Translate

Sunday, 18 January 2015

Најава: Milan vs Atalanta

Во периодот кој беше можеби најтивок од почетокот на годината, момците имаа добра прилика за средување на мислите и фокус кон следната цел – победа над Atalanta и почеток на победничка серија. Без патувања, без некакви трансфер потреси барем за пошироката јавност и без посети на Berlo :) Идеален временски период за полнење на батериите и доусовршување на некои техничко-тактички финеси. Единствена голема вест што излезе од Casa Milan или Milanello беше официјализирањето на трансферот на Suso. Не одекна многу таа вест со оглед на тоа што и претходно ни беа познати условите, но најважно, повторно нема информација дали Liverpool ќе попушти и ќе го ослободи Suso уште во овој преоден рок. Етички, би било коректно, но лично не можам да го видам мотивот на англичаните зошто би се откажале и му направиле услуга на играчот и на Milan.


Atalanta  е повеќе од противник по мерка за ваквиот променлив Milan. Тоа е екипата што има само 3 победи во 18 кола и тим со третиот најлош напад во лигата. Замислете, само 14 гола во цели 18 натпревари. Дури ни German Denis сезонава не е тоа што беше, само 3 гола досега во шампионатот. Не е ниту најдобар стрелец во екипата, туку тоа е Maxi Moralez. Atalanta е класична фајтерска екипа, без воопшто убавина во играта, со еден куп деструктивци и валкани играчи. Тука се Biava, Cigarini, Migliaccio, Stendardo, Bianchi, Pinilla… Но Atalanta е клубот и на Baselli, веројатно најсериозниот кандидат за наше следно засилување од средниот ред. Денешниот противник е тим кој што ни должи. Сигурно се сеќавате на поразот лани во претпоследното коло и на оној неворајтен гол на Brienza, со кој и дефинитивно отпаднавме во трката за Европа. И сега е време да платат неколкукратно!

Кај нас, ситуацијата е многу слична како и на последните 3 натпревари, особено слична во споредба со последниот меч и победата во Купот. Единствено De Sciglio, Zapata и Essien нема да бидат достапни за Pippo денес. За очекување е Lopez да се врати на голот, Abate ќе почне на десен бек, на средина според мене најдоброто стоперско дуо што моментално го поседуваме – Mexes и Rami. Лево, Pippo ќе мала дилема при изборот меѓу Bonera и Armero. Во средината истите тројца како и во вторникот, славеникот Montolivo, King Kong De Jong и Bonaventura. Напред, Cerci и SES на крилата и Menez назад меѓу стартерите.



Да резимирам, ги имаме сите предуслови за втора врзана победа. Milan мора да почнува да освојува сигурни 3 бода против екипите од рангот на Atalanta, особено на San Siro. Се работи за една многу силна наша постава против релативна слаба противничка екипа. Верувам дека сите очекуваме мирна победа, најавена со сигурен старт и рано водство. Особено очекуваме од напаѓачкото трио. Cerci да го повтори опасниот офанзивен перформанс од Купот, слично како и El Shaarawy, а Menez да биде стандардно убоит и прецизен во нападот. Одиме на нова победа!

FORZA MILAN!!!

10 comments:

Ficho Kimovski said...

Момци зашо бе вака слабо дискусииве?

Hristijan Ivanov said...

Имам заборавено кога последен пат имам искоментирано,Фичо ти уште прашуваш зошто слабо дискусии,немам кеиф да ги гледам веќе а не па да дискутирам,нема ни шо да се гледа ни шо да се дискутира... можеме само да си направиме муабет за времето на Карлито на клупата,за легендите на Милан во тоа време кога Милан имаше срце и душа кога секоја секунда од секоја утакмица ми беше интересна да ја гледам и да уживам и кога губевме,губевме со стил воа не е тој Милан за кој навивам јас... вие не се играчи на Милан моментално шо ги имаме во составот(со исклучоци). На Малдини и компанија сигурно им се плаче кога го гледаат својот тим во последно време што му се случува и во чии раце е ... го уништија тимот немаме ништо од Милан повеќе... можам да пишувам еден куп да вртиме со скролот 5мин и уште да има за читање ама искрено немам кеиф и за тоа се е џабе...

Hristijan Ivanov said...

btw поздрав до вас момци ако не сум искоментирал редовно ги читам сите постови се надевам ме памтите сега сум со друг меил, претходно не сум сигурен како точно бев(еее колку од дамна било моето последно коментирање за дури да не се сеќавам со кој меил бев :) ) кикоацмилан или кикопато... :)

Ficho Kimovski said...

Milan Channel's director Mauro Suma: "Inzaghi's position will be evaluated in the next few hours."

Kole.22 said...

Одвај ги составуваме одбраната и средниот ред, а даваме 16,7 мил за Матиа fucking Дестро. И после кој е крив? Ние сме будали што се нервираме за една распашена команда.

Navigator said...

Момци, како што гледате, се потрудив периодов да го држам блогот и ФБ-от апдејтиран. Но не стигам тоа да го правам постојано. За викенди најчесто можам да напишам и пост и да постирам на ФБ. Преку недела имам многу помалку време. Така да, ако имате желба и малку време, помагајте. Ако не, ќе преминеме на периодично известување и веројатно ќе се вратиме само на блог. Reborned и Ultra веќе некое време ги нема, а беа тие што го одржуваа блогот. Додуша Ultra ни најави.
Пред некое време сетирав google analytics и гледам дека стварно има луѓе што постојано го отвораат блогот и јас лично сакам да има постојано нови содржини, за тие луѓе. Не е никаква филозофија да се напише пост - треба кратка припрема и неколку податоци во пресрет на мечот. Фан-пејџот е секундарна работа за мене, но и таму сакам да ги има барем најважните новини. Кој сака, а веќе нема админ пристап, нека каже. Таму постои само едно правило: не се постираат шпекулации, само потврдени вести (по можност малку поразлични од она што насекаде се пласира).
Знам дека резултатите се депримирачки и демотивирачки, ама мене ми е голем кеиф овој блог и не планирам да го напуштам, дури и по цена само понекогаш да можам да пишувам и да му посветувам време.

Kole.22 said...

Ќе се обидеме да го одржиме некако блогот, барем со по 5-6 реченици по натпревар. Апел до сите членови и читатели да се приклучат на дискусиите за некако да го истуркаме тешкиот период на неактивност :)

Navigator said...

Каков глупак е овој Armero, не ми се верува...

Kole.22 said...

http://gianlucadimarzio.com/serie-a/milan/milan-antonelli-arriva-per-le-visite-mediche-un-ritorno-a-casa/


ОДЛИЧНО

Navigator said...

За нас како навивачи, најважни би требало да биде што првиот трансфер кај и да е ќе се реализира, а за Armero... ако сака нека биде Zaccardo уште 5 месеци.