Translate

Sunday 22 December 2013

Миланско Дерби


Какво финале на фудбалската полусезона. Меч измислен за ставање крај на календарската година. Човек не може да посака подобар противник од најголемиот градски ривал за ваква пригода. Derby della Madonnina – најголемото градско дерби во Европа, секогаш примамливо дури и за оние што италијански фудбал гледаат трипати годишно. За нас, кремот на секоја сезона, повеќе од фудбалски празник. Дерби каде што не е важно кој е фаворит. Дерби каде што не е важен пласманот на табелата, моменталната форма, или блесокот на некој играч. Дерби каде што играч од типот на Матри (пример Скиелото минатата година) со еден потег може да го одлучи. 

За жал, годинава во најавата за мечот повеќе читавме за забрани и закани, за протести и солидаризирање со најголемите фудбалски непријатели. Покрај сите овие работи што ни ги носи Миланското дерби, оваа година имаше натегања околу присуството на Curva Nord на ова дерби и за среќа се испадна во најдобар ред. Но друг проблем излезе денес, и најверојатно Curva Sud нема да ја имаат планираната кореографија која им е суспендирана и не им е дозволено да ја истакнат, па од солидарност најверојатно и без кореографија ќе бидат и навивачите на Интер. Се ова на некој му изгледа небитно и смешно, но ако си навивач на некој од овие два клуба е есенцијално со цел дербито да биде комплетно.


Милан и на овој натпревар нема да биде комплетен и ќе биде без 10-ина играчи од првиот тим како што и навикнаме да го гледаме во изминативе 3 сезони. Абијати, Кака, Бало, Де Јонг, Мунтари и Де Шиљо се играчите што 100% почнуваат, а околу другите позиции има најразлични комбинации по интернетот. Сепак, еден игра е незаменлив моментално, некој сепак се истакнува и со формата и со целото влијание што го има во клубот. Не, не зборувам за капитенот, тој нема да настапи вечерва бидејќи доби жолт картон заради глупост на минатиот меч. Зборувам за Kaka, духовниот лидер на момците и сите во клубот. Логично е што од него повотрно очекуваме магија, потег што ќе ни ја донесе највредната победа во првенството.


Во стартниот состав вечерва ќе се најдат: Abbiati; De Sciglio, Zapata, Bonera, Constant; Poli, De Jong, Muntari; Kakà, Saponara; Balotelli. Воглавно очекува состав, со исклучок на Ricky Saponara. Момчето кое цела полусезона не доби адекватна шанса, сега е вметнат меѓу стартерите во вакво дерби. ОК, некој очигедно или нема поим што прави со тимот или сака да го тестира на вистински начин во пресрет на преодниот рок. Формацијата е онаа очекуваната 4-3-2-1, истата што дозволи неколку добри перформаси во последните месец дена. Интер па од друга страна мечот ќе го почне со 3 централни дефанзивци, 2 бека, 2 дефанзивни играчи за врска, 2 "креативци" и еден напаѓач. Дефанзивно секако но и многу претпазливо, да не речам кукавички :)


Голема е можноста вечерашниот меч да мине во знакот на Кака. Јас лично се надевам и верувам дека голот број 100 за Милан нашиот Капитен може да го постигне токму против Интер и да ни донесе многу значајна победа. Во истовреме, незнам за вас ама за мене ова ќе биде првпат по 10ина години да не го гледам мечот на ТВ туку на некој сопкаст со странски коментар. Како и да е, верувам во добар меч, лавовска битка, картони, голови и победа за црвено-црната страна од градот :) Во коло кога сите потенцијални противници за Европа имаа одлични резултати, без оглед кој е противникот и каква е тежината на мечот, мора да одиме победа. Мотивот кај никого нема да изостане, дефинитивно, но сега ни треба повеќе од тоа, ни треба победа. Ова може да биде таа победа, тој пресврт што ќе го најави далеку подоброто продолжение. Одиме на победа, на најслатката!

Come sempre al inizio stagione....

FORZA GRANDE MILAN!!!

18 comments:

Anonymous said...

Господ да го благослови новиот блогер кој сам се зачувува после секоја промена на пост иначе црно ми се пишуваше!!

Anonymous said...

AC Milan News ‏@Milanello
OFFICIAL line-up vs. Inter (4-3-2-1): Abbiati; De Sciglio, Zapata, Bonera, Constant; Poli, De Jong, Muntari; Kakà, Saponara; Balotelli.

Navigator said...

И јас напишав. Ќе направам спој, се надевам е ОК.

ReBorned said...

Овој потег со Ricky Saponara е веројатно последната (за жал и единствената) шанса да остане во клубот и вториот дел од сезоната. На големо се шпекулира негово заминување на позајмица во Јануари, исто како и Niang кој не е во тимот само за да не ризикува некоја повреда (веќе е договорен за позајмица во Marseille). Се поголемите шпекулации за евентуално доаѓање на Naingolan не му одат во прилог на Saponara иако тоа се различни фудбалери. Доаѓа и Honda. Требаше малото да добие повеќе шанси оваа полусезона особено во ваква конкуренција во која реално само Kaka игра на иста позиција со него.

ReBorned said...

Едно другарче, фан на Милан...

https://twitter.com/zkacarski/status/414841097257381888

Navigator said...

Фино полувреме, каде веројатно никој не заслужи да води, иако ние имавме нешто повеќе од играта. Ама ај да си кажиме искрено, Inter заслужи пенал, а Muntari црвен картон. Двете ситуации во аголот каде што има по двајца линијски судии. Хммм... :)
Ајде до победа!

ReBorned said...

Кога не знаеш да го валоризираш тоа што си подобар на теренот, ќе бидеш казнет. Во финишот тие притиснаа и веднаш примивме гол, џабе претходно цел натпревар имавме иницијатива и делувавме како повеќе да ја сакаме победата. Интригантно, од смената Saponara - Matri нашата игра се распадна на средината. Не знам дали тоа конкретно е резултат на излегувањето на Saponara но факт е дека оттогаш почна падот. Кога сме кај малиот, одигра одлично во текот на целиот меч, имаше неколку одлични потези и асистенции. Подеднакво добро вршеше притисок на нивната последна линија од една страна и покриваше во дефанзива од друга. Количината на талент и префинетост е на неколку нивоа погоре од онаа на Birsa, на пример. Штета што малиот ќе замине на позајмица а уште поголема штета што досега не добиваше шанса сезонава, особено кога и SES беше цела полусезона повреден. Токму тој, Poli и De Sciglio покажаа зошто треба повеќе да им се верува на младите. Одлична игра од нивна страна (освен моментот од првото полувреме кога Poli можеше да промени многу работи).

Штета, одамна не бевме вака ги надиграле а сепак ја продолжуваме серијата без успех против нив. Штета и за мојот тикет на кој повторно паѓам на Milan на дупла шанса, ќе си ги чекав само уште LA Clippers вечерва.

ReBorned said...

Niang на заминување рече дека во Milan сите фудбалери играат за Balotelli и затоа статистиките на другите напаѓачи се драстично полоши од оние на Balotelli.

Anonymous said...

Значи да не го очекуваме да се врати :)
Нема врска, млад е му се простува :)

ReBorned said...

Да ти кажам право веќе ми скиснува од Balotelli. Не сакам фудбалери на кои треба да чекаме за кога на нив им се игра.
Инаку што мислите за Наинголан. Веројатно ќе дојде. Иронично, ќе чини колку Стротман, оној Стротман за кого немавме пари.

Anonymous said...

Штознам. Да видам да неверувам. Реално не мислам дека вреди 16 милиони, а и сумљиво ми е дека ќе им дадеме толку. Ама ако некоја од тие комбинации вклучува и заминување на некои од вишокот играчи во тимот (Матри,Бирса,Ночерино,Бонера,Закардо,Амелиа...) тогаш ми се свиѓа опцијата.

ReBorned said...

Отприлика 7 милиони + 50 % од Кристанте за 50 % од Наинголан.

Anonymous said...

http://www.getfootballnewsfrance.com/

Баш ме интересира што ќе покаже дечково ако дојде, на менаџер е ѕвер :D

Navigator said...

Момци, ви посакувам многу среќна у успешна година на сите, приватно, професионално, ама на "клубски" план :) Годинава да се радуваме на многу повеќе успеси од лани!

FORZA MILAN!

Anonymous said...

Уште сме во преродба, рано е за успеси за нас. :)
Среќна нека е.

ReBorned said...

Ако под изразот „годинава“ мислиш календарски а не сезонски период, би можело да се радуваме годинава. Ако мислиш на сезонски период, пиши пропаст :)

Среќна нова и на Вас.

Kole.22 said...

Среќна нова!

Нека ве следат успеси, здравје и среќа, па годинава барем да ги намалиме нервозите :)

Navigator said...

Момци, ќе пишувам пост вечерва, да знаете.