Translate

Tuesday 13 January 2015

Најава: TIM Cup - Last 16!


Трет натпревар во седум дена и уште една шанса за Pippo и момците да ја остварат првата победа во новата календарска година. Стадионот повторно ист како пред течно една недела, противникот многу познат, оној што ни нанесе болен пораз кога сите очекувавме рутинска победа – Sassuolo е должникот. Овојпат различно ќе биде само натпреварувањето. Coppa Italia или од пред неколку сезони TIM Cup е една од двете цели на Milan сезонава. Причината е едноставна: ова е единствениот дополнителен напор во сезона кога клубот не игра во Европа и кога одново не е во можност да се бори за Скудетото. Освен тоа, Купот може да биде спасител на сезоната бидејќи, како што знаеме, победникот на националниот куп во Италија обезбедува директно учество во Europa League, нашата крајна цел оваа година.


Имајќи го ова на ум, треба да очекуваме еден мотивиран и ангажиран пристап на сите поединци во клубот. Логично е да се надеваме дека Pippo убаво ги простудирал сите негативни аспекти на поразот од минатиот вторник и е спремен да извади квалитетна, силна и мотивирана постава. Ќе се повторувам ако кажам дека Milan е несомнено подобрата екипа и дека се што треба да се направи во пресрет на мечот е влезе ангажирано, концентрирано и внимателно. Знаеме какви проблеми може да направи Sassuolo, го знаеме нивниот потенцијал и тука не смее да има нови непријатни изненадувања. Победа вечерва ќе значи четвртфинале на 27ми месецов, против подобриот од дуелот Torino-Lazio.

Во однос на првите 11, Pippo очигледно се одлучи за неколку важни промени. Со оглед на тоа што Купот секогаш е шанса за играчите со помала минутажа, Inzaghi веројатно ќе го стави Abbiati на голот. Во одбраната, Abate е сигурен десно, De Sciglio оди повторно на лев бек, а во средината веројатно ќе отсуствува Rami, така што стоперското дуо ќе биде составено од Alex и Zapata. Во средината конечно ќе го видиме логичното враќање на Bonaventura на MRC, незаменливиот NDJ ќе биде на DMC и Poli лево од него. Евентуално, Poli и Jack би промениле страни. Напред ќе го имаме првиот старт и првата вистинска прилика за Cerci. Вистинска прилика, можеби и последна за Pazzo како најистурен, а одново можеби последна (далеку било) партија за SES на LW. Лично, немам ниту една замерка на поставата што најголем дел од италијанските медиуми ја предвидуваат за вечер.


Не верувам дека момците ќе прокоцкаат уште еден натпревар. Мислам дека на сите им е јасно кој е главниот проблем на оваа екипа. Освен тоа, имаме неколку играчи кои de facto се наоѓаат на трансфер листа, а не сакаат да го напуштат клубот. Затоа мислам дека ќе гризат, повеќе од било кога, па конечно ќе се израдуваме на победа годинава. Вечерва, 21:00ч, СпортКлуб 1, одиме на победа!

FORZA MILAN!!!

3 comments:

Navigator said...

Ве нема дечки...

Kole.22 said...

Јас го отварам блогот барем еднаш дневно, секоја чест за трудот на постовиве но ги снема луѓево...

Unknown said...

На последниве неколку постови коментирам ама дискусија не се развива.

Него Сусо изгледа во јануари, Галијани бара евтин лев бек а средината си останува недопрена, најверојатно. Единствено Басели се спомнува и пар free agents од кои ми е преку глава.

Денес Саки бил во Миланело, има некоја изјава од него?