Translate

Monday, 3 June 2013

Продолжуваме со Allegri!



Постојат сèуште непотврдени информации за евентуално продолжување на договорот со клубот до 2015 година но една работа е сигурна, Allegri останува на клупата на Milan. 
Во која насока одат Вашите размислувања?

100 comments:

Ultras Milano said...

Нема многу филозофии само многу фама за џабе, фама што може многу да ни наштети во подготовките за сезоната а тоа и ќе се види.
Доколку имаше подобро решение тогаш радо би го прифатил ама продолжување со Макс на барем уште една година е најлогичното решение во моментов.
Многу битна вест е и што примавера победија со фантастичен слободен удар на Кристанте. Човек на одлука дефинитивни.
7Gold беа најамбициозно и веќе ги ставија Поли и Черчи во составот на Милан. Ваши ставови околу нив двајца уште чекам.
И друга битна работа:
Од играчите во тимот кој сакате да си оди, кој да остане, кој е најблиску до заминување итн.

ReBorned said...

Мислам дека многу попродуктивно би било ако се изјасниме како ние мислиме дека реално ќе се крои составот отколку какви се нашите желби :)

- Ете на пример, јас мислам дека ќе пристигнам Poli и Cerci а ќе си заминат Ambro и чудно ми е ама упорно се форсира дека Flamini ќе замине во Inter кај Mazzari. Bojan веќе си замина, веројатно ќе си заминат и некои од третиот ешалон од тимот (Bakaye Traore, се шпекулира и вметнување на Salamon во трампата за Cerci), очекувам дека е можно и Nocerino да си замине, особено сега откако Allegri остана и тоа е тоа. Евентуалното заминување на Boateng и Robinho ќе биде цврсто врзано од примените понуди. За разлика од претходно споменатите, за последните двајца тимот смета дека има место во ростерот но нема да се противи доколку добие пристојна понуда. Значи за нив ако има ок понуда ќе заминат, ако не, ќе продолжат со Milan. И тоа е на страната на заминувањата.

- На страната на аквизациите, како што напишав погоре, Poli и Cerci е речиси завршена работа а нешто слично е и Civelli од Ница. Наводно синоќа Allegri побарал 1 централен дефанзивец, 2 фудбалери од средниот ред и едно крило. Civelli е централен дефанзивец, Poli е box to box и MC, Cerci е крило. Можно е да има уште еден „везњак“ но тоа може да биде и Cristante. Тоа е една од причините поради која сакам сериозен тренер да дојде на чело на Milan, некој кој нема да се задоволува со било што како „засилување“.

ReBorned said...

1. За Poli имам добро мислење, момчето на 23 години игра во сениорскиот состав на Италија, станува збор за микс од box to box везњак со добар tackling и умешност за одземање на топки од противникот од една страна и добар додавач па и реализатор од друга. Сè уште не заиграл во топ клуб, не се снајде во Интер ама добро, таму никој не се снајде. Значи мислењето за него ми е добро ама тоа треба да се поткрепи со добри настапи во континуитет. Сепак, Milan не е Sampdoria.

2. Околу Cerci, еве конкретно го гледав пред некој ден против San Marino, влезе од клупа некаде околу 65та и во тие 25 минути успеа да заработи најдобра оценка на мечот, од страна на Gazetta. Играше класичен AMR и буквално им го истури мозокот на левиот бек и крило. СЕПАК, станува збор за San Marino а и Cerci на моменти малку претеруваше и очигледно се обидуваше да се продаде. Очигледно е дека станува збор за пробивен фудбалер и мислам дека со него десно, ќе се растерети левата страна па и El Shaarawy ќе добие повеќе простор за игра. Сепак, со Cerci не можеме да очекуваме подобар пласман во ЛШ, барем јас така мислам. Станува збор за добар фудбалер но за Calcio рамки. За ЛШ треба нешто повеќе.

3. Civelli лично не сум го гледал, знам дека станува збор за вистински горостас (Калински), има скоро 2 метра и претставува одлична закана на нафрлени топки во гостинскиот 16 (мислам дека даде 5 гола сезонава со глава) и одличен дефанзивец во воздух, во нашиот 16. Е сега тука по дифолт се додава фразата дека ние сме слаби на нафрлени топки и тој ќе нè подобри во тој дел но тоа е илузија. Станува збор за местото централен дефанзивец и Civelli, доколку нема некои поголеми повреди на другите, веројатно никогаш нема да добие старт во континуитет на CB па од таму и тие муабети за појачување на нашата игра во воздух, не држи место. Инаку Civelli е најпознат по тоа што пред 2 месеци го бакна Zlatan на терен.

4. Освен овие погоре, не смее да се заборави и Ricky Saponara, момчето имаше фантастична сезона во Serie B зачинета со двоцифрен број на голови и асистенции а не играше како напаѓач. Иако квалитативната разлика меѓу Serie B и Serie A е огромна, квалитетот доаѓа до израз. И едно младо момче со име Stephan El Shaarawy постигна dopieta во плеј оф на Serie B па ете до каде стигна во Serie A. Можеби веднаш не, но очекувам како што сезоната ќе оди напред и Ricky Saponara да ја добива својата шанса.

P.S Последната шпекулација вели дека Milan покрај Cerci го сака и Ogbonna. Torino ги сакал Nocerino, Traore и Salamon (La Stampa). Веројатно ќе бараат и кеш, доколку реално ги бараат тие фудбалери, нема што да се мислиме. Никој од нив не игр во континуитет, можеби жртва е Salamon ама ако добиеш веќе изграден дефанзивец и репрезентативец како Ogbonna, кој може да покрие и на лев бек...

Ultras Milano said...

Јас ова околу Черчи не го сваќам толку сериозно. Пред се затоа што доаѓа од неколку италијански медиуми и упорно се форсира што незначи дека нема да се случи туку значи дека изборите кои секојдневно ги читаме се повеќе и повеќе индицираат на доаѓање на Поли и Черчи и затоа и ние самите веруваме во тоа.
Јас никогаш не сум имал против на пристигање на Италијански репрезентативци во Милан, па уште повеќе ако се и на една солидна возраст од 23 и 25 години и зад нив имаат одлично сезони.
Тоа што го прочитавме дека тимот ќе биде составен од 25 играчи +/- голманите не му двама многу тежина зошто знаеме од чија уста излезе.
Но едно знам а тоа е дека Милан ќе гледа да се ослободува од некои играчи.
Таиво,Дидак,Траоре итн. се сеуште играчи на Милан и дали го сакаме тоа ние или не, јас мислам дека ќе биде премногу Амбро,Фламс и Ночерино да заминат, убеден сум дека барем 1 а можеби и двајца од нив остануваат.
А ако се оствари ова последново што го пиша Ри (жими мајка ќе се оствари) тогаш ќе го направиме еден од најдобрите дилови во последно време.
Цивели е ништо друго освен еден просечен дефанзивец. Под класата на Мексес и Запата, што по фудбалски рамки би било негде играч од 4-5ти ред. И со него и Бонера и Закардо како бек-ап навистина незнам како ќе бидеме подобри како тим. Радо би експериментирал со Астори/Огбона како што експериментиравме со Ачерби со исклучок да им се даде повеќе време на овие двајца погоре него да купуваме играчи од кои реално знаеме колку (не)можеме да добиеме.

Ultras Milano said...

Монтоливо-Поли
Черчи-Сапонара-Ел Шарави
Балотели

Мислите дека вакво нешто е изводливо или е премногу офанзивно?

ReBorned said...

Против тимови од втор ешалон во калчото, дефинитивно изводливо. Сепак, треба да се види како Poli би се снашол во формација на двоен пивот, секогаш досега кога сум го гледал играл како mezzala box to box односно во придружба со уште 2 во средниот ред.

Navigator said...

Не е премногу офанзивно, премногу радикално е во смисла на промена. Од 6 играчи, имаш 3ца нови. Во ист состав, заедно? Тоа не се случува туку така во Milan :) Затоа и мислам дека нема шанса сите тие играчи од средниот ред што ги спомна Ри да заминат во едно лето. Noce, Flams, Ambro, Bakaye... Јок!

Navigator said...

За Купот на Конфедерации, Prandelli рече вака:

Portieri/Goalkeepers
BUFFON Gianluigi
MARCHETTI Federico
SIRIGU Salvatore

Difensori/Defenders
ABATE Ignazio
ASTORI Davide
BARZAGLI Andrea
BONUCCI Leonardo
CHIELLINI Giorgio
DE SCIGLIO Mattia
MAGGIO Christian

Centrocampisti
AQUILANI Alberto
CANDREVA Antonio
DE ROSSI Daniele
DIAMANTI Alessandro
GIACCHERINI Emanuele
MARCHISIO Claudio
MONTOLIVO Riccardo
PIRLO Andrea

Attaccanti/Forwards
BALOTELLI Barwuah Mario
CERCI Alessio
EL SHAARAWY Stephan
GILARDINO Alberto
GIOVINCO Sebastian

Ги нема на пример Ogbonna и Poli или изненадувањето Marco Sau. На нивно местo: Candreva, Gila, Giaccherini... Во секој случај, доволно силен состав за вакво натпреварување.

FORZA ITALIA!!!

ReBorned said...

Embrace yourself, почнува сезоната на Milan - Kaka романсата.

Ultras Milano said...

Што знаеш, може оваа сага ќе биде користена како за да се покријат другите зделки кои во позадина ги прави Галијани :P

Ultras Milano said...

http://www.football-italia.net/35002/official-stekelenburg-joins-fulham

Ми се плаче....и тоа многу!!

ReBorned said...

Веќе и официјално станува јасно дека клубот ќе се врати од 4-3-3 на 4-3-1-2. G вели дека тоа не е желба/наредба на претседателот туку дека било јасно дека ќе се вратиме на 4-3-1-2 по аквизацијата на Ricky Saponara. G вели дека клубот има огромна доверба во момчето и дека формацијата ќе се менува пред се за да му се даде акомодитет на него т.е дека веруваат дека тој може да се носи со таа ролја. Јас лично воопшто не верувам дека Ricky ќе влета директно на AMC од самиот старт на сезоната. Последните муабети велат дека ќе се обидеме да го добиеме Pastore на позајмица (нормално, ќе бидеме одбиени) или ќе се обидеме да го ангажираме Diamanti за тоа AMC место.
Што мислите Вие, дали повеќе преферирате 4-3-3 или враќање на 4-3-1-2 и враќање на El Shaarawy на SS. Треба да се потсетиме дека оваа 4-3-3 ја ставивме во функција пред се за да му се даде акомодитет на El Shaarawy. Враќање на 4-3-1-2 можеби ќе значи мал проблем за него во офанзива но од друга страна ќе значи и дека ќе нема премногу трошење во одбрана за покривање на нашата лева дефанзивна страна па тоа ќе придонесе да биде поефективен напред. Можеби многу повеќе ќе му лежи партнерството напред со Balotelli. Многу прашалници :)
Како размислувате Вие за оваа промена на формацијата и што мислите дека тоа ќе донесе за клубот?

Ultras Milano said...

Формацијата во секој клуб ја диктираат 2 работи:
-Играчите кои се на располагање
-Концепцијата на тренерот

Моментално играме 4-3-3 затоа што тоа ни го дозволува тимот и играчите што ги имаме. И јас лично многу при срце не си ја сваќам изјавата на Г како и многу негови изјави. Пред се затоа што вчера прочитав дека Берлу наредил да играме секогаш со 3 напаѓачи??? Многу WTF моменто за кој јас лично ама ич не се секирам, многу поважни ми се играчите кои го следиме и оние од кои сакаме да се ослободиме и разврската околу нивната судбина. Не треба да се чека до последните 2 недели во август за да се прават големи промени, ако сме сериозен тим треба најдоцна до крајот на Јули да се ослободиме од се што е вишок и да почне да се купува што е можно затоа што знаеме каков е пазарот и колку се стиснати нашите.
Многу ми е криво за Стек, многу! Меѓу 10-ина најдобри голмани во свет е има 29 години и чинеше 5.6 милиони!

ReBorned said...

Веројатно голманското дуо ќе остане како што е и нема таму ништо да се менува. Постоеше варијанта со носење на нов голман единствено доколку си замине Amelia но веројатно и тој останува во клубот. Значи во тој сегмент, не менуваме.
Добар ти е муабетот со време да пазаруваме ама и јас и ти и сите други кои само читаат а не коментираат знаат дека пак ќе купиме фудбалер во последните 3 дена од Август, по одигрување на елиминации од ЛШ и по одигрување на прво коло од Италија. Интересен податок, ОФИЦИЈАЛНО сезонава трансфер периодот во Калчо ќе се затвори на 2ри Септември а не на 31ви Август, како секоја година претходно. Не е небитен податок, значи дека нашите можат да се оптегаат дополнителни 2 дена за да играат на картата паѓање на цена во финишот.

Ultras Milano said...

https://www.youtube.com/watch?v=sVU-KJxUtIg

Припазете го дечково. Можеби не е толку млад, можеби не е типичен бразилски фудбалер ама затоа поседува некои фудбалски квалитети што ми фатија око.

Navigator said...

И самиот Galliani веќе изјави дека вистинскиот пазар се случува во последната недела од преодниот рок, така што барем тоа ни е јасно. Ситуацијата да биде поглупава, изјавата на G беше во форма на чудење од тимовите што пазареле во јуни и јули. Сигурно, што се глупави овие екипите што прават трансфери во овој период. Дали има нешто поглупаво од тоа да го имаш цел тим скоцкан на почеток на припреми?
Ахх ќелавко, ќелавко...

Navigator said...

Lazio го освои Campionato Primavera. Во финалето ја изгази Atalata со 3-0, екипата што ни застана нас на патот. Штета! Многу ми е криво за оваа наша генерација, која требаше и мораше да биде шампион. Колку само надмоќно изгледаа нашите момци на натпреварите во првенството оваа сезона. Тој што гледал барем еден меч на primavera знае за што зборувам. Има таму неколку играчи што очигледно ќе имаат успешни кариери. Во нив и двајца кои уште ова лето може да се најдат во првиот тим - Cristante и Petagna. Криво ми е што само еден кикс во одбраната и еден примен гол не застана во намерата да бидеме конечно на врвот. Добро е барем тоа што веќе врзуваме неколку добри сезони каде малку ни фали до последното скалило. Како и да е, догодина, со Pipo на чело, одиме до титула!

FORZA PRIMAVERA!

Navigator said...

Пратите бе U21 Euro? Ри знам дека прати, имаме коментирано...

Ultras Milano said...

Ја слабо само резултатите утакмиците не ги гледам.

Ultras Milano said...

Гледам тивко е на блогов па ај ќе ве позанимавам малце:
- Болоња сака 10 милиони за Дијаманти
-Се верува дека Поли веќе има усмен договор со нас а и Самп е решена да ни го продаде и се што недостига се џифри детали и официјално соопштение.
-Анте го смени агентот со цел да му најде клуб каде што ќе игра повеќе.
-Агентот на Абате повторно разговарал со Зенит и може да му спреми 3 год договор со 3м евра по сезона и исто така откри дека Абате бил многу блиску до заминување во Јануари.
-Е сега најинтересното: Извори велат дека агентот на Боатенг барал да биде продаден бидејќи немал намера да го продолжува договорот кој му истекува наредно лето. Дури и сакал да оди баш во Челзи бидејќи сакал нов предизвик и да соработува со Мурињо. Вчера профучи изјава на Мурињо дека не сакал манекени и дека Боа сезонава повеќе пати ја сменил фризурата одколку што дал голови.
Сума сумарум Боа е поблиску до излезната врата него што мислевме, ќе биде чудо ако поли не заврши кај нас и клубот дефинитивно бара офанзивен играч за врска.

ReBorned said...

Да се надоврзам, не ја спомена најжешката шпекулација: City нуди 20 милиони евра + Tevez за El Shaarawy.
Вчера се случи преседан, G им покажа SMS на новинарите испратена на него од агентот на Tevez, ПРЕТХОДНИОТ ДЕН во 9.11 pm во која агентот вели дека Tevez е верен на Milan (го бара и Juventus). G рече дека SES не оди никаде но дека многу ни се допаѓа Tevez! Потоа додаде дека нашиот wage bill нема да има никаков проблем со Tevez затоа што тој бил сосема во ред (новинарите шпекулираат дека агентот на Tevez му рекол на G дека Carlitos ќе се согласи на 3 годишен договор со плата од 4 милиони евра само за да оди во Milan. 4 милиони евра е нашиот максимум во wage bill).
G вакви финти (со изјави од прва рака, порака и директно потенцирање дека ни се допаѓа некој фудбалер) користи кога нешто навистина се работи и е во напредна фаза. Евентуалното доаѓање на Tevez веројатно ќе значи завземање на неговото место веднаш до Balotelli во самиот шпиц. Воопшто не размислувам ова да биде игра на зборови по која El Shaarawy ќе замине во City. Значи ако Tevez дојде веројатно е дека ќе стартува. Дали тоа значи дека El Shaarawy ќе ја започне сезоната на AMC? Ова е доколку се вратиме на 4-3-1-2. Сепак, доколку дојде Tevez а останеме на 4-3-3, конечно најдовме AMR кој е подеднакво агресивен и во офанзива и во дефанзива, Tevez може без проблеми да игра на тоа десно крило.
Уште еден екстремно важен statement на G: Boateng не оди никаде, Boateng ќе остане во Milan ДОКОЛКУ прифати да игра на левата страна во средниот ред составен од 3 фудбалери (значи нешто како box to box или лева mezzalla).
Тоа веројатно ќе биде врзано и со евентуално продолжување на договорот на Boateng (верувам дека тоа нема да се случи затоа што тој секоја година бара 4 милиони по сезона а веќе следното лето му завршува договорот со Milan.) Можеби продавање на Boateng + Robinho за носење на Tevez?

Ultras Milano said...

Најжешка шпекулација пошто тебе највеќе ти се свиѓа :-) Незнам што ќе ни е 30 год напаѓач кога. Одбраната и средината се хаос ама тоа е Милан нели

ReBorned said...

Ич не ми се допаѓа шпекулација во која е вклучен SES ама реално крена најмногу прашина

ReBorned said...

Galliani: "Milan and Ambrosini have parted ways after 18 years. Montolivo will be the captain if Abbiati is okay with it."

Ultras Milano said...

После 18 години збогум на Амбро ќе му кажеме.
Наскоро и официјално.

ReBorned said...

Galliani: "El Shaarawy is our most requested player.I didn't say we won't sell him,cause during the window you can't never know"

Хмм...

ReBorned said...

Stefano La Florio, El Shaarawy agent "On El Shaarawy, Galliani said everything, he was clear. Nothing more to add. Its the club to decide"

Хммм...

Ultras Milano said...

Ај една мини анкета (ептен мини ќе биде пошто очекувам да си напраам сам со себе муабет)
Кој од следниве 10 играчи е најблиску до заминување според вас и кои играчи мислите дека треба да го напуштат тимот а кои да останат?

Abate
Antonini
Didac Vila
Taiwo
Traore
Flamini
Nocerino
Emanuelson
Boateng
Robinho

ReBorned said...

Didac и Taiwo воопшто не ги ни сметам за наши фудбалери и тие ќе си заминат повеќе од сигурно. До нив би ги додал и имињата на Urby, Nocerino и Traore кои сметам дека сигурно го напуштаат тимот. Од останатите, очекувам дека Antonini и Boateng исто така ќе го напуштат клубот пред се поради сопствени барања (Antonini ќе бара место каде што ќе игра а Boateng пак ќе бара 4 милиони по сезона кои нема да ги добие а договорот му завршува во 2014та и нема да сака да потпише нов со актуелните бројки). За Robinho ситуацијата ќе зависи од понудите од Brazil. Milan сака да го продаде но не по секаква цена. Flamini е слободен фудбалер и веројатно како лани, ќе калкулира цело лето па на крај ќе видиме дали ќе се одлучи да остане во клубот или да замине. За него шансите ми се 50-50.
Значи од сите наведени очекувам сигурно да остане само Abate и можеби Antonini и само еден од Robinho или Boateng (можеби ќе си одат и двајцата). Сите останати очекувам сигурно да заминат.

Ultras Milano said...

Ги делиме мислењата горе долу. За тимот најдобро ќе биде што побрзо да си заминат некои играчи со цел да се најдат навремено адекватни замени. Реално единствен начин да си оди Абате е да дојде некоја многу добра понуда, но игнацио е прв избор во репрезентацијата и тоа му дава на тежкна. Не дека е толку добар, туку едноставно нема подобро решение од него.
Јас лично веднаш би го менувал за помладиот Сантон кој пак знае да испрати центаршут.

ReBorned said...

После El Flaco (кој реално е финансиски недостижен), сега се врти името на Eriksen од Ajax. Договорот му истекува во 2014та. Е тоа би било одличен потег за AMC. Сепак, мислам дека најблиску до него е Дортмунд кој го планира како замена за Геце а и тој ги испофали нив пред некое време.

ReBorned said...

Eriksen: "I don't think that Milan are interested in me anymore after tonight." (Denmark lost 0-4 to Armenia).

Кутриот :)

Filip Kimovski said...

Galliani: "Jherson Vergara will replace Yepes. And Cristante will replace Ambrosini."

Galliani: "Saponara will replace Bojan Krkic."

Galliani: "We're in talks with Flamini. If he will join Inter? If he doesn't extend his contract then he can do whatever he wants."

Galliani: "Milan want to keep El Shaarawy, and he also wants to stay at Milan."

Galliani: "Petagna will be in Milan's first team until January at least."

ReBorned said...

И ова лето ќе ни се удри од глава стариот проблем што веќе со години наназад ни се провлекува. Клубот прибира фудбалери со најблаго кажано сомнителен квалитет и сега не може да купи нови фудбалери се додека не им најде место на оние во тимот односно не ги продаде. Е сега проблемот е во тоа што никој не сака такви фудбалери, особено не некој сериозен тим кој е подготвен да плати нешто за нив. Затоа повторно трансфер берзата ќе ни биде блокирана се додека не најдеме место за Traore, Didac, Urby, Antonini, Robinho... Во исто време, ривалите сериозно си ги градат тимовите уште пред да започне подготвителниот период (Juventus игра одлично на тоа поле). Milan ќе остане вака заглавен се до втората половина на Август и тогаш ќе почне со панични купувања од кои најголем дел веројатно ќе го имаат истиот белег врз Milan како Traore, на пример.

Ultras Milano said...

http://www.gazzetta.it/Foto-Gallery/Calcio/11-06-2013/milan-ambrosini-story-20560122333.shtml#14

Добра фотосторија. Вреди да се погледне, барем малце да му се даде чест на човекот кој му даде 18 години на овој клуб. Видете само на едната слика од 2003 од финалето против Јуве колку е млад Пирло 10 години поминаа ејјј :)

Ultras Milano said...

На Keisuke Honda договорот му истекува на крајот од годинава и мислам дека нашиве ќе се осврнат кон него.

ReBorned said...

Тој проблем (или ако сакате, сега стиснатост) со парите, нè чини многу. Скаутинг системот си ја работи својата работа, финансиската служба затајува. Го следевме Witsel, не го купивме оти многу ни беа 7 милиони, останатото е историја. Го следевме Hernanes неколку години, многу ни беа 10 милиони, си го лапна Lazio. Еве истото се случува и со Lucas Biglia. Го следиме веќе 3-4 сезони, на крај го лапна Lazio. Ќе биде одличен, памтете ми го зборот! Одличен фудблаер кој не чинеше богатство а можеше инстантно да нè направи драстично подобри на позиција каде што сме најслаби! Еве истото ќе се случи и со Eriksen. Нели сега имавме позитивен баланс, нели нè уверуваа дека тоа што се случи лани мораше да се случи за да ги израмниме сметките и за да можеме да одбиваме понуди кои не ни се допаѓаат. Нели градевме нов тим кој ќе игра заедно една декада. Зошто го продаваме најдобриот во тој млад, нов тим?! Зошто G ги подгрева шпекулациите со игра на зборови како: Нема да кажам дека SES не е трансфертабилен поради тоа што се може да се случи / Стефан СЕУШТЕ нема трансфер цена.

Ultras Milano said...

"I hope that we will see a repeat of what happened in 2007, where we also played play-off matches and then won the Champions League.
I remember that Ancelotti made a joke when we faced AEK Athens in Athens in 2006. He said: "I'm measuring the pitch for the final next year in May".
Who knows, next season we might play in Lisbon in the group stage, and then return for the final

Ultras Milano said...

"Alessandro Matri grew up in our youth sector, and that’s why we want to bring him back to Milan."
Добро зошто сакаш да ми го заебеш денот ќелави давајки вакви изјави зоштооо??

ReBorned said...

Со парите од евентуална продажба на SES клубот може да биде и појак ама знаеме колку од тие пари ќе се употребат! На пример Eriksen е со договор до 2014, може да се донесе уште еден дефанзивец, може да се донесе или некој counterpart како дел од дилот на SES (на пример, сигурен сум дека ПСЖ сега по заминувањето на Anceloti, без проблем би го вметнале Veratti во евентуален дил за SES) ама проблемот е во тоа што нашите не играат паметно со евентуалниот кеш.

Ultras Milano said...

Ри се понашаш како веќе да е продаден СЕС :) Целиов муабет по медиумиве и минатите искуства со нашите ѕвезди те натерале да мислиш така.
Не се замарај, чекај првин да го продадеме па после пцуј. Демек не го знаеш Галијани и неговата игра на зборови. Се повторувам СЕ што ќе каже околу трансфер пазарот Г е однапред смислена стратегија. Некогаш му успева и крајниот продукт е наш (Балотели) а некогаш не (Мр.Х - Хамшик).

Filip Kimovski said...

Не знам како да го сфатам ова со Шарави...

ама моментално во Милано...



http://www.gianlucadimarzio.com/wp-content/uploads/2013/06/bc0132e2a0e739477a9c96c5ba32e2bc.jpg

ReBorned said...

Да, G се симна од бродот на Milan (кој во моментов се наоѓа покрај грчкото крајбрежје) и се врати во Milano за разговор со агентот на Tevez кој претходно имаше состанок и со Juventus.

Како што споменав погоре, не е толку проблемот во евентуалната продажба на SES, да бидеме искрени колку имаше добра прва полусезона, толку имаше лоша втора. Друг проблем е тоа што (барем засега) е врзан за AML во 4-3-3 и има проблеми во прилагодување на друга формација. Значи клубот ќе може да продолжи и без него па и да направи многу подобра екипа. Проблемот е во тоа што парите не се трошат во целост и како што треба. Искрено, јас не верувам дека SES ќе си оди ова лето. Milan е познат по тоа што ги продава своите најдобри фудбалери кога ќе го достигнат својот зенит, играчки и на берза. Во Stephan има уште многу поголеми пари (особено ако изигра на ниво уште една или две сезони) а и уште е млад за продажба. Тој ќе биде продаден ама веројатно за 2-3 години. Сепак, самите шпекулации кои ги подрева и G himself не се фер спрема навивачите и спрема неговите сопствени зборови за тоа каде ќе се движи клубот и зошто ги продадовме Zlatan и особено Thiago.

ReBorned said...

Последните муабети се дека Milan планира да ја понуди за Tevez целата сума што ќе ја добие за Robinho (7-8 милиони). Tevez за Robinho? Секако!

Ultras Milano said...

Од купување напаѓачи си патиме :)
Не дека ми смета тоа, и квалитетите кои ги поседува Карлитос се неспорни и уште повеќе ќе го засилиме најсилниот дел од тимот.
Бало,Тевез,ЕЛ92,Нианг,Пацо и Сапонара се 6 играчи кои конкурираат за 3 места во тимот, еве да речеме Пацо дека до нова година нема да биде 100% тоа значи дека Нианг и Сапонара ќе скапат на клупа.
Во истовреме продолжуваме договор со 31 годишен греач на клупа кој треба да биде 3та опција во срцето на одбраната а имаме го имаме и еден Закардо кој има 4 годишен договор.
Стекеленбург си оди во премиер лигата за ситница од 4-5 милиони наместо да пробаме со него да го решиме голманското прашање.
Лоша политика момци, лоша...

ReBorned said...

Одлична статија!

https://www.facebook.com/MilanFansMkd/posts/507637295956553

ReBorned said...

Одличен Скиљо (како што го нарекуваа Калински и Југослав Костовски) вечерва!

Ultras Milano said...

Абате, Монти, Марио како изиграа? Само малце го гледав првиот дел кога Дос Сантош му избега на Абате

Navigator said...

Mario беше одличен! Заедно со Pirlo беа најдобрите на теренот, не само заради головите, туку заради целиот импакт врз играта. Monti играше на едно чудно место на теренот, најлево во средина од тројца, ама не како нашата средина, туку одма пред него го имаше Giaccherini (кој Југо цел меч го викаше Гиачерини). Уствари, цела формација беше чудна. На хартија беше 4-3-2-1, ама на терен повеќе изгледаше како 4-4-1-1 или 4-5-1. Не можам да разберам што Prandelli гледа во Гиачерини. Понекогаш ми се чини дека цели постави ги прилагодува според него, како да му е централниот играч. Една од ретките работи што не ги разбирам во неговата филозофија. Втората работа се измените. И тоа не е од сега. Најголемата маана, барем во моите очи, се одлуките за измена и тајмингот. Можеби е дури и полош од Max. Прва измена му беше во 68ма, а другите две во 85+. И пази изборот на измени: Cerci, Gilardino и Aquilani :) Abate малку активен, имаше еден пропуст во првото полувреме, а ако мислиш на пеналот, грешката беше на Barzagli, не негова. Се на се, за мене очекуван тек на мечот и очекуван исход. Добро ќе биде да се обидат да завршат први, да ја избегнат Шпанија и да ги гледаме во ново финале.

FORZA ITALIA!!!

Ultras Milano said...

Мислев на стативата на Гуардадо.иначе да се разбереме сега, вергара не е купен така?
Пошто акл е официјално тогаш ни останува само 1 нон еу место како прошлата сезона со Габриел што напрајвме.

ReBorned said...

Токму така, купен е и останува само едно место. Само еден од Tecez, Honda или некој сличен (на Hobda договорот му истекува во Декември)

ReBorned said...

Ambro веројатно во Fiorentina :(

Ultras Milano said...

И ја прочитав дека ги договорил личните услови и сум малце разочаран.
И од него, и од начинот на кој клубот му се заблагодари за изминатите 18 години.
Ајде, барем нема да има толкав импакт на играта на Виола па да кубеме коси зошто не е веќе кај нас.
Иначе ќелавиот е во Монте Карло за да слуша што имаат Монако да понудат за Принцот.
Очекувам изјава во медиумите после од Галијани дека отишол само на пријателски ручек и дека има некои јатрви во кнежеството.

ReBorned said...

Не, тој оди во Монако оти берберот му е од таму ;)

Ultras Milano said...

Касано не беше задоволен со проектот во Милан.
една година подоцна е шутнат во парма на позајмица заедно со силвестре + 10 милиони а во спротивен правец ќе оди белфодил

Ultras Milano said...

Момци само кај мене твитер алаткава на блогот не работи? се лоадира цело време и ништо не се покажува.

ReBorned said...

Јас мислев само кај мене е така :)

ReBorned said...

Пак заглавивме со нашите фудбалери + имаме само едно NON-EU место заради Vergara...
А од transfer window, абер да се немало.

Navigator said...

Секоја година истата приказна, за жал. Ова веќе не е фрустрација, ова е повеќе навика.

ReBorned said...

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=512003435519939&set=a.396383597081924.94030.394696360583981&type=1

ReBorned said...

Уште не ми се верува, мораме да бираме меѓу Tevez и Honda поради Vergara кој веројатно нема да заигра за клубот (дефинитивно, не сезонава). Трагикомично. Сепак кога би бирал, со двете раце потпишувам за Honda. Ама тука има и друг проблем, евентуалното менување на формацијата со вметнување 2 напаѓачи во линија, ќе значи дека ни фали уште еден квалитетен напаѓач покрај Balotelli. Околу SES сè уште е матно.

Ultras Milano said...

Муабетот што го правевме Ри...ни останува да се надеваме само дека тоа место ќе биде адекватно пополнето со играч со квалитети какви што поседуваат Карлитос и Хонда.
Мора да почне да продаваме мора.....

Ultras Milano said...

http://sulia.com/milanello/f/31f9850f-3eb5-470f-b6ea-3559b22291f2/


"One year ago Milan were just a step away from reaching an agreement with Santos: Robinho to Santos and Rafael and Felipe Anderson to Milan. But in the end the deal broke down. It's a pity."

WTF???

"If there are any other players that could be good enough to play for Milan? Doria from Botafogo is really good. He reminds me of Alessandro Nesta, and he's only 18 years old. Unfortunately, he already costs €8m. The Brazilian market has gone crazy. However, Doria would already be ready for Serie A now, and Milan already have a lot of connections with the player."

ReBorned said...

Berlu сериозно ќе го крка! Веројатно не со физички затвор (човек во години е плус ќе помине уште некое време и жалба до второстепениот суд) но дефинитивно удар по неговата суета! Потврдена пресуда од 7 години затвор + бан од политичките кругови. Не знам како и дали воопшто тоа ќе се рефлектира врз клубот.

Navigator said...

Ве поздрави Tevez, едно од најсигурните и најсериозните имиња што го споменуваме веќе 3 лета наназад. Кој сака и што сака нека каже, со оваа трансфер политика, полека и сигурно тонеме.

Ultras Milano said...

Да не беа цинцари какви што се од Сантос кои добија сериозна пара за Нејмар а не даваат повеќе од 6м за Робињо сега Тевез ќе беше наш.
Реално гледано, мене ќе ми биде криво што Тевез не дојде кај нас само ако има некој огромен импакт со Јувентус, нашиот директен ривал за Скудетото, во секој друг случај гајле ќе ми биде.
Интересна констатација е дека Милан сака да се ослободи од еден 29 годишен бразилец кој кука по татковината со друг 29 аргентинец кој кука по татковината, и мислам дека е прашање на време кога Тевез ќе си се врати во Бока. Јас лично му давам 2 сезони.
Од друга страна пак Јуве си го засилија осетно нападот со играчи кои се светска класа и Љоренте и Карлитос ги чинат околу 9м евра без плати.
Се на се Јуве осетно се засили на најболниот дел од тимот и ги пополнија и последните дупки во тимот и сега за сега се во пол позиција за скудетото.
Тоа става одренден притисок кон нас бидејќи кај неколку италијански гиганти има осетни промени додека кај нас најголема е заминувањето на Амбро.
Од еден аспект, малце ми олесни што не дојде Карлитос кај нас, ова отвара многу место за Хонда кој е совршен за таа лева позиција во средниот ред или толку бараниот trequartista и уште еден одличен изведувач на прекини.
Сега може да биде наш за 5-6 милиони или пак да си направиме усмен договор каков што имавме со нашиот нов капитен и каков што најверојатно имаме со Поли.
Со овие две засилувања осетно ќе ја засилиме средината и според мене со уште еден дефанзивен везњак ќе бидеме комплетни средниот ред.

ReBorned said...

Колку ние да се залажуваме, реално Tevez ќе има ОГРОМЕН импакт врз играта на Juventus. Дека ќе си оди за 2-3 сезони, ќе си оди но реално врвен напаѓач кој знае како да реализира беше единствената слаба точка на Juventus. Тие не се во пол позиција, тие се со едната рака на скудетото и во моментов не постои ниту еден тим кој реално ќе може да ги предизвика. Од дуото Balotelli - Tevez ние одигравме далеку поуспешно и попаметно: го земавме многу помладиот, поталентираниот и слободно ќе кажам подобриот фудбалер на помала плата но Tevez ќе биде одличен за Juventus. И јас лично се надевав дека нема да дојде кај нас затоа што тоа NON-EU место ќе биде многу попаметно да го употребиме за вистинските потреби на тимот. A Honda е токму тоа! Се шпекулира со трансфер цена од смешни 2 милиони евра (затоа што договорот му истекува во Декември) и сосема пристојни 3 милиони евра по сезона на плати. На ова се додава и маркетиншкиот аспект во Азија и кога на сето ова ќе се додаде и неговиот фудбалски квалитет, добиваме целосен пакет. Сепак, НЕ САКАМ НИТУ ДА ПОМИСЛАМ дека ќе се договорат сега за тој да дојде во Јануари, тоа ќе биде трагикомично! Станува збор за 2-3 милиони евра кои го делат Август од Јануари и ќе биде сосема несериозно од наша страна да ја жртвуваме и оваа сезона со вакви потези. Од друга страна тој е цврсто решен да ја напушти CSKA уште летово и ова е опасна карта, можно е некој друг клуб да го земе од пред нос. Honda мора да дојде летово и тоа што побрзо. Сепак, со оглед на тоа како играме и на овој трансфер пазар, се плашам во борбата Tevez - Honda да не завршиме на крај со Diamanti. Повеќе би рекол очекувам отколку се плашам.
Шпекулациите од типот Kaka + кеш за El Shaarawy не сакам ниту да ги коментирам. Клубот стана Arsenal само што таму барем Wenger не зема изветчени фудбалери на кои им поминал фудбалскиот рок.
Повторувам, таа политика од типот Kaka на стари години или Diamanti нè доведе до ова дереџе, in the first place. Додека другите екипи купуваат ние мораме да бараме купци за фудбалери како Traore, Didac, Antonini, Taiwo, Zaccardo и уште еден куп слични на нив! А нормално, купци за нив нема!Ако летово продолжиме да се полниме со (пот) просечни фудбалери на кои трансфер во Milan не им бил ниту во највлажните соништа, за 2-3 сезони ќе ја имаме истата мака од сезонава. Погледнете ја клупата на Juventus, не мора првиот тим. Има еден куп фудбалери за кои можат уште утре да ја наполнат касата и да се впуштат во нова аквизиција. Кај нас со ретки исклучоци, не можеме ниту да продадеме првотимци за пристојни цени на пристојни клубови, клупата ни е хаос и е на ниво од онаа на Chievo. Додека се полнеме со минимализам, ќе имаме проблеми со трансфери и буџет. Сосема во ред е секоја сезона да се обидеш со една вајлд карта и да се коцкаш со некој фудбалер. И сосема човечки е да погрешиш. Ама кај нас се случува спротивното, на еден добар фудбалер купуваме 5 потпросечни. И после не сме можеле да ги продадеме. Епа не можеме, освен ако не сакаме да ги позајмиме во Torino или Chievo, никој нема да даде пари за нив!

ReBorned said...

И браво за Lazio, покажуваат дека со паметни потези некогаш не се потребни бродови со кеш за да се направи добар пазар. Ни го земаа Biglia еве го и Felipe Anderson на вратата. А ние се плеткаме со тоа дали ќе му понудиме едногодишен договор на Flamini и дали Urby ќе остане во клубот.

ReBorned said...

Топки со очи

https://www.youtube.com/watch?v=zSV1c6_Q_4g

Navigator said...

Хммм, веќе можам да го замислам втрчувањето на SES, дури и на Constant на овие топки.

ReBorned said...

Мислиш на De Sciglio, така? :)

Navigator said...

Каква формација и каков состав пред Шпанија. Prandelli сериозно ме замисли во текот на овој Куп на конфедерации. На проблемот што го има со измените, сега му ги придодавам и проблемот со нефлексибилноста/тврдоглавоста и веројатно најголемата маана - тоа што има омилени, за него идеални играчи. Што ли прави оној кутар Гиачерини во ваква репрезентација? Gilardino, Candreva, Diamanti...

FORZA ITALIA!!!

Navigator said...

Интересна вест излезе денес околу campionato primavera. Многу веројатно дека лигата од претстоечката сезона ќе добие друг формат, односно оној што го има моментално Serie A. Дваесет екипи, со тоа што уште не е јасно дали ќе учествуваат само младинските екипи на актуелните прволигаши или најдобрите 20 екипи од минатата сезона (за мене пофер и подобра варијанта). Во веста вика дека, кога веќе не помина предлогот за формирање на лига на резервните состави на прволигашите, ова би било одличен супститут на успешната англиска пракса. Логични заклучоци, се надевам ќе се реализираат.

ReBorned said...

Џакерини одигра сосема добар натпревар а Прандели беше најзаслужниот што гледавме ваков меч и толку добра Италија. Знам дека после битката сите се правиме генерали ама ова морав да го споменам :)

ReBorned said...

Дали зад трансфер шпекулациите и лошата полусезона на Stephan El Shaarawy се крие нешто друго?

Gazetta Dello Sport:

The mystery of the Pharaoh

From phenomenon to flop in four months: how is it possible?

Problems sharing with Balotelli, but also a crisis of growth

The player says no to all transfer offers

И внатре во текстот, уште посочни детаљи:

Gazzetta's Alessandra Bocci writes that El Shaarawy sometimes arrived late to training, wasn't concentrated in the tactical meetings.

Дали некој порасна предвреме и го удри славата во глава?

Апропо муабетот, вчера G изјави дека Balotelli и Pazzini се недопирливи а „треба да правам муабет со Stephan кога ќе се врати од Бразил“.

P.S Наводно сме понудиле 10 милиони за Ljajic.

Ultras Milano said...

Вчера почина Стефано Боргоново, па еве еден мини трибјут пост во негова чест од пред пет години.

http://milanfansmkd.blogspot.com/2008/10/forza-stefano-borgonovo.html

Navigator said...

Ај да го скршиме лошово расположение со Honda или Ljajic, или па и двајцата, да тргне муабетов на добро малку од малку. Juve не отепа со вестите за Tevez, Ogbonna, па сега и Kolarov. Добро, што ќе им е лев бек? 14 имаат, сериозно.

ReBorned said...

Kolarov ги прави подобар, тој ќе влета како стартер на LWB.

Друга работа, не е само Juve, не знам колку ги пратите но сите имаат далеку далеку подобар трансфер пазар. Lazio полека си го прави тимот а Fiorentina и Napoli се брилијантни! Viola прави страшен тим на кој ќе додаде уште неколку одлични фудбалери а Napoli флертува со многу одлични имиња а уште го немаат искеширано Cavani. Inter е на работ од продажба и финансиска инекција која може да ги живне многу а само ние сме во no man's land.

ReBorned said...

Лоша вест за МК Калчо, Телма нема да дава следната сезона, веројатно Арена Спорт.

Ultras Milano said...

Ау.
Од каде инфово? Од на Бранче фејсбукот или?
Иначе само јас приметив сега или EL92 се пува како Петел? :D

ReBorned said...

Инфото лично од Бранко, ми пиша на чат на ФБ.

Италија со бронза, се радувам што и двете деца шутираа во првите 5, SES многу ладнокрвно (не знам дали го гледаше голманот пред шутот па шутираше контра него или му се потрефи на спротивната страна). Уште повеќе ме радува тоа што промашувањето на De Sciglio не влијаеше на конечниот исход па овој промашен пенал нема да му падне многу тешко. Инаку одлична игра на малиот во текот на сите 120 минути по левата страна. Сега G го чека SES на кафе муабет во Milano па ќе видиме што ќе се случува. Што и да се случува мора да почнеме побрзо затоа што останатите екипи од Калчото веќе наголемо си ги конципираат своите состави.

Ultras Milano said...

Де Јонг
Поли-Монтоливо
Хонда
Балотели-Ел Шарави

Изводливо е ова барем на терен така?

ReBorned said...

Не само дали е изводливо туку е и многу реално. Во ваква постава секој си го игра она што всушност и му е природна позиција, по вокација. Најголем (или поточно кажано, единствен) проблем во оваа формација би можел да биде El Shaarawy. Сепак, верувам дека ќе се снајде. Всушност ако сака да стане голем фудбалер веројатно ќе може да се престрои барем за Second Striker ако не за најистурен во нападот. Тенка е линијата меѓу неговите втрчувања од лево крило кон средината и функцијата на еден second striker. Може да се снајде, само му треба малку поголема самодоверба и помош од тренерот и соиграчите. Верувам дека вака ќе изгледа нашиот почетен тим во Септември. Зад нив ќе бидат De Sciglio, Mexes, Zapata и Abate.
Занемаруваме ама освен Honda и Poli имаме уште неколку проблеми во тимот. Ако играме со 2 напаѓачи, ќе треба да купиме уште еден напаѓач затоа што Pazzini е во аут речиси до нова година. Друг проблем, ни фали уште еден централен дефанзивец. Ако се повреди било кој од Mexes или Zapata, немаме резервна опција во дефанзива (не верувам дека Vergara веднаш ќе биде фактор и 3 опција на CB).

P.S На пример кога сме кај таа позиција на централни дефанзивци, Juventus веќе ги има тројцата стартери за Италија на позиција централен дефанзивец а на нив ќе го придодаде и Ogbonna, уште еден репрезентативец!

Navigator said...

Со моменталниот состав и најочигледните влезни трансфери, ова е најреалната прва постава. Во секој случај, не мислам дека ќе се остане на ова, кога зборуваме за ростер. А од тоа пак, ќе зависи дали овие играчи ќе останат меѓу првите 11 и дали воопшто ќе се форсира оваа формација. Не е толку рано колку што нашите не почнале ништо да прават и затоа ми доаѓа многу избрзано ова составување на стартни линии за во септември.

Ultras Milano said...

Не, премногу е рано да се размислува за стартмиот состав во Септември, има цели 2 месеци и се може да се случи, туку само сакав да видам што мислите вие и дали овие играчи можат да играат во ист тим заедно.
Иначе ова за Огбома ме е потврдено, се зборува на големо ама не гледам никој да потврдил.
Мислам дека во моментов Јуве се поблиску до Коларов и тоа за ефтини пари ќе го исценкаат.
Што се однесува до нас, Сантос го сака Робињо ама го сака за 4 милиони негде со плата дупло помала од таа што ја зема јас нас. Робињо па наводно сакал иста па дури и поголема плата од 4м. Милан не ни сака да чуе за ништо под 10м, и реално се очекува да се договорат за околу 7 милиони. Но се ова е голем прашалник и моменталната став на Сантос е многу цврст и непопустлив.
Дефинитивно неговиот трансфер го кочи оној на Хонда за кој се вели дека веќе се има договорено со нас за 4 години 2.5 по сезона + околу 5м за бонуси.

Ultras Milano said...

https://pbs.twimg.com/media/BOFNS4gCAAAMcrY.jpg:large

http://store.acmilan.com/it/milan-maglia-gara-away-13-15.html?cm_mmc=AdiSocialMedia_facebook-_-IT_brand-_-adidasfootball_wall-_-20130701_AC%20Milan&cm_mmca1=IT

ReBorned said...

Реално мислите дека е можно да добиеме првотимски материјал надвор од Хонда/Љајич и Поли? Нешто друго покрај нив? Јас не верувам

Ultras Milano said...

Познавајќи ја нашава управа јас ќе бидам среќен и со нив.
Не за друго, туку некој ќе ни ги купи пред нос додека нашиве се ценкаат за 2 милиона и после ќе останеме со прстот во уста.
Без 2 сериозни засилувања во одбраната и средниот ред нема да бидеме ни блиску да го предизвикаме Јуве за титулата, а можеби и ќе заостанеме малце од 2ро место.
Фламини,Амброзини,Јепес и Бојан официјално повеќе не се наши играчи.
Постојат варијатни дека Фламини може да се договори со нас за нов договор, тоа се варијанти што несакам да се остварат.
Г рече дека треба 3-4 играчи од средината да си заминат за да дојде некој.
Значи Фламини,Амброзини,уште да најдеме купци за Ночерино,Траоре и Боатенг и топ сме (сарказам)

ReBorned said...

Не знам дали се сеќавате на нашиот последен кафе-муабет во Скопје, далеку пред овој муабет за SES и пред неговиот голгетерски пост, зборував дека El Shaarawy стана многу предвидлив во својата игра. Не се согласивте со мене (Иван во прв план). Мислев на ова:

Boban: "El Shaarawy needs to improve a lot. Everybody knows his movements when he cuts inside."

Filip Kimovski said...

Poli is a Milan player: at Sampdoria 3 million and Salamon

3 милки и 50% од Саламон

Ваши коментари за првава зделка? :D

ReBorned said...

Од каде ти е копирано ова? Дај извор. Не дека Poli не е блиску (веројатно и Astori) но никаде нема потврда. Инаку G веќе пристигна а во секој момент ќе пристигне и El Shaarawy. Самитот започнува...

Filip Kimovski said...

http://forum.acmilan-online.com/showpost.php?p=1793921&postcount=6708

Инаку ова ако е вистина може и да значи дека Фламини повеќе нема да го гледаме во Милан.

Исто така предлог за да не мора да ги скроламе овие 100тина коментари е да напишете/ме некој нов текст и да продолжиме таму за да биде попрегледно.

Еве нека биде трансфер маркет именуван и така.

Исто така велат дека Бињо ќе биде продаден за 8.5 милки наскоро.

ReBorned said...

Проблемот во Бињо е повеќе во неговите безобразни барања за плати отколку во трансфер оштетата.

Ultras Milano said...

In the 1993-1994 season, Milan won its 14th Scudetto and fifth Champions

In the 2003-2004 season, Milan won its 18th Scudetto and fourth European Super Cup.

Коа немаат да најават нови трансфери на acmilan.com се занимаваат со вакви бројки :)

Иначе и јас сакав тоа да пишам да чкртнеме нов пост ама мислам дека чекањето ќе ни се исплати и ќе може деновиве со нов пост да пречекаме некој играч :)

Navigator said...

Ааа, браво за acmilan.com. Во 2003/2004 18тото Скудето, а? Така, така.

Околу Poli, сосема фер ми изгледа трансферот. И Honda би требало да се реализира брзо, а со Astori би бил среќен со оглед на имињата што досега се споменуваа.

ReBorned said...

До сега ќе пишав пост ама еве секој ден чекам официјален трансфер па да пречекаме нов фудбалер со пост. Сепак, познавајки го G, може слободно да наполниме 600 коментари до 28ми Август и првото засилување, на пример.
G изјави дека El Shaarawy останува и сите се среќни, тој е off the market ама сите забораваат дека токму на овој датум лани G изјави дека Zlatan и Thiago Silva остануваат во Milan.

Ultras Milano said...

http://dailymilan.com/milan-sampdoria-find-a-solution-to-unlock-the-andrea-poli-deal/

И Фичо ако се осеќаш расположен слободни пиши си што ти лежи на срце, никогаш не сме забраниле на некого да си го искаже мислењето во форма на пост или коментар :)
Напротив ќе добиеме фидбек од тебе и ќе се збогати блогот.

Ultras Milano said...

-Anzhi's offer for El Shaarawy was €40m. They offered the player an annual salary of €7.5m

-Мино Раиола преговарал во име на Робињо и затоа барал толку голема плата за неговиот клиент. Се очекува нова рунда преговори деновиве.

http://www.rossoneriblog.com/2013/07/03/robinho-willing-to-reduce-salary-for-santos-move/

-Non Eu правилото, објасенто до детаљ.
Никогаш немаше да погодам дека е толку комплицирано.

http://pdacquaviva.com/2013/07/02/2013-non-eu-italian-quota-system-an-explanation/

ReBorned said...

Не сум го читал текстот со non eu (на телефон сум) ама сигурен сум дека го знам во целост, таа проблематика ми е научена на памет :) И да, малку е специфична :)
Сега и јас твитав за ова со Мино. Ако навистина е така и ако изјавите се вистински, работата би требало да се среди (а и времето притиска). Ако Мино навистина преговарал како "надворешен" агент а не како негов личен агент (татко му), тоа плаче од тужба за Мино од една страна и по 10 заушки за сите лица од Сантос кои воопшто седнале на преговарачка маса со него без да проверат дали е официјален агент, од друга. Мини веројатно се обидел да го врзе тој договорот за потоа да крка провизија од него.

Ultras Milano said...

Познавајќи го Мино тоа не изненадува никој, но добро барем има добра страна а тоа е дека Робињо самиот изјави дека е спремен да ги намали своите примања и да го прифати она што Сантос го нудат.
Инаку кога веќе зборувавте за напаѓач поради повредата на Пацини...Санта Круз неможе да се договори со Болоња и е добра алтернатива на негови 31 години.
Ама тоа ќе значи и помалце шанса за Нианг,Рики и Петања.