Translate

Friday, 13 September 2013

Torino - Milan и враќањето на синот!


После долгиот период на дејствување во позадинаи немо следење на настаните околу блогот се враќам назад да го дадам својот придонес во развојот на еден од најквалитетните блогови за македонските фанови на Милан. По некоја случајност се погодува и со враќањето на Кака што е убав мотив за да се напише еден пост за второто деби во црвно-црниот дрес, дрес во кој Кака ги доживеа најубавите моменти во кариерата и ги постигна најголемите успеси. Враќањето на Кака во Милан за секој росонер со мали исклучоци, е дискутабилно. Нема росонер што Кака не го обожавал и не му бил меѓу омилените играчи, едноставнo таква му е ѕвездата на Рики, но тоа е емотивната страна. Онаа рационалната вели дека Кака е играч со 31 година, играч кој немал константа минутажа во изминатите 4 години и играч кој влече хронична повреда. Но исто така нема и таков кој однапред ќе се осуди да каже дека Кака е залудно донесен и дека ќе има неуспех. Човекот фудбал не заборавил да игра, и покрај годините сепак има уште пар сезони пред него кои може физички да ги издржи без никаков проблем ако нема проблеми со повреди. Дека не заборавил да игра фудбал доказ се и головите и асистенциите кои во сооднос со добиената минутажа и не се така малку и се постигнати во нему својствен стил. Се на се, шансата ја заслужува, шансата ја добива и од раководството и од навивачите, се надеваме дека сите заедно повторно ќе се радуваме со неговите настапи.


Толку околу Кака и неговото враќање, она што не очекува е гостувањето во Торино, кај Торино. Екипа кај која треба и мора да освоиме три бода, иако не е за потценување она што го имаат на располагање. Спој на младост и искуство, иако се тоа е пред се од просечни играчи. Cerci беше поврзуван со трансфер во поголеми клубови меѓу кои и Милан, што само по себе не го прави надпросечен играч, иако квалитет имa и го докажал тоа повеќе пати, па може да се смета за опасност кон нашиот гол. Колку што можев да извлечам инфо, Cerci има мала повреда но веројатно е утре да стартува. До него е Immobile, млад репрезентативец од кој реално италијанската фудбалска јавност очекуваше и повеќе, веќе има 23 години, а дечкото сеуште се шета од клуб во клуб без некој позначаен успех. Вреди и да се спомне дека веќе втора или трета година имаат "наше" дете во тимот, Matteo Darmian.

Околу нашиот ростер, операцијата на De Sciglio според информациите ќе го оддалечи од терените околу два месеци што е позначаен хендикеп за нас! Abate ќе биде отсутен утре и со Селтик, што го носи Zaccardo во првиот тим. Allegri имаше изјави од типот благодарен сум на Zaccardo што не ги прифати понудите за трансфер инаку ќе моравме со Торино да играме со играч од средината на позиција десен бек.  Allegri пријателе, сподели од твојата дрoга и со нас навивачите. Подобро месец дена со среден играч на позиција десен бек, отколку Zaccardo цела година во ростер на тим што се декларира дека ќе се бори за титула.


Како и да е, повикани играчи: 
  • Abbiati, Amelia, Coppola
  • Constant, Mexes, Vergara, Zaccardo, Zapata
  • Birsa, Cristante, Emanuelson, De Jong, Kaka, Montolivo, Muntari, Nocerino, Poli
  • Balotelli, El Shaarawy, Matri, Robinho 
Составот кој најверојатно ќе започне:


Последните вести кажуваат дека El Shaarawy заработил повреда што со сигурност го оддалечува од утрешниот дуел со Торино, како и од оној со Селтик. Повеќе детали за сериозноста на повредата ќе знаеме во деновите што следат.

Се на се, сите очи утре ќе бидат свртени кон Кака и неговото второ деби за Милан и нормално кон мрежата на Торино во која се очекуваат голови.

Ќе одам и со прогноза 0-3, повелете и Вие :)

FORZA MILAN!

11 comments:

ReBorned said...

Интересна разноликост, интересна шара и своевидна оригиналност во постот, се надевам дека ќе гледаме повеќе од тебе и во иднина :)

Околу мечот, ако самото враќање на Ricky во Milano беше играње на емотивна карта, неговиот директен старт во првиот меч е цел емотивен шпил! На сите им е јасно дека тој не може да изигра од старт ама ајде. Јас сум многу заинтригиран да видам што ќе покаже Ricky и ќе го следам секој негов потег. На тренинзите верни сенки му биле El Shaarawy и Niang кои го следеле во секој чекор и учеле од него :)
Да не играше Ricky од стартот ќе кажев дека ова е уште еден од оние мечеви во кои ќе чекаме Super Mario да го качи целиот тим на свој грб и да го донесе до трите бода. Сепак, сега не знам што да кажам затоа што навистина не знам што и колку ќе покаже Ricky. Сè уште верувам дека евентуалната победа е зависна во 90 % од Balotelli и 10 % од Birsa, ако влезе во игра.
Torino во последните година-две воопшто не е екипа која е за потценување особено за одбрани кои се расположени за харикири, како онаа на Milan. Имав прилика да ги гледам претходниот викенд нагости против Atalanta (ја имав 1Х на спортска) и можам да кажам дека ме збеснаа. Иако резултатот на крајот беше 2-0 за Atalanta, во првото полувреме Torino погоди 3 (со букви, ТРИ) стативи и имаше уште 2-3 100 % шанси! Повторно ја негуваат таа нивна специфична 4-2-4 формација а не им ни играше Cerci од самиот старт. Тоа што ние ќе бидеме десеткувани по бековските позиции уште повеќе им оди во прилог со wing играта.
Од друга страна, традицијата во меѓусебните дуели (која мене лично ама баш никогаш ништо не ми значела) вели дека Milan нема пораз од Torino во последните 11 натпревари а 8 од нив ги завршувал со 3 бода.
Се на се, уште еден дуел кој мора да се добие и кој нема друга опција (исто како оној од првото коло...).
Се надевам на сигурна победа, не мора резултатски, нека биде и 0-2 само да биде сигурна во текот на мечот, да нема преседани од нашата одбрана и мирно да го приведеме мечот кон крај. И се надевам на добро второ деби на Ricky, тоа ќе значи многу и за неговата лична самодоверба а и за самодовербата на тимот во целина.

http://www.youtube.com/watch?v=vruehFP4W3Y

CurvaSud_Milan said...

емоции, емоции, емоции....бесконечни со овој човек! Но реалноста може да биде мн заебана и да не тресне како со мокра крпа по глава. Но ајде да му дадеме шанса да не израдува сите! Сепак прифати да игра за мн пониска плта само да остане во Европа, сепак кога ќе ги погледнеме видеата со головите, асистенциите и потезите во Реал ќе сфатиме дека можеби и неоправдано седеше толку време на клупа, можеби во него се крие некој бес од сето тоа и ќе експлодира на теренот од утре! И на крајот, враќањето во Милан е и огромен мотив и за него лично! И таков човек само може да ја поткрене на некое ниво погоре атмосферата во соблекувалната, што е мн битна работа! ол он ол, има тешка задача пред него, но ако успее само он ќе ги собере почестите! (и Галијани ќе му украде дел од славата:)

FORZA MILAN!

CurvaSud_Milan said...

од денес* уште мислам дека пост пишувам :))))

CurvaSud_Milan said...

ол ин* ол - викам заебано е од тел. да пишуваш, затоа ич не си пишував :)))

Ultras Milano said...

Баш се поклопува враќаето на Кака со она на Владе најверојатно затоа што последен пат пиша пост кога уште Кака ни беше во тимот :Р
Фали свежина на блогот тоа го зборам.
Јас одма кога ќе ја прочитам првата реченица од постот знам кој го пишувал. Треба сите малце да се разработиме.
Немам што да кажам околу натпреварот освен тоа дека ќе си имаме многу проблеми по крилата.
Моја прогноза 1-2.

Ultras Milano said...

И да, иако не мислев дека ќе биде така ама едвај чекам да го видам Кака пак на теренот!!

Navigator said...

Треба да се разработиме дефинитивно. И јас последниве 2-3 недели бев дистаниран од блогов. Од мечот денес се враќам во колосек.
Го гледам првиот состав и истото чувство за кое зборувавме погоре. Кака е назад во тимот! Какви емоции... Многу, многу ме интересира како ќе соработува со Balo и Binho денес. Па и со Monti. За денес очекувам победа, не верувам дека Toro може да го спречи овој позитивен набој и серија во отпочнување, се надевам. Не пишувам веќе, многу сум возбуден.
Споделувајте добри стримови.

FORZA RICKY, FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Очај! Најтрагикомично е тоа што заглавивме! Заглавивме со 4-3-1-2 која воопшто не функционира. Во оваа формација го губиме Balo како вокална точка на нашиот напад и воопшто на нашиот тим. Тоа се добива со широка 4-3-3 но тоа е формација во која нема место за емоционалното засилување со 4 милиони плата по сезона а тој не смее да биде седнат на клупа. Лоша ситуација!

И да, Birsa дебитираше...

ReBorned said...

Претходниот коментар го напишав на 2-0 и истото го мислам и сега.

Navigator said...

Ова треба и мора да е крај за Allegri. Едноставно, не може повеќе вака. Веќе преминува во мачење за сите. Имам чувство дека играчите се препусштени сами на себе. Затоа е овој хаос во играта. Додека не влезе Matri, не знаевме која е позицијата на Balo, на Kaka уште помалку. Го остава еден Muntari да одигра цел меч и цело полувреме да биде креатор на играта. Од мене преодна оцена само за Poli (игра со неверојатна желба и секако дека заслужува поголема доверба, особено пред Muntari) и Matri. Се друго беше потпросечно или ужасно. Реков, вака веќе не може. Управата нека си го бара чарето, мислам на човекот што ќе го замени Allegri.

P.S. Имаше еден одличен коментар, го прочитав во текот на мечот, ќе го парафразирам со превод: манување на комплетната формација и игра поради еден 31годишњак? Заради Kaka да, заради Pirlo не. :) На место е, нели?

Ultras Milano said...

Тек сега го изгледав натпревар без да го знам резултатот.
Да, толку слободно време имам!!
Играта ужас. Резултатот премија. Дури и да си замине Алегри незнам што треба да се случи за да има некоја голема промена во тимот, позитивна енергија и атак на некоја титула.
Да бидеме реални, сите сме свесни дека моментално поминување група и 3то место ни е максимален дострел. Се повеќе од тоа ќе биде изненадување и позитивен резултат за нас.
Многу е едноставно, тренерот, екипата и управата во моментов не се кадарни за напад на скудето или пак да бидат поконкурентни него што сме во моментов.