Translate

Friday 10 June 2011

Шпекулации, шпекулации, шпекулации...

Полека но сигурно почнува летното трансфер лудило. Се вадат имиња од ракав и имиња за кои постои реална основа. Ние во ова летно трансфер лудило имаме 3 важни играчи, можеби најдобрите:







Епа со Gold Tie напред во нов БУМ на трансфер пазарот!!!

24 comments:

Navigator said...

кога ќе видиш реално, навистина ги имаме тројца од можеби петмината најдобри и најважни фудбалски трансфер фигури во Европа. тука, според мене би влегле и Valdano и Karl-Heinz Rummenigge. интересно лето не очекува без сомнение, иако со шпекулациите се започна уште пред освојувбањето на титулата и крајот на сезоната. јас не се осеќам доволно запознаен со мислењата и желбите на раководството, најмногу поради таа игра со новинарите околу можните нови засилувања. збунет сум максимано и незнам што да очекувам :) само се надевам на слично добар трансфер пазар како оној ланскиот. дури и се сомневам дали е можно подобро од тоа...

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

А кога ќе се исклучи Валдано оти доби клоца од Реал кога раководството требаше да реши меѓу него и Мурињо....
Мислев дека е подобро вака, да има пост за сите трансфер шпекулации, наши размислувања околу тоа и сл.
Да биде сублимирано на едно место...
Еве на пример јас мислам дека е можно (ова никаде го нема напишано, чисто моја идеја) на 31ви Август да завршиме со MLC (Hamsik) и неочекуван подарок од Берлу како Бињо лани (Pastore).
Колку и да звучи тоа лудо...
Fabregas ќе оди во Барса, тимот од детството... се зборува дека евентуалното 2 Non-eu место во Италија ќе одлучи дали ќе одиме на Гансо или Ламела (кој ќе добие ЕУ пасош за 1 месец).
Значи варијанти милион...

ReBorned said...

И една потполно (не) важна вест.
Милан го раскина договорот со Digao, братот на Ricky... од една страна фудбалерот кој го задржа Ricky доволно долго во Милан за да освоиме ЛШ и скудето но и од друга страна фудбалерот кој не’ спречи истото лето да го донесеме во нашите редови извесен Stevan Jovetic со кој во тоа време беше се’ договорено но во последен момент Ricky и неговиот татко Bosco Leite извршија притисок да го донесеме и малото братче во Милан и го искористивме тоа non-eu место на него.

Navigator said...

да, прочитав за небитната вест и морам да искоментирам колку нелогичен потег беше тоа тогаш. сепак лобито на Kaka беше доволно силно, но и надополнето со тогашните 19 години на Digao. кога се ангажира тинејџер, неможиш да зборуваш за трансфер грешка, па оставаш времето да покажи колку си бил во право. испадна класичен промашај...

Navigator said...

за друго, исто така небитно сакав да напишам нешто: Carleto Ancelotti. вчера (петок) му беше роденден и слично како и со роденденот на Кака, уште претпладне на сајтот на клубот се појави честитката. ми се допаѓаат таквите гестови на сајтот, се укажува голема почит. замислете како е да прочитате дека бившиот клуб пази на вашиот роденден, се сеќава и ви честита од се срце.
а како времето поминува, човекот се повеќе ми фали. незнам зошто... знам дека бев еден од најжестоките во неговите две последни сезони, редовно барав негов отказ, не ми се допаѓаше конзервативниот пристап и сето тоа, ама навикнав на тој лик, на тој прекрасен фудбалски ум, премногу тактички силен, на таа фаца што знаеше да се воздржи во славје, во најголемите моменти на радост да пушти само еден насмев онака "под мустак". и не е чудно што барем ние (кои сме приближно годиште) што сме израстени со Milan на Ancelotti, да ни е малку чудно кога го гледаме со знакот на некој друг клуб. на секоја грешка на Max сезонава, помислував како би било со Carlo сега, почнав да го пратам (ама не и да го сакам) Chelsea, одев дотаму што размилсував дали е изводливо некогаш во еден клуб е можно да има тренерски пар или тренерска комисија ко пред децении наназад. и знам дека е можда глупаво ова што го зборувам после една сезона каде е освоено Скудетото, а рака на срце на Carleto тоа му се случи само еднаш во 8-9 сезони на чело на клубот. но тоа е она што ме мачеше на некој начин откако експресно замина Leonardo. само се молев да не дојде период на чести промени, како во времето кога почнав да го пратам Milan и бев толку многу збунет што во 2 сезони се променија четворица тренери. пресреќен сум што некогаш ќе можам да се пофалам дека сум бил современик на тимови на Milan предводени од легенди од типот на Capello, Sacchi или Zacceroni, но и кратките блесоци на Terim, Cesare Maldini и уругваецот Tabarez. сепак, за мене, еден е Ancelotti и се што направи со мојот клуб. му посакувам скоро враќање во Италија, овојпат во Roma, неговиот втор фудбалски дом и btw една неуспешна сезона на Luis Enrique во Рим :)
Да не испадни дека само жалам по некое минато време и не ја ценам сегашноста, на Allegri му посакувам таква кариера, но со многу повеќе трофеи на San Siro.

BOUN COMLPEANNO CARLO, FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Бум!!! Stroppa си оди од Primavera!!!

ReBorned said...

Или подобро кажано доби отказ од Милан!
Дали ова значи дека Милан сака повеќе резултати на дело и во Primavera? Реално, Stroppa доби одличен тим, некои од најдобрите млади ѕвезди во Италија беа во тимот на Милан или донесени од други екипи. Беа вложени суми за паметење во младински состав. Сепак, немаше достава на Скудето (и покрај тоа што беше освоен купот). Повеќето познавачи на фудбалот се согласуваат дека Милан во Primavera индивидуално го има еден од најдобрите состави во Италија со некои фудбалери кои особено се талентирани. Сепак честопати имаше проблем сите тие таленти да се вклопат во заедничка игра а тоа е нели работа на тренерот. Веројатна замена на Stroppa e Aldo Dolcetti.
Инаку Милан продолжува со прибирање на кремот од младиот фудбал особено во Италија. Galliani потврди дека за следната сезона во сениорскиот состав на Милан ќе има 4 млади фудбалери а меѓу нив е и Mattia Valoti. На лето е договорено доаѓањето на Mattia Valoti од Albinoleffe кој се чини директно ќе влета во сениорскиот состав иако има само 17 години. Момчето сезонава дебитираше во сениорскиот состав на Albinoleffe а неговиот тренер изјави дека Милан направи извонредно интелигентен потег со аквизицијата на Valoti и дека момчето во својот стил на игра многу потсетува на Pastore.

Navigator said...

хммм, ај вака да видиме на работите...
се очекуваше трофеј од младинците, затоа што таму беа вложени добри пари. и според мене во право е управата со отказот на Stroppa.
НО, дали Milan primavera е еден од најдобрите младински состави? кога ќе си наброиме играчите што ја играа цела сезона за младинскиот тим, ќе изброиме доста квалитетни играчи кои ние ги познаваме. ама кога ќе ги исклучиме Strasser и Merkel кои многу малку придонесоа за primavera, остануваме со само неколку пошироко признати таленти. под "пошироко признати" мислам на младински репрезентативци, што добрите и запазени игри ги претвориле со настапи во националниот дрес. инаку како би процениле колку некој играч е навистина добар? секоја екипа има свои најдобри играчи, но тоа не значи дека тие навистина се квалитетни. оние кои луѓето навистина ги препознаваат и ценат од овој состав на Stroppa беа: Albertazzi, Beretta, Calvano и можеби Fossati. но ако зборуваме дека играчи од светска класа се De Vito, Ghiringhelli, Verdi, Piscitelli, Ely, Carmona, Di Fabio, Novinic итн., мислам дека се залажуваме. отворете го составот на било која младинска италијанска селекција или гледајте еден нивен меч. таму нема да најдете повеќе од два фудбалери од овој состав. еве земете го примерот со составот кој играше на турнирот во Toulon што заврши вчера. единствен играч на Milan беше Paloschi, кој само што се врати кај нас.
можеби некој ќе рече дека играчите што ги набројав се премногу млади за да бидат забележани, но не заборавајте дека репрезентациите имаат селекции од U-17 до U-23. надпросечниот талент и квалитет секогаш мора да излези на површина. во нашата primavera го има, но се плашам дека малку претеравме и воо фалењето и во очекувањата.
во секој случај, го поздравувам тоа што се правеше и се планира да се прави во младинскиот сектор, за еден ден да можиме да кажиме дека имаме школа за пример, која сама ќе дава првотимски квалитет и значително ќе ја олесни работата на The Gold Tie Hero и неговите наследници.
FORZA PRIMAVERA, FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Еве интересна статија околу тоа што го дискутиравме вчера...

Anonymous said...

Предлагам да го зееме Диркенштајн

ReBorned said...

Полицијата спроведе истрага во фудбалските клубови Милан и Интер откако било дојавено дека банда провалила во нивните простории. Од просториите на Росонерите се украдени 7 трофеи од ЛШ, 18 трофеи од Серија А и 5 трофеи од Италија купот, а ...од просториите на Интер се украдени 2... тостера, апарат за кафе и фен за коса.

Navigator said...

Одлично Ри, одлично :D:D:D

ReBorned said...

Момци не спијте, се случуваат големи работи во Via Turatti!!!

Merkel оди во Genoa co-own а ние го земаме Il Piccolo Pharaone!!! Во моментов!!!
Сите го сакаме Merkel и ќе ми биде жал што ќе оди во Genoa ама незнам колку знаете за El Sharraway! Убедливо најголемата надеж на италијанскиот фудбал, ги има поминато сите младински категории, идол му е Kaka а омилен тим Milan! Момчето на свој грб ја носи Padova на чекор на Serie A. Го бараат многу екипи, Printer и Jube но ние сме побрзи!
Едвај чекам да биде официјално за да му посветам посебен пост.
Ова е win-win ситуација за Milan. Му овозможуваме сезона со многу натпревари во нозете на Merkel а го земаме кремот на италијанскиот фудбал на само 18 години. За Merkel добиваме 5 мил. за co own а ние даваме 7 за co-own за Малиот Фараон. Значи за 2 милиони евра ја победуваме конкуренцијата и носиме извонреден, потенцирам ИЗВОНРЕДЕН млад фудбалер во Milan а во истовреме му овозможуваме full сезона со многу натпревари во Serie A на друга наша голема надеж која доколку се развива како што очекуваме ќе можеме да си ја вратиме назад за година или две за 10тина милиони. Значи за 15тина милиони (и тоа идни пари) во раце имаме два дијаманти на фудбалската игра.
Колку за илустрација едно видео од момчето со една забелешка од мене:
Неговиот пласиран удар со десната нога = Фудбалски оргазам!!!

Anonymous said...

Принцови,Фараони... се си имаме :)
Дефинитивно добар бизнис е ова, уште повеќе ги зацврстивме и онака добрите односи со Џенова.
Ќе го биде детево осеќам!
FORZA MILAN !!!

ReBorned said...

Уште не е ништо договорено до детали, ќе се сретнат пак деновиве.
Сега се кршат копјата околу тоа дали веднаш ќе дојде во Милан или ќе остане во Џенова...

Navigator said...

со El Shaarawi првпат се запознав на FM09 како голем талент што го купив и на 23-24 години ми беше еден од главните играчи. оттогаш, одвреме-навреме проверував што се случува со неговата кариера и ми беше мило кога гледав дека е повикуван за буквално секоја селекција на младинската репрезентација. подоцна излегоа и некои видеа на youtube за да можеме и подобро да го запознаеме. сум среќен што Milan е најконкретен во напорите да го ангажира, но за нешто и сум загрижен.
во последно време со него се прави она што според мене е погрешно со младите играчи - се прави ненормално голема бука за него и со тоа се става огромен притисок на неговиот грб. мислам дека ова упорно спуштање на таа годишна граница каде во борбата за талентите е веќе апсурдна. од една страна деца од 16 години стануваат супер-ѕвезди, а од друга страна играчите се почесто се пензионираат после 40тата година.
и уште една работа. не викам дека е лошо, но не сум сигурен дека ја разбирам логиката Merkel да се прати во Genoa на co-own, а El Shaarawi да биде во првиот тим со минимална или никаква минутажа. зар не е тоа исто кога Alex би останал кај нас и би добил поголема минутажа од лани, а фараонот да продолжи во неговиот клуб и таму да има доволна минутажа. Merkel е поспремен за прв тим, тоа сакаат да го кажат? тој треба да има поголема првотимска минутажа од Shaarawi, нели? незнам дали добро разбрав...

ReBorned said...

Работата е во тоа што Merkel игра на позиција на која се доста добро екипирани (The Boss, Urby, Ambro, Gatusso, Flamini, Seedorf па и BOA, сите тие имаат предност пред него) а од друга страна Il Faraone игра нешто понапред, AMC каде што единствено ни игра BOA.
Ако на ова се додаде фактот дека јас лично очекувам Cassano да си замине летово, таму сме потенки. Од друга страна, детето е на мета на огромен број екипи и ако не го ставиме сега „под суво“ веројатно е и да не го дочекаме да го видиме во нашиот дрес. Значи на ова не треба да се гледа како аквизиција за во моментот, повеќе како аквизиција за во иднина. А тоа што Merkel e пратен во Genoa, тоа воопшто не ме загрижува мене. Од една страна тој ќе добие поголема минутажа таму отколку тука, од друга страна тоа била мамката или ако сакате повеќе цената на која Preziosi требаше да се фати за да го отстапи Il Faraone. Лично сметам дека постои некој џентлментски договор меѓу The Gold Tie и неговиот колега и воопшто не се сомневам дека и ако Merkel распали во Genoa ние повторно ќе можеме без поголеми проблеми да си го вратиме назад со некоја (верувам повеќе или помалку однапред договорена) цена која што ќе биде награда за Genoa поради тоа што му овозможила првотимски статус, многу повеќе одиграни минути во Calcio и со тоа директно влијаела на неговиот развој како фудбалер. Не заборавајте и на т.н Mister X, тој ќе биде повторно фудбалер од средината на теренот и многу веројатно и тој ќе биде во редот на оние фудбалери што ги набројав погоре а кои ќе бидат пред Merkel во хиерархијата за настап. Затоа јас лично сметам дека ова е добар потег и за Merkel и дека Milan со посебно внимание го има испланирано и другиот дел од трансферот. Инаку Alegri не бил баш расположен за заминување на Merkel, тој е негов љубимец но некогаш мора да се плати одредена цена за да се добие нешто. Во оваа ситуација сметам дека ова е фер цена и за двата табора со тоа што Milan е во предност бидејки доколку Merkel се развива онака како што се очекува од него ќе може лесно да го врати на San Siro со поголемо искуство и квалитет во спротивно... не губиме ништо.
А фактот што Galliani е спремен да одвои сума за Il Faraone која е речиси еднаква на сумата за која го откупи Prince доволно зборува за тоа колку тој верува во ова младо момче. А знаејки го The Gold Tie Hero и неговата стиснатост, скржавост кога станува збор за цените на фудбалерите... таа негова верба мене ми е сосема доволна!
Forza Milan!!!

ReBorned said...

На 28ми Јуни ќе се кршат копјата околу второто non-eu место во Calcio.
Сите значи, очекувања и надежи укажуваат дека по само 12 месеци ќе се врати повторно стариот систем т.е ќе има 2 места за фудбалери надвор од ЕУ по сезона.
Сите екипи со нетрпение го очекуваат овој датум од кој им зависи во која насока ќе се движат трансфер стратегиите.
Milan го очекува 28.06 и Ganso...

ReBorned said...

Ептен ве нема никаде...
продаваме, купуваме, шпекулираме Вас ве нема...
Астори во Каљари, решивме уште некои 50-50 и така...

Vase_AC Milan said...

Нека им е со среќа борбата за опстанок на комшиите,ах Хозе што им направи ги осакати.
За Астори најголема грешка што може да се направи освен ако до година не го земат Давид Луиз или Сако или некој талент како ИЛ МОНСТРО.

Navigator said...

Gian Piero Gasperini е надежта на Moratti?? пфффф, аххахахахахахахаха...
извинете ама неможев да се воздржам :) среќно комшии!

Navigator said...

и едно големо BENVENUTO за El Shaarawy. после горчливата вест за Astori, ептен убаво ми дојде ова. и секако... се гледаме догодина Merkel!

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...
This comment has been removed by the author.
Anonymous said...

Во минатото вака не се третирале младите таленти а посебно одбранбените играчи(подалечно минато).
Наликува како да ја губиме онаа ДНК на Милан, младите италијанци бегаат, а овие другиве стареат.
Гасперини сега за сега а нашето најголемо засилување :)
Но да не судиме прерано...
FORZA MILAN !!!