Translate

Wednesday 29 April 2015

Најава: Милан - Џенова


Наптреварот од 33-тото коло во Серија А го играме на домашен терен против, оваа година незгодната Џенова, која сезонава одлично игра против големите екипи, а во првиот дел од сезоната го порази и нашиот Милан со голот на Антонели. Тој вечерва нема да настапи поради повреда. Ситуацијата во клубот е хаотична - сите знаеме за инцидентот во автобусот после наптреварот со Удинезе кој кружеше низ медиумите, за подоцна да биде негиран од страна на Абијати и Монтоливо. Сепак, мое мислење е дека ситуацијата не е толку сјајна внатре во соблекувалната.

Знам дека секој фан на Милан деновиве повеќе ги прати вестите за продавањето на клубот, бидејќи по разочарувачката сезона ни остана само таа надеж. Затоа на кратко ќе ги пренесам шпекулациите тука, иако за подетално може да се информирате на ФБ страната, каде почесто ги апдејтираме вестите деновиве. Mr. Bee пристигна во Милано, но брзо потоа замина за Швајцарија каде наводно требал да присуствува на венчавка на свој пријател. Она најважното е тоа што тој денеска се враќа назад во Милано и е спремен да му ја презентира својата понуда на Дон Силвио.


Најновите информации велат дека денеска пред натпреварот Mr. Bee и Берлускони ќе имаат состанот, потоа ќе го проследат натпреварот помеѓу Милан и Џенова, а најдоцна до утре напладне ќе се имаат информациите од тоа како поминал состанокот. Но поради овие настани втората заинтересирана страна за купување на Милан, онаа кинеската, решила да не седи со вкрстени раце и можно е нивни претставници да стигнат во Италија набрзо и да пробаат да ги поматат сметките на Mr. Bee.

Многумина завземаат страна во оваа војна помеѓу двете групации заинтересирани за Милан, ама јас би бил среќен со било која опција од тие две, бидејќи сум сигурен дека се работи за амбициозни луѓе кои ќе знаат повеќе да го ценат името на Милан и нема да дозволат долго да бидеме на средината на табелата. Можеби звучи неблагодарно по се што направил Берлускони и неговата фамилија за Милан но повеќе би го почитувал ако на време се повлечеше и сега место да мизеруваме ние би биле  она што сме. Шампиони на Европа. Ова е можниот состав за вечер:


Останува да го испратиме натпреварот без нервози ако е тоа можно и да се надеваме дека Нијанг нема да ја истури својата нервоза врз Лопез, поради оние кои не му дадоа шанса да го покаже талентот кој очигледно само тие не го гледаат.

ФОРЦА МИЛАН!!!!!!!!!

3 comments:

Navigator said...

Околу продажбата, како поинтересна тема, секако, се радувам на состанокот со Bee. Во таква безизлезна ситуација сме што ми се чини, било кој да посака да инвестира во клубот, би го пречекал со раширени раце. Не ја знаеме позадината на тајланѓанецот, но полека испливуваат некои детали. Од она што излезе по медиумите, изгледа дека има силна кинеско-арапска финансиска поддршка, што охрабрува во секој случај. Berlo, нормално ќе сака да извлече што е можно повеќе, така да не ја исклучувам опцијата дека кинезите да се негов блеф, за да претстави покомотна позиција во преговорите со Bee. Од друга страна, за нас е би било подобро доколку има вистински интерес од кинескиот конзорциум. Тогаш, не само што Silvio би добил повеќе, туку и ние би добиле (пари секако не :D). Не очекувам дека утре на пресот ќе има голема новина, баш заради резервираноста што ќе ја има Berlusconi. Нема да сака одеднаш да ги отвори картите. За очекување е и дел од стратегијата да биде и создавање на големи очекувања и поголем притисок врз потенцијалните купувачи. Навивачите, такви какви што сме, идолизираме инстантно, а човеч знае да попушти се осеќа сакан, кога милиони навивачи низ светот во него гледаат спасител.

Околу натпреварот, цела оваа фама логично е позитивно да влијае и врз играчите. Сите како да чекаат некој голем мотив, а поголем од ова не може да биде. Затоа мислам дека ќе играат поопуштено, онака како што знаат. На Genoa повеќе и треба победата ако гледаме од таа перспектива, 4 бода се пред нас. Ние повторно не заостануваме премногу од тоа 6то место, но натпревари има се помалку. Тоа за оние што сеуште веруваат во пласман во ЛЕ, меѓукои и јас. Составот е сосема добар. Оние што недостигаат, има кој да ги замени, играме дома, така што одново, секој нормален човек би очекувал Milan да слави. Плус, многу убав кец е во кладилница - 2.1!

Ајде момци!

ReBorned said...

Pippo е очај од тренер. Толку.

Unknown said...

И така сезоната е веќе завршена, нит можеме Европа нит Серија Б па нека пушти некое дете од примаверата да видиме до кај можат.

Се глеа дека веќе не оди со играчиве моментални. Еве Менез е суспендиран а иаме доста талентирани играчи во нападот кај Броки.

Утре најверојатно официјално за Мистер Би па ај да вииме:)