Дозволете ми да Ви го претставам момчето за кое веројатно ќе слушате многу повеќе во иднина. Alessandro Mastalli е актуелниот капитен на момчињата на Super Pippo и момче за кое сите се согласуваат дека поседува аура која долго време недостига во тимот, аура како онаа на Il Capitano! Секоја чест на Ambrosini, Ganz или Petagna но Mastalli е капитенот кој никогаш не гледал меч од клупата. Момчињата на Super Pippo имаат 10 различни формации и во сите нив фигурира Alessandro Mastalli. Момчето следната сезона веројатно ќе настапува за Primavera и сите се сигурни дека ќе продолжи со капитенската лента и таму. А нема причина да биде поинаку. Момчето е фудбалер кој ги прави сите околу себе подобри, вистинки спиритуален лидер на теренот.
Кој е Alessandro Mastalli? Ale е роден на 7ми Февруари, 1996 година и е син на Ennio Mastalli, бивш фудбалер кој кариерата ја започнал во 70тите и ја завршил во раните 90ти. Настапувал за Bologna, Varese, Catania, Lecce. Бил на чекор од трансфер во Milan (фан на Milan од мали нозе) но трансферот се изјаловил. Затоа неговата желба ќе се оствари преку неговиот син.
Малиот Alessandro почнува да игра фудбал на 5 годишна возраст. Набрзо неговиот талент бил забележан од скаутите на Bologna и Modena. Одејки по стапките на својот татко, се одлучува за Bologna. Во Bologna настапува 5 години и интригантно, во 1/16 финале губи токму од екипата на Milan која во својот состав ги има за тие прилики страшните Bryan Cristante и Andrea Petagna (денешни членови на сениорскиот тим). Сепак овој пораз се покажал среќен за Ale затоа што буквално ги импресионирал скаутите на Milan во настапите против црвено црните и само 2 месеци подоцна добил повик од Milan кој без размислување го прифатил. Веќе во првата сезона со новата екипа го освојува трофејот Scirea на кој е избран за најдобар фудбалер. Трофејот го добива лично од Il Capitano!
Веќе следната сезона Alessandro настапува со играчи кои се поголеми од него но одлично се вклопува во тимот и постигнува 3 гола во првите 6 натпревари. Сепак, сите слушнаа за него во сезоната која што измина, по доаѓање на клупата на легендата на клубот, Filippo Inzaghi. Големината на Mastalli не само како фудбалер туку и како личност ја сподели и самиот Pippo, во едно интервју. Убаво се сеќавам на тоа интервју кое го читав лично и во кое Pippo рече дека Mastalli ја има аурата на Paolo Maldini, дека тоа е капитен кој буквално го сака секој во тимот. Тогаш Pippo сподели една интригантна ситуација. Кога тој дошол на чело во клубот, ги натерал сите фудбалери тајно да гласат за својот капитен. Од 25 гласа, дури 24 гласале за Alessandro Mastalli. Единствениот кој не гласал за Mastalli, бил самиот Alessandro кој бил скромен и не гласал за самиот себе, туку за друг колега! Тоа кажува многу!
Super Pippo се покажа како тренер (а таков беше и како фудбалер) кој не сака да дели комплименти на индивидуи и за него секогаш тимскиот успех е на прво место. Сепак, Mister Inzaghi дели комплименти за Mastalli, на сите страни! Го споредува постојано со Maldini, харизмата која ја поседуваат и двајцата и љубовта кон нив буквално од сите во клубот.
Allesandro Mastalli има 17 години, висок е 175 цм а тежок 75 кг. Го носи дресот со број 8 и природно настапува како десна mezzala во средниот ред составен од тројца фудбалери. Оваа негова позиција не е постојана затоа што Pippo сака постојано да го шета на различни позиции и има неограничена доверба во неговите квалитети. Ale е класичен фудбалер од средниот ред, подеднакво е добар во дефанзивните и офанзивните задачи и претставува столб буквално на целиот тим. Момците на Pippo можат да се миксаат во дефанзива и офанзива но тимот не може да се замисли без Il Capitano Mastalli во него!
Иако на почетокот на својата кариера тој започнал како regista пред дефанзивците, сепак сега е се поблиску до напаѓачката линија и во моментот ја држи буквално цела десна страна од теренот. Повеќе од се, него го красат неговата брзина и неговата неверојатна тешка работа. Не знае да застане буквално ниту една минута од мечот и постојано е во движење. Прв е во дефанзива и прв во напад, неретко и пред напаѓачите. Super Pippo ги забележал квалитетите на момчето и пред се тоа дека главата му стои цврсто на раменици па му дава слободна ролја во средниот ред верувајки во неговата луцидност и интелигенција на теренот. Момчето има одличен удар, претежно ја користи десната нога но нема проблеми да шутира одлично и со левата. Сезонава постигна 6 гола (се наоѓа на третото место во тимот, веднаш зад напаѓачите) и има голем број на асистенции. На натпреварите се забележува и фактот дека момчето размислува 2-3 потези однапред со што некогаш неговите соиграчи имаат проблеми да ја прочитаат целата акција.
Друга огромна предност на Mastalli е притисокот, буквално! Момчето врши невиден притисок врз противникот во текот на целиот натпревар, се обидува секоја топка да ја одземе без разлика дали со лизгачки старт, standing tackle или едноставно со константен притисок кој ќе го натера противникот да згреши! И не застанува!
Уште една голема предност која ја потенцираат сите што го следеле, на чело со Pippo е неговата присебност. Иако станува збор за капитен на тимот кој е избран едногласно од сите соиграчи, иако станува збор за фудбалерот кој никогаш не пропушта меч, тој е многу присебно момче! Не дозволува никаква слава да му удри во глава и цврсто гази по земја! Како што самиот тој изјави во една пригода: Only the one who believe in himself can continue to grow.
Неговото лидерство извира од него на секоја педа од теренот. Оди прв да честита на секој погодок, без разлика колку е големо водството на мечот. Знае да даде поддршка и да разговара со соиграчите кои направиле неколку грешки во серија, укажува на подобрување во играта, знае да разговара и со судијата кога смета дека тој донел погрешна одлука но со голема коректност! Исто така знае и да го потчукне по глава некој соиграч кој почнува да го повлекува топката во текот на мечот и се заборава во својата индивидуалност. Поседува уникатна и огромна харизма и тимот го обожава!
Момчето како и сите професионални спортисти има некои свои хирови и суеверија за кои не сака да разговара јавно. Пред секој натпревар се втурнува буквално лице во лице со познатиот психолог на тимот, Roberto Boerci и зборуваат нешто очи во очи. Она што го зборуваат засега останува голема тајна.
Исто така, секогаш кога постигнува гол, го бакнува амблемот на клубот за кој е емотивно поврзан!
Минатата година, Aldo Dolcetti кој во тоа време беше тренер на Primavera имаше големи пофални зборови и за Alessandro Mastalli. Доколку сезонава биде се како што треба, за очекување е Il Capitano Mastalli да биде со капитенската лента на Primavera во историскиот прв настап на Primavera во еден натпревар од Лига на Шампиони за млади екипи во Европа!
Со оглед на тоа дека очите на сите во Milanello се насочени кон него, нема да биде чудно доколку Mastalli добие повик и од Allegri да учествува барем во тренинзите на првиот тим а зошто не и да чека шанса од клупата на некој натпревар од Serie A.
Сите познавачи на приликите во Milanello, се согласни во едно: Ваква капитенска харизма во Milan не се појавила од времето на Il Capitano, Paolo Maldini!
P.S Текстот беше прераскажан од статија на http://acmilanfan.ru