
Во време во кое сме во серија од неколку добри резултати во серија (4 натправари без пораз од кои имаме 3 победи) на гости на Сан Сиро ни доаѓа нашиот Пало. Момчето кое има црвено-црно срце и кое иако има само 19 години многу повеќе го сака овој тим од многу други поискусни фудбалери кои во моментов го носат светиот дрес! По многу долго време и креаторот на овој пост ќе има конечно среќа да го гледа својот тим на ТВ (доколку нема пречки во трасата).
Според фудбалерите со кои располагаме во моментов има само една или две недоумици за стартниот состав. Како личност која ретко го греши стартниот состав би се осудил да прогнозирам повторно:
----------------Дида
-Одо---Тиаго Силва---Каладзе---Антонини
------Фламини----Пирло---Амброзини
----------------Сидорф
-----Бориело(Хунтелар)---Пато
Значи, да... се враќаме на 4-3-1-2.
Уште еден битен момент кој дава дополнителна тежина на овој натпревар е тоа што (звучи чудно но) во моментов ова е натпревар меѓу два ривали за четвртото место (Парма е четврто а ние сме петто). Со евентуална победа се враќаме онаму каде што се чувствуваме најдобро...
И уште нешто... денес славиме 30 години заедно со Силвио... имало добри има и лоши моменти, да бидеме реални доколку не беше тој, можеби никогаш немаше да го достигнеме нивото и авторитетот кој го имаме во светскиот фудбал. Да се надеваме дека нема да не остави на она ниво на кое што не „зема“ пред 30 години. Среќна годишнина претседателе!
И за крај мала пикантерија
Dominic Adiyiah 20 годишен напаѓач од Гана (Second Striker, Пато type of player) кој што моментално игра за норвешки Фридиркаш и што (е многу важно) беше ЗЛАТНА КОПАЧКА односно НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ на последното U20 World Cup со постигнати 8 гола на 7 натпревари, се наоѓа на работ од потпишување за Милан и тоа за извонредно смешна сума од 1,5 мил. евра (поради икс причини). Доколку го добиеме го трошиме и последното NON-EU место но добиваме конечно замена за Але и Дињо односно AML и АМR. Доколку ова момче дојде во Јануари и по очекуваното враќање на Пало на лето... догодина нападот на Милан ќе се состои од 20-годишни деца :)
Сепак не се залетувајте, јас додека не го видам на терен не верувам во ништо (посебно што верувале или не агентот е оној ист агент кој што посредуваше во „трансферот“ на Сисоко).
