Translate

Wednesday 18 September 2013

Отворање на Лигата на Шампионите!


Само кратка најава на мечот вечерва. Сепак се работи за отворање на најинтересното клубско натпреварување во светот. Со оглед на случувањата и резултатите на клубот, слободно можам да кажам дека имаме среќа што баш сега треба да го одиграме, условно речено, најлесниот меч во групата. Објективно, Celtic е најмалку квалитетниот во оваа група, а кога ќе се додаде и домашниот терен, фер е да се каже дека се правиот противник во право време. Иако ова не е лига со 38 кола и секој меч може да биде одлучувачки. Затоа мора да се тргне на прав начин од старт.

Момците, барем оние што останаа здрави, се припремаат за премиерата на ЛШ во едни несредени услови. Зборувам од тактички апсект и за идејата на Allegri. Лично, малку ме плаши оваа ситуација. Тимот делува како да е без тренер, препуштен сам на себе. А тоа, во време кога немаме постари и поискусни авторитети во соблекувалната, може да ескалира. Особено кога играчите од кои најмногу се очекува и кои се први ѕвезди на тимот, се оние со проблематичен карактер. Allegri денес на прес потврди дека не постојат (не ги знае) состојки за успешен меч во ЛШ. Тоа едноставно не го изјавува врвен тренер, тренер што верува во својата екипа. Впечатокот е дека Allegri не дава инпут во резултатите на тимот. Или подобро речено, не дава позитивен инпут. Напротив, неговите грешки со изборот на стартерите или со нелогичните измени, немоќта да промени тек или динамика на играта во моменти кога екипата не се снаоѓа најдобро, може да влијае само негативно. И тоа се случува константно.

Ако се вратиме на мечот, под претпоставка дека сме во тек со сите повредени и проблематични играчи во пресрет на пречекот на Celtic на San Siro, добиваме список со дури четворица младинци меѓу 21 повикан играч:

Abbiati, Amelia, Coppola, Constant, Mexes, Iotti, Zaccardo, Zapata, Benedicic, Birsa, Cristante, De Jong, Emanuelson, Modic, Muntari, Nocerino, Pedone, Poli, Balotelli, Matri, Robinho.



Abbiati, Mexes и Zapata се сигурни во одбраната. Заради немањето на избор, многу веројатно дека и Zaccardo ќе стартува десно. Интересно ќе биде што Max ќе одлучи за левата бековска позиција – дали да му даде шанса на претходно лошиот Urby или да почне да го враќа Constant во првиот состав. Дилемата во средината е дали Poli е доволно спремен за старт или десно ќе покрива Nocerino. Останатите двајца во средината ќе бидат NDJ и незаменливиот Muntari. Мојот најголем страв доаѓа од испразнетото место на Kaka. Не дека синот имаше перфектен натпревар во саботата, но името на неговата замена делува тажно. Веројатно ќе дочекаме Valter Birsa да биде играчот што ќе ги поврзе средниот ред и нападот, играчот што треба да ги храни Balo и Matri со квалитетни шанси и одвреме навреме да прави човек вишок во крајната фаза на нападот. Да видиш, да не поверуваш.

И сега на светло излегуваат два проблема: (1) грешката на Gandini со невклучувањето на Niang на списокот за ЛШ и (2) форсирањето на комплетно нова формација на Allegri, иако, рака на срце, со моментално достапниот состав изгледа најприкладно. Milan под Allegri има три кампањи во ова натпреварување. Ако се разгледуваат трите воведни натпревари во секоја од сезоните, клубот има една победа (Auxerre) и две ремиа (Anderlecht и Barcelona). Вечерва не ни треба само продолжување на традицијата без пораз, туку и победа. По можност, уверлива. Тоа навистина ќе значи плус за Allegri, но верувам на сите ни е поважен успехот на клубот, отколку фигурата која стои покрај аут линијата. Сезоната се крши, текот на натпреварувањата се одлучува на почетокот и во тоа се уверуваме минатата сезона. Затоа вечерва неопходен ни е Celtic на колена!


Бонус: Младите фудбалери на Milan (оние под водство на Pippo, Primavera составот) денеска од 15.00 часот дебитираат во новата младинска лига на шампиони, наречена UEFA Youth League. Лигата се состои од младинските екипи на сите сениорски учесници на годинешната ЛШ. Одлична увертира за вечерашниот меч!


FORZA MILAN!!!

9 comments:

Anonymous said...

Ама баш "кратка најава" :)
Хаос ни е екипата во моментов. Само моментален блесок на Марио или незнам кој може да не возвиши во моментот. А и реално се друго освен победа ќе биде неуспех вечер.

http://www.uefa.com/uefayouthleague/season=2014/matches/round=2000501/match=2012972/index.html

Гледам маливе победиле, па и ние со овој резултат да тепаме нема да биде лошо.

FORZA MILAN !!!

ReBorned said...

Мило ми е што сте се погрижиле (конкретно Navigator во случајов) бидејки јас сум буквално 12 до 14 часа зафатен и не сум во можност.

Колку и да звучи излитена оваа фраза во оваа ситуација и со овој состав, сепак Milan e Milan а Milan е ОСОБЕНО Milan кога ќе започне химната на CL. Ова најдобро се виде на реваншот против PSV кога го изигравме веројатно најдобриот натпревар во досегашниот тек на сезоната. Иако имаме еден куп повредени (па и повеќе од тоа), верувам во клубот и во неколку поединци кои можат да го покорат Celtic. Како и на секој претходен натпревар, очекувам одлични 20тина воведни минути од Milan па потоа ќе видиме што ќе се случува до крајот.

Околу тренерот не знам што повеќе да искоментирам. И јас го бранев едно време ама веќе сме вистински брод без кормилар. Едноставно фудбалерите се препуштени сами на себе, секој прави што мисли тој дека е најдобро и очекуваат позитивен резултат без конкретен стил или идеја во играта. Ако ништо повеќе на пример со Pippo на клупата би добиле жар, глад и спортски инает. Вака сме анемични и конфузни, повеќе незаинтересирани и безидејни отколку неквалитетни. Тоа најмногу боли!

P.S Оваа победа на Primavera од 3-1 добива на тежина уште повеќе поради тоа што неколку одлични фудбалери од Primavera се дел од сениорскиот состав поради кризата со повредени па ова не е најдоброто од Primavera.

ReBorned said...

Изгледа среќата уште ни има за враќање после Истанбул. Незаслужени 3 бода кои одлично ќе им дојдат на G и Allegri во спинот после мечот.

Navigator said...

Не верувам дека некој веќе паѓа на обидите за спин на G. На Allegri уште помалку, него веќе никој не ни го слуша. Очаен е кутриот, не знам како издржува. Јас на негово место веќе би се спакувал, па нека му ја мислат побитните од него. Вчера ми беше смешен потегот со двојната измена - го изваде Birsa за Urby, Urby отиде на CAM, за по неколку минути да го врати на бек по измената Binho-Constant. Знам дека не му е првпат тоа да го прави, ама добро, што мислеше? Ќе ги изненади со Urby напред? Му снемува идеи, немоќен е.
А мечот го добивме среќно. Резултатот лажи и не дозволува да кажеме дека беше незаслужено. Ама скоро и да беше така. Како и да е, многу потребна победа, за сите нас. Позитивен знак и доцната измена на Poli, тоа значи дека би спремен за следниот меч. Не сакам да размислувам како ќе беше да завршеше 0-0. Вака, многу подобро психолошки спремни одиме на гости кај Ajax за две недели. Сега, сите мисли кон убедливиот Napoli, да им ги скратиме малку крилјата.

ReBorned said...

Изјавата на Kaka после повредата дека нема да зема плата додека е повреден и величењето на таа одлука од страна на G е најголемиот mastermind спин досега!

Anonymous said...

Ќути. Гарант Галијани лично го замолил да не прима плата додека е повреден, а Кака во медиумите да излезе како херој.
Не, очај сме во моментов. Незнаеме кај тераме. Нешто слично беше и минатата година. Јас свесен сум и се помирив дека нема да освоиме најверојатно ништо годинава, ама и кога игра немаме за да го победиме Селтик дома тогаш незнам.

Иначе тек сега го изгледав натпреварот.
Тоа е, на тоа дереџе дојдовме, натпревари од најквалитетната фудбалска лига во светот да ги гледаме 2 дена подоцна.

Мартин said...

Зал жал далеку е Серија А од најквлитетна лига во светот. Меѓутоа несомнено заслужува некој да ги откупи правата.

Anonymous said...

Очигледно е дека мислев на мечот со Селтик во Лигата на Шампионите завчера.

ReBorned said...

Да бидам искрен, кога јас ја видов ТВ изјавата на Kaka најпрво ми дојде на памет дека G го замолил Kaka гоа да го изјави за да се оттргнат мислите на навивачите од очајниот старт на сезоната (тоа беше веднаш после очајните и на мускули извадени 2-2 со Торино) а дека Kaka пак си зема плата а ова е само фарса.