На едно коло пред крај на сезоната не можев да се сетам на поинаков наслов. Особено во ситуација кога Милан по којзнае колку години се наоѓа на прагот да не влезе воопшто во Лигата на Шампионите. Не знам како се чуствуваат другите навивачи на клубот, но јас сум мноооогу на*урчен и ова што го пишувам е лично мое видување на се што се случуваше сезонава. Немам намера да правам ретроспектива, пошто и онака се трудам пола од утакмиците да ги заборавам. На кратко сезонава Милан беа мизерија, а и таа една титула што ја освоија за мене нема никакво значење. Дајте ве молам светско клупско првенство. Па има ли стварно некој што се ложи на таа заебанција. Со прваците од Африка, Азија, Австралија... уште пингвини фалат како претставници на Антарктикот. Јужна Америка не ја мешам, зошто единствено екипите од тој континент вредат. Секако тоа воопшто не придодава на значењето на турнирот и освојувањето на тој трофеј беше единственото оправдување за мизерната сезона. Демек учеството на тој турнир им ја исцеди енергијата на нашите пулени, па немале сила за нешто повеќе.
Зошто тоа не го прифаќам како оправдание? Добро организиран клуб како Милан, мора да биде подготвен за цела сезона. Серие А, Куп на Италија, Светско клупско, Лига на Шампиони... Уште пред почеток на сезоната сите знаевме какви предизвици го чекаат Милан и дека со тој играчки кадар не може да се играат толку многу утакмици. Значи потребни се засилувања. А засилувања не дојдоа, освен Пато, кој до јануари немаше право на настап. Значи управата на клубот свесно не направи ништо за да го засили клубот, а после следеа оправдувањата, дека се уморни, дека немаат сила за нешто повеќе, дека Токио ги исцрпи итн. да не набројувам понатаму. Во целава оваа сезона, само една работа стана јасна - дека овој Милан нема сили за подвизи. По неколку стварно фантастични сезони, врвот го достигна со ланското освојување на ЦЛ и после тоа следи пад, кој за мене е понижувачки. Неизбежни ми се споредби со други големи клубови, како Реал, Манчестер, Барса... кои иако се секогаш во врвот на фудбалот, секоја сезона си купуваат по неколку играчи. Нема тука ударање во гради, најдобри сме и не ни требаат засилувања, тоа е само синдром на Милан. Затоа и не сум оптимист дека наредната сезона ке гледам ЦЛ. Затоа и Милан пропушти да земе неколку квалитетни играчи и затоа сега сме навлечени на Броки, Емерсон, Фавали, Џилардино, Дида, Калач, па и Кафу и Сержињо ќе ги спомнам, зошто и нивните најдобри години одамна поминаа. Да имаш играч од калибарот на Кака и да не освојуваш титули, за мене е срамота. Околу него треба да се гради Милан. Фали само подршка од неколку млади и квалитетни играчи со победнички менталитет. Искуство има, само младост и енергија фали.
Јас сум еден од тие што цврсто веруват во тезата дека на сите добри работи им доаѓа крајот. Баш таа теза може и мора да се примени во случајов. Се изнагледавме убав фудбал, се радувавме на трофеи, финалиња, ама толку беше од оваа генерација на Милан. Јас сум за тоа побрзо да се пензионираат некои структури во клубот, додека ги памтам по добро, зошто нема да издржам уште една неуспешна сезона.
Кога веќе тргнав со промени во клубот да се доискажам до крај. Не е тајна дека би почнал од тренерот. Никогаш не сум бил фан на Анчелоти иако не можам да му замерам за ништо. Успесите доволно зборуваат за неговата работа. Сепак со Мурињо слободен и без ангажман, не би се двоумел да го ставам за нов тренер на Милан. И сам има неколку пати изјавено дека сака да се врати во фудбалот и тоа во голем клуб, па мислам дека подобар момент од ова нема. Можеби не негува атрактивен стил на игра, ама знае да го извади најдоброто од секој играч. Плус ќе им насади на нашиве победнички менталитет, нешто што сезонава дефинитивно им недостасува.
Голманското трио би го мењал у пакет, ако има потреба уште сега јас ќе отидам и тројцата ќе ги спакувам, само да се мавнат од клубот. Е сега тука имаме проблем, пошто не знам голман кој би бил available и достоен да го носи дресот на Милан. Артур Боруч од Селтик е една од опциите кои ми се мотаат низ глава.
Одбрана - на кратко:
Малдини - пензија со сите најголеми почести, легенда на клубот.
Кафу - пензија,
Фавали - пензија или клоца
Сержињо - пензија,
Шимиќ - клоца,
Каладзе - би го задржал како резерва, никако за прв тим.
Ова би значело скоро целосна реконструкција на одбраната. Предлози не ми текнуваат во моментов, ама ќе пишам понатака.
Среден ред: Емерсон, Броки, Ибрахим Ба (ќе се убијам кого имаме во тим) - клоците и да не ги видам. И Гуркуф ми оди по надолна линија. Еве Фламини е одличен играч, а ни треба и добро лево крило, тој Невес е добар, Малуда исто не би го одбил, а богами ни Рибери.
Нападот мислам дека може да го спасиме со инстант бркање на Џилардино и Роналдо, нека остане у Бразил да брка травестити.
Според мене вака би требало да изгледа реконструкцијата на клубот. Радикално, ама нема место за тие гореспоменатите. Ме изеде време, па морав да го скратам постот иначе бев спремен да елаборирам за секој играч поединечно и за учинокот што го имал за Милан, али здравје во друга прилика.
5 comments:
Apsolutno se soglasuvam...100% aaa...za zasiluvanjata treba prvo da se doceka sto ke bide so Mourinho...poso ako dojde(DAJ BOZE DA DOJDE!!!)ke se prai revolucija i celosna rekonstrukcija na celovkupniot igracki kadar,a ako ostane ancelotti(ne za dr ali osven ovie 2 dr treneri nez so bi mozele da dojdat :D)togas...corba..nema radikalni promeni...i ke treba mnoogu rabota.aanyway dobar post nema sto
PS.Pls dajte mi instrukcii sto i kako i ovlastenie ako moze se razbira :) da pisuvam na blogot poso imam vreme i onaka stalno kisnam na nego..:D hehe...ajde pozz(ocekuvam feedback):D
instant feedback... se sto mi treba od tebe e tvoja e-mail adresa (pozelno na gmail) za da ti pratam avtorizacija i da pocnes da pisuvas postovi :) ako ne sakas da go izlozuvas javno tvojot mail, togas mojot mail e:
thelastmohican.j@gmail.com
slobodno prati mi ja tvojata e-mail adresa i dobijas avtorizacija. :)
Druze imam uste dvajca kandidati sto sakaat da postiraat, od koi edno e devojce:). Aj utre ke ti gi pustam nivnite mail-ovi da im pratis avtorizacija, a sea nema da bide loso ja da legnam malce da pospijam! hehehe... pozdrav.
Dobra nok vlade....hehehe
milanezt@gmail.com :D iam i na hotmail ako treba....:D ajde pozz tnx btw :D
Post a Comment