Се враќаме на Калчото! После репрезентативните настапи во кои уште еднаш се потврди познатата на Цацко „Ах бре Македонче“ се враќаме на оној фронт на кој што сме повеќе компетитивни, Милан! Следи турбулентен период, т.н лесен распоред полека но сигурно е зад нас и во следниот период имаме еден куп тешки натпревари. Вечерва играме со Киево, веднаш потоа се враќаме на Бернабе од каде што минатата сезона си заминавме со полн плен, фантастичен гол на Пирло и brace на Пато. Потоа следуваат неколку дерби натпревари... Сепак, пред се’ Киево!
Екипа која изненадувачки или не, се наоѓа во самиот врв на Калчото и која секогаш е опасна кога напред го има Пелисие. Покрај него тука е и Мантовани, Лучијано и уште неколку фудбалери кои можат да бидат проблематични за секоја екипа во Италија.
Кај нас за прв пат сезонава речиси целиот тим е на располагање на Алегри. Од оние на кои сериозно се смета не е повикан само Амброзини кој сеуште се опоравува од повредата. Изненадувачки брзо се рехабилитираше Абијати и веројатно е вечерва да биде повторно на голот (иако еден мал дел од мене сакаше Амелија да дебитира меѓу стативите). Алегри по се’ се чини не сака многу да калкулира и ќе оди со најдоброто во моментов.
---------------------Абијати
Замброта--------Неста-----ТС--------Антонини
-----Гатузо----------Пирло----------Сидорф
-------------------Роналдињо
----------Пато-----------------Ибрахимовиќ
Со тоа што можна е промена на бековската позиција, Антонини ако игра ќе биде со маска на лицето (поради скршениот нос), доколку не игра Замбро ќе биде LB а Абате RB.
Алегри полека но сигурно го наметнува својот авторитет (тоа може само да радува) и по одличниот тест против Парма ќе го уфрли Дињо повторно на AMC. Деновиве Дињо тренирал константно на таа позиција. Ако до минатата сезона бевме жртви како епика на желбата на Дињо да игра исклучиво како AML и дури и еден Леонардо не можеше да го промени тоа, сезонава е нешто друго. Алегри рече дека некогаш повторно ќе се игра со 4-3-3 во зависност од играта на секој противник. Ибра и Пато по подолго време (или ако сакате поточно по второто коло) повторно ќе играат заедно. Време е да се подмачкаат клиповите на машинеријата. Само да не се сопнеме, тоа освен 2 (или 3) загубени бода ќе значи и губење на самодовербата пред Мадрид!
На трансфер пазарот многу шпекулации, од Давид Луиз преку Контрао па Сисоко (во меѓувреме во Лион му ги исчистиле забите од забен камен, истите биле полирани а подоцна и пломбирани).
Доколку се интервенира во Јануари тоа би било најверојатно на бековската позиција а на лето со сите сили кон Давид Луиз.
Епа Forza Milan!
P.S Не си играјте со Чак Норис, со него не си игра никој па дури ни Берлу!!