Translate

Tuesday 10 December 2013

Милан - Ајакс за продолжение на Европската "бајка"


Вака лесно делува задачата која ја имаме за утре и не би требало да имаме многу проблеми исполнувајќи ја, не толку дека сме фаворити против холанѓаните, туку фактот што, се освен пораз ни одговара.Она што не може да радува е нашата форма сезонава (која рака на срце во последните 2-3 натпревара е солидна), но и тоа дека сезонава во Лигата на Шампионите сме друга екипа. Тешко дека може да се надеваме на магичната, а веќе и далечна 2007ма кога резултатите од домашното првенство беа само бледа дамка на блескавите партии во најквалитетното клубско натпреварување.

Ајакс не е екипа што треба да се потцени иако 4те титули во ова натпреварување се далеку зад нив, и фактот дека повторно има смена на генерации кај нив. Последен пат кога гостуваа на San Siro - победија, во тогаш првиот натпревар на клупата за Де Бур. Да се надеваме дека нема да бидеме толку добри домаќини повторно. Нашиот лидер сезонава Кака е екстремно мотивиран да го постигне својот 100ти гол за Милан токму против Ајакс, со што ќе му  обезбеди на клубот европска пролет. Токму Кака и опоравениот Ел Шарави, кој најверојатно ќе влета во првиот тим по повредата на бутниот мускул на словенечкиот Кројф се очекува да бидат подршка за Бало во нападот.


Пацини по подолго време повторно ќе биде во составот, но мали се шансите да добие можност да изигра неколку минутки, се разбира освен ако резултатот не го дозволува тоа и Макс пушти срце. Абијати ќе биде на голот, Де Шиљо најверојатно ќе си го завземе своето место, дуото од Мексес и Запата ќе биде последниот одбранбен бедем, заедно со Урби на левата бековска позиција. Во средината сигурни се Монти и нашиот најконстантен играч сезонава Де Јонг, кој игра како во најдобрите денови и воопшто не се чуствува дамка од долгата повреда.  Единствено стои прашањето меѓу Поли и Ночерино, кое за мене и не е некоја дилема. Победа, или нерешено, па во добро расположение да ја чекаме ждребката и да се надеваме дека пак нема да налетаме на Барса!!? упс :)

                      

FORZA MILAN!

12 comments:

ReBorned said...

1. Urby веројатно нема да игра, имал толку голем оток на палецот на ногата што ногата не му ја собирало во копачката. Веројатно De Sciglio на лев бек а Bonera на десен (ова со цел да се избегне старт на Constant).
2. Muntari веројатно ќе влета во стартните 11 а неизвесен е и настапот на De Jong кој има незгодна повреда.
3. El Shaarawy ќе старува до неговиот идол а зад Balotelli. Интересно е тоа што El Shaarawy веројатно ќе стартува во 4-3-2-1 а не во 4-3-3. Пак ќе ја држи таа негова омилена лева страна но се очекува да игра многу поцентрално, исто како и Kaka.

Ajax не смее никако да се потцени, исто и нашата форма.

Anonymous said...

Очигледно немав доволно инфо околу Урби и Де Јонг.
Ослабени сме дефинитивно, но тоа не треба да биде изговор!
А СЕС и Кака зад Бало би требало да биде нешто како Сидорф и Кака зад Инзаги, и Руи Коста и Кака зад Шева.

Navigator said...

Многу активно во Milanello денес. Ем финална припрема за мечот, ем прес на Max и Mattia, ем прес на G, ем младинците во последното коло, ем посетата на Papa Berlo и Lady B од вчера.
- Официјално најавени Honda и Rami. Rami би бил спремен уште на 6ти против Atalanta, додека Honda вераојатно на 12ти против Sassuolo.
- Младите не одиграа против Ajax. Гостите одбиле да играат на наводно, замрзнат терен.
- G ги "посоветува" навивачите да му кренат споменик на Berlo. Тоа веројатно го поткрепи со носењето на двајца слободни играчи :)
- Од пресот вчера ништо битно. Поддршка од тренерот за неколку од играчите (De Sciglio, Constant, Balo). Mattia за неговата улога во тимот, со вообичаено скромни одговори.
- Тимот за вечерва, многу веројатно дека ќе биде тој што Ultra го претпостави, а Ри го дополни. Додуша, од Allegi лесно може да очекуваме некое изненадување.

Одиме на победа момци!

Anonymous said...

И што решија кога ќе играат нашиве?

ReBorned said...

Хух!

Anonymous said...

Се чека ПСЖ :)

Kole.22 said...

Баш така - хух.

Јасно е дека изгинаа момците на терен во дефанзива, а Mattia, Mattia е чудо од талент, за пар години мегу најдобрите фул-бекови и иден капитен. Детето е чист дијамант.

И да, знаев дека Мунтари ке одигра без грешка после оние почетни емоционални кадри.



Anonymous said...

А на менаџер најслаб ми е Матиа. Мн ми е криво.

Navigator said...

Бев комплетно исклучен последните две дена. Станувам денес да видам кога играме, гледам во понеделник. Ебати терминот.

ReBorned said...

El Shaarawy во аут до Нова Година. Има оток за кој се покажа дека не е скршеница (како што прво се стравуваше). Новиот Pato?

Anonymous said...

Победа утре и 8мото место е нашееее :D

ReBorned said...

Постот за мечот ми е напишан ама чекам за да го вметнам во пакет со противникот од ЛШ ждребот. Не пишувајте нов пост.