Translate

Saturday, 7 February 2015

Дерби на Италија!


Помина доста време откако пишав пост, ама помина уште повеќе време откако го победивме Јувентус последен пат. 25ти ноември 2012, Сан Сиро, Робињо од пенал. Ова е веќе трета сезона како почнуваме од нула со амбиции за место кое води во ЛШ и ништо повеќе. Тие амбиции се нарушени и оваа сезона и само лошите резултати на нашите ривали сеуште не држат во игра за тоа трето место. Оваа зима имаме неколку причини за да се надеваме на подобра иднина.


Покрај засилувањата каде што пак се засиливме квантитативно дојде и најавата за нашиот нов стадион. Сеуште немам време да ги прочитам сите детали за него само знам дека ќе има капацитет од 48.000 гледачи што според мене е совршена бројка и дека треба да биде готов до 2018та година. Од аспект на фан на Милан тоа е одлично и чекор напред затоа што видовме каков позитивен ефект има новиот стадион на Јувентус, и следењето на тој тренд може да значи нешто добро. Од навивачки аспект, целата структура мене ми изгледа како огромен трговски центар со фудбалско игралиште. Ама не сум јас архитект, и фирмата што ќе го гради - Аруп стои зад Алијанц Арената, а инспирација за правење на истиот стадион имале од Емиратите во Лондон, како и стадионите на Базел и Атлетик Билбао.

Да се вратиме на натпреварот каде што кај нас ќе отсуствуваат казнетите Мексес и Дестро, како и повредените Агаци, Абате, Армеро, Бонера, Де Шиљо, Запата, Де Јонг, Монтоливо, Ел Шарави и Мастур. Без Де Јонг и Монтоливо, против еден од најдобрите средни редови во светот не ни се пишува добро. Последните најави се дека суперстар дуото од Гана, Есиен-Мунтари ќе го почне мечот. Еве ја и целата листа на повикани играчи:


Покрај Лопез на голот, се очекува старт на Антонели и Палета и последните најави се дека Закардо е фаворит да почне на десната бековска позиција пред Рами, додека Алекс е сигурен стартер во одбраната. Мунтари-Есиен-Поли најверојатно ќе биде трито во средина кое незнам како ќе успее да ја задржи топката повеќе од 3-4 пасови, додека Менз и Бонавентура се сигурни напред со тоа што последната дилема на Пипо би требала да биде помеѓу Черчи и Хонда за десната крилна позиција.

Сега малку статистика:
  • Јуве победил на 27 од последните 29 натпревари дома во Серија А
  • Јуве нема примени гол на последните 3 натпревари во Серија А
  • Милан нема победа на последните 6 гостувања во Серија А
Тасоти на пресот изјави дека нерешено е добар резултат. Апсолутно се слагам, со играчите кои ни се на располоагање а посебно во средината пораз од еден гол разлика не звучи лошо.

FORZA MILAN!!!

Sunday, 1 February 2015

Најава: Milan vs Parma!


Од денот кога го напишав последниот пост се случија неколку значајни настани. Дел позитивни и тоа главно на трансфер пазарот. Galliani беше поприлично активен и вклучен максимално лично. Несекојдневни слики излегоа кога ќелавиот лично го посети домот на Destro – најзвучното име кое го засили Milan. Но добра работа беше завршена и со трансферите на Antonelli и Bocchetti. На другата, негативната страна, дури 3 поврзани порази. Момците ја продолжија мизерната серија во првенстовото, но периодов значеше крај и на второто натпреварување – Купот на Италија. И покрај сите најави дека клубот максимално ќе се ангажира да по повеќе од една деценија дотурка далеку во наптреварувањето кое веројатно на полесен начин носи излез во евро-куповите, Milan одново потклекна и заслужено испадна. Сепак, и тоа не значеше крај за Pippo на клупата на Milan.

Информациите во и околу клубот велат дека Inzaghi ќе добие уште неколку шанси, но лично не верувам дека позицијата ќе му биде стабилна ако вечерва, против Parma не успее да донесе 3 бода. Едноставно неопходно е, победа во првенството немаме веќе 5 кола. И затоа, што од неопходност, што од идејата за промена на Pippo, Destro и Bocchetti само по неколку заеднички тренензи со екипата, најверојатно ќе бидат стартери. Револуцијата со формаицијата беше нешто што можеше да се очекува и беше на неколку пати најавено како опција, директно од стручниот штаб. Конечно, Milan ќе игра во 4-4-2, па така, покрај Bocchetti на лев бек, во одбраната најверојатно ќе се најдат и Alex, Rami и Zaccardo. Средниот ред е доста офанзивен и верувам дека тоа е добрејдено за најголем број од навивачите. На крилните позиции би се нашле Cerci и Honda, на средишните Van Ginkel и Poli. Напред, заедно со Destro ќе биде нашиот најдобар стрелец Menez.


На саат време пред натпреварот нема да должам повеќе. Премногу едноставно и логично е: ни треба победа повеќе од кога било сезонава. Не смееме да продолжиме да тонеме. Би било залуден цел напор и успех на трансфер пазарот доколку негативната серија продолжи. Ајде да им посакаме на новите играчи убаво добредојде со убава и лесна победа. Parma, фенерџијата во Калчото е идеалниот противник за тоа.

Forza Milan!!!