Translate

Friday, 14 February 2014

Генерална проба пред CL


После долго време Милан повторно ќе настапи во овој невообичаен за Calcio, петочки термин. Тоа е поради фактот што на средината од следната недела доаѓа Atl. Madrid во ЛШ двобојот. Иако дифолтно за ваков натпревар пред ЛШ се зборува дека е генерална проба (така всушност гласи и насловот) сепак во пракса, тоа ќе биде малку поинаку. Ова е од причина за тоа што ќе се калкулира со силите и оние кои би требало да го носат товарот против Atletico, веројатно вечерва нема да играат во текот на сите 90 минути. Montolivo сигурно стартува затоа што не може да игра против Atletico. Обратно од ова, Kaka ќе добие одмор баш поради тоа што може да игра во Среда а зад Balotelli ќе имаме некои нови клинци (со исклучок на Taarabt кој имаше одлично деби па повторно ќе стартува). Honda конечно ќе добие шанса онаму каде што би требало да е најпродуктивен, на AMC. Лево од него ќе заигра Taarabt а десно веројатно еден од Saponara или Poli. Со Poli добиваме поголема цврстина до дефанзивата која е поболната половина од оваа 4-2-3-1 формација. Покрај Montolivo веројатно ќе стартува De Jong иако нема да биде чудно ако заигра и Muntari (кој истотака нема право за настап во Среда). Играта во дефанзива би требало да ја сочинуваат De Sciglio, Zapata (кој се враќа по повредата) и Rami а има некои недоумици за левата бековска позиција бидејки Urby има некоја повреда. Се на се, би требало да видиме некои нови фаци кои би можеле овој меч да го искористат за да се наметнат на Clarence во остатокот од сезоната. Убав начин со победа против Bologna и со добра атмосфера на San Siro да се дочека Atletico Madrid.
Не заборавајте на специфичниот термин, вечерва 20:45.

Forza Milan!!!

4 comments:

Ultras Milano said...

Имаме проблеми да победиме и во натпревари каде што сме комплетни а не па во вакви каде што треба да калкулираме со составот.
Искрено сите со мислите сме веќе во ЛШ. Бидејќи таму единствено имаме какви такви шанси да спасиме барем нешто ако остана да се спасува сезонава.
Пак ќе речам по незнам кој пат, дали Сидорф ќе ја увиди грешката и конечно ќе извади формација каде што секој играч ќе биде на позицијата каде што е најпродуктивен.

Абијати
Абате-Рами-Мексес-Де Шиљо
Де Јонг
Монтоливо-Хонда
Кака
Пацини-Балотели

Според мене од овој појјак состав немаме во моментов. Само најквалитетното. Сите што играат се во своите природни позиции освен можеби Хонда кој е можеби поповлечен. Јас сум убеден дека ако овие 11 излезат на терен ќе бидеме рамноправни со доста противници.

Ultras Milano said...

Тоа е цената што се плаќа кога имаш играч од рангот на Бало.
На тренинг и надвор од теренот си ги има тие испади, ама реално во тимот 2ца играчи имаме што може да решат натпревар со еден потег. И тоа каков потег. Голчина. Одлична увертира за мечот против Јорганџиите во ЛШ.

FORZA MILAN

Ultras Milano said...

Balotelli also feels it is no coincidence the goals against Cagliari and Bologna arrived after Giampaolo Pazzini came off the bench.

“I get along very well with Pazzini and hope we’ll have the chance to further improve this partnership, seeing as whenever we play together one of us always scores.”

Ultras Milano said...

Јас ќе пишувам пост.
Најверојатно вечер, најдоцна до сабајле.