Translate

Tuesday, 20 August 2013

PSV-Milan preview


Почеток на сезоната.
Можеби еден од најтешките почетоци во последните неколку години со оглед на тоа дека сеуште не сме квалификувани во групната ваза на Лигата на Шампионите. На патот ни стои Холандскиот гигант на кого сме му стари должници по полуфиналето што се одигра во 2005тата година. Токму сегашниот тренер на ПСВ, Филип Коку ни даде 2 гола таа мајска вечер. Другиот гол го даде Парк Ји Сунг кој се врати по подолго време во клубот каде што ја достигна својата најголема слава. Од тогашниот Милан не остана никој. Стрелецот на голот кој значеше финале и херојот Амброзини си замина летово. И во ПСВ многу работи се сменети, повторно се подмладени и сезонава ќе му бидат сериозна закана на речиси недопирливиот Ајакс.


Ова се играчите кои ќе му бидат на располагање на Макс утревечер. Дел од оние што ги нема се повредени додека пак другите (Траоре, Антонини...) се пред излезна врата.


Ни предстои натпревар кој ќе ја трасира сезоната и најверојатно преостанатите 2 недели на пазарот. Се надеваме и веруваме во позитивен исход од Ајндховен, мој тип е нерешен резултат од 0 до 2 голови.

FORZA MILAN !!!

21 comments:

Ultras Milano said...

Во меѓувреме треба да се спомене дека и Кингсли Боатенг го продолжи договорот со Милан и замина да собира искуство во Катанија.

ReBorned said...

Kingsley е на позајмица во Катанија но Катанија има опција да потпише 50 % од него на крајот од сезоната. Тоа е провокација за Kingsley да добива повеќе шанса во Катанија.
Многу сум возбуден за вечер!

Navigator said...

Конечно почнуваме. Долго ми се виде ова лето. Можебе најмногу заради тоа што ништо не се случи, ама баш ништо. И сега во 10 дена, последните 10 нормално, ќе дефинираме и цели и критериуми и состав. Добар предуслов за песимистички поглед на сезоната. Ама знаете од искуство, ако вечерва тргне на арно, да продолжи викендов, па тоа да го надополни Galliani во негов стил... тоа може да биде a turning point. Во моментов само тоа ми дава некаква шанса. Не сакам ни да помислам на поинаков успех. И реално, имаме тим што е подобар од овој PSV. Мораме преку нив, затоа што ние не можеме без ЛШ. Настрана тоа што не смееме без ЛШ. А богами и ЛШ не тоа што е без нас. Одиме на добар резултат за мирен реванш.
(Ептен се возбудив дури пишував :))

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

Веројатните состави се овие: https://www.facebook.com/photo.php?fbid=536457916407824&set=a.396383597081924.94030.394696360583981&type=1&theater

Ама нешто друго ме буни... нели Mexes имаше картон од минатата сезона и немаше право на настап на првиот дуел? Некоја измена во правила, грешка во статистика, непознавање на правила како Турново или...?

Navigator said...

А како ќе ја искоменитирате информацијата на AS, шпанскиот весник, дека Milan има потпишано преддоговор со Ljajic. Ех како би ни ги затнал устите ќелавиот ако ова испадне вистина :) Со Ljajic и уште еден трансфер во овие 10 дена, веќе станува реална и погодна опцијата за Honda во Јануари. Ќе испадне дека клубот направил доволен број на трансфери и дека може да се чека на Honda на полусезона.

ReBorned said...

Иван сакав да ти кажам, Мексес има право да игра затоа што се бришат картоните од лани. И каде е линкот за Љајиќ?

Navigator said...

Пак претпазлив состав, ништо ново.

Abbiati; Abate, Mexes, Zapata, Emanuelson; Montolivo, de Jong, Muntari; Boateng, Balotelli, El Shaarawy.

FORZA MILAN!!!

Ultras Milano said...

Ништо чудно ова со Љаик.
Реално и доста паметен потег ќе биде.
Ние имавме усен договор со Монто скоро една година пред да дојде.
FORZA MILAN !!!

Anonymous said...

http://www.direttagolgratis.com/calciostreaming.html

ReBorned said...

El Shaarawy, Abbi и Abate (без онаа една несфатлива грешка) беа одлични! Balo индиспониран, Montolivo со алиби игра, Boateng покриваше, трчаше но без никаква идеја (ништо ново). Muntari и Urby колку да се бројат во тимот. Штета за шутот на Poli после онаа еден - два, во финишот со Niang.

ReBorned said...

Нормално, кога реков Abbi одличен мислев и без неговата кардинална грешка. Токму тоа ги дели големите од добрите, џабе е цел одличен натпревар ако еднаш падне концентрацијата и тоа биде кобно за тимот.

Maher играчиште! Одличен фудбалер!

Navigator said...

Може ќе каже некој дека влезе на крај и дека беше свеж, ама Niang максимално ги одигра тие минути што му се дадоа. Константно беше опасен. Сакам да го видам како стартер во сабота, па ако оправда и за реваншот. Истото и за Poli. Реализацијата да беше малку подобра, се ќе беше поинаку. Јас очекував значајно да се осети разликата во физичка спремност и нивниот натпреварувачки ритам и постоеше солидна разлика, ама сепак, (не)квалитетот на PSV не успеа да го пренесе тоа и на резултатот. На реваншот би требало да биде друга приказна. И мора да биде за да оправдаме се што гледаме на терен. Јас можам да речам дека немам дилеми околу тоа кој ќе продолжи, иако секогаш е малку незгодно кога противникот ти доаѓа на реванш спремен да напаѓа од старт. Освен тоа, нема ни што да изгубат. Како и да е, има време до следна среда. Не малку важно за оваа екипа ќе биде како ќе ја почне новата сезона на домашниот фронт.

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

Corriere dello Sport: Galliani ќе донесе три нови имиња на San Siro, нормално, доколку Milan се пласира во ЛШ. Тоа би биле Honda, Kucka и Sakho. На сметка на ова, Nini и Traore би заминале во Турција и Anderlecht, соодветно. Веста уште вели дека Niang, без оглед на притисокот на Genoa и Amelia остануваат во ростерот.
Ако се ова се оствари, летото ќе може да го оцениме дури и како задоволително.

Anonymous said...

Имате инфо дали Телма ќе дава пренос на италијанско првенство?

Navigator said...

Телма годинава нема да пренесува Калчо, на огромна жал на сите нас.

Anonymous said...

И сеа? Зар цела сезона да се нервирам со стримови? Како си треба сателитска... ццц

Navigator said...

Или стрим или Arena Sport српската... евентуално dreambox. Размислував за некоја претплата на Arena, ама си викам пак ќе зависам од нетот. Дали слушам српски коментатор или некој друг и не ми менува толку колку што ќе платам. А инаку педерски од страна на Бранче што не кажа дека прекинува најдолгата спортска традиција во МК. Алфа барем испаднаа мажи минатото лето и кажаа дека престануваат со преноси.

Anonymous said...

Еее...ни во фудбалот не можеме да уживаме во нашата чудесна земја....останавме само на лига на шампиони во среда и лига европа....срамота!

Ultras Milano said...

Момци пишете нешто за мечот, јас сум на работа а вечер имам прослава и ќе немам време.
Ајде да ја започнеме сезоната како што треба :-)

Ultras Milano said...

сега прочитав за траоре.
Ваши ставови? ова ме потсеќа на замената закардо-месбах каде го одбравме помалото од двете зла.
Бирса мислам дека своевремено беше звезда во Сошо.

ReBorned said...

Birsa најверојатно веднаш ќе продолжи во Brescia или во Torinо. Во последен момент и Олимпијакос се вклучил за Traore.