Translate

Sunday, 25 July 2010

PRE-STAGIONE!!!










Од денес почнува новата сезона за нашиот Milan!
Подобро речено денес почнува подготвителниот период исполнет со неколку натпревари и тоа, освен денешниот, воведниот натпревар против Varese, сите со ептен квалитетни екипи..традицијата ни го наложи токму Varese како прв противник во меч на кој ќе дебитира новиот тренер на rossoneri-те Massimiliano Allegri..го запознавме и него изминатитот месец, меѓутоа само површно, а од денес па натаму (се надевам и му посакувам уште многу години) ќе ја запознаваме и ќе пробаме да ја разбериме неговата филозофија за фудбалот..негово си е да работи и да носи резултати, а наше си е да коментираме околу неговата и работата на играчите..затоа се надевам дека ќе почниме уште вечер, со првиот натпревар од 10/11 (пред)сезоната..ја разбирам неактивноста на блогов поради одморите, ама од денес почнуваме заедно со il nostro Milan и веќе ништо не е исто :)

Сигурен сум дека го знаете, ама морав да го истакнам распоредот за постот да биди комплетен:

Luglio 25 a Varese: Varese - Milan;

Luglio 31 a Londra: Emirates Cup: Arsenal - Milan;

Agosto 1 a Londra: Emirates Cup: Milan - Lyon;

Agosto 7 a Detroit: Milan - Panathinaikos;

Agosto 13 a Bari: Trofeo Tim (Milan, Inter and Juventus);

Agosto 22 a Milano: Trofeo Luigi Berlusconi: Milan - Juventus;

Agosto 25 a Barcelona: Trofeo Joan Gamper: FC Barcelona - Milan.


FORZA MILAN, SEMPRE CON TE!!!

Thursday, 1 July 2010

RITORNO A MILANELLO!!!



Со привршувањето на мондијалот, интересот на фудбалската јавност повторно се враќа на новините на клубско ниво..не очекува можеби најинтересниот период, оној после некое СП, кога се очекуваат доста бомбастични трансфери на европските гиганти..вбројувајќи го и Milan меѓу нив, ние како навивачи на најтрофејниот клуб на сите времиња, имаме свои очекувања, барања, желби...
меѓутоа на другата страна (буквално на другата страна, заради популарноста помеѓу навивачите и нивните конфронтирања) го имаме најтрофејниот претседател на клуб (никако во политичка смисла) на сите времиња, истотака..дефинитвно најзаслужниот за успесите на клубот изминатите 20 години, но и дефинитвно најзаслужниот за губењето на сјајот и имиџот на клубот последните 5 години..човекот го сака, абе го обожава Milan и тоа е несомнено, ама уште 25 години на чело со него!?, не Silvio, фала ти..незнаеме кога ќе му текни дека е доволно или не е тоа што го дозволува како трансфер-буџет..никој што го прати денешниот фудбал не е толку наивен и сите знаеме дека се потребни многу пари за да одржуваш клуб во европскиот крем.. меѓутоа страшно е ако самиот газда мисли дека со изјавите за „најтрофеен клуб“ или „екипа полна со шампиони“ ги смирува навивачите и го извлекува бесот од сушните сезони..се работи ли само за циклус? некои ќе го наведат токму тоа, меѓутоа јас нема да се сложам..Milan зависи од волјата на еден човек, кој btw е непредвидлив и секако од неговиот политички, да не речам државнички успех..
преку управата доаѓаме и до еден нов лик во клубот, тренерот Massimiliano Allegri..бивши тренер на Cagliari, добитник на Panchina d'Oro за лани и толку..ни тргна со неискусни и млади тренери, ама ваљда нема да ги менуваме на секоја година..без оглед на репутацијата на новиот тренер, не би било добро да ја критикуваме ни одлуката за негово назначување, ни него лично се додека не почни да ја обавува својата работа..штета што првата активност на Allegri беше изјава дека клубот има доволно добра и конкурентна екипа..треба да знае дека тоа навлекува бес од фановите!
и како на почетокот на секоја од последните неколку години, а особено по заминувањето на Carlo, ние се надеваме (подобро, се палиме) на искористување на бисерите од младинскиот погон..кај да е, тоа ќе мора да се случи за брзо време и тоа не дека на некој конечно му текнало, туку поради играчкиот дефицит, предизвикан од нашата неактивност на пазарот..видовме и лани дека кога има 4-5 повредени играчи, тренерот е принуден клупата да ја пополнува со младинци..тоа е голем проблем на Milan...
значи нов тренер во нова сезона, со ново Audi Q7 :) На 20ти Јули е стартот на припремите, а првата проба е на 31ви Јули кога почнува Emirates Cup со уште Arsenal, Celtic и Lyon..првенството започнува на 28ми Август..



и уште на крај, за единствениот in-трансфер кој што се случи во клубот - го добивме на позајмица Marco Amelia со опција за трансфер потоа, што по мое мислење е одличен избор..тврдам дека е подобар избор од Storari, кој си замина во Juve и супер конкуренција за Abbiati..се навестуваат уште нови имиња од кои едно супер-засилување, ама нас веќе никој неможи да не прелажи и веруваме само на comunicato ufficiale! ќе прочитаме уште мал милион шпекулации летово, оти Milan е голем клуб и секогаш интересен за публиката..уште да ја докажи големината... да ја докажи papa Silvio, не да ја прекажи!!

FORZA PER IL NUOVO MILAN!!!