Translate

Sunday 1 February 2015

Најава: Milan vs Parma!


Од денот кога го напишав последниот пост се случија неколку значајни настани. Дел позитивни и тоа главно на трансфер пазарот. Galliani беше поприлично активен и вклучен максимално лично. Несекојдневни слики излегоа кога ќелавиот лично го посети домот на Destro – најзвучното име кое го засили Milan. Но добра работа беше завршена и со трансферите на Antonelli и Bocchetti. На другата, негативната страна, дури 3 поврзани порази. Момците ја продолжија мизерната серија во првенстовото, но периодов значеше крај и на второто натпреварување – Купот на Италија. И покрај сите најави дека клубот максимално ќе се ангажира да по повеќе од една деценија дотурка далеку во наптреварувањето кое веројатно на полесен начин носи излез во евро-куповите, Milan одново потклекна и заслужено испадна. Сепак, и тоа не значеше крај за Pippo на клупата на Milan.

Информациите во и околу клубот велат дека Inzaghi ќе добие уште неколку шанси, но лично не верувам дека позицијата ќе му биде стабилна ако вечерва, против Parma не успее да донесе 3 бода. Едноставно неопходно е, победа во првенството немаме веќе 5 кола. И затоа, што од неопходност, што од идејата за промена на Pippo, Destro и Bocchetti само по неколку заеднички тренензи со екипата, најверојатно ќе бидат стартери. Револуцијата со формаицијата беше нешто што можеше да се очекува и беше на неколку пати најавено како опција, директно од стручниот штаб. Конечно, Milan ќе игра во 4-4-2, па така, покрај Bocchetti на лев бек, во одбраната најверојатно ќе се најдат и Alex, Rami и Zaccardo. Средниот ред е доста офанзивен и верувам дека тоа е добрејдено за најголем број од навивачите. На крилните позиции би се нашле Cerci и Honda, на средишните Van Ginkel и Poli. Напред, заедно со Destro ќе биде нашиот најдобар стрелец Menez.


На саат време пред натпреварот нема да должам повеќе. Премногу едноставно и логично е: ни треба победа повеќе од кога било сезонава. Не смееме да продолжиме да тонеме. Би било залуден цел напор и успех на трансфер пазарот доколку негативната серија продолжи. Ајде да им посакаме на новите играчи убаво добредојде со убава и лесна победа. Parma, фенерџијата во Калчото е идеалниот противник за тоа.

Forza Milan!!!

6 comments:

Navigator said...

Конечно момци, конечно! Не дека играта беше убедлива и допадлива, но победата ми е многу мила. Фалат уште мотиви и идеи, ама кога има голови, другото лесно се заборава. Добар предуслов за G утре уште поубаво да го затвори меркатото, па да тргне нов Milan. Може сум премногу оптимист, не знам. Знам дека сум многу радосен.

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

Интересен податок за тоа како ни се распоредени головите сезонава:

Голови во прво полувреме: 17
3 голови од 1' до 15'
6 голови од 16' до 30'
8 голови од 31' до 45'

Голови во второ полувреме: 31
11 голови од 46' до 60'
9 голови од 61' до 75'
11 голови од 76' до 90'

Kole.22 said...

Играта не беше најсјана, но целта е остварена. Кој би рекол дека Закардо може да одигра таков натпревар :)

И да, Черчи никако на лево крило.

Unknown said...

Бомбонче стадионот!

Navigator said...

И оптимален капацитет според мене. Одамна зборуваме дека многу клубови низ Италија треба да го пратат примерот на Juve и мило ми е што кончено ние сме меѓу првите. Ќе биде длабок рез, нема сомневање околу тоа, но долгорочно гледано е оптималното решение.

Kole.22 said...

Новиот стадион за почеток на една нова приказна ги радува сите навивачи. А и оние помалубројните вљубеници во Сан Сиро се свесни дека тоа едноставно мора да се случи. Што побрзо тоа подобро.

Трансфер периодот може да се заокружи како позитивен, а доколку во лето се засилиме и со некој врвен играч за врска, независно цената, ке бидеме и тоа како респектабилен тим, и во Италија и во Европа. Чекор по чекор