Translate

Showing posts with label mobile. Show all posts
Showing posts with label mobile. Show all posts

Sunday, 29 April 2012

Само победи до крај!!!


Тоа е единствениот рецепт за достојно завршување на сезоната! Нешто не штима во таборот во Миланело, тоа се чувствува и во изјавите и на теренот. Премногу шпекулации, за тренерот, за актуелните и за евентуалните нови фудбалери. Премногу шпекулации на сите нивоа во клубот! Смиреноста што Милан ја демонстрираше со декади наназад во однос на шпекулациите околу staff-от, вештачки или не, недостасува. Шпекулациите не застануваат на Алегри, продолжуваат кон Браида, Тоњацини па дури и Галијани! Како капак на сè дојде и интервјуто на Фламини! Во ваква ситуација тешко се игра!
Како и да е, обврска на тренерот и играчите е да го дадат најдоброто од себе! Дали тоа ќе биде доволно за победа на незгодното гостување во Сиена, ќе видиме во 16:50.
Иако здравствениот билтен е во далеку подобра состојба од поблиското минато, повторно ќе недостигат Урби, Сидорф и Тиаго Силва кој сè уште не е фит. Пато влегувал во натпреварувачки ритам но нема да се ризикува со него! Тимот е познат, еден од Бонера и Јепес ќе застане до Неста, еден од Стефан и Касано ќе застане до Златан а Боа ќе почне од старт. Останатото е прилично јасно. Одиме на победа, лесна-тешка, ПОБЕДА!
Forza Milan!!!

Tuesday, 8 November 2011

Bunga Bunga Presidente is back!

Bunga Bunga Captain се повлекува од челото на Италија. Ова веројатно ќе биде подобро за Италија како земја, за Милан како клуб никој не може да претпостави.

- од една страна може уште повеќе да го загуби интересот за Милан поради тоа што Милан на моменти му беше скапа играчка со која си го градеше својот PR, со спортски успеси ќареше и на политички гласови а и Милан беше параван со кој се свртуваше вниманието кога ќе излезеше некој Bunga Bunga скандал.

- Од друга страна може повторно да му се врати љубовта и воопшто гладта за успех и да направи бум со кој ќе си го нахрани своето малку повредено его (а нема поголем егоист од него). Знаеме дека едноставно и да сакаше не можеше да прави скапи екскурзии во трансфер периодот кога земјата беше во длабока криза. Тоа ќе беше политичко самоубиство.

- Трета (и според мене најверојатна) варијанта е се' да си остане status quo.

- Продавање на клубот за него сметам дека не доаѓа во предвид.

Welcome back President!