Translate

Saturday 30 October 2010

Италијанска фудбалска класика



Да, ова е дербито на Италија! Секое поврзување на тој епитет со некоја од останатите екипи во Италија е во најмала рака смешно. Иако недостасуваат повеќе фудбалери од двете екипи, сепак, Милан против Јувентус е секогаш шлагер на италијанскиот фудбал. Очекуваме одлична фудбалска претстава од нашите пулени вечерва и нормално победа!
Тиаго Силва не е доволно опоравен па не е во повиканите. Роналдињо официјално е повреден (иако се шпекулира дека го губи местото во стартните 11 од Бињо па симулира повреди за да си го сочува достоинството, се очекува негово заминување можеби веќе во Јануари). Напред продолжуваме со ударното трио Бињо, Ибра и Але.
Зад нив на Пирло ќе му го чуват грбот Рино и Боа! Назад се враќа Антонини лево, (најверојатно) Бонера десно а покрај Неста повторно ќе стартува Сократис Папастатопулос.
Епа момци одиме на три бода, како и секогаш нели?

4 comments:

Navigator said...

ова е дефинитивно дербито на Италија! двата најтрофејни клуба од чизмата на едно место..меѓутоа јас искрено ова дерби не го доживувам како она градското..во Juve гледам поголем ривал, екипа со реноме, непредвидливо добра екипа, едноставно великан на фудбалот во Италија..за разлика од нив во Printer го гледам најомразениот и најциганскиот тим..во секој случај и покрај сета почит добро би било да ја продолжиме мини серијата што ја почнавме против Juve..и тоа се работи за два огромни успеси, две огромни победи по 3:0..каква само фантастична атмосфера би се направила кога пак би се повторил 16ту Мај..немора резултатски идентично, само да биде победа..
ама за да се повтори последниот натпревар (или последните два) ќе биди малку тешко..juve не е истата екипа од лани, а и Dinho ни го нема за да ни бидат сигурни два гола..кажа Ри кој се ќе го нема и зошто, ама што се однесува до првата постава мислам дека ова е моментално најспремната единаесеторка, со исклучок на Papa или кој и да игра на местото на ТЅ..мора да се пофали Bonera, кој во Неапол одигра феноменално на двете бековски позиции, а честитки и за Luca за експресното опоравување од судирот..и за крај уште едно големо браво од мене за Allegri, шо има муда да го седни на клупа Seedorf и да го користи како креативна замена, а на негово место да го остави КРВ да врши по терен..имам зборувано и порано зошто мислам така, ама ете сега и Massimo го мисли истото..ќе биди КРВ неопходен заедно со Rino вечерва да ги скротуваат креативните и брзи везњаци на Juve, а без нив Del Piero и Qual ќе бидат немоќни..одбраната им е страшна, ама затоа ние ги имаме разиграните Bihno и Ibra, а Ale има повторно потреба за докажување и умилкување кај навивачите...
секако дека одиме на три бода Ри, сите заедно, по трет пат со ред, да ја потврдиме доминацијата над Италија!!

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Кога сме кај комшиите начинот на кој победија синоќа беше баш во нивен стил... фујјјјј
Стартните 11 се и дефинитивно тие што ги очекував... Forza Milan, јас ќе ја гледам на дигитална ТВ ;)

ReBorned said...

Тешко прво полувреме, можевме да го затвориме мечот уште во првите 20-тина минути!

Vase_AC Milan said...

Можевме да ги згазиме во првите 30 мин и после да си свиркаме ама после ни го опнаа.Се надевам дека нема да се случи истото со Реал.
Алегри многу затворено игра треба малце да се отворат картите 4 аса имаме во тимот


FORZA MILAN