Translate

Sunday, 23 February 2014

Најава: Sampdoria vs Milan!


Ако во првиот дел од сезоната нашиот проблем беше како да одиграме квалитетен натпревар, во последно време вистинското прашање е како добриот настап да го претвориме во победа. Во средата против Atletico загубивме меч кој по сите фудбалски критериуми требаше да го добиеме. Претходно, против Bologna фалеше малку да не ги добиеме трите заслужени бода, баш како што се случи против Torino. Ова зборува за напредокот и свежината што дојдоа заедно со Seedorf како тренер, но исто така потврдува дека резултатски, нема поместување. Ние сме свесни дека сезоната одамна е загубена, но сакаме да веруваме дека идејата на поставувањето на Clarence за лидер на овој Milan е далеку подолгорочна. Морам да спомнам, забележувам дека најголем дел од навивачите не го доживуваат новиот тренер како амортизер на неуспехот сезонава. Сепак, ние навиваме за клуб со гигантско реноме и педигре и логично е очекувањата да не се сведуваат на просечни резултати против просечни екипи. Кој и да седи на клупата, кои и да се играчите што ќе истрчаат на терен, каква и да е ситуацијата во клубот, оваа агонија мора да прекине. Може немаме рестарт копче па да тргнеме од ново, но впечатокот може да се поправи. Всушност, мора да се поправи!


Дека самодовербата ја нема сезонава, доволно зборува пристапот кон утрешниот меч и очекувањата од него. Стигнавме дотаму што гостување кај Sampdoria е сериозен тест, а можеби и голем залак за нашите момци. Букмејкерите потврдуваат: 2.8 за кец, а 2.5 за двојка. Дури и Seedorf на пресот пред натпреварот беше доста резервиран. Многу малку зборуваше за нашите шанси за позитивен резултат. Преовладуваа пофалбите за противничките играчи, за Mihajlovic, за клубот во кој ја одигра првата сезона надвор од Холандија. Seedorf е паметен човек и знае како да симне пресијата, но не може да ги намали очекувањата, особено по неусехот во ЛШ. Таму ги загубивме Balo и De Sciglio, со што се прават големи дупки во составот, одново. За Џенова отпатуваа следните играчи: Amelia, Coppola, Gabriel, Abate, Bonera, Constant, Mexes, Rami, Zaccardo, Emanuelson, Essien, De Jong, Honda, Kakà, Montolivo, Muntari, Poli, Saponara, Taarabt, Pazzini, Petagna.


За пополнување на местото на Balotelli има еден сериозен кандидат. Тоа го прави Pazzo сигурен стартер утре. Зад него, многу веројатно ќе се појави тројката Taarabt, Kaka и Honda. Капитенот е назад после суспензијата во ЛШ и многу извесно ќе биде стартер. За второто место во задниот дел на средината има најмногу конкуренти. Мој избор би бил NDJ, но довербата на Clarence кон Essien и односот што го има со Muntari ме прави несигурен. Дури и Poli е во игра. Во одбраната ќе стартуваат Abate на десен бек, Rami како еден стопер, веројатно Bonera како негов партнер и Urby лево. На голот дефинитивно е Amelia, откако Abbiati е со грип и оставен во Милано.

Момците имаат ужасно тежок распоред во следните 20тина дена, така што победа против Samp одлично ќе делува враќање на самодовербата и билдање на позитивна атмосфера пред дербито со Juve следниот викенд. Не сакам да зборувам за алибиа, но со оглед на противниците што следуваат (Juve дома, Udinese гости, Atleico гости), трите бода од Џенова ќе донесат мир во куќа и дополнителна желба да се докаже дека кога Juventus доаѓа на San Siro, доаѓа на најтешкиот можен терен во Италија. Тоа што до лани го пишувавме пред секој меч против ваков противник, дека знаме оти имаме поквалитетен состав, повеќе и подобри индивидуалци, сега ќе го задржам за мене, исто како и вербата дека можеме до победа на Marassi утре. Ајде момци!

FORZA MILAN!!!

Wednesday, 19 February 2014

Спас на сезоната или продолжување на агонијата?


Милан е далеку од титулата во Серија А. Далеку е и од место кое води во Лигата на Шампионите, а место во Лига Европа е достижна цел, но не и приоритетна. Милан испадна од Купот на Италија, па овој двомеч со Атлетико, овие 180 минути се единствената сламка за која може да се фати за надеж дека оваа сезона може да биде барем малку успешна. Билансот против шпанските екипи ни е негативен во последно време, а тоа пред се се должи на постојаното играње со Барселона, секоја сезона. На хартија го добивме најлесниот и најпосакуваниот противник бидејќи искуството на јорганџиите во ова натпреварување е многу мало.

Нивната форма во изминатите неколку сезони секако говори нешто друго, меѓутоа кога играш против Милан на Сан Сиро и кога ќе ја пуштат химната на Лигата на Шампионите тогаш не игра оној Милан кој се мачи против Ливорно и Болоња. Тогаш не игра оној Милан кој губи од Верона и Сасуоло. Тогаш мислите на сите се на оној Милан кој доминираше во Европа во изминатите 2 децении. Кој ја газеше Барселона со 4-0. Кој во 5 години играше три финалиња. Оној Милан кој беше престар и пребавен, а сепак во 2007мата стана европски шампион.


Сезони слични на оваа имало и во минатото. двете шампионски во 2003тата и 2007мата беа сезони за заборав во домашниот шампионат. И на двата фронта играа два различни тима.


Како што може да се види по составот, средината е најкритичниот дел од тимот, а од друга страна, најверојатно најголем адут на Атлетико. Останува да видиме само колку ќе можат Де Јонг, Есиен и Поли да се справат со средината на Атлетико и борбата за превласт. Да сум јас Кларенс без размислување ќе започнам со најсилната одбрана со која располагаме: Абате-Мексес-Рами-Де Шиљо. Се друго е ризик и коцкање. Кога станува збор за нападот, тешко дека Сидорф се слага со моето мислење и тешко дека ќе ги видиме Бало и Пацо заедно во нападот. Се очекува Марио да биде најистурен напред со подршка од Кака и Таарабт. Ова се само прогнози, секако, а точниот состав ќе го дознаеме непосредно пред почетокот на мечот.


Долго време чекавме да ја слушнеме химната од ЛШ. Долго време го чекавме мечов. На Сан Сиро вечерва повторно ќе се пишува историја. Каква, останува само да видиме.

FORZA MILAN !!!

Friday, 14 February 2014

Генерална проба пред CL


После долго време Милан повторно ќе настапи во овој невообичаен за Calcio, петочки термин. Тоа е поради фактот што на средината од следната недела доаѓа Atl. Madrid во ЛШ двобојот. Иако дифолтно за ваков натпревар пред ЛШ се зборува дека е генерална проба (така всушност гласи и насловот) сепак во пракса, тоа ќе биде малку поинаку. Ова е од причина за тоа што ќе се калкулира со силите и оние кои би требало да го носат товарот против Atletico, веројатно вечерва нема да играат во текот на сите 90 минути. Montolivo сигурно стартува затоа што не може да игра против Atletico. Обратно од ова, Kaka ќе добие одмор баш поради тоа што може да игра во Среда а зад Balotelli ќе имаме некои нови клинци (со исклучок на Taarabt кој имаше одлично деби па повторно ќе стартува). Honda конечно ќе добие шанса онаму каде што би требало да е најпродуктивен, на AMC. Лево од него ќе заигра Taarabt а десно веројатно еден од Saponara или Poli. Со Poli добиваме поголема цврстина до дефанзивата која е поболната половина од оваа 4-2-3-1 формација. Покрај Montolivo веројатно ќе стартува De Jong иако нема да биде чудно ако заигра и Muntari (кој истотака нема право за настап во Среда). Играта во дефанзива би требало да ја сочинуваат De Sciglio, Zapata (кој се враќа по повредата) и Rami а има некои недоумици за левата бековска позиција бидејки Urby има некоја повреда. Се на се, би требало да видиме некои нови фаци кои би можеле овој меч да го искористат за да се наметнат на Clarence во остатокот од сезоната. Убав начин со победа против Bologna и со добра атмосфера на San Siro да се дочека Atletico Madrid.
Не заборавајте на специфичниот термин, вечерва 20:45.

Forza Milan!!!

Saturday, 8 February 2014

Експерименти во Neapol

Од една страна проблемите со повредени фудбалери (Honda е во аут, Kaka не е доволно фит за старт) а од друга страна и лошите партии на некои фудбалери го предизвикаа Seedorf да настапи со своевиден експеримент на жешкото гостување во Neapol. За првпат после многу години Abate ќе добие шанса на позицијата на која го изгради своето име во Empoli а потоа тоа му донесе и враќање во Milan, ARM или истурено крило по десната аут линија. Покрај него, за одбележување е и дебито на Adel Taarabt на позиција полушпиц (Kaka ќе остане на клупа). На клупата ќе остане и првиот капитен Montolivo кој ќе му го отстапи своето место на Essien кој ќе има деби во црвено - црниот дрес. Остатокот од тимот е очекуван со потенцирање на фактот дека Mexes кој веќе некое време е во втор план, ќе добие шанса од стартот поради суспензијата на Bonera, повредата на Zapata и недоволно опоравениот Silvestre кој ќе остане на клупата. Значи француски тандем во срцето на одбраната.


Веројатно со настап на Abate пред De Scilgio ќе бидеме подобро затворени во дефанзива (Abate е фудбалер кој е неуморлив) но ќе видиме колку тој ќе придонесе во офанзива со оглед на тоа што е доста лимитиран во однос на нафрлувањата а и таков тип на игра веројатно повеќе му одговара на Pazzo отколку на Balotelli. 
Како и да е, интересен експеримент во најава.

Forza Milan!!!

Saturday, 1 February 2014

Милан - Торино, и сумирање на меркатото.


Може да се каже дека ова беше една од побурните зими кога станува збор за транфери кај нас.Добивме нов тренер, дојдоа 4ца и си заминаа 4ца фудбалери, а да се оствареа некои оптимистички најави и еден наш играч да беше малце разумен (Констант) тогаш ова меркато ќе можевме да го споредиме и со она легендарното од 2011.

Си заминаа:
Ночерино - позајмица до крајот на сезоната во Вест Хем
Матри - позајмица до крајот на сезоната во Фиорентина
Нианг - позајмица до крајот на сезоната во Монпеље
Вергара - позајмица до крајот на сезоната во Парма.

На првите двајца им посакувам се најдобро, и да блеснат во своите нови клубови па да може да ги продадеме целосно во Јуни. Додека пак за Нианг и Вергара ова е деликатна ситуација кадешто станува збор за млади играчи на кои им требаат минути кои не ги добиваат моментално во Милан.

Дојдоа:
Хонда - слободен играч од ЦСКА Москва
Есиен - слободен играч од Челзи
Рами - позајмица до крајот на сезоната од Валенсија
Таарабт - позајмица до крајот на сезоната од КПР/Фулам
*Петања - враќање од позајмицата од Сампдорија


Хонда и Рами се логични и разумни потези кои апсолутни ги подржувам, скептик сум околу перформаност кој може да ни го понуди Есиен со оглед на неговите години, форма и повреди. А за Таарабт кажав и повеќе од колку што треба и сега за сега ќе си молчам (ама прва лоша партија и одма го хејтам да си знаете). На хартија, квалитетен млад офанзивец кој може да ги покрие скоро сите позиции во нападот но во исто време сеуште недокажан играч кој се мачи да го реализира неспорниот потенцијал кој го поседува.

Секако тука треба да се спомене и заминувањето на Макс Алегри на кого веќе му се заблагодаривме, и му посакавме добредојде на легендата на клубот Кларенс кој веќе со неколку потези почна да ги освојува срцата на навивачите. За мене лично 2 потега кои посебно ме израдуваа е тоа што Брајан Кристанте и Рикардо Сапонара останаа во клубот и покрај сите најави за нивно заминување на евентуални позајмици или како дел од некои 50% дилови тие останаа и тоа наводно по барање на коуч Сидорф.

Доста за меркатото, затоа што имаме натпревар пред нас! Торино, заедно со Парма и Верона се на 4 бода од нас и се израмнети со по 32 бода, што значи дека наша евентуална победа нема да значи напредување на позиција напред туку доближување кон Лига Европа.


Копола, Силвестре, Запата, Поли, Бирса и СЕС се повредени додека пак Марио е суспендиран за овој натпревар. Најновите аквизиции, Есиен и Таарабт се во составот и доколку има потреба или се укаже шанса може да изиграат дел од овој натпревар. Кај гостите, Черчи и Имобиле се очекува повторно бидат напаст за нашата разнишана одбрана и само со добра тимска игра, и залагање во сите 90 минути ќе ги добиеме биковите.


FORZA MILAN!!!