После првиот сериозен припремен меч против Valencia, дојде годинешнава едиција на Audi Cup-от, во организација на европскиот шампион. Форматот стандарден,
полуфиналиња, меч за 3то место и финале. Останатите учесници – Manchester
City и Sao Paulo. Два меча во само два дена и однапред изгледаше
како преголем залак за оваа фаза на припремите. Кога на тоа ќе се додадат
противниците, знаеш дека ризикуваш залудно да потрошиш неколку дена на
несоодветни проверки. Но во прашање е значаен спознор, кој има интерес неговиот
турнир да го направи исклучително атрактивен и не прашува кој, кога и дали е
спремен.
Ждрепката рече дека во првиот ден треба да се сретнеме со Man City во очигледно поинтересното полуфинале,
ама немаше во предвид дека клубот толку доцна ќе ги приклучува репрезентативци
во погон. Стравот наш се зголеми кога слушнавме за пресните повреди – Binho,
Bonera, Mexes... доволно беше. Испадна прилика за старт на Vergara и Petagna, за Zaccardo да биде лидер на одбраната, а Nini капитен (пак се насмевнав додека го
пишувам ова). Инаку Nini
играше десно. Constant лево,
пред нив NDJ, Muntari и Traore, SES на стандардна позиција и Boa на false 9. Мечот во целина слаб. Не 8, туку 18 гола
да паднеа, со онаа игра само испливаа слабите страни на двете екипи. Нашите за нијанса го поправија впечатокот во второ полувреме, ама пак, тоа што го видовме во првите 35 минути беше срамно. Ок, разбирам дека City е понапред со подготовки, дека за 15 дена стартуваат во
лигата, но таква квалитативна разлика на терен не смее да постои, никогаш. Што е најтрагично за квалитетот на цел меч, Milan имаше прилики не само да израмни до крајот на полувремето,
туку и да даде уште два гола,
преку стопроцентните шанси
на SES и Boa. Во глобала, одбраните на двете екипи беа трагедија, нашата нешто повеќе, затоа што комплетниот ред беше очаен, додека кај City само стоперите. Не знам дали да почнам да индивидуално да ја
опишувам мизеријата на нашата дефанзива…
Ќе се обидам накратко: Nini во препознатливиот мод “мува без глава”,
веројатно импресионоран од лентата на рака; нели Zaccardo пред 10тина дена изјави дека може да замине од
клубот. Ок, слободно, зошто
не замина веќе? Или не, ако размислам, така ќе требаше Pacifico да биде стартер, и тоа не по своја вина; Vergara успеа да се среди до некое пристојно
ниво, ама откако прими 5 гола. Не паднаа сите голови заради негова грешка, вистина е, ама Dzeko и Jesus Navas дефинитивно не го доживуваа како респектабилен дефанзивец; Constant беше можеби
најлошиот на теренот, ама тоа не е најголемиот проблем. Страшното е што тој (и
веројатно само тој) мисли дека е натпросечно добар фудбалер. Кога нема да му успее финта на средина на терен (а многу веројатно дека нема да му
успее) или кога лесно ќе загуби топка, тој не се враќа да покрие, да се “извади”, туку се нервира, бара фаули, па често и сам прави фаул после тоа или се ‘рчка со противниците, некогаш дури и вика
на соиграчите. Редовно прави некои гримаси кои ме нервираат, а не се сеќава дека баш тогаш камерата е
вперена во него и не убедува во неговата лепота :) Ај те молам смири се и
искористи тоа минутажата додека не е вратен Mattia Boy.
Во средината измешани перформанси: од сосема
солидниот NDJ, до
индиспонираниот Sulley кој
очигледно кога игра на MLC не
знае со кого си има работа позади него и многу често испаѓа при двојни
проигрувања на противникот. Особено денес, кога против себе имаш убиствено брзо
десно крило, не ти се пишува добро. На другата страна, што од помалку опасни
фудбалери, што од помал контакт со топката, Traore немаше моменти на бламажа. Позитивни потези, уште
помалку. Ама кој очекува од него, нели? Boa почна како false
9, па се повлече на AMC, ваљда по насока на Max. Очигледно дека AMC е неговата позиција и за жал, ниедна друга. Беше
просечен, не креираше многу, промаши чиста шанса, после 60та минута не трчаше
скоро ич, ама од друга страна беше добро позициониран и бркаше солидна работа во дефанзива.
Напаѓачите беа најдобрите,
иако комплетно невидливи во црниот период до 35тата минута. После тоа, итро
одземање на SES и гол, па снаодлив
гол на Stephan, после
предноста што ја даде судијата при фаулот за пенал над Petagna, па гол на Petagna и уште по една шанса на двајцата до крајот на
полувремето кои можеа да го направат комплетно лудо. Барем јас, не сум видел
меч што од 5-0 стигнал до 5-5.
Лично, сакав да го гледам Petagna барем уште 20-30 минути, ама Max се реши за Niang, кој имаше забележлив настап. Желен е за минути,
за игра, не сака да биде пратен на позајмица и тоа беше толку очигледно денес.
Дури имаше и еден фаул над него каде во 95% од случаите, играчите би побарале
измена. Овој напротив, продолжи да прави спринтови. После него, од измените, за
мене, најдобро одиграа Poli и
Noce. И кај нив силна желба,
повидлива за нијанса кај Poli. За почеток, ми се допаѓа дечкото. Gabriel, за разлика од Amelia имаше три одлични одбрани. Многу е едноставно ми
се чини – глупаво е да Amelia биде избор пред момчево. Дај му шанса, зошто да не, сигурно нема од Amelia да правиме голман допрва. Urby по пола година назад и повторно истата
приказна. Во 25 минути, три пати менуваше позиција. Почна на лев бек, кратко на
DMC, па се премести на MLC кога влезе Cristante. Го користат за пополнување на празни места
и веројатно така ќе биде. Најдобро за него, може не и за нас во оваа ситуација,
да си замине. Ама не во Fulham овојпат и не на позајмица. Сепак заслужува нешто повеќе. Останатите
измени, Pacifico, Pinato, Cristante, Kingsley Boateng, сите со преодна оцена. Без поголеми искушенија,
ама и без грешки. Уште еднаш
ќе речам, без да се залажуваме од големиот број голови или тоа што поразот не
делува убедливо, ова денес беше еден поприлично лош натпревар. Знам дека нема
место за некој паника, но сепак, не е убаво да гледаме ваква претстава на 3 недели од двомечот што може да вреди
колку колку една цела сезона.

Наспроти сето ова, утре (во истиот термин) имаме противник од друго квалитативно ниво, кој можеби и прав спаринг партнер за оваа ситуација. Денес
беа тврди против Bayern едно
полувреме, второто да бидам искрен не го гледав, но тогаш паднале двата гола. Без Ganso, Luis Fabiano и со модифициран стартен состав, не се на нивото на останатите три екипи на турнирот. Среќен бев што Bayern помина
и нема да игра против нас. Ќе беше тоа уште едно мачење, а можеби и срамење со
оглед на тоа што баварците се во поодмината фаза на подготовки и на располагање
е целиот состав. Не можам да знам и да проценам преку ТВ кој е колку одморен/уморен
после денешниот меч, но ќе кажам кој сакам да видам на терен утре. Дефинитивно сакам одново да ги
гледам SES и Petagna напред. Го сакам и Niang, ама прво, ми прави проблем во
вметнувањето во оваа 4-3-1-2 формација кога на терен е Petagna и второ, веројатно веќе се пожалил на
таа, се надевам ситна повреда од денес. Сакам да ги видам Poli и Noce, заедно со NDJ од старт. Назад немаме никаков избор, за жал.
Ќе стартуваат повторно истите. На голот, дефинитивно Gabriel. Ајде да видиме малку поинаков меч, поквалитетен
Milan.
FORZA MILAN!!!