Translate

Saturday, 27 April 2013

Враќање на победничките патеки!


Ваков самоуверен наслов му ставив на постот кој мора да не врати во формата од новата 2013та година. Последните 3те неповолни резултати со во моментов 3те најголеми ривала се добар показател дека местото во ЛШ нема никој да ни го подари, и дека ефектите од лошиот старт ги трпиме сега, па дури ни неверојатниот старт на годината не беше доволен за да се зацементира местото во ЛШ.
Катанија ни доаѓа во вистински момент, на вистинско место. Милан е гладен за победа која ја нема почуствувано точно 27(утре 28) дена!! Еден фудбалски месец без победа е премногу за тим од највисокиот ранг без разлика во каква форма се наоѓа.
Балотели се враќа во составот и е се очекува да започне од старт, а на последното интервју Алегри рече деке не е сигурен дали ќе го игра Боатенг во нападот и средината.
Абијати и Амброзини се аут a Макс е повторно во дилема дали Де Шиљо или Констант на левата бочна позиција. Има и можност каде што и Ночерино конечно ќе заигра малце фудбал покрај Монтоливо и најверојатно Фламини, иако и Мунтари е опција за во средината.
За проблемите што ги има Катанија не треба да ви пишувам многу пред се зошто ни мене а ни вас не ве интересираат.


Нема многу филозофија, Недела 20:45 Телма.

FORZA MILAN 

Sunday, 21 April 2013

Станува ризично!



До 10тина минути пред крајот на денешните натпревари од Calcio, сите карти беа на наша страна. Сепак, Napoli победи а што е уште поопасно победи и Fiorentina која сега се наоѓа на само -1 од Milan а има многу полесен распоред до крајот на сезоната. Оние испуштени бодови во Firenza сега добиваат на значење. Milan мора да игра внимателно, сигурно и пред се, ефективно до крајот на сезоната. Вечерва играме на гости на Juventus Arena, меч кој освен резултатско има и друго значење, станува збор за гордост. Повторно ќе настапиме без Balotelli кој доби намалување на казната од 3 на 2 меча ама какво фајде кога тие 2 меча што ги паузира се токму против првите два тима на табелата. Pazzini, El Shaarawy и веројатно Boateng ќе се обидат да го начнат Buffon а зад нив шанса во првите 11 ќе добие и Ambrosini покрај Montolivo и веројатно Muntari. Во одбраната има една непознаница, позицијата лев бек. Ни треба еден добар резултат за повторно да ја вратиме самодовербата! Forza Milan!!!

Sunday, 14 April 2013

Резиме + Дерби за директен пласман во ЛШ


Таму некаде во првата третина од оваа сезона, се во Milanello и околу него беше во тотален хаос. Така барем изгледаше од страна. Беа продадени двата столба на тимот, подоцна беше продаден и неблагодарникот, по негова желба (затоа што сакал да игра во тим со амбиции). Резултатите на почетокот од сезоната беа ужасни, сите (зајадливи) предвидувања одеа во насока на тоа дека Milan сезонава ќе се бори за опстанок. Ова особено беше потенцирано од нашите комшии.
Една работа беше евидентна и очигледна. И покрај сите лоши резултати и турбулентен период, раководството беше цело време зад Allegri а Curva Sud беше цело време со неограничена доверба во раководството. Тимот полека се градеше одново, застануваше на цврсти нозе и се враќаше во ритам, играчки и резултатски.
Сето ова се поклопи со доаѓањето на Barbara во бордот на Milan.
Каде е Milan денес? На плус 8 од комшиите (кои едвај извлекоа жива глава во директниот дуел), на само 4 бода од второто место кое директно води во ЛШ, следната сезона. На директен дуел против екипата која се наоѓа на тоа второ место! Тимот еволуираше многу! Тимот еволуираше тактички, тимот доби неколку фудбалери за следната декада, фудбалери кои уште сега се носители на играта а сè уште се голобради момчиња (De Sciglio 20, El Shaarawy 20, Niang 18).  Тимот еволуираше и економски. Според зборовите на Barbara од пред неколку дена, во моментов Milan е ЕДИНСТВЕНИОТ тим од големите екипи во Италија кој сам за себе си генерира приходи и не зависи од финансиски инјекции од својот сопственик. Milan веќе не е галениче на Berlu сениор и Milan веќе не мора да чека на добрата волја на својот сопственик за да добие скромни средства за трансфер периодот. Milan одлично го користи својот бренд и сам си ги заработува приходите. Milan вложи многу во младите категории, буквално на сите нивоа. Резултатите од овој начин на работење ќе се забележат допрва. Веќе следната сезона во сениорскиот состав ќе се приклучи Bryan Cristante (избран за најдобар млад фудбалер на Viareggio Cup, најдобриот турнир за млади фудбалери во светот). Се чини, најмногу се очекува од онаа Allievi Nazzionali генерација, односно фудбалери под 17 години, кои во моментов се предводени од Pippo Inzaghi. Генерација која има куп фантастични таленти.
Milan оди во добар правец! Milan има своја цел и цврсто граби кон неа!


Меѓу повиканите за мечот против Napoli, очигледно недостигаат во прв ред Balotelli и Ambrosini. Balo доби суспензија (ќе го пропушти и Juventus) поради наводно навредување на линискиот судија после мечот во Firenza. Среќна околност за Milan е тоа што во тимот се враќа Pazzini кој беше фудбалерот со најдобра форма во тимот пред да се случи оној кобен и идиотски старт на Portanova. Друштво во офанзивното трио покрај El Shaarawy ќе му прави и еден од Boateng или Niang. Триото во средината (во недостаток на De Jong и Ambrosini) ќе го сочинуваат Montolivo на regista, придружуван од Flamini и веројатно Muntari (доколку Boateng остане на ARM). Во одбраната само една измена, Constant ќе добие предност пред De Sciglio. Остатокот од одбраната ќе го сочинуваат Mexes Zapata и Abate.
Евентуална победа ќе нè донесе на само еден бод од втората позиција и што е уште поважно, во најмала рака ќе ја задржиме разликата од оние што бркаат трето место. Моментумот е на наша страна и мораме да го искористиме!

FORZA MILAN!!!

Sunday, 7 April 2013

Кон Фиренца!!


Со капетанот на чело го започнуваме патот кон најтешкиот дел од сезоната!
Виолетовите ни се должници, според многумина (не и јас) токму поразот на овој ден пред точно една година беше моментот на пресврт во сезоната кога Милан ја загуби титулата во домашното првенство. Фиорентина според мене е единствениот тим кој може да се замеша во трката за третото место кое во моментов ја водиме ние и Наполи. Но со евентуален пораз тие ќе бидат на -9 од третото место и затоа ќе дадат се од себе тоа да не се оствари. На првиот натпревар сезонава Милан беше понижен на домашен терен, но вреди да се спомене дека ова е еден друг тим со други амбиции, друг пристап кон натпреварите и најважно од се: победнички тим.


Рикардо Монтоливо несомнено ќе има свои посебни мотиви против тимот во кој се афирмираше во играчот кој е сега, и сите најави велат дека утре напладне во срцето на Тусканија, во градот на ренесансата нема да биде пријатно пречекан.


Абијати, Абате, Запата, Мексес, Де Шиљо, Фламини, Монтоливо, Мунтари, Боатенг,EL92 и Балотели се без дилема стартери освен ако не искрсне нешто во последен момент.
Последните информации велат дека Јоветиќ ќе биде во составот кај противникот што задачата утре дополнително може да ни ја отежни
За мене лично овој термин од 12:30 е совршен и не се сеќавам кога последен пат игравме во ова време. Нашиот главен конкурент во моментов Наполи, ја пречекува Џенова доцна попладне и не ќе биде лошо да добиеме некој поклон од Прециози и пријателите, а како шлаг на утрешната Италијанска фудбалска класика ќе биде Римското дерби од 20:45.

FORZA MILAN !!!