Translate

Saturday 7 February 2015

Дерби на Италија!


Помина доста време откако пишав пост, ама помина уште повеќе време откако го победивме Јувентус последен пат. 25ти ноември 2012, Сан Сиро, Робињо од пенал. Ова е веќе трета сезона како почнуваме од нула со амбиции за место кое води во ЛШ и ништо повеќе. Тие амбиции се нарушени и оваа сезона и само лошите резултати на нашите ривали сеуште не држат во игра за тоа трето место. Оваа зима имаме неколку причини за да се надеваме на подобра иднина.


Покрај засилувањата каде што пак се засиливме квантитативно дојде и најавата за нашиот нов стадион. Сеуште немам време да ги прочитам сите детали за него само знам дека ќе има капацитет од 48.000 гледачи што според мене е совршена бројка и дека треба да биде готов до 2018та година. Од аспект на фан на Милан тоа е одлично и чекор напред затоа што видовме каков позитивен ефект има новиот стадион на Јувентус, и следењето на тој тренд може да значи нешто добро. Од навивачки аспект, целата структура мене ми изгледа како огромен трговски центар со фудбалско игралиште. Ама не сум јас архитект, и фирмата што ќе го гради - Аруп стои зад Алијанц Арената, а инспирација за правење на истиот стадион имале од Емиратите во Лондон, како и стадионите на Базел и Атлетик Билбао.

Да се вратиме на натпреварот каде што кај нас ќе отсуствуваат казнетите Мексес и Дестро, како и повредените Агаци, Абате, Армеро, Бонера, Де Шиљо, Запата, Де Јонг, Монтоливо, Ел Шарави и Мастур. Без Де Јонг и Монтоливо, против еден од најдобрите средни редови во светот не ни се пишува добро. Последните најави се дека суперстар дуото од Гана, Есиен-Мунтари ќе го почне мечот. Еве ја и целата листа на повикани играчи:


Покрај Лопез на голот, се очекува старт на Антонели и Палета и последните најави се дека Закардо е фаворит да почне на десната бековска позиција пред Рами, додека Алекс е сигурен стартер во одбраната. Мунтари-Есиен-Поли најверојатно ќе биде трито во средина кое незнам како ќе успее да ја задржи топката повеќе од 3-4 пасови, додека Менз и Бонавентура се сигурни напред со тоа што последната дилема на Пипо би требала да биде помеѓу Черчи и Хонда за десната крилна позиција.

Сега малку статистика:
  • Јуве победил на 27 од последните 29 натпревари дома во Серија А
  • Јуве нема примени гол на последните 3 натпревари во Серија А
  • Милан нема победа на последните 6 гостувања во Серија А
Тасоти на пресот изјави дека нерешено е добар резултат. Апсолутно се слагам, со играчите кои ни се на располоагање а посебно во средината пораз од еден гол разлика не звучи лошо.

FORZA MILAN!!!

9 comments:

Navigator said...

Убаво е да те одмени некој кога немаш време за пост :) Добредојде назад Драган! Околу мечот, јасно е кој е фаворит, не мора премногу да се објаснува зошто. Само имам мал сомнеж дали клубот свесно ги "повреди" дел од играчите. Не сакам да верувам, ама барем 3-4ца беа комплетно здрави по последниот натпревар. Како и да е, меч во кој буквално не можеме ништо да загубиме. А од друга страна, Juve може да влезе со потценување. Е сега, да го потцениш Zaccardo, знае да се одбие од глава... :)

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

Да зборуваме реално, не ни очекувавме победа против Juve во Торино. И подобро да се фокусираме и да зборуваме за нашиот перформанс. Вистина е, голот за 1-0 беше повеќе од спорен, но не беше пресуден. После тој гол се вративме, ама не за долго. Проклети прекини! Не е можно ова што се случува со бранењето на прекините. Како да гледам мак-фудбал кога Milan треба да брани корнер или слободен удар. Сите се збунети. Никој не знае кого чува, не постојат превземања, нема никаква комуникација. Врвни дефанзивци се бламираат при исфрлање на топка. И тоа трае повеќе од година дена. А толку се напаливме на Gianni Vio. Човекот е без нето ефект и покрај фактот што Milan е екипата со најмногу дадени голови со глава, а во нив најголем дел се од прекини.

Малку околу играчите. MOTM без конкуренција - Antonelli. Секоја чест за изданието. Многу енергичен настап, со многу мотиви. Веројатно е свесен за конкуренцијата во тимот. Од 6 засилувања, тој и Bocchetti играат на иста позиција. Настрана од нив двајца, Armero, Albertazzi, па и De Sciglio, сите конкурираат за едно место. Сакам да го гледам барем уште еднаш пред да го прогласам за добро засилување. Paletta исто така, позитивно ме изненади. Не затоа што не му ги знаеме квалитетите, туку со желбата уште од првиот натпревар. Не знам, може не треба да се чудиме кога играчите играат со мотив, но некако навикнавме на игра без желба. Lopez со 2 одлични одбрани, малку што можеше да направи при головите. Cerci беше солиден според мене. Можеби единствениот наш опасен офанизвец. И Alex беше тука некаде на својот просек. Останатите под тоа. Pazzini беше невидлив што е негов хроничен проблем. Кај него скоро никогаш не е проблем волјата, но квалитетот му е ограничен. Всушност и затоа никогаш не стана врвен играч. Промаши одлична шанса која можеше многу да промени во натпреварот. Honda беше уште поблед. Игра многу предвидливо. Почнуваат многу да си личат со SES. Ги имаат истите потези на повлекување на топката и на менување правец. Едно те исто и брзо стануваат лесни за читање и бранење. Zaccardo и Poli одиграа и под своите можности. Poli се помалку ме убедува да мислам дека заслужува место во тимот, а за Zaccardo ми е жал што и сам е свесен оти може да добие место само ако 10мина играчи се повредени. Дури и тогаш не е сигурен. Од друга страна, уште повеќе ми е жал за децата од primavera кои веројатно не гледаат надеж, дури и кај нивниот поранешен тренер, дека некогаш би добиле шанса покрај пропаднати фудбалери како Zaccardo. Намерно и норално, за на крај го оставив дуото од Гана, комплетните идиоти, кловновите Essien и Muntari. Суљо го гледаме подолго време, го пратиме падот во кариерата и не не чуди премногу како може да е таков шупак. Поприлично е јасно колку може да се изглупира, колку грешки може да направи, колку голови да примиме заради него. Мене не ми е јасно како Essien, од играч кој пред само неколку сезони бил главната деструктивна сила на Chelsea и играч кој во една сезона одигра одлично на 4-5 различни позиции во Real, може да се претвори во тотален аматер со по неколку клучни грешки во секој можен натпревар каде добива шанса. И не само што формата им е никаква, не само што навивачите од меч во меч се повеќе и повеќе ги мразат и пцујат, тие двајца се однесуваат како мува да не ги лази. Ниту на натпреварите, ниту во текот на трансфер периодот кога имаа шанса за збришат. Од тоа нивни однесување, единствено понесфатливо е она на Pippo. Ги остави да одиграат комплетен меч. Против Juve. И како бе Pippo ќе објасниш на некој што гледал барем 3 утакмици сезонава или минатата дека Суљо и Коџо се подобра варијанта од Cristante, Valotti или Saponara? Жалам, многу си ми мил, ама не си го доучил тренерскиот занает. Pippo моменатлно не може да води екипа од долниот дел на табелата во Serie A (не дека Milan е во горниот), а камоли Milan. Тргнете ги емоциите настрана и уверен сум дека ќе го видите истото. Штета ќе биде ако уште една легенда "ја потрошиме" како неискусен тренер, но клубот мора да продолжи напред, а со Inzaghi не можеме повеќе од ова. Барем не во Европа.

FORZA MILAN!

Unknown said...

https://scontent-a-lhr.xx.fbcdn.net/hphotos-xpa1/t31.0-8/10854226_1548728805386755_8533939953880018950_o.jpg

Unknown said...

Despite Inzaghi relying on counter-attacking football, Milan has only scored 2 goals from a counter-attack so far. Misleading. #acmilan

Галијани го исфорсира Пипо и најверојатно му ја упропасти кариерата. Требаше да го пушти во Сасуоло да изигра 3-4 сезони па после секако ќе го соберевме ако вреди, штета што Пипо наседна.

Имавме и ние верба во Пипо ама наша грешка е тоа, на овој тим без команда требаше да се донесе искусен тренер што ќе им ја ебе мамицата на сите што само лапаат пари а не пружаат максимум.

Сега со Емполи многу му замерувам на Пипо за тоа што Ван Гинкел и Сусо преседеа на клупа ебаго, па уште и Хонда како RW пак? Одличен беше на AM позицијата претходните 2 меча.

Пипо се ослонува на играчи што ништо не можат да му дадат и тоа упорно го прави и страшно ги иритира фановите ширум светот, нека се повлече сам, нека ја прифати грешката и без да се лути нека земе тим ко Сасуоло и нека се проба пак. Ете се збори дека од следната сезона тренерот нивни ќе оди во Фиорентина а Монтела кај нас.

Во оваа безизлезна ситуација Конте ми се гледа како најдобро решение но сите знаеме дека тој нема да дојде додека не му се ветат трансфери а кога сме кај трансферите знаеме како оди тоа во Милан.

Navigator said...

Сосема се сложувам Фичо. За жал, ситуацијата со Pippo тешко ни паѓа на сите, со оглед на тоа колку на сите ни е при срце човекот. Пак ќе речам, трошиме легенди како тренери-приправници, наместо полека да си ја градат пост-играчката кариера низ хиреархијата на клубот. И не ги обвинувам нив, ниту Pippo, ниту Clarence. Им се пружило прилика да го водат клубот каде што стекнале светска слава и треба да се луди за да не прифатат. Но не оди тоа така, очигледно. Со Seedorf го расипавме муабетот, со Pippo кај и да е ќе биде истото. За жал младите тренери ја немаат приликата на младите играчи, па да бидат пратени на позајмица некој период и да се вратат назад. Inzaghi сега не може да отиде во тим како Sassuolo на 2 години, па да очекува да се врати назад. А периодов е премногу осетлив и тежок за да се донесе правата одлука - Pippo надвор сега или на крајот на сезоната. Од една страна не сакаме нови турбуленции ви тимот и менување на тренер во Март, но од друга страна не смееме да ја "жртвуваме" и оваа сезона. На крајот на краиштата оваа сезона сеуште не е целосно загубена. Како стојат работите, Europa League би бил позитивен исход во Мај според мене.

Navigator said...

Што викате, ќе го продаде Berlo клубот периодов? Јас мислам дека ако сега не добиеме нов газда, ерата на Berlusconi ќе трае уште барем 4-5 години.

Unknown said...

Дечки ваква неактивност немало никогаш тука.

Дај нека ми пушти некој админ на овој акаунт па да скоцкам еден текст за Палермо, продажбата на клубот и слично.

Неам многу време али ќе скоцкам нешто ако тоа значи дека ќе се раздвижат малце работите.

Navigator said...

Ова никогаш не било. Жарко го снема без збор, не знам, еве може ти знаеш што се случило. Инаку мислев дека имаш админ пристап на блогот. Уствари имаш, ама на профилот Filip Kimovski. Нема врска, дај ми емаил, ќе ти пратам админ.

Unknown said...

Стварно Жаре не знам шо праи,не сум го видел ни на фб, ништо не бидна ни од последниот најавен мини собир за да глеаме утакмица. Еве ако случајно види нека пише, барем онака да се испоштуваме.

filip_kimovski1994@hotmail.com е меилот, а претходниот акаунт некако сум го изгубил...

Ќе пишам утре збор два за продажбата,Суљо,победава над Палермо и слично.

Мислам дека може да се отвори добар муабет ама ги нема луѓето, знам дека има обврски насекаде али верувам дека пак ќе се активираме. Можда и до клубот е.