, каде ке се укаже таа шанса. Интересна ситуација, да можевме да составиме еден играч(фул-бек) од брзината на Урби, дефанзивата на антонини(?) и центаршутевите на ДеШиљо, веројатно ке имавме топ класа дефанзивец... Тука е најголемата предност на јувентус- Асамоа и Лихштајнер кои со добар плеј како Пирло, изгледаат како машини на теренот.
Без да фантазираме многу многу, тие 3ца во нападот ни од далеку не се тоа на што личат формациски. Боатенг и Шарави ни одблиску не се класични шпицови меѓутоа се повеке од солидни гол-играчи (моменталната форма настрана) со навистина широк радиус на движење.
Единствено една работа не ми е јасна, и покрај тоа што на секој натпревар примаме минимум гол, како е можно да нема место за Запата?
Поклонче од 1.60 во сабота. Форца Милан

ReBorned said...

Знам дека ова го кажав веќе 100 пати ама вечерва дефинитивно победуваме!

Navigator said...

Мене момци не ми е јасна тактиката да се игра со тројца назад. Она против Malaga не личеше на ништо, особено левата страна. Acerbi е поприлично тром и фиксен за да може да ротира со оној што игра на LWB, а пак тој што беше таму во Средата, немаше три чисти од таков начин на дефанзива. Тотална импровизација, што го прави овој тим да изгледа ептен очајно. Max го загуби и последниот кредит на минатитот меч, ама го губи и кредибилитетот. Не можам да разберам дали тој човек планира да продолжи со оваа работа понатаму во животот. Ако планира, тогаш веројатно дека нема намера да води голем клуб, затоа што со продлжувањето на ваквата бламажа, му се спрема сценарио a la Benitez. Јас лично сум за 4-3-3 без никакви модификации. Така имаме најмногу играчи за избор. Така имаме средина која е цврста и продуктивна истовремено. Така имаме напад кој не е редок, туку брз и опасен од сите страни. Јас сум за напаѓачки троец SES-Pato-Boa и за Zapata во составот, ама кој не слуша нас...

Navigator said...

Како и да е, очекувам победа. Уствари со Ри заедно очекуваме, барем бевме сигурни кога составувавме добитен тикет :)

ReBorned said...

Тикетот беше добитен пред да видам дека имало на светов и екипа со поочајна одбрана од нашата, Aston Villa!

Navigator said...

Amelia; Zapata, Bonera, Yepes; Abate, De Jong, Montolivo, Antonini; Emanuelson, Pato, El Shaarawy.

Navigator said...

Конечно Zapata! Ајде да го видиме, ама ај да го видиме и Yepes како ќе справи на позицијата каде што Acerbi беше ужасен. Ќе треба многу да истрча. Го имаме Nini лево, кој во секој случај е подобро решение отколку Constant. Напред се како што се очекуваше...

FORZA GRANDE MILAN!!!

CurvaSud_Milan said...

Незнам зашто се дефинира оваа како 3-4-3 кога е јасно како ден дека во дефанзива е 5-3-2 со трансформација во 3-5-2 кога напаѓаме. Всушност формацијата што Прандели ја практикуваше на дел од натпреварите на ЕП. Барем тоа е моето мислење, мислам дека Ел Шарави ќе го гледаме вечерва поцентрално отколку крилно како досега, а емануелсон ќе делува како AMC. А Абате и Антонини ќе напаѓаат по страните. Мое мислење е дека за една ваква формација да успее се потребни исклучително добри WB-екови што ние сигурно ги немаме. Да го изведеш ова со Марсело лево и на пример Дани Алвеш десно може да се надеваш на успех, со Абате и Антонини си копаш гроб. Како и да е, останува да видиме како ќе делува замислата ма Алегри, било тоа да е 3-4-3, 3-5-2 или било што! Ние очекуваме победа!
FORZA MILAN!

CurvaSud_Milan said...

...и да, кога веќе играме со WB јас би играл со Емануелсон лево, имаме зборено за дефанзивните квалитети негови, т.е. неквалитети но затоа има тројца CB кои треба да покријат, а сигурен сум во офанзива ќе пружи повеќе од Антонини.

Navigator said...

Конечно, крај! Олеснување...

FORZA MILAN E MOLTO GRAZIE FARAONE!!!

Kole.22 said...

Одвај,одвај. Вечер смее една чаша да дрмне :)

Kole.22 said...

Или една флаша. Grazie Faraone

ReBorned said...

Ја контролиравме играта, ја имавме иницијативата но не правевме шанси! Вака не може да се добијат мечеви во континуитет! Многу сум задоволен од играта на Zapata! Играше најсигурно од сите 3 назад и константно влечеше напред, конкретно знам дека на полувремето имаше 38 додавања, најмногу на теренот! Имаше само една несфатлива и смешна грешка во првиот дел но имаше среќа! Се друго беше под конец, браво!
Бевме многу предвидливи со тоа што 90 % од нападите ни одеа по нашата десна страна и топката константно одеше од Zapata до Abate и до Urby, нè научија и повеќе притискаа кон таа нивна лева страна во дефанзива. Другата страна, поопасната (со оглед на тоа дека таму игра најдобриот стрелец во тимот) беше заборавена и имаше само инцидентни напади по таа страна кога случајно топката ќе се одбиеше таму или El Shaarawy самиот ќе ја освоеше во дефанзива.
Кога сме кај него, момчето многу се троши! Тоа не го велам само поради тоа што буквално падна во финишот и имаше грч туку тоа се гледа со голо око! Премногу се троши и во офанзива и во дефанзива а веќе константно игра среда-недела цел месец! Треба да одмори некој меч за да не изгори но едноставно тоа не е возможно! Убаво се забележа и вечерва дека во 90та минута тој трча назад и покрива! Браво за малиот, се надевам дека ќе успее да го одржи нивото на игра! Тоа што не се радуваше на голот против тимот што му овозможи со 16 години да настапи во Серија А само ја покажува и неговата карактерна особина! Браво мало, продолжи во ист стил!
Montolivo повторно повеќе слаб отколку добар, De Jong нешто подобар! Pato, видливо со вишок на килограми на себе а Urby секогаш недоискажан, ќе направи еден добар па еден лош потег. Одбраната посмирена од мечот со Malaga со исклучок на грешката на Zapata на почетокот од мечот. Ќе повторам, многу ми се допадна Zapata! Одличен меч!

ReBorned said...

Marco Amelia по завршувањето на мечот го туркаше El Shaarawy да оди самиот кон Curva Sud за да ги прими аплаузите од фановите!

http://net-storage.tccstatic.com/storage/milannews.it/img_notizie/thumb1/c3a398690ba77e711b202f1ee0e0ad67-58180-2949380efa673bd8c4523694a3f5f4dd.jpeg

Kole.22 said...

Пак имало циркузи од сабајле а? Гледам хајлајтс и не ми се верува што прават судииве.. Страшно
Ах Колина,Колина

Eric Bridges said...

...и да, кога веќе играме со WB јас би играл со Емануелсон лево, имаме зборено за дефанзивните квалитети негови, т.е. неквалитети но затоа има тројца CB кои треба да покријат, а сигурен сум во офанзива ќе пружи повеќе од Антонини.