Translate

Tuesday, 11 March 2008

Занимливости


Како што може да приметите и јас од денеска официјално преминувам на кирилчното писмо. Па сепак во овие денови на затегнати односи, и обиди да се зачува Македонскиот идентитет ова е еден мал придонес од мене. :)

Сега полека да се вратам на темата за постот. Деновиве по елиминацијата од Арсенал и тешката и среќна, но сепак добредојдена победа против Емполи, почнаа да се појавуваат и првите имиња поврзани со трансфери во Милан. Првото име за кое би сакал да прокоментирам е човекот на сликата погоре. Берлускони најави дека Роналдињо и никогаш не бил негова цел, но дека Шева би го пречекал со отворени раце. Јас го делам истото мислење и кај мене постои огромна желба Шева повторно по 2 сезони да заигра на Сан Сиро. Може сум таков, носталгичен тип, но, и реално гледано Шевченко би бил добредојден во клубот од неколку причини. Прво заради голгетерската криза која владее во тимот, второ, неговото искуство ќе биде бесценето, трето, перфектно се разбираат со Кака во играта, и четврто, Пато би научил многу од него. Секако би потенцирал дека треба да се врати назад и Рикардо Оливеира(27 год.) кој на 16 натпревари за Сарагоса, веќе има постигнато 10 голови, и задно со Џила(може и Бориело место Џила да биде) и Пипо би имале добра комбинација на напаѓачи за следната сезона! А тука вреди и да се напомене дека има најави дека Шевченко би можел да се врати назад за сума од некаде 10 милиони евра, што е доста реална , да не кажам "евтина" сума.

Второто име е Тиаго Невес , дечкото го нарекуваат новиот Недвед заради "убиствениот" шут со лева нога, друга добра околност е што веќе има 23 години, и е зрел играч, значи не е "детенце" од 17 години и да треба да чекаме да созрева(секоја чест на исклучоците). Исто така верувам дека и за него ќе се потроши некоја реална сума на пари, значи нема да има потреба од астрономски суми, а ќе биде одлична замена за Сидорф. Сега испаѓа дека го жалам Берлускони :), но не ми е тоа поентата, туку веќе многу се изместија границите во светскиот фудбал, и мислам дека треба малце да се смири топката, а Милан е многу влијателен клуб на светско ниво и со своето однесување може многу да помогне и смени!

Третото име е за нас добро познатиот Матие Фламини. Среќната околност тука е што на Фламини во Јуни му истекува договорот, а сеуште нема сериозни најави за нов, а Берлускони веќе најави сериозен интерес за него. Фламини би бил одлична замена за Гатузо. Со овие два трансфери не само што би добиле на квалитет него и значително би го подмладиле тимот.

Исто така треба да се подмлади и дефанзивата, а за тоа уште немам прочитано никакви најави, но тука би ги изјаснил моите желби иако мене никој не ме слуша :), а тоа би биле Андреа Барѕаљи и Џанлука Замброта!

Тоа би било се за сега, да се надеваме дека како што пристига пролетта така и раководството на нашиот тим ќе се пробудува и ќе се активира на трансфер пазарот, и веќе во Мај-Јуни да има реализација на некои трансфери, затоа што ако помине Европското првенство, па после и Олимпијадата, цените на играчите би рипнале до небо, а тоа сигурен сум на никој не му одговара.

ФОРЦА МИЛАН!!!


4 comments:

Monitor de LCD said...
This comment has been removed by a blog administrator.
The Last Mohican said...

decki, a be brisel nekoj komentari??? posto jas ne sum brisel nisto, a ovde javuva deka "This post has been removed by the blog administrator." A administratorot sum jas, a sum siguren deka ne sum brisel nitu eden komentar.

Vladimir said...

Druze jas brisev, jas mozam na moite postovi da brisam komentari, ama samo na moite, a ti mislam kako admin mozes na site. Ovoj go izbrisav posto bese spamer. A imase uste eden, i toj go izbrisav ama tamu stiklirav nesto i permanentno go izbrisav.

The Last Mohican said...

pametno i mene mi idea na nervi tie dva komentara, ama me mrzese da se zamaram :) koga toa denes gi nema, pa se zbuniv, a se si mislev deka ne moze drug da brise :)