Малку е нелогична пасивноста на блогот во вака битен период за клубот, меѓу два настани кои барем јас долго ги чекав.. првото се разбира е враќањето во лигата на шампионите а второто и засега поважно е il derby della Madonnina.. за ждрепката на групите во CL нема нешто посебно да се кажи освен тоа дека се наоѓаме во, по мене, најсилната група со страшни противници и искрено мислам дека ќе биди ужасно тешко да се избори место во топ 16.. Real со страшниот состав, Marseille кој е моментално најдоброто од Франција и Zurich – нималку наивен противник, ќе бидат прав тест за спремноста на дечките на Leo и за тоа дали одамна отпишаниот Milan можи да “изненади” и да повтори некој од своите големи успеси во Европа.. лигата почнува за 3 недели и има време и за прогнози и за анализи, па затоа повеќе место сакам да оставам за она што ќе се случува утре вечер на San Siro..
Несомнено најголемото дерби на Италија, ај да не речам најголемото светско дерби.. Leo вчера не измисли топла вода кога рече дека во ваков натпревар буквално се е можно и никој неможи да го предвиди расплетот и е сосема во право.. можиме само да нагодуваме, навивачки и пристрасно да прогнозираме, да ги прегледуваме формациите и да се расправаме кој имал подобар состав, да се надеваме дека ние сме владетели на Милано, ама едно е сигурно – тука никогаш нема фаворити и аутсајдери, подобри и полоши... нијанси го одлучувале скоро секое дерби ( освен она не така давното 6:0) :)
Утревечер нова битка од вечната војна за градот, можда за некој посиромашна од ланските, без некои од симболите на тимовите, ама во секој случај со нов шмек и старатата напнатост.. овојпат нема да се замарам со составите, се е тука прашање на детали.. само Таа, La Madonnina, секогаш смирено и неутрално ужива во дербито и ги бележи (не)успесите на нашите или вашите.. ако сме реални треба да очекуваме изедначеност до максимум во секој сегмент од играта.. ама не би биле прави rossoneri ако не речиме дека ќе ги згазиме, дури и ќе ги понижиме душманите.. нема некој од нас шо несака да го види “the special one” со неговата merda на колена.. за мене нема нешто поголемо и повесело од победа над Inter.. и ќе го дочекам тоа уште утре, верувам и осеќам!! по којзнае кој пат нека видат кој е кој!!!
MILANO SIAMO NOI, SOLO NOI !!!