Translate

Wednesday, 7 May 2008

Добредојде Матие!


Матие Фламини од пред 48 часа и официјално стана играч на Милан. Долго време се шпекулираше за негов трансфер во Сериа А, но пред се главен фаворит беше Јувентус. Но очигледно дека Матие е доста интелектуален дечко и иако ја имаше истата понуда да заигра за Јувентус он го одбра Милан, што и не е за чудење бидејќи секој сака да игра во најдобриот клуб на светот. Матие или Матиу(ова треба дополнително да го проверам) имаше понуда од Арсенал од некаде приближно 3.5 милиони евра по сезона. Милан излезе со понуда од 5.6 милиони евра по сезона што е далеку над понудата на Арсенал. Е сега сите ќе речат се се врти околу парите, ама јас имам едно клучно прашање до сите критичари. Која понуда би ја прифатиле вие? Значи Матие покрај тоа што заради повисоката понуда го одбра Милан, сепак мислам дека има и други мотиви. Пред се тоа е можноста да игра зе седумкратен европски шампион, да игра покрај најдобриот играч на денешницата во моментов, да игра заедно со најдобриот дефанзивец во светот и ред други причини и мотиви за да ја прифати понудата од Милан. Милан е една голема фамилија, каде што секој играч е еднакво третиран и знам дека со текот на времето Матие ќе го засака овој клуб, клуб каде што 90% од играчите кои пристигнале во овој клуб останувале мин. по 5 сезони, а поголемиот дел од нив и повеќе, затоа што еднаш кога ќе влезеш во оваа фамилија тешко се напушта, освен ако жена ти не те натера да ја направиш таа глупост(читај Шева).

Сега во кратки црти ќе ви ја претставам кариерата на Фламини. Матие Фламини е роден на 7ми Март , 1984 год. во Марсеј. Воедно таму и ја започнува кариерата како младински фудбалер на Олимпик Марсеј на позицијата дефанзивен фудбалер за врска, подоцна во сезоната 2003-2004 ќе го има и своето прво деби за првиот тим. Во таа година Матие забележа 14 настапи за Олимпик Марсеј, меѓу кои беа и настапите во полуфиналето и финалето на УЕФА Купот таа година. Во Јули 2004та Арсенал успеа да потпише професионален договор со Матие, иако Матие веќе имаше постигнато усмен договор со раководството на Марсеј. Како и да е, во првата сезона во Арсенал Фламини забележа 9 старта и 14 настапи од клупата. Во следната сезона Матие принудно играше на позициите десно крило, десен бек па дури и лев бек, а кога тие позиции си беа покриени од играчите на кои им припаѓаа Фламини најчесто добиваше шанса од клупата. Во сезоната 2006-2007 и покрај неколкуте импресивни настапи на Фламини во премиер лигата и ЛШ и постигнувањето на неколку клучни голови сепак не успеа да се избори за место во првиот тим и веќе беше цврсто решен да си го откупи договорот коj имаше рок уште една година и да си замине од Арсенал. Но по долгите и напорни разговори Арсен Венгер успеа да го убеди Матие да остане. И според многумина не згреши, на почетокот на сезоната поради повредите на Абу Диаби и Жилберто Силва, Матие доби шанса да настапува во партнерство со Фабрегас, тоа го искористи и со одличните настапи го потисна Жилберто Силва на клупата и тоа во текот на целата сезона, што само по себе говори за квалитетите на Фламини, кој патем е многу сличен играч на Гатузо но со повисоки технички можности, што воедно значи и долгорочна замена за Џенаро што никако не значи дека Гатузо ќе си оди.

Значи тоа е накратко кариерата на Фламини до сега, да му посакаме среќна, успешна и пред се без многу повреди кариера во дресот на нашиот Милан!

FORZA MILAN!!!

18 comments:

Ultra-red&black said...

Of lele....aj vaka da ne baksuziram mnogu...kako prvo da mu posakam edno "toplo" dobredojde na Flamini i se nadevam za nas e najdobro i drn drn...Anyway!Fakt e deka Flamini go zaeba arsenal...ama....za ova goolema krivica ima i Wenger zatoa sto nez dali nekoj se sekava ama na pocetokot na sezonata(negde oktomvri valjda bese)se znaese deka flamini e nezadovolen od minutazata i najavuvase zaminuvanje=free transfer iii ok so naprai Wenger naprai mu najde sovrseno mesto vo timot-da mu go cuva grbot na Cesc i se ispadna super...arno ama namesto da mu ponudi Wenger na Flamini dogovor so vreme,on mu ponudi prodolzuvanje na dogovorot na Cesc i toa do 2014!E sega,uste eden interesen fakt:Flamini vo 2004 zamina za Arsenal od O.Marsej bez osteta,i normalno,koj e Marsej...zaso da ima pobuni ova-ona...aarno ama dojde vreme da na eden premierligas i toa Arsenal da mu se desi toa i...naednas segde frki...sve neso site go pravat predavik..nezz.....samo videte kolku klip4inja na youtube ima za Flamini i negovoto zaminuvanje....vo ocite na nivnite navivaci toj e predavnik...ali toa e toa....Kako i da e...poso sme milanezi neli,ova e super za nas....si lapnavme igraciste za be z pari i uste toolku zajaknuvanje na i onaka veke jakata sredina :D uste ednas mu pozeluvam se najdobro na Francuzinot i mnooogu dobri sezoni vo milan :D....Pozz

Ultra-red&black said...

Btw...vladimireee aaa malce da ti kazam me razovara zaso be ne postirase niso za pobedava so "komsiive" ?hehe ako ako aj sea i onaka glavna tema e francuziov hehe....pozz

Vladimir said...

Druze nemav vreme, vo nedelata se pribrav vecerta u sk, i posle toa se desi tranferov i si vikam na so da dadam prioritet, i vikam podobro na Flamini, otkolku na ovie , zasto pobedata i ne bese nesto mnogu iznenasuvacki neli(so isklucok na poslednite nekolku dueli so administrativcite :) , i zatoa vikam ke si pisuem jas za Matie, on e pointeresen od niv! :)

Ultra-red&black said...

Hihihi...administrativcite..hehe...ako ako ok e...inace zaboraiv da ti dadam "pofalni"zborovi za slikava na postot (so adrano so e:D) hehe..ajde pozz :D

Darvel said...

Пред се честито новиот играч, со здравје да си го користите, ама има и лоши вести.

Иако е најдобриот на својата позиција во моментов, заминувањето од Арсенал имало лоши последици по здравјето и на многу поискусни играчи од него.

Ањелка по заминувањето пропадна, дури до Фенер пред да успее колку толку да се спаси.

Виера - No comment, гледате и сами.

Анри се зезна како никој друг, и сега сака назад.

Уште една лоша вест, кога некој си заминува од Арсенал, и следната сезона се среќава со нив во ЛШ, неговата замена врти крукчиња околу него. Таков беше случајот со Виера и Цеск, а ќе биде и со Фламини и Денилсон, Сонг, Диаби или кој и да го замени.

Искрено ви посакувам среќа за наредната сезона и се гледаме можеби некогаш ако одите пак во Шенклис.

Ultra-red&black said...
This comment has been removed by the author.
Ultra-red&black said...

Fala darvel...anyway ako podetelno go razgledas mojot komentar(prviot) vo vrska so transferot na flamini ke vidis deka jas sum(sme-se nadevam :D) svesni koi posledici sam po sebe gi nosi doaganjeto na flamini kako za milan-taka i za negovata ponatamosna kariera.Jas,iskreno mislam deka nema mn mn da go bide-stvarno...ama se nadevam deka ke bide BAREM ok... =) Ina4e ke se gledame u Shankly's ke bide aj...i se nadevam na iskrena i dolgotrajna sorabotka pomegu nasite fan-klubovi i se razbira megjusebno pomaganje...PozZ

Darvel said...

Така е!

Мене само не ми беше јасно зошто сакаат да се ослободат од Гатузо. Најмногу трча на секој натпревар, најборбен е, душа остава на терен секој натпревар. Додуша стар е, ама гарант усте две-три сезони може да игра за Милан.

Поздрав, идам да се карам со грци на едниот од моите блогови. ;)

Ultra-red&black said...

Hihihi...pozz gi i od nas vaka posteno(a moze i da :P)hehe...a sto se odnesuva za gattuso...pa...ne e do toolku deka sakaat da se oslobodat milan,ednostavno, ko prvo mediumite napumpuvaat prikazni,a ko vtoro ako veke stvarno sakaat da se oslobodat od nego toa go pravata radi revolucija..drn drn...i sl. :D pozZ

Ultra-red&black said...

BTW...me interesira tvojot stav vo vrska so situacijava so hleb...ajde darvel...pozz :D

Darvel said...

Јас викам дека Хлеб треба да е ретардиран за да си замине од Арсенал, каде што е стартер, за да оди во Интер. Но сепак Арсенал нема да загуби многу, Вела си доаѓа од Шпанија со пасош од ЕУ, а и знае да дава голови, нешто што на Хлеб не му иде.

Би сакал да остане, ама ако си замине тој губи не ние.

Darvel said...

Хлеб ќе оди од тим кој испадна од трката за титулата со помош на судиите, и ќе оди во тим што сам се заеба во претпоследно коло. Што ти кажува тоа?

Ultra-red&black said...

Defintitivno!se soglasuvam...so maajka bara u inter?u arsenal ima idnina...i se dr..cista rabota be..mladinci kolku sakas....wenger e tuka...a vo inter(italija)? Mestenki...skandali...i pred se...ke sedi na klupa...toa e toa...jbg...ali ko so gleam ne se sekiras mn i ne ni treba...ne samo radi vela i dr igraci koi tek ke doagaat vo arsenal i ke pravat kariera...wenger znae sto pravi...(iako ne cesto znae i da zgresi ali jbg) Pozz

Darvel said...

Абе сега човечки е да се греши.

Јас кога грешам, што да се очекува од другите? :Р

Не сериозно, Венгер знае што прави, му се случува и да згреши, ама разликата меѓу успешните проценки и грешките е многу голема.

monkey's said...

Ke ispadnete od liga be aloooooo LOL!

Rossoner said...

Fala na informacijata i prijatno.

Ultra-red&black said...

CAOS!:D

ZokiArsenal said...

Manki hahahah :DD