Translate

Friday, 23 August 2013

Почнува!




Конечно почнува! Се наоѓаме на крајот од летото кое засега не донесе ништо посебно за нас. Сепак, се вртат разни комбинаторики пред самиот почеток на G time. Настрана тоа, почнува сезоната! Почнува сезоната во Калчо со Milan. Прв натпревар нагости против повратникот во Serie A, тимот кој има невкусно име од наш аспект и тим чии навивачи се познати расисти. Се надеваме дека утре нема да има проблеми од тој карактер и дека воопшто нема да има проблеми за Milan да ја започне сезоната со победа. Иако (барем досега) не се засиливме со ништо особено, мора да запаметиме дека бевме убедливо најдобрата екипа во Calcio во оваа календарска година (од Јануари до крајот на сезоната) и воопшто една од најдобрите екипи во Европа, во тој период. Годинава ќе го имаме Balotelli на располагање од самиот почеток на сезоната и барем по последните натпревари делува како да го имаме и оној, одличниот El Shaarawy од првиот дел на минатата сезона. Во средината го добивме младиот и перспективен Andrea Poli кој за жал и не доби свој официјален пост за добредојде поради проблемите со формулата по која тој пристигна од Sampdoria. Го добивме и Saponara кој за жал сè уште не може да дебитира ниту во неофицијален меч поради проблеми со повреди. Околу составот и опциите во тимот по официјалното затворање на преодниот рок (кој потсетувам, годинава завршува на 2ри Септември а не на 31ви Август). Дотогаш мораме да се насочиме на натпреварот против Verona, за почеток.


Екипата на Verona успеа во својата првична цел по враќањето во Serie A, да го задржи во своите редови својот најдобар фудбалер, Jorginho кој беше мета на речиси сите поголеми клубови во Европа (меѓу кои е и Milan). Екипата од Verona ја краси млад и гладен тим кој е надополнет со искуството на Luca Toni. Toni е тип на напаѓач кој може да направи најмногу проблеми на одбрана како онаа на Milan. Нашата стара болка со проблеми при нафрлени топки веројатно продолжува и сезонава а Toni е во тоа најдобар. Тимот мора да биде подобар во маркирање (пред се двајцата централни дефанзивци) а мора на ниво да бидат и бековите кои ќе спречат нафрлувања по двете страни (ова ќе биде особено тешко за Urby).

Иако веројатно ќе се прават одредени претумбации во составот (и поради повредо но пред се поради реваншот со PSV), мораме сезоната да ја почнеме на победничка страна! Нема ништо подобро од успешен старт на сезоната и мораме да создадеме моментум кој ќе трае што е можно подолго! Поседуваме доволен квалитет за победа против Verona дури и со неколку ротации низ составот! На оние кои веќе подолго време се наоѓаат низ болниците во Milanello им се приклучи и Boateng кој заработи повреда против PSV и ќе го пропушти овој меч како и Muntari кој е суспендиран. Затоа после речиси цела летна пауза во конкуренција се враќаат De Sciglio и Robinho. Околу составот и можните комбинаторики за стартните 11 ќе се позанимаваме во текот на утрешниот ден. Следи меч кој треба и мора да се добие!

Forza Milan!!!

P. S За оние кои не се информирани, Телма нема да пренесува Calcio и со тоа се руши најдолгата традиција од спортски карактер во земјава.

7 comments:

Navigator said...

Не задоволува полувремето, единствено оние први 20тина минути. Некако стандардно, како цела мината сезона. И во нашата агресивност од старт, а потоа преживување до полувремето, но и во начинот на кој примаме голови. Апсурдно е, после цела сезона на лошо бранење на прекини, ние повторно да примаме гол од единствениот противнички играч кој може да биде опасен во вакви ситуации. Па да му се сневиди, двајцата стопери ќе ги ставам на ист човек ако треба, сите играчи назад ќе ги вратам на корнер... Не може ова вака веќе. Не дека се е загубено, има уште цели 45 минути, но некои работи мора да се поправат. Старотот на второто, нека биде идентичен како страртот на првото. Играме против екипа што е млака и не реагира на поттикот од трибините. Verona мора да падне!

FORZA RAGAZZI!!!

Navigator said...

Не знам на кој му пишувам, почеток на првенство, а ние двајца си правиме муабет, ама ајде.
Налетав на линков - http://ana1.me/A1C.html. Одличен стрим, нема сецкање, добра резолуција, а и од Arena Sport е. Сепак, не е сеедно дали гледам со бразилски коментарот како вчера или со спрски/хрватски. Не сум сигурен, ама би требало да е перманентен стрим за се што пренесува Arena од Калчото во живо. Ставете си го во bookmarks, ќе го тестираме следен викенд.

ReBorned said...

Ти? Ами јас што да кажам кога на таков пост за почеток на сезоната, немав коментари.

Kole.22 said...

Муабет не ни се прави од очајниот резултат и игра. Од среда почннуваме и ние посериозно.

Navigator said...

Roma ни го лапна Ljajic? Читам дефинитивно било. Е не, ќе не чека нас да се пласираме во ЛШ. А Roma шо нема да игра ЛШ? Lazio, Fiorentina? Само нас се ни зависи од кој куп ќе играме и ги оставивме последните 5 дена за засилувања. Ми иде во фаца да им плукнам на сите во управата. На сите!

Ultras Milano said...

Трпение, трпение...и јас се осеќам исто како тебе ама чекај малце... трпение да видиме прво што ќе биде утревечер.

ReBorned said...

GDS тврди дека G веќе разговарал со Marotta и дека ќе го купи Matri доколку се пласираме во ЛШ. Веројатно најнелогичниот можен потег. Зошто Matri кога Mario е неприкосновен стартер а Pazzini (кој лани имаше одлична сезона) се враќа следниот месец? И сето тоа во период во кој ние нудевме 8 а Roma го купи Ljajic за 12 милиони. Сето тоа во период кога речиси е сигурно дека Honda ќе дојде дури во Јануари. За одбрана сме го спремале Astori. Astori не е никаков upgrade на Mexes и Zapata, во најдобар случај е на исто ниво со нив двајца. Доколку се случат овие 2 трансфери само ќе ги потрошиме парите на апсолутно неважни фудбалери кои не се воопшто потребни и кои уште повеќе, не го прават подобар тимот ама баш ич!