Translate

Wednesday, 23 April 2008

Трчи, трчи, петарда...


Годинава нашите миленици(не домашни) на неколку пати ни дадоа лажна надеж дека годинава ќе гледаме еден моќен и непобедлив Милан. Е вака почна све, по првото коло стигна и првата победа против Џенова(0:3) и потоа неколку нерешени резултати и разочарувања но тогаш дојде првата петарда против Лацио и тоа на Олимпико. И сите си помисливме кризата помина, почнавме да победуваме, и тогаш на Сан Сиро се појави гигантот Емполи и не истушира со еден гол во мрежата на Дида и ниту еден во нивната. За да си ги излечиме раните му се истуривме на Шахтјор(4:1) , но веднаш после тоа се појави Волчицата и ни даде едно голче што во многу ситуации годинава беше доволно за да се победи Милан. И тогаш на момците им дојде преку глава и си рекоа мора да падне уште една петарда, и БИ петарда. Жртва: Сампдорија. Стрелци: Замислете, Џилардињо два гола, другите не се ни битни. И тука веќе нешто можеше да се насети, и при двете петарди двоен стрелец на двата напревари беше Џилардињо, што само по себе беше чуден факт требаше да не алармира дека победиве се само чиста случајност. Но како верни фанови си помисливме по двомесечната криза нашите се BACK ON TRACK. И тогаш пак дојде еден гигант на Сан Сиро наречен Торино, но за разлика од претходните случаеви овој пат поминавме "добро" и против гигантот извадивме бод(0:0). И после пак за утеха му се истуривме на Шахтјор(0:3). И така до зимсакта пауза си теравме топло-ладно. И тогаш нашите момци заминаа во Дубаи на подготовки со надеж дека ја оставиле полу-сезоната во заборав и дека во наредниот период ќе почнат да ги правдаат парите што ги заработуваат и ќе почнат да ги радуваат милионите Росоњери во светот вклучувајќи не и нас МАКЕДОНЦИТЕ. И така и беше, стигна третата петарда,5:2 против Наполи на Сан Сиро, + новиот феномен Алекс Пато го постигна и првиот гол на своето деби, подобар продолжеток на сезоната и неможевме да замислиме. Но како што налагаше традицијата петардата требаше да не предупреди. Во овој случај беше малце подобро затоа што следуваше победа против Удинезе(со гол во 99та), но потоа отидовме на "тешко" гостување во Бергамо и си доживеавме пораз(2:1). Значи по трет пат лажен аларм. Иако рака на срце(омилениот израз на "неутралниот" од Телма ТВ) по тој пораз следуваа неколку победи во низа, но следуваше и елиминација од Арсенал. И така си теравме топло-ладно, повише на ладно него ли на топло али ХАУЕВЕР.... И напокон следуваше едно добро издание против Јувентус, но глупоста од невидени размери на Бонера, и судиските одлуки при вториот и третиот гол на противникот не не оставија да се израдуваме. Но како по обичај нели сезонава по бран лоши резултати следува, погодете што? Петарда нормално. Овој пат жртва беше Реџина. Единствената разлика што овој пат ме теши дека не е лажен аларм и дека конечно ќе направиме една серија од 5 победи по ред, а во која во меѓувреме ќе ги совладаме и административците од соседниот дел на градот, е листата на стрелци на овој натпревар. Овој пат го немаше Џила со два гола и нормално работите изгледаат помалце чудни, односно се е веќе пореално. Кака си брцна 3 гола(иако два од пенал) , нормално Пипо и во поново време нормално Пато. И вака поставените работи веќе даваат поголема надеж дека ова не е лажен аларм и дека до крај ќе следуваат 4 победи, а во меѓувреме кикс(ови) на Фиорентина. Но, значи тука постои едно големо "НО" или "АМА" ако сакате, ако погледнеме назад ќе видиме дека после секоја петарда следувал лош период(тоа и ми беше поентава на статијава), значи не треба да зимаме како што би рекол народот "здраво за готово" и да мислиме дека сега сме многу јаки и до крај ќе згазиме све. Јас сум убеден дека Анчелоти ова го знае многу убаво и ќе им го објасни на фудбалерите, за да веќе следниов викенд на средбата со Ливорно влезат со ладни глави и да издвојуваат победа која е повеќе од неопходна. Знам дека и они не сакаат да играат со Зенит во полу-финале на Европски куп наместо со Барса или Манчестер. Тоа е тоа што сакав да го изјавам :), Поздрав до сите и нормално сите во еден глас:

FORZA MILAN!!!!


П.С. Следува период на празници, што значи дека собиранки нема да има. Основачкото собрание на Фан Клубот кое беше начелно најавено за 4ти Мај, на денот кога играме со комшиите, ќе биде одложено за подобри времиња, од проста причина што терминот за одигрување на наптреварот е 15.00 часот, а јас верувам дека многумина кои ќе бидат заминати на продолжен викенд по повод празникот нема да бидат вратени до тогаш, да беше вечерен наптревар ќе беше друга ситуација но вака е речиси невозможно да се собереме, и затоа понатака ќе биде одбран подобар термин.

Saturday, 19 April 2008

Собир за натпреварот со Реџина!

Да не должам многу :),

МЕСТО: Shankly's ,

ДАТУМ: Недела, 20ти Април,

ВРЕМЕ: 14:45!


ПРИСУСТВО: По желба

Епа момци се глеаме, се надевам на уште поголемо присуство во однос на првиот собир! Во случај некој да незнае каде се наоѓа наведеното место еве ви броеви за контакт,
070 34-34-46(достапен 24/7) и 076 43 36 36(достапен повремено)




Monday, 14 April 2008

ПРВ СОБИР НА ФАНОВИТЕ НА МИЛАН ВО МАКЕДОНИЈА!

Се случи и тоа, првиот собир на фановите на Милан во Македонија. Беше тоа еден убав сончев ден, иако се собравме навечер :) , повод беше да се запознаме и секако наптреварот со Јувентус. За жал господинот Роки, човекот во црно, во овој случај во жолто ни ја упропасти вечерта! Да се разбереме, стартот на Бонера беше за секоја осуда, и сосем заслужено си го доби тоа што си го доби, но вториот гол, како што би рекол еден од нашите политичари ОД АВИОН СЕ ВИДЕ дека беше офсајд, а фаулот за прекинот по кој беше постигнат третиот гол беше во најмала рака СМЕШЕН! Дос Сантош Де Оливеира Вандаир ќе го издржеше тој "дуел" и немаше да падне на земја, но човекот во црно тоа го оквалификува како фаул и ние сега треба да се помириме со тоа. Синоќа за прв пат во мојов живот , а се надевам и за последен навивав за комшиите, и помина добро па разликата остана 4 бода и е сеуште достижна.

Сега да се вратам за тоа што го почнав постов, собирот помина добро(посебно во моментите кога ГРАНДЕ ПИПО ќинеше мрежи), икао на ниво на Македонија по иницијативата има пријавено 31 Росоњер, сепак во саботата имаше 10. Секако на тие надвор од "Метрополата" изостанокот им е оправдан секако од објективни причини, но тие кои се од Ск имаат еден ГОЛЕМ - :), и ќе треба да достават издржано оправдание за да им биде избришан.:))). Веќе следниот пат се надевам ќе бидеме во поголем број. Основачкото собрание се планира да биде на 4ти Мај , на наптреварот со Интер, но за тоа ќе бидат објавени дополнителни информации. За секој следен собир ќе има претхдна најава на блогот со информации за денот и местото на собирот! Значи тоа е тоа на кратко што можам да ви го презентирам од првиот собир, ова беше почеток на една убава приказна(ама сум поетски расположен:) ) која се надевам ќе трае долго! Поздрав


FORZA GRANDE MILAN

Sunday, 6 April 2008

ЕКСКЛУЗИВНО!!!

ДРАГИ ФАНОВИ НА ACMILAN ВО МАКЕДОНИЈА ВЕ ПОВИКУВАМЕ ДА СЕ ПРИКЛУЧИТЕ КОН:

ИНИЦИЈАТИВА



За формирање на официјален фан клуб на AC MILAN во Македонија. Како долгогодишни фанoви на Милан, чуствувавме потреба, а и обврска да повикаме на формирање на фан клуб во нашата земја! Знаеме дека има многу жестоки фанови на Милан кај нас, и затоа мислиме дека идејата за формирање на фан клуб ќе биде масовно подржана.

Идејата е стара, и верувамe дека многумина од вас ја имале истата идеjа, но време
е да го направиме првиот чекор кон формирање на Официјален Фан Клуб. Активностите на Фан клубот ќе бидат следниве:

- Дружење меѓу сите фанови на AC MILAN во Македонија
.

- Следење на натпревари
на AC MILAN од Сериа А и Лигата на Шампиони заедно на место кое подоцна ќе биде дефинирано.

- Организирање на патувања на Офцијални натпревари на Милан
.

- Организацијата "AC MILAN MACEDONIA FANS CLUB" ќе биде регистрирана како
здружение на граѓани со непрофитна дејност во ценралниот регистар.

- Ке се плаќа одредена
минимална членарина за, издавање на членски книшки, печатење на маички со Официјалниот амблем на “AC MILAN MACEDONIA FANS CLUB”, кој подоцна ќе биде дефиниран и слични активности. Сите приходи и трошоци кои ќе бидат направени ќе бидат транспаретно објавувани пред сите членови на "AC MILAN MACEDONIA FANS CLUB”.

- Ќе се издаваат членски книшки на кои ќе бидат заведени одредени податоци, кои подоцна ке бидат дефинирани од сите нас, или можеби ќе бидат наложени од Официјалниот Фан Клуб во Италија.

- Ќе биде отвoрена Официјална веб страна или блог на "AC MILAN MACEDONIA FANS CLUB" преку кој ќе контактираме, дебатираме и секако тоа ќе биде и начин
на комуниукација со остатокот од светот, и преку кој ќе се зачленуваат нови членови. Дополнително ќе се договориме колку и кои луѓе ќе го одржуваме и update- irame блогот или веб страната.

Ќе биде поднесена апликација за членство во “Associazione Italiana Milan Clubs” (AIMC) со што ќе станеме официјален фан клуб.

Првиот состанок ќе биде свикан во оној момент кога ќе се собереме доволно луѓе, во прилог ќе бидат оставени податоци на лицето за контакт, преку кој Вие ќе се пријавувате, се што треба да направите е да оставите ваши податоци(доволно е е-маил, и Вашето име), и кога ќе се собереме доволен број на луѓе ќе биде свикан и првиот состанок кој би се одржал во еден од градските кафичи за почеток , и таму сите заедно ќе ги дефинираме следните активности.

Моментот зашто сега се потегнува оваа иницијатива е затоа што Милан е западнат во длабока криза, и мислиме дека сега ќе се јават најверните навивачи на клубот. А кризата е пролазна работа, и веруваме дека веќе од следната сезона ќе прославуваме успеси.

Исто така битна работа е да ја ширите информацијата за иницијативата на сите ваши другари, другарки или познаници кои се фанови на Милан. Што по масовно тоа подобро. И секако секоја ваша сугестија ќе биде добредојдена.

Епа драги фанови тоа е тоа , сега
сите ние сме на ред да се собереме и формираме еден фан клуб на кој ние самите ќе бидеме горди и ќе се дружиме и прославуваме успесите на нашиот клуб и верувам ќе доживуваме незаборавни моменти. Во прилог ги имате податоците на лицето за контакт:

MSN:
rossoner4life@hotmail.com

E-mail:
acmilan_macedonia@yahoo.com
Моб. тел. 076 - 43 - 36 - 36

Име: Владимир

ПРИЈАВУВАЈТЕ СЕ!!!.

FORZA GRANDE MILAN!

Иницијативен одбор на AC MILAN MACEDONIA FANS CLUB