
Би се осврнал малце повеќе на мечот со Арсенал, да имав што да издвојам. Да зборам за пречката на Арсенал, за нивните акции, за голот на Фабрегас, за голот на Адебајор не можам зошто сепак е ова блог на Милан. Да зборам за киксовите на играчите на Милан, за лошата игра, за непрецизните додавања, за неорганизираноста, за поразот итн... не сакам, доста е од тоа.
Не знам каде бев тој ден кога амбициите на Милан од шампионски се претворија во битка за влез во друштвото на Шампионите. Во битка за четврто место. Не е тоа никаква утеха, иако квалитетот на лигата е таков да нема кој да конкурира за тоа место, освен Фиорентина сезонава кои уште некако држат
еден јаз од 4 бода кој ќе биде потешко да се стигне за разлика од лани. Со ваква форма и

Ако се прашам јас и онака сезонава е пропаст и ако Анчелоти има малце акал останато у тоа тиквата ке ги одмори Кака, Пирло, Неста, Гатузо и кој и да е што влече некаква поситна повреда и ке им остави доволно време да зкрепнат за да не стане полошо, а ко за промена да им даде поголема минутажа на некои омладинци или на оние играчи за кои е сигурен дека сака да ги има во тимот и наредната сезона. А не да ми ги форсира Броки, Емерсон, Фавали, Сержињо кои цел живот имаат по некоја нејасна епизодна улога во тимот на Милан, а со тоа и поголема минутажа од некои талентирани момци, кои заради таквата политика на тренерот не успеваат да се наметнат во прв тим, па сега даваат по 15 гола во Џенова додека Џилардино се шевури 90 минути на терен во некоја филозофска мисија во обид да ја пронајде суштината на тоа што значи да се биде напаѓач во голем клуб. И при таа своја мисија успешно ги избегнува сите контакти со топка, па така противничката мрежа често останува незатресена. Да не отварам уста за голманското трио фантастико, ке ме раздени од пишување.
Се на се иако сезонава витрините на Милан ке останат без трофеи, сезоната е далеку од завршена и има уште многу работа. Ова пред се се однесува на реконструкција и подмладување на играчкиот кадар на клубот, а не би било лошо и тренерска смена да се случи. Мислам дека со тоа поголем дел од проблемите ке се решат. Зошто не верувам дека друг тренер би држел свесно толку стари и зарѓани играчи под свое, додека останатите конкурентни клубови се тепаат за млади и талентирани играчи. А еден таков пример штотуку не елиминираше од Лигата на Шампионите. Така да поубава споредба и не можеше да направам. Разликата во мотивацијата, желбата, енергијата, брзината беше на страната на Арсенал и тоа беше пресудно. Тоа е воедно разликата и меѓу тим составен од играчи со просек од дваесет и нешто години и тим составен од играчи со просек триесет и нешто години. Толку од мене.
No comments:
Post a Comment