Translate

Saturday 20 September 2014

Дерби за врвот!


После цели 3 сезони можеме да кажеме дека Милан ќе игра натпревар за првото место. Натпревар против актуелниот и трикратен шампион кој има 3 победи сезонава во сите натпреварувања без примен гол, а имаат и серија од 9 победи на последните 9 натпревари во Серија А. Ние пак од друга страна имаме 6 од 6 на последните натпревари на Сан Сиро притоа примајќи само 2 гола. Во последните 9 меча помеѓу Милан и Јуве има по 3 победи за едниот и другиот тим, и 3 нерешени средби. Со 78.681 продаден билет и со приход од 3.2 милиони евра срушен е рекордот во Серија А. Пред само 10 дена, Галијани рече дека ако одиграме добро против Парма, ќе имаме можност да се надигруваме со Јувентус за врвот пред 80.000 луѓе. Очигледно стариот има добро предчуство. Табелата во Серија А сега за сега изгледа одлично. Милан, Јуве, Интер и Рома се во самиот врв и Милан за првпат по 56 години ќе има можност да ја започне сезоната со 3 победи во серија мада гледајќи реално на ситуацијата и нерешено не би бил лош резултат.

Макотрпната работа летово во тренинг камповите, теретаната, кујната, канцелариите и рестораните очигледно вроди со плод. Конечно го гледаме оној тим што сакаме да го гледаме.
Желбата на Пипо и мотивацијата која може да им ја пренесе на фудбалерите е нешто што недостасуваше кај нашите претходни тренери.


И за да не биде се така розово, столбовите во одбраната Диего Лопез и Алекс се повредени, како и Монтоливо кој го нема веќе подолго време а на таа листа се приклучи и Сапонара кој се повреди на тренинг и направи успешна операција. Рами и Запата се познаваат од минатата сезона каде што одиграа добра бројка натпревари заедно и мислам дека за напаѓачи како Тевез и Љоренте овој е подобар тандем од Алекс и Бонера. Море секој тандем е подобар од оној каде што е Бонера. Бонерот е иначе суспендиран поради црвениот картон против Парма и не е во комбинација да игра. Фараонот е спремен за настап но сеуште не се знае дали ќе стартува или ќе чека шанса од клупа. Тоа и најверојатно е единствената дилема во тимот, а ако неможе СЕС тогаш сигурно е дека нашиот Џек ќе стартува на неговото место.

Нашата најдобра шанса се контра нападите. Иако Јуве е значително ослабен со неиграњето на Пирло и Видал, повторно се многу силни во средината за да може да ги нагазиме ние, посебно што со Де Јонг, Мунтари и Поли знаеме колку можеме да очекуваме, но ако Хонда, Менез  и Сес помагаат во одбрана, а Абате и Де Шиљо се активни во контра нападите тогаш имаме и тоа како добри шанси против зебрите. Мислам дека и клучот е во бековската линија на Јувентус. Асамоа или Евра ќе стартува лево кај нив додека десно е сигурен Лихштајнер. Ова се играчи што многу често сакаат да влетуваат од втор план и евентуалното нивно излетување напред остава многу простор за нашите крилни играчи.


Едно ривалство кое не смее да се заборави е она помеѓу Алегри и Инзаги. Првиот не го вклучи Пипо во тимот за ЛШ во својата последна сезона во кариерата иако знаеше колку би му знаечело тоа на Супер Пипо. Пред нецела година имале и вербарлна расправија која многу брзо се вжештила каде што наводно Алегри тогаш му рекол на Инзаги:  "зар толку многу ја сакаш мојата работа? " на што Пипо рекол: "Да! И ќе ја извршам подобро од тебе".

Пипо пак многу потсеќа на претходникот на Алегри - Конте. Поранешна играчка легенда на клубот и одличен мотиватор. И Пипо како и овој со периката го превзема тимот после една катастрофална сезона со пласман на осмата позиција.

Како и да е, нови ветришта сега дуваат во Милано. 20:45 залепете се за Арена Спорт/ Сопкаст Стрим и проследете го враќањето на Милан во врвот од Италијанскиот фудбал.

FORZA MILAN!!!

10 comments:

ReBorned said...

https://twitter.com/ZarkoKa/status/513366311645495296

Navigator said...

Емоции и оптимизам пред дербито како во старите добри времиња! Одиме момци!!

Forza Milan!!!

ReBorned said...

Заслужено бевме поразени, бевме послабиот противник од почеток до крајот. Сега е многу важно да го победиме Empoli на гости веќе во вторник (вонредно коло) за да ја повратиме позитивната атмосфера.

Anonymous said...

Апсолутно. Нема за што да жалиме. Не прикажавме ништо. Јуве доминираше во секој поглед и не ми е криво што не победи подобриот тим. Со нерешено ќе бевме презадоволни ама тоа е.

Kole.22 said...

Монтоливо како напредува? Кога мислите најрано би се вратил? Мене искрено премногу ми фали, со поквалитетни екипи како Јувентус се мачиме да ја пренесеме топката на предно поле, а не па да креираме шанса... Од друга страна ем ДеЈонг ке се растерети, ем Поли ке може да истрча повеќе од 70 мин без да изгуби здив, и 4-3-3 ке изгледа поопасно. Едвај чекам да го видам назад

Kole.22 said...

А не разбрав мерда-Касано што му дофрли на Абате

Anonymous said...

stai zitto е нешто као зачепи или замолчи мислам porca puttana знаеш што значи горе доле :)

ReBorned said...

Shut the fuck up ти е нешто илустративно и блиску.

Kole.22 said...

Јасно...

Kole.22 said...

Имам слободно време и ќе составам неколку реченици за вечер ако не е проблем.