Translate

Sunday 21 April 2013

Станува ризично!



До 10тина минути пред крајот на денешните натпревари од Calcio, сите карти беа на наша страна. Сепак, Napoli победи а што е уште поопасно победи и Fiorentina која сега се наоѓа на само -1 од Milan а има многу полесен распоред до крајот на сезоната. Оние испуштени бодови во Firenza сега добиваат на значење. Milan мора да игра внимателно, сигурно и пред се, ефективно до крајот на сезоната. Вечерва играме на гости на Juventus Arena, меч кој освен резултатско има и друго значење, станува збор за гордост. Повторно ќе настапиме без Balotelli кој доби намалување на казната од 3 на 2 меча ама какво фајде кога тие 2 меча што ги паузира се токму против првите два тима на табелата. Pazzini, El Shaarawy и веројатно Boateng ќе се обидат да го начнат Buffon а зад нив шанса во првите 11 ќе добие и Ambrosini покрај Montolivo и веројатно Muntari. Во одбраната има една непознаница, позицијата лев бек. Ни треба еден добар резултат за повторно да ја вратиме самодовербата! Forza Milan!!!

14 comments:

Anonymous said...

Формата во која се наоѓа(в)ме не навестуваше ваков неповолен исход а тоа е да сме поблиску до 4тото отколку 2рото место.
Незнам што ќе биде вечер, влегувам со мала доза песимизам пред се поради 2те нерешени во серија и неиграњето на Бало.
Сеуште немаме пораз годинава а тоа мислам дека ќе им биде мотив плус на затворениците да не нападнат.
Мора да се бориме, мора да извадиме максимум од секоја ситуација, секој дуел па макар и тоа било борба за еден бод кој на крајот за нас ќе направи и те каква разлика.
Не сакам да се повтори сценариото од 2008мата кога извисивме на сметка на виолетовите.
FORZA MILAN !!!

Navigator said...

Одиме момци! За победа, за чест, за реноме, за ЛШ!!

FORZA GRANDE MILAN!!!

Navigator said...

Добро полувреме, активно, отворено, иако не премногу атрактивно. Нашите момци некако поактивни и според посед и според притисокот и според поизгледни шанси. Сепак, ова ми изгледа како реален резултат. Ако до крај ништо не се промени, можно е да не видиме гол до крај. Од играчите, Monti и SES за мене најдобри, иако и капитенот одигра на ниво. Pazzo плачи за измена уште на полувреме.

Одиме на победа до крај!!!

ReBorned said...

Да не беше глупоста на Abate, мечот најверојатно ќе завршеше со почетниот резултат. Редно време е Abate да поседи на клупа а De Sciglio да заигра на десен бек.

Navigator said...

Понекогаш не знам зошто ја догледувам утакмицата. Уште на пола саат до крај гледаш нема нема ништо да се случи, а јас напнат блеам во телевизор. Се е џабе кога нема желба и мотив. Второто полувреме беше без жар. Јас не видов дали еден од играчите сакаше да победи. У пичку матер, се повеќе ми се вртат низ глава муабетите од типот дека првенството е решено уште пред да почне. Се што се случува низ сезоната е само сценарио. Ич не сакам така да мислам, ама после вакви натпревари кај што не гледаш натпреварување...

Anonymous said...

Боа беше одличен во првиот дел а не толку во вториот. Доста активен, ама се на се натпреваров делуваше многу мртво.

ReBorned said...

Заврши овој распоред со тежок период. Сега следи период во кој МОРАМЕ да освојуваме 3 бода на секој натпревар се до оној натпревар против Roma во претпоследното коло. Кога ќе стигнеме таму, ќе видиме на што сме.

Anonymous said...

Само тоа ни останува во моментов, да гледаме напред. Дефинитивно треба да се остави зад нас периодов.
Моја прогноза беше 7-8 бода од овие 4 натпревари, што значи дека ако ја побидем Катанија (а мораме) повторно ќе погодам.
Значи од последниве 5 натпревари не смееме да си дозволиме пораз а ако сакаме да бидеме сеуште во игра за второто место мора да имаме минимум 3 победи и 1 нерешен исход.

ReBorned said...

Јас веќе го баталив второто место, гледам на третото.

Мораме да ги добиеме мечевите со екипи како Катанија (дома), Торино, Пескара и Сиена! Со Рома е тежок натпревар но и тој го играме на домашен терен!

Фиорентина веќе во следниот викенд игра тежок натпревар на гости со Сампдорија па игра дома со Рома и потоа сезоната ја завршува со екипи кои грчевито се борат за опстанок (Сиена, Палермо и Пескара).

ReBorned said...

Наводно... дури ми е незгодно ова да го напишам.

Наводно постои некоја мини, микро варијанта во која Thiago Silva би се вратил во Milan. Некоја луда варијанта која би го однела Boateng во PSG.

Факт е дека Thiago Silva никогаш не го преболи Milan! Тоа се гледа на секој чекор, тоа се гледа на секоја негова слика на Instagram и во секое негово интервју. Тој е во Франција нецела година а веќе 2-3 пати има доаѓано во Milano, тука дојде и на рехабилитација од повредата. Константно зборува за Milan и вели дека најголема желба би му било некогаш пак да се врати во Milano. Неговото семејство далеку повеќе го сака Мilano отколку Paris а и факт е дека односите во тимот на PSG се далеку од онаа хармонија што секогаш го краси Milan. Се шпекулира дека PSG ќе прави нова чистка (Ibrahimovic е во игра за Juventus). Од друга страна, Boateng е тип на фудбалер кој доколку потпише во PSG, ќе биде заеднички брак од интерес. Тој е тип кој сака рефлекторите да бидат константно насочени кон него (не само на теренот) а на PSG му треба Swag type of player.
Воопшто не се сомневам дека Thiago Silva со две раце би потпишал намалување на платата ако тоа значи враќање во Milano.

Сепак, воопшто не верувам во ова сценарио, толку ми делува безобразно убаво што не сакам да дискутирам а потоа да ми биде мака :)

https://www.youtube.com/watch?v=lO3C9uwSTkc

Anonymous said...

Lavezzi?

ReBorned said...

Lavezzi e пологично да замине во Inter.

Kole.22 said...

Со кого и зошто се кара Мунтари на видеото?

Anonymous said...

Со навивачите кои му се обратиле со "vaffanculo".
Пишувам пост.