Translate

Sunday 28 September 2014

Рехабилитација


Токму тоа е терминот кој се врти во главите на Pippo и неговите пулени пред денешниот меч во Cesena. Сезоната ја почнавме одлично, дури и подобро од реалните очекувања и потоа изигравме слаб меч против реално подобар противник и натпревар во кој заслужено загубивме па исходот не беше толку трагичен. Меѓутоа веднаш потоа имавме еден натпревар со црни први 30тина минути, пола час во кој нашата екипа (пред се нашата одбрана) не знаеше што се случува и само добриот Abbiati на голот спречи да не добиеме поголем дебакл од Empoli. Потоа се консолидиравме, се вративме целосно во мечот и имавме пречка преку Menez за победа. Тоа го покажува духот на тимот и верувањето во позитивен резултат до самиот крај но вакви падови не можат вечно да се покриваат со тимскиот дух! Мораме веќе полека да ја стабилизираме одбраната и да играме како стабилен тим од висока класа наместо како непредвидлив тим кој може секој да го торпедира и од секој да биде торпедиран! И тоа треба да се покаже уште денес!


Како што може да се забележи и од графиката погоре во овој меч за првпат сезонава ќе стартуваме со 4-2-3-1 (тоа го игравме во второто полувреме против Empoli и успеавме да се вратиме од негатива од 2 гола). Pippo веќе извесен период го користеше овој модул на тренинзите во Milanello меѓутоа сметаше дека треба да помине некое време пред да го имплементира на меч. Сепак, кризата во повредени фудбалери на средината од теренот го забрза овој процес и веќе денес ќе ја видиме оваа формација од самиот старт. Во оваа формација Menez има слободна улога и во напаѓачкиот дел ќе биде дефакто втор напаѓач во тимот и ќе се уфрлува во 16никот до Torres. Во дефанзива Honda и Bonaventura (El Shaarawy) ќе треба да се повлекуваат назад дури до крилата и така оваа 4-2-3-1 во дефанзива би требало да изгледа класична 4-4-1-1. Лошото во овој модул е во тоа што тимот е многу ранлив во контранапади односно во ситуација кога ќе ја изгубиме топката на противничката половина. Тогаш сме особено изложени по двете аут линии и затоа треба да внимаваме на лоша пас игра на противничката половина. Позитивната страна на овој модул е во тоа што ние треба да ја контролираме топката и играта на теренот и случувањата треба да бидат околу нивниот 16ник а секој погрешно изведен контранапад од страна на противникот би требало да значи речиси сигурна барем полушанса од наша страна. Значи ако ние имаме проблеми со контранапади од нивна страна тие ќе имаат уште поголеми проблеми доколку згрешат при нивен контранапад. Се надевам дека бев доволно јасен :)

Околу првите 11... Повеќе или помалку тоа се оние кои ќе го почнат мечот. Некои дилеми постојат пред се во дефанзива каде Alex може да влета во срцето на одбраната доколку е доволно фит. Тој во секоја комбинација е прв избор во дефанзива меѓутоа веројатно нема да се ризикува со директен старт после повредата против Parma па веројатно мечот ќе го почне од клупата. Другата дилема се однесува на партнерот на De Jong во double pivot формацијата. Тука Essien е во блага предност пред Muntari поради неговата поголема тактичка зрелост и чување на своето место на теренот за разлика од Muntari кој знае да прави излети до противничкиот петерец а потоа не се враќа а тоа е извонредно опасно во оваа поставеност на теренот. Другата причина е тоа што Muntari по првите 2 солидни меча сезонава беше ужасен против Juventus и особено против Empoli. И Essien како и Alex се враќа од повреда па веројатно тоа ќе го диктира неговиот евентуален старт и минутите поминати на теренот. Третата дилема е онаа на која сите најмногу Ви боди очи. Да, El Shaarawy. И за него може да важи она што беше претходно напишано, не е доволно фит. Меѓутоа и не само тоа. Bonaventura е повеќе компатибилен со оваа тактичка поставеност на теренот пред се во дефанзивниот дел. Тој доста играше како класично лево крило во формација 4-4-2 во Atalanta и добро знае да го игра тоа во дефанзива а на Pippo повеќе му треба закрпување во дефанзива отколку фудбалер повеќе во офанзива (каде сезонава сме одлични а ова е само втор меч каде заедно ќе стартуваат Torres, Menez и Honda). Од Bonaventura очекувам повеќе да покрива во дефанзива а во офанзива од него се очекуваат оние интелигентни додавања во длабочина и втрчување во 16никот од втор план. Пред се она првото.

Околу тимот на домакините, Marilungo и Brienza се фудбалери кои се познати во Калчо рамки но не би требало да прават посебни проблеми особено кога Bonera е далеку од теренот. Затоа големи проблеми може да ни направи Leali кој важи за еден од најталентираните млади голмани во Италија и кој во Cesena е на позајмица од Juventus. Кога сме кај младите талентирани голмани во Италија Ви препорачувам да ги прочитате последните коментари на претходниот пост.

Одиме на една стабилна и сигурна победа без примен гол! 

Forza Milan!!!

9 comments:

Anonymous said...

Се уклучив од 28ма минути и пропуштив доста од интересното. Како што се доближуваше полувремето паѓаше се повеќе и повеќе темпото додека не замре на крај.
Ми се допаѓа што сме доста мобилни напред ама ни треба неколку напади во бранови, да загриземе малце, па ако дадеме еден гол веднаш да притиснеме за уште еден, мислам дека ќе ги скршиме ментално така.
Ел Шарави или Нианг можат да помогнат во тоа.

Unknown said...

Го гледав првото и морав да одам на работа а имав добар впечаток за тимот и мислев дека во второ ќе ги згазиме.

Фрлав око малце по малце додека бев на работа ама не можам нешо повеќе да кажам освен тоа дека не ми се свиѓа тоа што Пипо го форсира Пацини. Место него мора да го става Нианг бидејќи жално но вистинито Пацо е во катастрофална форма.
Не може обичен дуел да земе без фаул да направи.

Запата видов дека црвен напраи и тоа е тоа, просеци у одбрана не коштаат бодови. Абијати исто катастрофална грешка за првиот гол.

Anonymous said...

Реално, неколку минути пред црвениот на Запата, Рами сруши еден нивни играч во шеснаестеникот а ништо. Вака некоја компензација направија судиите. Не сум задоволен од тоа што не притиснавме порано, и што СЕС (ако беше опоравен) или Нианг не добија шанса.

Unknown said...

Нианг мора да игра пред Пацини, верувам дека ќе се согласите сите.

Криво ми е што не ги користиме киксовите на Интер/Наполи а комотно можевме да се одлепиме од нив ако не киксневме со Емполи и Чезена. Барем од едната со три бода да се вратевме.

Многу сакам Пипо да има успешна кариера!

ReBorned said...

Тоа на Rami нема врска со пенал, најобично „ремплање“. Имавме одлично прво полувреме ама во вториот дел се забележа дека физички овој тим не е подготвен за 90 минути и сами станавме жртва на сопственото темпо. Сепак, доколку не беше лошата интервенција на Abbiati при примениот гол веројатно ќе ги однесовме трите бода. На секој меч губиме бодови исклучиво поради индивидуални грешки.

Navigator said...

Не бев во можност да гледам многу, ги фатив само последните 30тина минути. После тоа изгледав некои extended highlights и отприлика видов како течел мечот. Еве и од вашите коментари се обидувам да ја дооформам сликата колку можам. Мојот главен впечаток за сите 5 кола е дека Milan има две лица. Едно, кога рано постигнува гол и поведува и друго, кога се случува се освен раното добро отворање. И тоа не е одлика на голема екипа. Таа екипа не може да биде претендент за шампион, дури и за топ 3 места. Во текот на првенството има еден куп натпревари каде екипата лошо ќе отвори. А момците не успеваат докрај да го променат и резултатот и впечатокот. Во текот на сезоната ќе се случи и голманот да киксира и да примиме слуачен гол и да добиеме рано црвен картон и да играме без соодветни играчи за одредена формација... Не смееме успесите да ги сведуваме само на "добар почеток". Тоа не прави просечна екипа. Или екипа каква што имавме последните 2-3 сезони.
Мислам дека е фер да признаеме дека бевме зафатени со еуфорија во првите две кола и не коментиравме како ги добивме тие натпревари. Јас не мислам дека ако Lazio прв постигнеше гол ќе го отворевме првенството со победа. Со Parma беше уникатен меч, ама добиен на мускули, со премногу грешки. Истото се повтори и на последните два меча - само што овојпат немавме кредит за трошење стекнат на почетокот на утакмицата.
Желба има очигледно, глад постои, ама моралот на тимот ме плаши. Ова е кршлива екипа и неколку неуспеси можат да променат се. Гледајте на сезоната како на еден поединечен натпревар. Ако стартот е добар, ако тоа ги понеси и мотивира дечки, тие ќе знаат да ја одиграат како во транс. Ама не очекувајте фуриозен финиш ако за два месеца Juve или Roma побегнат на 12-13 бода. Веќе сме на -7, а со само едно дерби позади нас и три релативно лесни противници. А гледате, најдобрите екипи во Калчото не грешат. Мое мислење е дека не треба веќе да се ќути за да се задржи некаков мир меѓу момците. Напротив, ова не се младинци и мора да сфатат дека нема веќе бодови за сеење. Среќа, распоредот вика Chievo доаѓа следен викенд, па пауза, па во одиме кај Verona. 6 од 6, инаку реприза од лани.

Ајде момци!

ReBorned said...

Чекај малку, не знам зошто се споменуваат и се земаат за репер Juventus и Roma? Inzaghi убаво кажа после натпреварот со Empoli, баталете ги Juventus и Roma, гледајте на Inter, Napoli и нивните резултати. А сите имаат шарени резултати како и ние. Никој не цели на титула, целиме на трето место. Не велам дека тоа ќе биде лесно изводливо но кои се конкурентите? Fiorentina е во аут од самиот старт затоа што подолго време се во аут и Rossi и Gomes па немаат напаѓач. Остануваат Inter и грогираниот Napoli. Не велам дека е лесно но тоа се далеку од непобедливи противници. А Juventus и Roma мавнете си ги од глава.

Kole.22 said...

Менез колку време? Кога ке тргне, тргнато е...

Anonymous said...

Пишувам пост.