Translate

Sunday, 18 May 2014

Милан - Сасуоло за клуч на сезоната.


Теоретски сеуште имаме шанси за последното место кое носи во Лига Европа, но иако шансите затоа се премали сепак овој Милан треба да игра за престиж. Јас а и сите навивачи на Милан се надеваат дека овој натпревар ќе биде своевиден крај на црните денови за нашиот клуб и дека веќе од утре, па се до почетокот на следната сезона ќе се работи на еден нов, подобрен и силен Милан.


Она што е важно да се спомене околу повиканите играчи дека за првпат на тој список е Хаким Мастур кој е промовиран со 15 години во сениорскиот тим на Милан!!  Бисерот на младинската школа на Милан и еден од најголемите фудбалски таленти во светот во моментов можеби ќе ја добие својата шанса уште вечер ако тоа го дозволи резултатот и тренерот Сидорф.
Бидејќи доцна го пишувам овој пост ги имаме и стартните 11:

Christian Abbiati; Mattia De Sciglio, Adil Rami, Philippe Mexes, Kevin Constant; Riccardo Montolivo, Nigel De Jong, Sulley Muntari; Ricardo Kaka, Adel Taarabt; Giampaolo Pazzini.

Сакаме победа, за престиж, за преостанатото реноме на Милан, за добар крај на кој се надевам дека ќе следи нов почеток.

FORZA MILAN !!!

Sunday, 11 May 2014

Најава: Аталанта - Милан!


На два натпревари до крајот на сезоната Милан се наоѓа на 1 бод од посакуваното 6то место, и со победата на Интер вечерва тие си го заверија пласманот во Лига Европа а најверојатно и 5тото место бидејќи дури и да го победиме и двата натпревари до крај на нив ќе им треба само бод за да го задржат истото.

Клучен за нас ќе биде и дуелот помеѓу Торино и Парма кој се игра утре во исто време со нашиот. Торино има 55 бода, Парма 54 како и нас. Совршено сценарио би била наша победа утре, а Торино и Парма да одиграат нерешено. Доколку Парма победи тогаш ќе имаме ист број на бодови а гол разликата моментално е +2 во нивна полза (не сум сигурен дали меѓусебниот дуел или гол разликата се главен фактор тука), а доколку по некоја случајност победи Торино тогаш ќе треба да чекаме нивни кикс во последното коло за 7 дена. Се се ова големи теории и математики но нашата е едноставна, со победа утре и наредниот викенд против Сасуоло ќе имаме 60 бода што би требало да бидат доволни за тоа 6то место, зависно од Парма и Торино.

                            

Листата на повикани играчи е голема и тренерот Сидорф ќе има многу избор за стартните 11.
Мора да се победи утре, се друго би било збогување со Лига Европа, па макар и да ремизираат нашите ривали. Се на се, испадна дека финишот на оваа сезона за нас е интересен и може да се добие нешто на крај.


FORZA MILAN!!!

Sunday, 4 May 2014

Најава - Derby della Madonnina!


Видно возбуден од приновата дома го пречекувам ова дерби. Не се сеќавам кога пишав пост последен пат, а оправдание не треба да биде кризата во која се наоѓа нашиот тим. Дерби си е дерби и не е важно кој во каква форма е, какви се амбициите на двете екипи кога се среќаваат сино-црната и црвено-црната страна на градот.

Шест бода не делат од градскиот ривал, а амбицијата е иста. Лига Европа и не е некој успех, но е каква таква утеха за може да се оцени неуспешната сезона. Ел Шарави по којзнае колку време се враќа во тимот и ќе биде во комбинација да игра.



Капитенот Monti е објективен кога вели дека еден позитивен резултат во Дербито не може да ја поправи сликата за комплетната сезона, но може многу да помогне во целта што се наметна, а тоа е пласман во Лига Европа. Тука нема простор за калкулации, иако има премногу комбинации и екипи што се во трка за 5тото и 6тото место. Победа денес е задолжителна, затоа што во спортивно, веројатно и дефинитивно се оддалечуваме од европските купови догодина.

Некои од бројките што ќе го обележат вечерашното Дерби: 164то првенствено Дерби, 24то за Seedorf, 15то за Kaka, 100ти натпревар за Balo во Serie A. Нашите момци немаат победа од онаа со 3-0 што ја навести титулата во 2011.

Се очекува спектакл на трибините, одлична игра на теренот, и победа за Милан на едно градско дерби по подолго време!!!

FORZA MILAN !!!