Translate

Friday, 1 February 2008

Непредвидливо или не...

Со последната победа на Реџина се обидувам да сватам дали тимот на Милан се движи по сигурна патека кон четвртото место или се работи за голема доза на среќа? По некое правило Милан би требало да си ги мачка противниците од рангот на Реџина, без разлика на тоа дали играат во гости или дома. Некој ќе каже дека 3 бода си се 3 бода, ама според мене 1 гол и еден тон промашени шанси и не се толку добра работа ако се земе предвид дека Милан играше против тим кој се бори за опстанок. Исто така и со Џенова. Победивме со 2-0 ама игравме на домашене терен и двата гола беа постигнати во второ полувреме, а пред и после тоа имаше еден куп промашени шанси и да не заборавам неколку фантастични одбрани на Калач. Просто не ми се верува дека Калач може да извади такви одбрани :) Сепак имаше и еден пораз во заостанатиот меч со Аталанта. И покрај тоа што Милан рано поведе, Аталанта успеа да се врати во игра и да направи пресврт. Со тоа Милан загуби драгоцени бодови во борбата за четвртото место.
Да се разбереме и мене ми е помалку смешно што постојано пишувам за местото кое води во квалификации за CL, ама за жал Милан во моментов е во многу незавидна ситуација. CL е единственото натпреварување во кое Милан има некаква шанса за освојувањее трофеј. Serie A, и купот на Италија се изгубени, а Трофејот од Токио е каква-таква сатисфакција, ама сепак според мене премалку за да се одбележи една сезона како успешна.
Пато сепак изгледа дека ке биде човекот на сезоната во Милан. Млад и неискусен, но со фантастичен потенцијал и неверојатна зрелост во играта за годините. Веќе стрелец на 3 гола и виновник за еден куп нереализирани шанси :) Гилардино уште несигурен, но неговите голови му донесоа и тоа како важни бодови на Милан, а богами и му ја зацврстија позицијата во клубот, која инаку беше прилично разнишана.
Ако се направи ретроспектива на сезоната до сега, ке се дојде до еден единствен заклучок - дека сепак и покрај грешките на целокупната одбрана на чело со Дида и евтините примени голови, сепак во целина нападот е тој кој што во целост потфрли. Во досегашниот тек на сезоната Милан е само втор по бројот на примени голови во лигата. Ама затоа има 31 постигнат гол, од кои 10 се во вториот дел од сезоната т.е. откако Пато е во тимот. Податок, кој доволно кажува за тоа каков бил ефектот на напаѓачите на првите 18 утакмици. Ужасен :)
Сепак не чека многу работа. Веќе наредниот дуел е против директен ривал за четвртото место, а да не заборавам дека за 2 недели почнува и CL, каде што не чека Арсенал. Играчите се тие што се, здрави или повредени, во форма или не. Тренерот е тој, тврдоглав или само несфатен, кој би знаел. Има уште многу да се игра... Трофеј во CL четврто место во Serie A.... Уфффф, тоа би било подвиг :)


Forza Milan!!!!!!!!!!

5 comments:

CurvaSud_Milan said...

So se odnesuva do prodolzetokov na sezonata bi trebalo da bideme delumno zadovolni poso pato dade tri gola(iako mozese komotno uste tri,ali aj prosteno mu e ipak ima samo 18!! ), gila na tri utakmici dade dva gola, pobedivme 4 od 5 ,ali pa vikam delumno poso primivme dva gola od napoli, dva od atalanta po glupata greska na kaladze, a ustvari i golovite na napoli bea cista negova vina, i plus so udinese se vadevme u 93ta min! Ama sepak dojdovme na 6to mesto od 12 ili 13 neznam tocno kaj bevme poso nesakav togas ni da gledam! E sea sve ke ni padne u voda ako ne ja tepame fiorentina!! a Ronaldo e pak povreden i toa strasno me nervira!! A za kalac i ne sum tolku iznenaden poso i pokraj site gluposti so gi pravel i porano imal vakvi dobri partii, i mislam dodeka e vo vakva forma dida treba da sedi na klupa!


E sea malce za blogerajov, ja napraiv mail na google, ama pa neznam od kade treba da vlezam za da mozam da postiram! znaci nesto okolu toa da mi podobjasnis, i uste edno prasanje! toa blog counter-ot tocen e? Zasto ako e tocen togas ima luge sto ti go citaat blogov, ipak 5000 i kusur poseti za nekade okolu godina)po postovite so mozev da vidam) e solidna brojka! pozdrav

CurvaSud_Milan said...

inace mailot mi e stojanovski.v@gmail.com

Anonymous said...

Se slozuvam deka prodolzetokot na sezonata e bezmalku dobar.dobro otvaranje pa razocaruvanje pa potoa so maki i teska igra (neprepoznatliva za milan nekolku godini unazad) sepak osvajame bodovi.bodovi se sobiraat i kolku tolku sum zadovolen so ogled na pozicijata sto ja imavme.no igrata e toa sto strasno me zagrizuva.efikasnosta e losa koga ke vidime kolku mnogu sansi se sozdavaat na eden natprevar, a odbranata e rizicna premnogu bezvezni greski za taka iskusni igraci.koga veke preferiiat vo klubot postari i isikusni igraci ne smeeme da gledame kako pravat fatalni greski.moze da se sluci da bidat pretrcani od pomladi i fizicki pospremni igraci no nikako da povtoruvaat greski kako tie na kaladze.kalac realno me iznenaduva so igrive so gi pruza vo posledno vreme i sekoja cest za nego.pato soliden ke bide deckoto uste podobar (sepak 3 gola vo prvite 3 natprevari se odlicna statistika).gilla se vraka vo forma a od ronaldo ne ni ocekuvav deka ke izdrzi cel mesec bez povreda.sepak ke pomozi na fazni natprevari isto kako i inzaghi.na krajot na kraistata i drugive ekipi igraat loso pa osvajaat bodovi.sepa mislam deka odi na podobro i cl ke go porpavi vpecatokot za sezonata.i za kraj sakam da posakam mnogu sreka na carlo i daj bozi da uspeat negovite zamisli iako i po tolku godini neuspev da svatam nitu edna :)
FORZA MILAN!!!
ivan bitola

The Last Mohican said...

Vladimir i Ivan, i na dvajcata vi prativ avtorizacija na mail. Mislam deka otkako ke ja potvrdite veke ke moze da pisuvate postovi bez problem, osven Ivan, koj ke mora da si napravi google account :) se priklucuvate na www.blogger.com su username i password od google, isto kako mail koga si proveruvas i otkako ke se priklucite ima opcija new post i si pisues naslov i si cepas so tekst. Ima opcii i za postiranje i sliki i klipovi, ama toa ne znam kako da go objasnam iako e mnogu ednostavno :) Ne me biva za profesor :)
Tocen e blogcounterot, so toa sto ja belezi sekoja poseta na blogot. Sto znaci jas ako se priklucam deset pati, deset pati ke me registrira. Taka da e tesko da se opredeli kolku novi posetiteli imame, a kolku se returning visitors. Kako i da e i jas poznavam lugje direktno ili indirektno koi go posetuvaat ili go posetuvale blogov, a sepak ne pisale nikakov komentar.

Anonymous said...

vo red e se i kaj mene probav i mozam da napisam post samo onaka za proba pa ne go objaviv.cekam prav moment za prviot post :)