Translate

Tuesday, 7 April 2015

Нов Милан по сезонава или повторно старите болки?


Да почнеме со тоа дека Милан врза две победи по ред и на гости победи после за прв пат после октомври минатата година? По победите над Каљари(3-1) и Палермо(2-1) следната утакмица ја играме против Сампдорија на домашен терен и ќе се бориме за трета победа во низа и конечно да собереме бодови од посериозен противник. Ќе биде интересно да се види како ќе се покаже Сампдорија бидејќи според многу медиуми во Италија нивниот тренер Синиша Михајлович е кандидат број 1 за тренерската позиција во Милан после Пипо Инзаги.

Иако врзавме две победи јас воопшто не сум фасциниран од начинот на игра туку напротив пак е исто, се чека на контри и против екипи кој треба да ги сечеме уште од сам старт и повторно тешко се креираат шанси. Единствено добро можеби е што Ван Гинкел почнува да игра а најверојатно и Сусо ќе добие поголема минутажа па ќе видиме колку можат.

На поле трансфери не би верувал во ниедна шпекулација што кружи бидејќи како што сите знаеме Милан е веќе печен за продажба, најверојатно помал дел сега и целосна сопственост во наредните 2-3 години и морам да признаам дека тоа ме радува бидејќи конечно можеби се гледа светло на крајот од тунелот.

Сепак ќе споменам пар шпекулации за да сме во тек колку-толку:
  • Дестро нема да биде откупен на крајот на сезоната.
  • Имобиле е на трансфер маркетот и Галијани се интересира околу него дури и мислам имаше средба со агентот.
  • Бертолачи од Џенова е нова цел на Галијани ама прво треба Рома и Џенова да ја расчистат сопственоста на играчот.
  • Милан ја одбил новата понуда за позајмица на Нианг од Џенова каде што овие барале Нианг да остане таму и следната сезона.
Додека сме кај таквите шпекулации мора да се напомене дека не заостануваме и зад шпекулациите за нов тренер и тука во игра се:
  • Унаи Емери (Севиља)
  • Синиша Михајлович (Сампдорија)
  • Антонио Конте (Италија)
  • Карло Анчелоти (Реал Мадрид)
  • И сигурно куп други "понеатрактивни" но овие решив да ги одвојам бидејќи тие се тие највеќе што се спомнуваат
На крај да продискутираме за ПРОДАЖБАТА на Милан и за конечно добивање нов сопственик, кој има капацитет а и најважно желба да го врати Милан онаму каде што припаѓа. Кинески бизнисмени беа заинтересирани за Милан според шпекулациите но демантираа голем дел од нив и после се како најзаинтересиран испаѓа Bee Taechaubol. Не знам многу за човеков, не е нешто претерано богат но преку фондови сака да собере доволно пари и да ја превземе контролата над Милан.

За да придобие фанови според медиумите тој во Милан планира да влезе со Паоло Малдини како спортски директор. Најновите шпекулации велат дека дека Bee во наредните неколку недели ќе проба да договори се со Берлускони бидејќи не сака конкуренцијата да расте и да му задава проблеми.



Уште еден заинтересиран за Милан е кинески богаташ Mr.Pink по што гледаме дека привлекуваме голем број заинтересирани и најинтересно е што клубот цело време негира дека е продаден но не негираат дека се преговара со заинтересираните што според мене е одлична вест и се поизвесно е дека од јуни ќе гледаме малце поинаков Милан.

За се што сум пропуштил може да се дискутира во коментарите, знам и дека не е нешто посебно текстов пошо прв пат пишувам башка и многу долг период ништо не е пишувано и се имаат насобрано многу информации па се надевам дека ќе сме поактивни.

2 comments:

Dragan Trajkovski said...
This comment has been removed by the author.
Dragan Trajkovski said...

И мене ме нема подолг период ама верујте дечки глава неам кренато, и некогаш не ни спијам ко што треба.
За две недели се враќам во МК и ќе останам две недели така да евентуална средба е можна ако некој покаже интерес.
Околу шпекулациите несакам да верувам во ништо затоа што како прво треба да имаме нов газда, па потоа да бараме тренер па потоа и тренерот да бара играчи.
Од тие што им истекува договорот само на Најџел вреди да му се продолжи, тој сака да остане ама не под вакви услови, сака да види прогрес, свежа крв. Есиен и Мунтари објавија заминување што е најдобра вест што сум ја чул незнам од кога. Се надевам дека и Мексес,Закардо,Бонера и Запата ќе го направат истото.
Од друга страна пак остануваме во ситуација каде што монти поли и џек се единствените играчи за врска. Во оваа ситуација би го вратил веднаш Рики Сапонара и би инвестирал во младите Басели и Бартолачи кои веќе добиваат шанса и кај Конте. Млади Италијански играчи му требаат секогаш на Милан и би биле одличен старт на новиот Милан. Тука нормално е и Дармиан кој ако замине во било кој друг клуб освен Милан ептен ќе ми биде мака пошто е наше дете, навива за клубот, еднаш го испуштивме и ако го испуштиме уште еднаш тогаш стварно сме за ќотек. За други играчи нема ни да зборувам иако ќе ни требаат неколку екстра квалитетни сигурно. Повеќе треба да се фокусира менаџментот на продажбата на клубот, плановите за новиот стадион и ослободување од вишокот квантитетни играчи кои земаат плата бадијала.
Од тренери само Спалети ми паѓа на ум а другиве ич не ми се по ќеф.
И една голема замерка за Пипо кој рече дека овие не се натпревари во кои им се дава шанса на младите. Напротив, Сусо, Мастур, Албетраци, па дури и Ван Гинкел кој ќе си замине треба да ги добијат овие минути.