Translate

Saturday 16 October 2010

Back to the business!

Се враќаме на Калчото! После репрезентативните настапи во кои уште еднаш се потврди познатата на Цацко „Ах бре Македонче“ се враќаме на оној фронт на кој што сме повеќе компетитивни, Милан! Следи турбулентен период, т.н лесен распоред полека но сигурно е зад нас и во следниот период имаме еден куп тешки натпревари. Вечерва играме со Киево, веднаш потоа се враќаме на Бернабе од каде што минатата сезона си заминавме со полн плен, фантастичен гол на Пирло и brace на Пато. Потоа следуваат неколку дерби натпревари... Сепак, пред се’ Киево!
Екипа која изненадувачки или не, се наоѓа во самиот врв на Калчото и која секогаш е опасна кога напред го има Пелисие. Покрај него тука е и Мантовани, Лучијано и уште неколку фудбалери кои можат да бидат проблематични за секоја екипа во Италија.
Кај нас за прв пат сезонава речиси целиот тим е на располагање на Алегри. Од оние на кои сериозно се смета не е повикан само Амброзини кој сеуште се опоравува од повредата. Изненадувачки брзо се рехабилитираше Абијати и веројатно е вечерва да биде повторно на голот (иако еден мал дел од мене сакаше Амелија да дебитира меѓу стативите). Алегри по се’ се чини не сака многу да калкулира и ќе оди со најдоброто во моментов.

---------------------Абијати

Замброта--------Неста-----ТС--------Антонини

-----Гатузо----------Пирло----------Сидорф

-------------------Роналдињо

----------Пато-----------------Ибрахимовиќ

Со тоа што можна е промена на бековската позиција, Антонини ако игра ќе биде со маска на лицето (поради скршениот нос), доколку не игра Замбро ќе биде LB а Абате RB.
Алегри полека но сигурно го наметнува својот авторитет (тоа може само да радува) и по одличниот тест против Парма ќе го уфрли Дињо повторно на AMC. Деновиве Дињо тренирал константно на таа позиција. Ако до минатата сезона бевме жртви како епика на желбата на Дињо да игра исклучиво како AML и дури и еден Леонардо не можеше да го промени тоа, сезонава е нешто друго. Алегри рече дека некогаш повторно ќе се игра со 4-3-3 во зависност од играта на секој противник. Ибра и Пато по подолго време (или ако сакате поточно по второто коло) повторно ќе играат заедно. Време е да се подмачкаат клиповите на машинеријата. Само да не се сопнеме, тоа освен 2 (или 3) загубени бода ќе значи и губење на самодовербата пред Мадрид!
На трансфер пазарот многу шпекулации, од Давид Луиз преку Контрао па Сисоко (во меѓувреме во Лион му ги исчистиле забите од забен камен, истите биле полирани а подоцна и пломбирани).
Доколку се интервенира во Јануари тоа би било најверојатно на бековската позиција а на лето со сите сили кон Давид Луиз.
Епа Forza Milan!

P.S Не си играјте со Чак Норис, со него не си игра никој па дури ни Берлу!!

22 comments:

Vase_AC Milan said...

На сликава треба да е Галијани со штаките хахаха
Не гледам ништо друго освен победа вечер

FORZA MILAN

ReBorned said...

Ама не е Галијани тој што ја мерка Ms. Obama ;)

Vase_AC Milan said...

Абе како пријател на Берлу тој се жртвува за него :))))

ReBorned said...

MILAN: Abbiati; Zambrotta, Nesta, Thiago Silva, Antonini; Gattuso. Pirlo, Seedorf; Ronaldinho; Pato, Ibrahimovic.

Vase_AC Milan said...

Добро добро,навистина добро изиграа.Секоја чест за Пато - Il Fenomeno :))))
Со оваа формација сите имаат поголем радиус на движење а нападот едноставно е незапирлив.Многу ми се допаѓа новата улога на Дињо (незнам кој го натерал да игра таму но алал да му е) многу сме опасни така, Пато може да нападне во контра од секоја позиција, а Ибра си е Ибра на секоја утакмица ја покажува неговата беспрекорна класа.Сите добро работеа денска и со правилни измени успеавме да го зачуваме водството значи и Алегри почнува да го наоѓа балансот на екипата.
Е сега повредата на Тиаго не ме радува ама баш ич.Викаат дека нема оштета на лигаментот и дека ќе пробаат да го оспособат но сепак сигурно е дека ќе биде неизвесен до самиот старт.....штета.Според мене треба да го замени Ониеву или евентуално Папа за да можат да се носат со силата на шиникот (Роналдо) и компанија и пред се нивната брзина.Ако Бонера игра стопер нема да ја гледам утакмицата.Беше што беше денес освоивме очекувани 3 бода а сега на ред се кралевите.

FORZA MILAN VINCIAMO TUTTO

ReBorned said...

Forza Forza ами како!

ReBorned said...

The medical director Rossoneri Melega told Mediaset: "He suffered a slight ankle distortion, it is early to talk of Madrid. We'll see tomorrow. Abbiati has instead had an adductor strain. He finished with a little 'discomfort and no more "

ReBorned said...

Тиаго Силва е меѓу повиканите за натпреварот во Мадрид...

Navigator said...

добра утакмица, важна победа..не сум скроз задоволен од сите играчи, ама најбитни беа трите бода..дури и можеше да биди и поубедливо и порелаксирано до крајот..велам не сум до крај задоволен заради на моменти незаинтересираноста на некои од играчите..пред се мислам на Ibra и Seedorf..многу ноншалатно понашање на 2:0 за по некое време веќе да браниме минимално водство..свесен сум за уморот кај голем број играчи, особено на оние што играа и квалификации, меѓутоа Mılan годинава не е она што беше неколку години..екипата има клупа со играчи кои се одлична замена за која било позиција..ако Seedorf неможеше да повлечи напад, тука беше КРВ..на Allegrı сериозно му завидувам за бавното реагирање на измените..тоа беше критиката...
се друго ми се допадна..старо-новата улога на Dınho, соработката на Pato и Ibra, првенецот на Bınho, да не речам преродбата на Gattuso, стандардниот Pırlo, стабилноста на одбраната..а за Кичо огромно браво за брзото опоравување и предобрата интервенција по двата шута на Constant и оној Granoche..ќе ни треба таква изведба и во вторник на Bernabeu..а ќе ни треба богами и ТЅ, мада сум скоро сигурен дека ќе игра..
честитки за сите во клубот за одржувањето на супер позитивната атмосфера, а на Ри за атмосферата на блогов :) за два дена не чека, според мене, најдобриот ростер на светот, заедно со најдобриот тренер на светот..страшно изгледаат, ама убеден сум дека и тие стравуваат, особено по она лани..
на крај краева, така и треба да биди оти во вторник на исто место излегуваат двата најтрофејни тимови во Европа..ќе биди уживање дефинитвно! јас го очекувам истиот состав и против Real, а очекувам и ист резултат :)

росонерски поздрав... FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

И тоа беше Навигатор со исцрпното излагање директно од Сантијаго Бернабе во очекување на дуелот на Титаните!
Со нови информации во нашето следно вклучување во живо!
Благодарам

Vase_AC Milan said...

Шо е работаа 1.50 коефициент за Реал???? И лани вака беше па на крајот го игравме прасето на Бернабе

Navigator said...

ако ако нека е 1.50, само да биде како лани :)
инаку голема дупка во одбраната ќе биди неиграњето на ТЅ..штета за него и за цела екипа, особено страшно кога ќе се види нападот на Real спремен за вечерва..затворањето на брзите крила мислам дека ќе биди клучно..ама имаме ние лек за се..
Mourinho како и обично кога е напнат почнува да провоцира, а Massimo наш мудро молчи..уште попаметно е неризикувањето со ТЅ, да не ни се случи како тогаш со Pato..другите делови од екипата ќе бидат исти како и во Саботата, освен Кичо, ама тоа и не е некако голема загуба со оглед на неговата замена..Amelia конечно ќе дебитира на официјален натпревар и мило ми е за него..да би бил јас на местото на Massimo, искрено би почнал со КРВ на место со Seedorf заради ефектот..ама знам дека искуство си е искуство, башка авторитет и бивши клуб од спротива..во секој случај мора да има место и за Prince вечерва..
на крај само да им посакам многу среќа на дечките и на крај сите заедно да прославиме уште една огромна победа на Bernabeu..
се враќаме назад во студио со Ри :)

ANDIAMO RAGAZZI!!!FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Се враќаме се враќаме кога ќе ве подберам сите мрзи едни! Само што влегувам дома од работа и гледам нема пост за вечерва?!
Засрамете се! Само евентуален позитивен резултат вечерва може да ме натера да ви простам...

ReBorned said...

Аааааа да и уште нешто пред самиот почеток... Чувствувам дека вечерва е можно Амелија да го реши натпреварот или со блескава партија или со киксови, тежок товар во неговото деби за новиот тим!

Vase_AC Milan said...

Срањето го гледавте ли што ни го приредија нашите миленици???
Абе Депортиво ако изгубија 6-1 барем гол дадоа и поубаво изиграа од нас.Срам да им е за залагањето и се што не требаше да прават вечерва направија и играа сосем различно од тоа што сме навикнати да ги гледаме.И уште нешто само нека не го пријавуваат Ониеву Бонера ќе си игра 100% гол дава СЕЉАК

kiko_pato said...

Зошто никаде ве нема... не сме активни на блогов, не дека бевме претходно многу активни ама пак го одржувавме во живот, имаше теми за разговор... а сега? сега сите не мрзи да напишеме по неколку збора да ги кажеме нашите мислење( со исклучок на некои, иако и тие во последно време ги нема ) јас лично секој ден го отворам блогов по неколку пати и кога ќе видам дека нема никаква активност, се разочарувам и не пишувам ништо, ама сакам повеќе да не биде така... на нашиот Милан му следи сега тежок и интересен период каде што во лигата по ред ни доаѓаат подобри екипи како Јуве,мерда,Фиорентина,Палермо,Сампдорија а и во лигата на шампионите моменталната ситуација не ни е завидувачка имаме 4 поени(исто колку и Ајакс) а Реал имаат 9... така да за прво место ја мислам ни се изгубени секакви шанси затоа што Реал годинава е стварно добар со Мурињо а и второто место не ни е најсигурно затоа треба овој период што доаѓа момците да се покажат во најдобро светло и мислам дека многу ќе ни зависи сезоната од овој период сега што допрва доаѓа... за во Понеделник ќе има некои измени во составот , па дајте да покоментираме што мислиме околу утакмицата со Наполи кој состав би било најдобро да биде избран??? да бидеме малце поактивни...



FORZA MILAN!

kiko_pato said...

Значи џабе го напишав и постот... :S

ReBorned said...

Со судни маки победивме на екстремно тежок терен.
Патката се лигави ала Дињо
Робињо играше и напред и назад, браво!
Абијати одличен, КПБ трчаше насекаде а Сократис оди во крајности... или е катастрофа или е одличен, не е стандарден.
Сепак ќе повторам, тешки три бода, тешка победа на тежок терен за игра, место каде што нема многу екипи да си заминат со 3 бода!

CurvaSud_Milan said...

Патката е влезен во некој многу тежок филм, или нека илегува побрзо од филмот, или нека дадат тие арапите 60, 70 'банки' и нека се мани од Сан Сиро! ...затоа секогаш го обожавав, го обожавам и ќе го обожавам Шева! и во зенитот на формата кога беше никогаш не се ку*чеше како малиов што мисли дека Господ го фатил за м*да!

Секоја чест на сите бразилци за фудбалското знаење, али ни е еден од нив не се покажа како човек со квалитетни карактерни особини, кои патем се мн важни и на теренот, но и надвор од него! Единствен исклучок е Кака кој може да им биде пример на сите!

ReBorned said...

Кафу? :)

Vase_AC Milan said...

FORZA MILAN со ваква игра далеку ќе стасаме само напред FORZA RAGAZZI

CurvaSud_Milan said...

...и Кафу и толку. :) ...да да, со ваква игра ако се лажеме ќе стигнеме далеку. Со каква игра бе друже? со таа со која цело второ полувреме стравувавме дали ќе примеме гол од екипа со играч помалку? Со таква игра каде што 45 мин. неможвме да ја спуштиме топката на земја и да ја пимплаат лево десно, туку после првиот пас кај нив беше топката? Со таква игра каде наместо кај нас да беше поседот и ние да напаѓавме, а нив единствена опција да им беше контра нападот, беше обратно?!

...сега може ќе речете они фрлија се на една карта и мораа да напаѓаат! да, во ред, во таков случај требаше да им дадеме барем два гола во второ, а не еден и тоа и тој со судни маки.

Среќен сум што си заминавме со три бода од вака жежок терен, ама далеку од среќен што неможеа да воспостават ама баш никаква контрола врз играта кога имавме играч повеќе, и впрочем гол дел од работата не зависеше од нас, туку од среќата.