Translate

Sunday 22 September 2013

MILAN vs NAPOLI - PREVIEW!


Кога навивате за голем тим, дерби натпреварите против најголемите конкуренти се оние кои со нетрпение ги чекате. Тука е местото за докажување кој е најдобар, кој заслужува титула. Се сеќавам и на тие времиња. Тогаш одвај го чекав Inter на мегдан на моите момци, колку да се разбереме кој е кој во градот. А ги чекав и Juve, Roma, Lazio... Годинава не се осеќам така сигурен. Еве, утре го пречекуваме Napoli, а во пресметките и проценките за тоа што се е потребно за победа против екипа од овој ранг, меѓудругото вметнувам и доза на среќа, добро расположение на 2-3ца наши клучни играчи, да нема нови повреди, Hamsik да има лош ден, Higuain да промаши зицер и да се изнервира... Не сум го правел ова порано, се сеќавам, домашен натпревар беше однапред пресметан како три бода. 

Многумина викаат дека Milan утре нема да биде фаворит. Веројатно се и во право. Сите честитки за de Laurentiis и неговиот сенс за добар бизнис, со што го направи Napoli екипа што е комплетно опасна, наместо екипа со една суперѕвезда која на себе носи 50% од играта. Napoli тие пофални зборови ги оправдува и на терен - има навистина одлична серија од победи. Три од три во Калчото, плус победа на Dortmund во ЛШ. Да бидеме на чисто, победите во првенството дојдоа над Bologna, Chievo и Atalanta, ама сепак, и Milan имаше три условно лесни противници на стартот, па ефектот е очаен. Самодовербата на момците од Неапол им е до небо, со право, но тоа е нешто што всушност може да биде наша шанса. 

Сепак, колку и да е голем мојот респект за Napoli, за мене, ниеден клуб на светот не е фаворит на San Siro. Milan е доволно голем за да не смее да дозволи потчинување, барем не на својот стадион. И Napoli утревечер мора да го осети тоа на своја кожа. На истиот начин како што го осеќам многупати досега. Зборувам за 4те победи на Milan и 3те ремиа во последните 7 натпревари на San Siro на овие две екипи. Milan има доживеано само 2 пораза во последните 15 натпревари со Napoli. Но факт е и дека последната наша победа, беше онаа блескавата од 3-0, пред 3 години, во шампионската сезона. Од статистика, ќе го извлечам и негативниот скор на Benitez против Milan, за разлика од исклучително позитивниот на Matri против Napoli. Напаѓачот на Milan има постигнато 5 гола против наполетанците, што ги прави убедливо најомилениот противник.

Во повиканите играчи на Allegri се враќаат Abate и Niang. Max денеска на пресот зборуваше за нивната спремност и за можноста Niang да стартува (за Abate се подразбира). Друга опција е Robinho да стартува на AMC, со Balo и Matri пред него, а Poli, NDJ и Muntari над него. Во одбраната би се нашле Abate, Zapata, Mexes и Constant. Варијантата со Niang би била истата, со тоа што нападот би броел тројца играчи, распоредени во состав Balo-Matri-Niang од лево кон десно. 


Се сложувам со претпоставките дека дуелот меѓу двајцата најсериозни кандидати за титулата capocannoniere - Balotelli и Higuain може да го реши натпреварот. Вториот најзначаен фактор веројатно ќе биде нашата трансформација од напад во одбрана (затворањето на Hamsik и Insigne/Pandev) и од одбрана во напад (спринтовите на Binho со топка или долгите топки до Matri и Balo). Milan нема избор, пропуштените бодови против аутсајдерите наметнуваат императив на победа против посилните екипи. Во спротивно, брзо и лесно ќе заостанеме зад врвот. Секогаш сум велел дека овие натпревари, директни против конкурентите, носат 6, а не 3 бода. Milan не смее да заостане осум бода по само 4 кола. Milan едноставно не смее да ја повтори истата грешка од минатата сезона. Сигурен сум дека момците го имаат тоа во предвид и дека ќе видиме еден поангажиран и поатрактивен Milan. Да ја продолжиме позитивната серија на победи на San Siro сезонава! Одиме на победа!

FORZA MILAN!!!

24 comments:

ReBorned said...

Ранетиот лав е најопасен!!!




Не не никако, само го тролам Иги Трпевски :)

Интригантен натпревар, еден од оние кои се рај за спортските обложувалници. Големи коефициенти на двете страни, едната екипа е очајна а другата е во страшен налет, сите се сигурни во победа на „фаворитите“ и нагазнуваат на мина. Иако Napoli е во страшен налет, за мене победа на Napoli на San Siro би било изненадување. Освен Abate и Niang вреди да се спомене дека мојот љубимец Poli е 100 % подготвен и не гледам ама баш никаква причина зошто да не стартува на овој меч. Во недостиг на креативност и пас игра во средината (читај, недостиг на Montolivo) а во друштво на фудбалери како NDJ, Muntari или Nocerino, Poli е единствената креативна нишка која постои во тимот и веројатно тој ќе треба да преземе поголем дел од одговорноста кога ќе биде во прашање пас играта во напад и она негово одлично one - two и уфрлање кон противничкиот гол.
Колку и да играме безидејно во нападот повторно нашата најголема болка ќе биде одбраната. И покрај тоа што фали идеја во нападот, напред имаме фудбалери кои можат од ништо да направат нешто (Balo, Binho па и Matri) но во дефанзива мораме да играме одлично, сконцентрирано и без грешка. Ако во нападот можеме со само еден фудбалер да дојдеме до гол или победа, во дефанзива мора сите да играат на ниво. Одбраната е толку порозна што доколку само еден од четворицата во линија има лош ден, останатите едноставно не се толку добри читачи на играта (па и не се толку квалитетни, ако сакате) за да можат да го покриваат оној кој греши и одбраната се распаѓа. Ова уште повеќе добива на тежина против Higuain, Insigne, Callejon и Hamsik.

Имаме уште еден проблем со Balotelli. Matri одигра сосема солидно против Torino (со оглед на тоа колку топки доби). Отвори доста простор за Balotelli. Сепак, со играње на Balo широко (на AML или на AMR, сеедно) го одалечуваме нашиот најопасен фудбалер од позицијата каде што е еден од најдобрите во светот. Знам дека повредите тоа го дефинираат но сигурен сум дека противничките дефанзивци ќе потпишуат со две раце ако тоа значи дека Balo ќе биде стациониран некаде таму лево, покрај аут линијата. Реално, Kaka не ни беше потребен. Или да се изразам попрецизно, САМО Kaka не ни беше потребен. Ricky e сосема ок како опција плус во тимот но не знам зошто толку упорно се форсираше да се промени 4-3-3, истата онаа формација која во вториот дел од претходната сезона (од Јануари до крајот) донесе резултати со кои бевме еден од најуспешните тимови во Европа во тој период. Избрзано и нелогично.

Anonymous said...

Тешко. Многу тешко ќе биде особено ако се види формата на Наполи, па нашата, па играчите кои фалат кај нас, па постојаните претумбации во составот.
Можеби и нерешено нема да биде лош резултат. Јас мислам дека најважно ќе биде да имаме игра, каква таква да биде игра, па после со малку среќа ќе дојде и резултатот.
FORZA MILAN !!!

Anonymous said...

Можно е веќе петтото коло од Серија А да го гледаме на ТВ.

ReBorned said...

Ваков teaser без подетални информации многу боли и целосно ќе го игнорирам :)

Anonymous said...

Играв Милан-Наполи на ПЕС 2014 со најновите трансфери + италијански коментар. Победив со 4-2, хет трик на Бало :)

ReBorned said...

ААААААА чекај малку!!!

Јас ја инсталирав PES 2014 и имам 3 проблеми:

1. Коментаторот е француски

2. Трансферите се стари (Боатенг е во Милан, Кака во Реал и сл.)

3. Не можам никако да се снајдам со контролите на тастатурата.

КАЖУВАЈ!

P.S Уште чекам одговор и за она што го пиша погоре дека е можно 5то коло да оди на ТВ

ReBorned said...

Ах и уште една работа, според последните информации Allegri двоумејки се кој од Niang и Robinho да стартува покрај Balotelli и Matri, на крај се одлучил да стартува пак со истиот напаѓачки сет како против Celtic, односно со Birsa на AMC!

Navigator said...

Околу напаѓачите... Balotelli сместен таму лево беше производ на играњето на Birsa. Кога Birsa е во стартниот состав и игра позади напаѓачите, екипата го губи поврзувањето меѓу деструктивците во средниот ред и истурените напаѓачи. Birsa ја нема способноста, ниту квалитетот на свој грб да земе таква улога и затоа Balo испаѓаше жртва враќајќи се доста поназад од неговата позиција. Сосема друго би било во 4-3-3, таму одбраната е раширена и може да биде подеднакво опасен како и на ST. И повторно, она што сите го забележуваме, Allegri не успева. Тотално е изгубен и нерационален. Се надевам нема да ја повтори истата грешка со Birsa и вечерва.

Anonymous said...

http://kickass.to/pes-2014-pesedit-patch-0-1-t7904861.html

1.Симни го од овде пачот зошто од официјалната страна е раштркан и му треба повеќе време.
2.Екстрахирај го, инсталирај го и следи ги инструкциите.
3.Во сетингс се регулура коментаторот, јас си ставив Италијански, а можеш да вратиш на Англиски, или Француски итн.
Контролите се местат исто во сетингс во фолдерот каде што ти е зачувана играта ама треба да знаеш дека escape копчето или порано space односно пауза е на V!
Знам, и јас се чудев и мачев добри 20 минути ама нема врска ќе се навикнеш бидејќи јас пробав ама неможев escape да го ставам за никакава контрола на играта.
4.Тоа е тоа. Ако уште сега го ставиш да ти се симнува торентот, сигурен сум дека до пред почетокот на Милан-Наполи ќе ги имаш новите трансфери, лиценцирани дресови, италијански коментатори и сл.

И да, мое мислење е дека играва е малце шит. Пореална е, на пример движењата на играчите ама генерално ми е шит.
Според мене ПЕС 6 (која сеуште ја играм и имам кариера до 2022 година) е најдобрата ПЕС која изглела досега во поглед на играње 1 на 1 односно да играш против некој.

Anonymous said...

А за тоа што го пишав погоре нема одговор. Од утре натака здравје боже ќе слушнете сите ако бидне работата.

ReBorned said...

Абе јас знам дека од Settings се местат контролите ама никако да ги погодам, секогаш ми фали или додавање, или шут...

Navigator said...

За Калчото на телевизија... Дали зборуваме за наша телевизија или странска? Затоа што ми кажале и мене ако се однесува на нашата тв.

Anonymous said...

нема ли асален стрим?? Кај мене сите што ги пробав сецкаат :/

ReBorned said...

http://www.usagoals.me/live/569909-ac-milan-vs-napoli/watch/stream/online/free/feed/p2p/en/vivo/tv/gratis/

ReBorned said...

Не можам да кажам дека игравме лошо по примениот гол. Недостига завршен удар ама барем гледаме глад за успех и за да се елиминира негативата. Ова со десното колено на Balo веќе преминува во хронична повреда. Не верувам дека ќе се врати вториот дел, веројатно Robinho или Niang ќе го започне вториот дел. Сета среќа што се врати Abate и неколку пати одлично го застана Insigne, не можам ни да помислам што би се случувало ако останеше Zaccardo на десен бек и вечерва.

Poli мора да игра на секој натпревар на кој ќе нема проблеми со повреди или картони. Еден од оние кои апсолутно секогаш игра со сето срце и без резервации, одлично се труди на секое поле и заслужува далеку повеќе минути од Muntari, на пример.
Уште не верувам дека ќе изгубиме.

ReBorned said...

Со такви соиграчи околу него само прашање на време е кога Balotelli ќе реши да го напушти тимот. А можеби и нашите ќе сакаат да кешираат на него и така ќе имаме вишок напаѓачи кога ќе се врати и Pazzini. За да бидат проблемите поголеми, Balo заработи црвен картон по завршувањето на мечот и веројатно ќе биде суспендиран.

Navigator said...

Balo одигра одличен меч, ама глупоста после крајот на мечот не смее да се случи уште еднаш. Да бидеме реални, судијата немаше пропусти за да дојде до реакцијата на Balo. Тоа што Britos играше остро и на моменти неспортски на него е работа на судијата. Впрочем, на скоро секој меч еден противнички играч игра дрска одрбана спрема Mario, баш заради ваквите реакции. Проблемот на Mario е неможноста да го контролира бесот во моменти или натпревари како оној синоќа. Еве забележете, присетете се, тој никогаш не прави проблеми кога Milan води, кога резултатот е добар. Ама кога нештата не одат, тој е најнервозниот на теренот. Противниците само го користат тоа. Не смее да се повтори! И заради тоа, јас нема да му дадам позитивна оцена. Сепак се работи за одговорност - на толку повредени играчи, тој ја остава екипата на цедило на гостување што може да биде и клучниот меч во сезоната. Киксне ли Milan против Bologna во среда, отиде и последната надеж за врвот. Ништо нема да ја поправи сезоната после тоа.
Затоа, од мене преодна оцена само за NDJ и Poli. Уствари, не е тоа преодна оцена, тоа се две одлични изданија. Тие двајца се убедливо најдобрите што ги имаме досега во сезоната. Видете ја само таа желба, агресивност, борбеност кај Poli, па дечкото не престанува да трча 95 минути! Ме импресионира на последните натпревари! De Jong спасува пет 100% шанси на последните три меча. Корекција за збунетите стопери, корекција за Muntari кој знае да изгуби топка на 40 метра и да не направи спринт назад, прв креатор во тимот во отсуство на Montolivo, дури и стигнува да шутира на одбиени топки во нападот. Poli и De Jong наспроти остатокот од тимот, како ден и ноќ.

Navigator said...

Од останатите играчи синоќа, Abbiati повторно докажува она што го имаме констатирано - разликата меѓу таквите како него и врвните голмани е во оние грешки што натпревари значат. Стоперите се смешни веќе. Тотално дезориентирани при прекини, страшно... Немаат проблем со бранење по земја, со 1 на 1, со ротацијата, нешто повеќе збунки има во трансформацијата напад-одбрана, но во глобала се ок. Ама да не можеш да одбраниш прекини, веќе 2 сезони по ред, станува разочарувачки. Бековите можеби беа активни, особено на 0-2, ама не се продуктивни, скоро ич. На Muntari нема да трошам зборови - осеќа дека е поддржан од лудиот тренер, а и дека се нема премногу избор во моментов и буквално си игра курташак. Извинете ме на изразот, ама не можам и јас веќе да се контролирам кога го гледам што прави. Илјада пати побрзо би започнал со Nocerino, барем ќе знам дека гризе, дека се бори. Birsa кутриот веројатно и сам се прашува што прави во клубов. Којзнае како збунето се осеќа кога Allegri ќе му каже дека е во стартен состав. Имаше неколку добри моменти меѓу 25 и 35 минута и после тоа, штама. Birsa е најголемата причина за гневот кон Allegri, кај многумина од фановите. Binho не беше којзнае колку подобар, но разликата во класа е очигледна. Matri не го видов вчера, затоа и не пишувам за него. Ќе има шанса во среда да покаже тоа што го изостави вчера. И во следните 2-3 меча ќе биде јасно дали е на нивото на клубот. Засега, општото мислење е дека Pazzo е далеку подобра опција. Niang е играч кој, јасно, не е миленик на Allegri. Без оглед, мора да добие поголема шанса. Ако, нека греши, нека троши шанси, нека промашува и онака има премногу грешници во тимот што му ги имаат скоро двојно годините. За мене е подобро Niang да промаши празен гол, отколку Birsa да потроши 5 топки или Muntari да шутне 2 пати од 35 метра. И не само повеќе шанса за Niang, туку и Cristante, па и Vergara, Gabriel. Синоќа ќе бев помалку разочаран ако не го заприметев Petagna цел меч, отколку играч во зрели години за кој сме платиле 12 милиони. Ама како што кажа Ри вчера, се ова е дел од логиката на Allegri, која е далеку и од нашата и од над 90% од навивачите. И најчудно, никој во клубот не ни спомнува отказ, смена на тренер. Di Canio вчера доби отказ по само пет кола, во екипа што беше многу свесна дека ќе се бори за опстанок. Milan најави дека ќе се бори за титула (тоа и се подразбира), а скорот од 1-1-2 никој не го возбудува. Ова не е само #AllegriLogic, ова прераснува во #MilanLogic.

Kole.22 said...

Апсолутно се сложувам со последниов коментар. Де Јонг и Поли се ДАЛЕКУ најдобрите фудбалери на овој преполовен состав а она што мене највеке ме иритира во оваа цела ситуација е пристапот кон играта. Не е возможно цели 90 минути да се игра падни-стани и на крајот кога ке згусти, ке бараме виновници.

А ги има многу. Абијати со неговите пропусти ја прави одбраната понесигурна, но има побитни работи со кои треба целата организација да се занимава. Абате и недоволно опоравен пружи солиден натпревар без разлика што му избега неговиот играч за првиот гол. Урби игра без капка крв во него, не упати ниеден центаршут (ниту обид за центаршут), преплашен од можноста дека може да остави празен простор зад него.
За Мунтари што да се каже, приемот на топка со автоматски фор од 2 метра, без десна нога, и расипано R1 копче. (Не)конкуренцијата си го прави своето. Бирса. Дечкото нема лоша техника, меѓутоа премногу лесно му ја одземаат топката, исто како да не постои кога пробува да ја загради.
Робињо одамна требаше да си замине, навистина не гледам што може позитивно да направи на теренот.
Боатенг, признавале или не, многу недостига на дерби натпреварите, или попрецизно, недостига неговото присуство. Вака изгледаме како просечен тим со една ѕвезда и аспирации за средина на табела.

Алегри има алиби се додека има повредени играчи. Впрочем, така стартувавме и лани. Да бидеме реални, кој би станал негов наследник??
Отказ во овие моменти само ке долие масло на огнот и ке го откаже ,проектот' започнат лани.
А оние што не се повредени во моментов, прашање е кога ке ги стигне умор. Две утакмици неделно зачинети со нервози и исцрпувачки неуспех. Ова е работа на тренерот, и тимот околу него. Кога веке не е добар тактичар, барем нека ја искористи неговата психологија, за која верувавме дека функционира после шампионската сезона.

Форца Милан

ReBorned said...

Што и да се каже во исто време е и премалку и премногу. Бодат во очи оние 12 милиони за Matri! Бодат во очи она носење на Кака кога веќе добивме 10 милиони евра за Boateng претходно. И овие повреди, ова се случува константно по доаѓањето на Allegri во тимот. Не сакам да кажам дека тој е главниот виновник ама можеби нешто во тренинг подготовките чкрипи! Ова не е првпат, ова не е вторпат! Секоја година се случува ова! Премногу невообичаена веројатност!
Allegri делува за плачење кога стои покрај аут линијата со главата потпрена на раката, делува очајно и хаотично. За секоја одлука го прашува Tasotti што да прави (барем така изгледа од ТВ). Јас вчера очекував да го извади Balotelli порано поради проблемите со коленото и поради тоа што беше очигледно дека следи пораз.
Проблемите со дефанзивците или да бидам попрецизен, проблемите со воздушните дуели (и во напад и во одбрана) ќе му ги препишам целосно на стручниот штаб (ете нека биве вклучен тука и Tassoti а не само Allegri). НЕ МОЖЕ толку години во континуитет да бидеме очајни и во напад и во одбрана!
Не паметам кога последен пат сме дале игра со глава по прекин (корнер или слободен удар) а од друга страна не се сеќавам кога последен пат сме одолееле цел натпревар а да не изгубиме воздушен дуел! Како е можно еден тим од голема европска лига (и тоа не било каков тим) толку да не знае да маркира при штитење на својот гол? Па Britos веројатно ниту на тренинг не се наоѓал во ваква ситуација! Да се разбереме, имињата во дефанзива не се воопшто аматерски! Ако веќе гледаме по имиња, средниот ред е многу поочаен и повеќе стасан за нови фудбалери отколку одбраната особено сега, кога не се повредени стартните стопери. Mexes и Zapata се сосема сосема солидни стопери и се измислени за Britos, Campagnaro, Ciani или Savic, на пример! Едноставно целиот тим игра лошо во дефанзива (со исклучок на De Jong кој е брилијантен после тешката повреда). При воздушните дуели се е до маркирање и преземање на играчи. Ние головите со глава не ги примаме при натскокување туку баш при howler ситуации кога противничкиот фудбалер е осамен како на тренинг! Друга работа, како може да не игра стандардно Poli пред Muntari (Nocerino и така не игра многу) кога фудбалерот од Ghana игра како вистинска флегма од една страна, се обидува со ризични дриблинг потези од друга и некаде помеѓу, шутире 3-4 пати од 35 + метри! Па ние веќе се отарасивме од таков фудбалер кој ни трошеше топки на секој натпревар со нерезонски шутеви! Poli и De Jong и да згрешат не можам да им бидам бесен затоа што го оставаат срцето на теренот! Знам дека пред тоа а и после тоа цело време ќе му дишат во врат на противничкиот фудбалер и дека конректно Poli, после неуспешен напад од противничкиот 16ник ќе истрча спринт до својот 16ник за да покрие во дефанзива. Кога сме кај тоа, детето извонредно добро се открива и пробива во противничката опасна зона. Има одлична игра без топка и уште подобро чувство за втрчување но многу често тоа соиграчите не го гледаат! По враќањето на Montolivo, се друго освен Montolivo - De Jong и Poli во средината ќе биде богохулие! Poli синоќа одигра многу похрабро и подиректно со топката дури и од некои алиби партии на Montolivo во минатото. Момчето е гладно за игра, дај му да игра во континуитет! Многу е тешко кога еден меч играш а после седиш на клупа.
По малку и ми е жал за Birsa затоа што тој ни крив ни должен стана жртвено јагне на целиот црвено - црн аудиториум. Фудбалерот кој не успеа да се избори за првотимски статус во Genoa и Torino, веројатно и самиот не очекуваше ништо повеќе од епизодна улога во Milan. Тој е најмалку виновен што тренерот го става во оган и гневот на навивачите се истура баш врз него. Што се случува со Saponara? Нели веќе тренира и се врати од повредата?

Kole.22 said...

Веќе никој не знае кој до кога е повреден, кога се враќа, колкава минутажа...

Navigator said...

Ќе пишува некој за утре?

ReBorned said...

Ако можеш пишувај, јас сега одам на работа и веројатно ќе се вратам непосредно пред мечот. Јас ќе пишувам викендот

Navigator said...

пишувам...