Translate

Wednesday, 29 April 2015

Најава: Милан - Џенова


Наптреварот од 33-тото коло во Серија А го играме на домашен терен против, оваа година незгодната Џенова, која сезонава одлично игра против големите екипи, а во првиот дел од сезоната го порази и нашиот Милан со голот на Антонели. Тој вечерва нема да настапи поради повреда. Ситуацијата во клубот е хаотична - сите знаеме за инцидентот во автобусот после наптреварот со Удинезе кој кружеше низ медиумите, за подоцна да биде негиран од страна на Абијати и Монтоливо. Сепак, мое мислење е дека ситуацијата не е толку сјајна внатре во соблекувалната.

Знам дека секој фан на Милан деновиве повеќе ги прати вестите за продавањето на клубот, бидејќи по разочарувачката сезона ни остана само таа надеж. Затоа на кратко ќе ги пренесам шпекулациите тука, иако за подетално може да се информирате на ФБ страната, каде почесто ги апдејтираме вестите деновиве. Mr. Bee пристигна во Милано, но брзо потоа замина за Швајцарија каде наводно требал да присуствува на венчавка на свој пријател. Она најважното е тоа што тој денеска се враќа назад во Милано и е спремен да му ја презентира својата понуда на Дон Силвио.


Најновите информации велат дека денеска пред натпреварот Mr. Bee и Берлускони ќе имаат состанот, потоа ќе го проследат натпреварот помеѓу Милан и Џенова, а најдоцна до утре напладне ќе се имаат информациите од тоа како поминал состанокот. Но поради овие настани втората заинтересирана страна за купување на Милан, онаа кинеската, решила да не седи со вкрстени раце и можно е нивни претставници да стигнат во Италија набрзо и да пробаат да ги поматат сметките на Mr. Bee.

Многумина завземаат страна во оваа војна помеѓу двете групации заинтересирани за Милан, ама јас би бил среќен со било која опција од тие две, бидејќи сум сигурен дека се работи за амбициозни луѓе кои ќе знаат повеќе да го ценат името на Милан и нема да дозволат долго да бидеме на средината на табелата. Можеби звучи неблагодарно по се што направил Берлускони и неговата фамилија за Милан но повеќе би го почитувал ако на време се повлечеше и сега место да мизеруваме ние би биле  она што сме. Шампиони на Европа. Ова е можниот состав за вечер:


Останува да го испратиме натпреварот без нервози ако е тоа можно и да се надеваме дека Нијанг нема да ја истури својата нервоза врз Лопез, поради оние кои не му дадоа шанса да го покаже талентот кој очигледно само тие не го гледаат.

ФОРЦА МИЛАН!!!!!!!!!

Friday, 17 April 2015

Најава: Il Derby della Madonnina!


Како поинаку да се почне најава за дербито освен со зборовите дека без разлика каков тим имаме, кои играчи настапуваат за Милан, во каква и да е форма тимот дека мора да се оди на победа? Победа која не носи само 3 бода туку победа која носи престиж, победа за градот да е обоен само во црвено-црно. Победа која ќе го натера малиот Филипо повторно преку транспаренти да бара Интер да победи за да не биде зафркаван на училиште.


Составот на Милан нема да претрпи некои големи промени но на прв поглед мене во очи ми боде Хонда. Никако не се согласувам со Инзаги да стартува со Хонда на таа позиција и се надевам дека до пред натпреварот ќе се предомисли и таму ќе стартува Сусо. Детето гори за да игра и покаже што знае а има ли подобар натпревар од овој за да се докаже?

Дестро е спремен за игра(му се предвидуваше подолга пауза) но Пипо ќе стартува најверојатно со Менез како лажна 9ка а на левата страна ќе напаѓа Бонавентура. Реално сезоната Џакомо најдобри партии пружа баш таму и мислам дека Пипо прави добар избор. Средината е Ван Гинкел-Де Јонг- Поли и е најдоброто што може Пипо да го извади со оглед на тоа дека Монтоливо е повреден а Есиен и Мунтари не се вредни за спомнување. Мастали е последниот играч за врска но Пипо не би му дал шанса на ваков натпревар. Одбраната е истата веќе неколку натпревари, нема ротации како до пред некој месец и не делуваат одлично ама мислам дека се кадарни да го сопрат нападот на Интер. Ако не тие тогаш да се надеваме дека Лопез ќе има свој ден.

Кај противникот суспендирани се Брозовиќ и Гуарин и тоа е голем плус за нас кој се надевам дека ќе го искористиме. Сепак најголемата опасност ќе доаѓа од Икарди и Шаќири па се надевам дека нашите дефанзивци ќе ги сопрат.

Влогот не е голем на ова дерби, ниту едниот ниту другиот тим имаат шанси за титула/место во Лигата на Шампионите но на теренот очекувам вистинска борба бидејќи градското ривалство е поголемо од мизернава ситуација во која се двата тима.

Се надевам на победа, а потајно посакувам да биде понижен Интер па со многу пиво да прославиме победа на едно дерби и почеток на една нова ера на Милан ако се оди според планираното. Не сакам да баксузирам ама следново што ќе го постирам се надевам дека ќе ве израдува сите вас а ако некој се разбира нека искоментира околу ова.

Barbara: "I won't speak of the future of Milan, as I signed a pact that prevents me to speak and answer questions related to this issue."
Di Stefano (Sky):"The silence of Barbara & Galliani regarding the news of sale of the club indirectly confirms that there are negotiations."

FORZA MILAAAAAAN!!!!

Sunday, 12 April 2015

Најава: Милан - Сампдорија


После две врзани победи што е реткост сезонава ја пречекуваме одличната Сампдорија на Сан Сиро и ќе имаме можност да се доближиме на 4 бода од местото кое носи квалификации за Лига Европа. Паднат е стандардот секако но мислам дека тоа натпреварување може да им донесе многу искуство на помладите играчи што се кај нас. За мечот се опоравија Бонавентура и Ван Гинкел кои беа под знак прашалник и сега се на поширокиот список а според Газета можно е и да стартуваат и да му прават друштво на Де Јонг во средниот ред.


Очекувам фудбалерите и пред се Инзаги сериозно да го сфатат овој натпревар и уште од самиот старт да тргнат по трите бода бидејќи смачено ми е а верувам и вас од тој беден обид за постигнување голови од контра напади. Пред недела-две испадна податок дека Инзаги негува таков стил а Милан постигнал два погоди од контра напади што говори за тоа колку лошо играчите го спроведуваат она што им го кажува тренерот.

Мала статистика околу натпреварот:
  • This will be the 130th meeting between AC Milan and Sampdoria in Serie A: the Rossoneri have won 63 times, losing 30.
  • AC Milan have not conceded in three out of their last four league games against Sampdoria (W2 D2).
  • AC Milan have won nine of their last 12 home games with the Blucerchiati in the league (D1 L2).
  • Milan are unbeaten at home since January 18th (against Atalanta): three wins and two draws for the Rossoneri since that game.
  • Milan have the highest shot conversion rate (16.8%) in Serie A this season.
  • Mattia Destro's last Serie A brace came in February 2014, against Sampdoria.

Се надевам дека Сусо ќе добие денеска шанса бидејќи моментално влегува во форма и жал ми е да дреме на клупа а во 80та минута да се прави измена напаѓач-дефанзивец и сите назад. Тоа не е начин на игра кој доликува на Милан. Но не е се така црно бидејќи Ел Шарави доби зелено светло за да почне да тренира, Армеро си потпиша во Фламенго а можеби и е смешна шпекулацијата но Милан дава напори да го врати Ибра.

Вчера Нианг постигна уште еден гол и само ги зголемува клубовите заинтересирани за да позајмат од Милан па ете Каљари сакаат да пуштат понуда но предноста според медиумите е кај Џенова од многу очигледни причини. За крај мораме да продолжиме со победите, мора да се освојуваат бодови бидејќи на Сан Сиро едноставно Милан не смее да испушта бодови! 

ФОРЦА МИЛАН!

Tuesday, 7 April 2015

Нов Милан по сезонава или повторно старите болки?


Да почнеме со тоа дека Милан врза две победи по ред и на гости победи после за прв пат после октомври минатата година? По победите над Каљари(3-1) и Палермо(2-1) следната утакмица ја играме против Сампдорија на домашен терен и ќе се бориме за трета победа во низа и конечно да собереме бодови од посериозен противник. Ќе биде интересно да се види како ќе се покаже Сампдорија бидејќи според многу медиуми во Италија нивниот тренер Синиша Михајлович е кандидат број 1 за тренерската позиција во Милан после Пипо Инзаги.

Иако врзавме две победи јас воопшто не сум фасциниран од начинот на игра туку напротив пак е исто, се чека на контри и против екипи кој треба да ги сечеме уште од сам старт и повторно тешко се креираат шанси. Единствено добро можеби е што Ван Гинкел почнува да игра а најверојатно и Сусо ќе добие поголема минутажа па ќе видиме колку можат.

На поле трансфери не би верувал во ниедна шпекулација што кружи бидејќи како што сите знаеме Милан е веќе печен за продажба, најверојатно помал дел сега и целосна сопственост во наредните 2-3 години и морам да признаам дека тоа ме радува бидејќи конечно можеби се гледа светло на крајот од тунелот.

Сепак ќе споменам пар шпекулации за да сме во тек колку-толку:
  • Дестро нема да биде откупен на крајот на сезоната.
  • Имобиле е на трансфер маркетот и Галијани се интересира околу него дури и мислам имаше средба со агентот.
  • Бертолачи од Џенова е нова цел на Галијани ама прво треба Рома и Џенова да ја расчистат сопственоста на играчот.
  • Милан ја одбил новата понуда за позајмица на Нианг од Џенова каде што овие барале Нианг да остане таму и следната сезона.
Додека сме кај таквите шпекулации мора да се напомене дека не заостануваме и зад шпекулациите за нов тренер и тука во игра се:
  • Унаи Емери (Севиља)
  • Синиша Михајлович (Сампдорија)
  • Антонио Конте (Италија)
  • Карло Анчелоти (Реал Мадрид)
  • И сигурно куп други "понеатрактивни" но овие решив да ги одвојам бидејќи тие се тие највеќе што се спомнуваат
На крај да продискутираме за ПРОДАЖБАТА на Милан и за конечно добивање нов сопственик, кој има капацитет а и најважно желба да го врати Милан онаму каде што припаѓа. Кинески бизнисмени беа заинтересирани за Милан според шпекулациите но демантираа голем дел од нив и после се како најзаинтересиран испаѓа Bee Taechaubol. Не знам многу за човеков, не е нешто претерано богат но преку фондови сака да собере доволно пари и да ја превземе контролата над Милан.

За да придобие фанови според медиумите тој во Милан планира да влезе со Паоло Малдини како спортски директор. Најновите шпекулации велат дека дека Bee во наредните неколку недели ќе проба да договори се со Берлускони бидејќи не сака конкуренцијата да расте и да му задава проблеми.



Уште еден заинтересиран за Милан е кинески богаташ Mr.Pink по што гледаме дека привлекуваме голем број заинтересирани и најинтересно е што клубот цело време негира дека е продаден но не негираат дека се преговара со заинтересираните што според мене е одлична вест и се поизвесно е дека од јуни ќе гледаме малце поинаков Милан.

За се што сум пропуштил може да се дискутира во коментарите, знам и дека не е нешто посебно текстов пошо прв пат пишувам башка и многу долг период ништо не е пишувано и се имаат насобрано многу информации па се надевам дека ќе сме поактивни.