Translate

Saturday 28 September 2013

Тренер со 9 животи


Интригантно, клупата на Milan веројатно во моментов не е омилена дестинација на најголем дел од тренерите со реноме ширум Европа но тоа е вистинска Мека за човекот на сликата. Allegri е сосема свесен дека никогаш во својата кариера нема да добие клуб кој е на приближно ниво и реноме на Milan и затоа цврсто се држи за клупата во Milanello. Во истовреме, B & G се целосно (не) задоволни од неговата работа поради тоа што најмалку од се сакаат во клубот да имаат тренер кој ќе го крене својот глас (па дури и ќе постави ултиматум) кога станува збор за нови засилувања. Вистински брак од интерес! Од една страна Allegri е тивок и не бара скапи засилувања па се задоволува со Birsa и Matri а од друга страна G е задоволен затоа што нема да има проблеми со нефункционален буџет.


И се дотука е идилично, додека не се фрли поглед на табелата. Milan е на очајно место, со очајни резултати и што е најважно, со очајна игра! Клубот досега (иако имаше прилично лесен распоред) веќе нанижа 2 порази а беше на работ на уште 2 од кои се спаси буквално во последните секунди. Со Torino постигнавме гол од пенал во 95та а со Bologna постигнавме 2 гола во самиот финиш. Тоа не го намалува фактот дека одбраната е очајна, средниот ред (со исклучок на De Jong и Poli) е непостоечки а нападот е несинхронизиран. Огромните проблеми со повредите воопшто не можат да бидат изговор, особено не против вакви противници и особено не кога Allegri е на клупата. Симптоматично, по неговото доаѓање во клубот, Milan апсолутно секоја сезона има огромни проблеми, пред се со мускулатурните повреди. Дали е до него, неговиот режим на тренинг, неговите фитнес тренери или болницата во Milanello, можеме само да погодуваме.

Неговото невообичаено форсирање на фудбалери за кои сите наоколу гледаат дека не играат како што треба е друга болка. Muntari е вистински Mr Indispensable иако со секоја минута на теренот покажува дека не му се игра фудбал и дека најдобриот негов потег е шут (еви) од 35 + метри кои финишираат некаде во 25тиот ред од Curva Sud. Секој натпревар стартува со Birsa и секој натпревар тој е првиот што го напушта мечот некаде од 55та до 65та минута. И следниот меч, повторно истата приказна. Рака на срце, Birsa не е ниту главниот виновник. Сигурно и тој самиот не очекуваше ништо повеќе од епизодна улога во Milan но ете, ставен е во огнот и целиот бес се истура врз него.

Кога сме кај измените, тајмингот на измените и имињата кои се бираат се уште една рак рана на Mister Allegri. Некогаш добивам впечаток како и самиот намерно да прави нелогични потези и се обидува секој следен пат да биде колку што е можно понеинвентивен! Вистинско чудо е како не успева да го чита текот на играта, проблемите и да реагира навремено и правилно!

Сега доста за тренерот чии врвни трансфер желби беа Lazzari, Cossu, Astori и Matri. Да се навратиме малку на тимот и следниот предизвик.


Фразата „меч што едноставно мора да се победи“ веќе е многу излитена кога станува збор за Milan. Едноставно принудени сме да одиме чекор по чекор и секој следен натпревар да го гледаме низ призмата на недоверба и страв. Проблемите со повредите остануваат а и Balotelli е повторно во аут. Иронично, без Balotelli во тимот успеавме да постигнеме дури 3 гола на еден натпревар (кој би рекол) а притоа не успеавме да ги добиеме 3те бода и се боревме за бод во финишот. Тоа уште еднаш укажува каква е нашата игра во дефанзива и пред се каква е нашата одбрана при нафрлени топки, корнери и слободни удари. Со еден збор, ужасна! Најголем дел од фудбалерите во средниот ред (со исклучок на De Jong и Poli кој и не добива шанса во континуитет од Mister) воопшто не помагаат на дефанзивците. Тука пред се мислам на Muntari на кој играта во одбрана треба да му биде приоритет и тоа би требало да е приоритетната причина поради која е во тимот. Веројатно не очекуваме од него да постигнува голови?!

Birsa almighty веројатно повторно ќе стартува со Binho зад Matri кој имаше вистинско шоу од промашувања против Bologna. Знаеш кога нешто не е во ред кога Robinho ти е најдобрата опција во тимот за постигнување на гол. Niang повторно ќе го пречека мечот од клупата а формацијата упорно не се менува и не се враќаме на онаа 4-3-3 која ни донесе извонредни резултати во вториот дел од минатата сезона и а формација за која имаме повеќе фудбалери во комбинација, особено сега кога имаме повредени техничари во тимот (Kaka и Montolivo). Човек не треба да биде врвно тренерско име за тоа да го уочи, треба само да не биде Allegri!

Sampdoria е уште еден тим кој можеме без проблеми да го победиме и може без проблеми да нè победи. До таму е дојдена работата!

Forza Milan!!!

9 comments:

Anonymous said...

Што сакам да влезе Петања од клупа, даде гол за 0-1 за победа на Самп и да им мафне на Алегри и Галијани и во истовреме да ја видам фацата на Матри.
Обично до 5-6 коло не ја гледам табелата ама сега кога ја видов се запрепастив.
Сите наши ривали кои имаа солидно трансфер лето и редовно ги фалевме си ги остваруваат целите, а ние ??
Дури и да почнеме да победуваме како минатата сезона, и да завршиме на тоа трето место, ќе се постави пак прашањето што всушност направивме сезонава и дали воопшто напреднавме барем еден чекор.

CurvaSud_Milan said...

не знам...не сакам да коментирам...тука сум, а не сум тука, после секој натрпевар тргнувам да пишам па се повлекувам. Ќе кажам мн работи што не сакам да ги кажам, но ова што се случува е во најмала рака смешно! Па ние имаме ли реноме бе ДА МУ ЕБАМ МАЈКАТА!!! Го гледа ли некој тоа од раководството или к** ги боли?! Ваква анемичност немам сретнато кај ниеден клуб, посебно не од рангот на Милан! Неквалитет на ростерот може и да се препише на раководството, анемија и незаинтересираност е единствено одговорност на тренерот! И кога ќе му го видам оној немоќен поглед се ми е јасно! Одиме на второ полувреме! Со Господ напред!

Navigator said...

Не стигнав да искоментирам нешто пред мечот, ама гледам дека тоа би било истото што го зборуваме пред секој меч, откако почна сезоната, а особено последниве 2-3 меча. Нема ништо ново ни во ова полувреме. Повторно безидејност. Се гледа дека ние сме подобрата екипа, со подобро индивидуалци, но тоа не го материјализираме, не носи резултат. Еден гол, каков-таков може да ни донесе многу повеќе самодоверба. Иако видовме дека знаеме и да доживееме пресврти, многу лесно. Ајде конечно едно јако полувреме, конечно да демолираме еден противник.

FORZA MILAN!

Anonymous said...

Мора да се напомене дека против Торино, Болоња и Сампдорија со никаква игра освоивме вкупно 5 бода.
5 бода од кои два беа веќе изгубени.
Ама тешко дека цела сезона ќе можеме да се потпреме на факторот среќа.
Нианг има многу енергија во него. Голема желба да даде гол, да продре, да се докаже едноставно.
Слепец само нема да му даде шанса, посебно во ваква безидејна ситуација.
Напуштањето на игра на Мунтари на полувреме (освен ако не е повреда во прашање) можеби и значи дека Алегри малце од малце се вразумил.
Јас би му дал шанса и на Кристанте, посебно против екипи како што се Сампдорија.
Обијанг ми фати око. Добро се движи, добра прегледност има. Потсеќа физички и по годините и конструкцијата на Погба. Ако може да се земе во некоја ефтина комбинација (како онаа со Поли) тогаш супер. И онака имаме низа непотребни играчи во тимот.
Робињо е класа над сите што беа на теренот очигледно, и квалитетот е неспорен, ама пак го има тој проблем со финишот.

Navigator said...

Како ви се бендиса торинското дерби? :D

Anonymous said...

Не го гледав. Само стартот на Имобиле над Тевез го видов.

ReBorned said...

Јас си читам препукувања на официјално ниво :)
Годинава ќе биде речиси невозможно да стигнеме до Топ 3 и пласман во ЛШ. Има многу повеќе конкуренти од лани и останатите екипи берат бодови. Јувентус, Наполи, Рома + Интер и Фиорентина...

Navigator said...

Juventus ќе собере бодови, вака или онака :) Roma (по се изгледа) и Napoli ќе бидат главните конкуренти. Ама пак, се зависи од нас. Ако ние го повториме јуришот од минатата година, реално би било да се очекува борба за 3то место. Затоа сега мечот со Juve може да е тој што ќе пресврти. Колку и да изгледа смешно или невозможно сега, ние треба да одиме на победа во Торино. Па и да бидеме реални, ги гледав 2-3 пати, Juve не е така убедлив.
А планира некој да пишува за утре?

Anonymous said...

Јас, јас, јас.
Оставете ми ја ЛШ за мене.