Натпревар помеѓу две екипи кои разочараа сезонава. Можеби лацијалите и немаа некои големи очекувања сезонава, но фактот дека имаат само една победа повеќе од нас доволно говори во какви проблеми се западнати. За нашата ситуација незнам повеќе што да кажам. Tонеме или тапкаме во место? Единствени топли ветришта се оние кои ги ветуваат засилувањата Рами и Хонда во Јануари кои се надеваме дека барем малку ќе не стоплат во оваа се чини студена зима за нас.
Во последните 7 лигашки дуели на Милан и Лацио гостинската никогаш не победила, минатата година Пацо со 2 гола се погрижи да не ни создаваат многу проблеми лацијалите. Но сега ситуацијата е многу поразлична. Пацо и Ел Шарави не играле фудбал одамна, Балотели само што се врати од суспензија и повреда, а неефикасноста на Робињо и Матри (кој конечно го скрши мразот) не ветува многу. Недавањето на шанса на младите сили кои се желни да се докажат (Нианг и Сапонара) исто така не е причина за радост. И пак се вртиме во круг и на овој натпревар ќе очекуваме магија на Бирса или Кака. Абијати се враќа во тимот, но не се очекува да го започне мечот. Прогнозираниот стартен состав е следниот:
Gabriel, Abate, Zapata, Zaccardo, De Sciglio, De Jong, Montolivo, Muntari, Birsa, Kaka, Balotelli.
Gabriel, Abate, Zapata, Zaccardo, De Sciglio, De Jong, Montolivo, Muntari, Birsa, Kaka, Balotelli.
Управата во меѓувреме беше активна низ медиумите. Најпрво онаа чудна жалба за слободниот на Parolo, потоа пресови на Allegri и денес на Galliani. Најинтересна тема беше "Balo во Chelsea" покрената од Raiola, кој очигледно ја користи истата финта за многу од неговите фудбалери кога сака да издејствува повисока плата. Се започнува со муабет дека играчот Х одлично би се вклопил во тимот Y, новинарите почнуваат со шпекулации, се створа притисок врз клубот и најчесто завршува со нов договор и секако, повисока плата. Управата веднаш реагираше и отфрли опција за трансфер. Max вчера зборуваше за вечерашниот меч, за формацијата и стартерите, но и индивидуално за некои од играчите. Нашиот "coach without ideas or character" вети дека со враќањето на повредените играчи, клубот ќе се најде значително повисоко на табелата до Божиќ. Ако не почнеме да се искачуваме уште вечерва, ќе биде едноставно невозможно. Затоа веруваме дека можеме до победа, барем ние навивачите!