Translate

Sunday, 23 November 2014

Најава: Il Derby della Madonnina!

Ниедно градско дерби не смее да остане незабележано или ненајавено на блогов, без оглед на тоа во какви гужви и со какви обврски сме окупирани. Некои од нас со работа, некои животни одлуки и настани (честито Жаре J). Признавам дека денес сум најнеспремен пред едно дерби, од кога знам за себе. Да бидам до крај искрен, до пред 10 минути не знаев ниту кои играчи се повикани, а камоли кои би стартувале. Но сеедно, моите извори од Милано го кажуваат следново: J



Pippo ќе го има скоро најсилниот состав достапен, слично како и старо-новиот тренер на комшиите – Mancini. Меѓу тие што нема да стартуваат, но ќе бидат на клупа е капитенот! Monti е повикан по неколку пауза од повредата и според реакциите на Twitter е многу возбуден и жеден за фудбал.

И ние и Inter сме во многу слична ситуација и во поглед на формата и во поглед на позиција на табелата. Тоа веројатно ќе го направи Дербито уште поинтересно и понеизвесно. Мотивот сигурно нема да недостасува, кореографиите исто така. Барем CurvaSud најаваи спектакл.

Одиме момци, да го направиме Милано црвено-црн, одново!


FORZA MILAN!!!

Sunday, 2 November 2014

Враќање во ЛШ конкуренција!


Факт е дека по почетната еуфорија и позитивни игри полека но сигурно влегуваме во некоја летаргична фаза. Се надевам дека ќе се раздрмаме позитивно после вечерашното гостување на Zamparini на San Siro. Со победа се враќаме на третото место со Sampdoria која ја победи со 3-1 истата онаа Fiorentina со која ние не успеавме да се справиме претходно. Palermo како и неговиот сопственик, секогаш е непредвидлив противник и од него може да се очекува апсолутно сè (а најчесто смена на тренерската клупа). Оваа екипа му даде 3 гола во гости на Napoli а успеа да прими 3 од Empoli односно 4 дома од Lazio. Имаат прилично млада и инвентивна двојка во нападот во имињата на Dybala и Belotti (голем фан на Milan и фантастичен во младата репрезентација на Италија). 

Сепак доколку ние одиграме на нивото на кое одигравме првите неколку натпревари сезонава, не би требало да имаме поголеми проблеми со нив. Особено не ако рано го отвориме мечот и продолжиме да газиме на гаста во текот на дуелот. Кај нас покрај долгорочно повредениот Montolivo во аут е и камиказата Sulley поради жолти картони и за жал Jack кој после фантастичниот гол и одличната партија на mezalla против Cagliari, ќе паузира поради потрес на мозокот од удар во главата на тој дуел. Поради сето ова веројатно еден од Van Ginkel и Saponara ќе го започне денешниот натпревар од старт (повеќе предност му се дава на нашето дете). Напред прилично сигурно повторно ќе стартува Torres и Honda а El Sharaawy и Menez ќе се борат за онаа AML позиција. Одбраната ќе биде истата. Pippo беше категоричен дека и покрај лошиот период на De Sciglio тоа е иднината на италијанскиот фудбал и идниот Maldini на клубот и тој секогаш ќе игра кога ќе биде здрав! Огромна доза на доверба од тренерот кон младиот фудбалер. Зад нив на голот конечно се очекува враќањето на Diego Lopez кој веќе предолго време е во аут.


Едноставно треба да одиграме на Pippo ниво на игра и да не се олабавуваме после евентуален постигнат гол туку да го одржиме нивото на игра до крајот.

Forza Milan!!!