Translate

Monday, 20 May 2013

CHAMPIONS LEAGUE SPOT - CHECKED!!!



Ви олесна, а? :) Каков финиш на сезоната, убиствен за оние со послабо срце. Минути не делеа до вистинска пропаст, до растурање не една убава приказна, на еден концепт за поинаков Milan. Неколку минути и само еден гол можеше да сруши се, една прекрасна полусезона и толку напор вложен за тоа магично трето место. Но не испадна така. Тоа не го дозволи едно момче што има способност да гледа 2-3 секунди во иднината секогаш кога шутира пенал и едно друго момче, стопер, што обично шутира со ножички, ама одвреме навреме знае да одигра во противничкиот шеснаесетник како да е роден напаѓач. Екстаза! Ах да успеам да најдам видео со реакциите на виолетовите плачковци кога дознаа дека мечот во Сиена сепак беше наместен.

Мора да признаеме дека цела оваа радост изгледа лудо. Колку многу се радуваме на местото што води само во квалификаците на ЛШ, но од друга страна ова е вистинско чудо за една екипа што после два месеца калчо беше на третото место гледајќи оддолу нагоре. Какво достигнување, каков перформанс, заслужена награда. Ова беше една убава лекција за овој млад тим. Верувам дека сезонава научија оти не се живее на стара слава, дека победата не паѓа од небо, дека и отпишаните знаат да изненадат и дека никој не смее да биде потценет. Сега момците нека слават, управата нека размислува како и со кого да го продолжи овој прекрасен проект, а тренерот само нека чека што ќе решат со него. И онака никогаш за ништо важно не одлучувал. Него, дури и со оние одлука кои се само негови, не му оди најдобро.

Како и да е, до Август и борбата за дефинитивен влез во големото друштво има доволно време за некои промени и добра припрема. Дотогаш, да се фрлиме на богатото меркато кое се најавува и секако на Купот на Конфедерации!

Бонус: За тие што можат да гледаат, еве ја реакцијата на Tiziano. Јас не се осудувам да гледам, страв ми е дека не издржал :)


COPPA CAMPIONI - IL NOSTRO DESTINO!!!

Saturday, 18 May 2013

Последната скала!


38мо и последно скалило сезонава. Иако можеби не го гледаме така, многу зависиме од ова последно коло. Пропаст од епски размери и лоша PR одлука ќе биде ставањето на логото на Лигата на Шампионите на дресот минатата недела доколку не успееме да се пласираме на третото место, но за тоа да не се случи утре ќе треба да се погрижат овие момци.


Монтоливо ќе стартува на изненадување на сите и на мое големо задоволство затоа што се враќа единсвениот креативец во тимот, единствениот играч што знае да ги сврзе средината и нападот. Друштво ќе му прават двајца од Фламини, Амброзини и Ночерино. Во нападот Балотели е сигурен стартер, а постои и можност Пацини да започне како најистурен а Балотели да игра веднаш зад него.
Одбраната горе долу е иста и за очекување е Абате и Констант да покриваат по страните, а Запата и Мексес да бидат во последниот ред на одбрана пред Абијати.
Сезоната ќе се сумира во еден натпревар и дури по 22:40 утревечер ќе може да носиме заклучоци  за истата. Останува отворено и прашањето околу тренерската позиција, а се очекува да се затвори веќе в понеделник наутро официјално. Шпекулации и индикации околу жешката столица ќе има милиони, и вечер и утре.
Телма ќе ни го удостои задоволството да го гледаме Милан утре, но во комбиниран пренос со Фиорентина - Пескара, иако мислам дека ние ќе бидеме во фокусот на преносот.


FORZA MAGICO MILAN !!!

Sunday, 12 May 2013

Заверка на билетот за ЛШ!


Дојде денот кога конечно треба да го завериме билетот за ЛШ, во следната сезона. На гости ни доаѓа Рома која направи одлична услуга годинава, најпрвин со победата во гости против Наполи а веднаш потоа со пораз дома, од Киево. Фиорентина денес победи и тоа диригира нова победа на Милан. Нема многу филозофии, победа вечерва и се ќе биде јасно. Евентуален неуспех ќе значи матно последно коло. Во нашиот тим неизвесен е настапот на Балотели кој има симптоми на грип. Можен е старт на Амброзини и Де Шиљо, на позиција на десен бек.


Одиме на победа за решавање на сите дилеми и последно коло без резултатско значење кое нели Allegri нормално ќе го искористи за да му даде шанса од самиот старт на Traore, на пример.

FORZA MILAN!

Wednesday, 8 May 2013

Против отпишаните!


Уште многу малку остана до крајот на оваа сезона. Рано е да се прават заклучоци за истата иако повеќето од нас си ги имаме донесено, но со цел сезоната да се смета за успешна Милан мора да го добие последното место кое води во квалификациите за Лигата на Шампионите.
На три кола до крај разликата изнесува 4 бода од најблискиот ривал зад нас и со победа против фенерџијата ќе бидеме чекор поблиску до целта. Во исто време пак, доколку Виола киксне против Сиена или Палермо во наредното коло (тимови кои грчевито се обидуваат да ја фатат последната сламка за спас) тогаш работата ќе ни биде значително олесната.


Околу составот, Макс рече дека средината нема да претрпи промени и дека Амбро ќе биде на распололаѓање но нема да го искористи освен ако нема потреба за тоа. Де Шиљо ќе биде на располагање и можно е да влета во составот по една од бочните позиции. Во нападот Бало стартува напред а СЕС лево, останува прашањето дали Нианг или Робињо ќе делуваат по десната страната иако за мене нема дилеми помладиот дефинитивно треба да стартува. Боатенг е суспендиран како што веќе знаете и мислам дека веќе добивме сите една слика како ќе изгледа тимот.
Најверојатно нема да има пренос на тв така да ќе мора да се снаоѓаме со шити стримови.



FORZA MILAN !!!

Sunday, 5 May 2013

Одиме на +4!


Во турбулентен период во и вон теренот, го пречекуваме тимот на Torino во натпревар кој може да нè однесе на прилично сигурни +4 на само 3 кола до крајот и да ни даде ас во ракавот за самиот финиш. Благодарение на комбинацијата среќа + Osvaldo, Roma ни направи одлична услуга синоќа и сега е на нас редот да си ја завршиме домашната работа.
Сега обично се почнува со она клише дека нема да биде лесно, дека Torino е незгоден противник и дека мора максимално сериозно да пристапиме но едноставно мора да победиме! Torino (па и било кој друг тим од Calcio) не е противник против кој треба да се плашиме и да правиме калкулации, мораме на победа!
За жал, единствената креативна нишка во тимот (Montolivo) е во аут веројатно до крајот на сезоната па до финишот на сезоната би требало да гледаме повеќе директна игра, побрзо префрлање на топката кај офанзивната тројка па евентуалната креативнист ќе ја чекаме во самиот напад. Во повиканите за мечот против Torino се наоѓа (според многумина природната замена за Montolivo веќе од следната сезона) Cristante и се надевам дека момчето ќе добие некоја минута на теренот, во второто полувреме.
Во недостиг на Montolivo, постои и можност од благо ретерирање од стандардната 4-3-3 во 4-2-3-1 затоа што немаме фудбалер кој може да нагази на топката во средниот ред. Како и да е, веројатно најголемата дилема ќе биде дали Boateng да игра во средниот ред или офанзивно по крилата. Од неговата позиција ќе зависат и останатите кои ќе настапат, особено во самиот напад. Balotelli е сигурен, El Shaarawy има проблем со зглобот па веројатно нема да биде во стартните 11. Можно е на негово место да добие старт Robinho, Allegri уште не сака да ги пушти Pazzini + Balotelli од самиот старт.
На крајот на краиштата, не се важни стартните 11, важна е победата!
Евентуалната (задолжителната) победа против Torino ќе нè донесе на +4 на 3 кола до крајот. Во тие 3 кола играме против Pescara и Siena во гости и против Roma, дома. Доколку победиме 2 од тие 3 дуели и математички сме на третото место и во ЛШ. Значи ни требаат 3 победи во последните 4 кола (вклучувајки го и ова денес).

P.S Постојат шпекулации дека Allegri е на чекор од 3 годишен договор со Roma и единствено неговиот потпис фали за се да биде затворено. Што мислите за ова? Дали тоа според Вас е добра или лоша вест? Дали воопшто верувате во оваа шпекулација и дали мислите дека би биле подобри без него (и со кого)?

Уште еден P.S, денес Juventus ќе ја прослави новата титула во Calcio. Сезона во која тимот од Torino беше убедливо најдобриот тим во Италија и сосема заслужено заврши на првото место. Честитки за Juventus Arena.