Translate

Monday 19 June 2017

Пост

Повеќе од две години поминаа откако напишав пост, а скоро две години откако имало било каква активност на овој блог. Причините ни се добро познати, меѓутоа на ова гледам од позитивна страна бидејќи благодарение на неколку индивидуалци нашиот фан пејџ на фејсбук работи беспрекорно, и затоа јавно овде им се забагодарувам на нив.
Причината за овој пост е пред се бидејќи ми фали ова мало блогерско место кое што си ги споделуваме мислењата и ставовите за нашиот омилен клуб.
Друга причина е турбуленциите кои што се случуваат во Милан во моментов, дел позитивни, дел негативни. За мене лично повеќето се позитивни затоа што конечно после подолго време Милан е компететивен на трансфер пазарот, и големи промени се случија во раководството.
За нашите нови газди не знаеме толку многу освен најважното во денешниот пазар: Имаат финанскиски средства, и се спремни да ги потрошат. Ви исто време и доаѓаат од најголемиот пазар на светот и имаат големи планови за истиот.
Доколку се остварат голем дел од најавите, тогаш би требало конечно да го имаме тимот кој ќе атакува на место во Лигата на Шампионите.


Господава на сликава погоре сега за сега одлично си ја вршат работата. Долга и болна беше транзицијата од Галијани па и Барбара Берлускони меѓутоа новава насока во која оди нашиот клуб мене многу ми се допаѓа. Искусни, способни и директни, така би ги опишал досега Фасоне и Мирабели. Тек ќе треба да докажуваат што знаат и умеат меѓутоа во ново настанатата ситуација со нашиот млад голман нивниот став е оној зад кој стојат повеќето од фановите на Милан.


Ова се нашите засилувања до моментот. Сите горе долу ги задоволуваат потребите по својот квалитет и возраст пред се. Има уште скоро 10 играчи со кои преговараме во моментов. Би ги издвоил Конти од Аталанта за кој останува да се договори само сумата со Аталанта во која најверојатно ќе бидат вклучен и некој од нашите играчи (ова многу ме радува). Лукас Биља од Лацио е уште едно име со кое не поврзувааат и наводно е многу блиску до Милан. Јас лично сум загрижен за средниот ред сеуште, како и централниот дел од одбраната кој според мене сеуште е доста кревок. Во нападот според мене треба да се фокусираме на еден играч: Аубамејанг. Ги има сите квалитети за да стане број еден напаѓач не само во Милан туку и во Серија А. Мората е уште еден играч кој може и те како да направи разлика. Проверен во Италијанската лига, дава многу голови, креира шанси. Комплетен напаѓач. Мое мислење е дека Белоти и Калиниќ не се играчи кои ќе го однесат Милан на следно ниво. Особено ако атакуваме на титула во наредните неколку години. Да не почнеме да зборуваме за цената на Белоти кој во реален трансфер маркет со реални услови не треба да чини повеќе од 30 милиони. Накратко сумирано, Аубамејанг, Мората се како Шевченко, Ван Бастен, Ибрахимовиќ. Напаѓачи што можат да направат разлика. Белоти и Калиниќ ми се како Џилардињо, Имобиле, Бориело, Матри, Пацини. Играчи за тимови од средниот дел на табелата, кој имаат 1-2 добри сезони и со тоа добиле трансфер во некои од топ клубовите.


И на крај за најзборуваната сторија во последната недела во светските спортски медиуми. По се што се  случи и сеуште случува и тек ќе се случува мојот став е многу јасен и сличен на оној како и нашите раковдни луѓе. Милан е Милан и никој играч не е над него. Посебно не некој кој не сака да игра за Милан. Има една голема дилема сега а таа е дали да се продаде ова лето и неговиот агент на кој не сакам да му го спомнам и името си го добие својот процент од продажбата или остане на трибини една година како лекција и да си замине без никаква оштета следното лето. Јас лично сум фан на втората ситуација, ама тоа ми мириса на сценарио каде што Џиџо би заминал во Јувентус за безпари, и Јуве нашиот директен и најголем ривал би си го осигурал голманското место во наредните 20 години.
Вашите ставови за ова?

4 comments:

Unknown said...

Само би напоменал дека сега сме и на твитер и инстаграм :Д Во чекор сме со времето:Д

Добро е да се види дека на некој му текнало на блогот, често знае да е и дискусија помеѓу нас админите на пејџот па си праиме некој throwback :Д

Горе-доле сите сме на иста фрекфенција околу новиот менаџмент, новите засилувања и сагата со Донарума ама тоа е што е, напомена и ти дека ниеден играч не е над клубот и тоа ме радува кај новата управа што е спремна да не подлегнува на уцени.

Поздрав и те чекаме со коментари на фејсбук статусите.

ReBorned said...

Најпрво добредојде назад, навистина пријатно изненадување :)

Околу твоето резиме досега, јас а веројатно и сите други кои ги познавам а се поврзани со клубот, размислуваме слично. Новото раководство (тука мислам на Фасоне и Мирабели) работат профи, нешто за што добија пофалба и лично од најдобриот агент на светот, Жорге Мендез. Веројатно тоа беше капак на дебелиот за да почне своја хајка против нив. Едноставно тие двајца лично а и клубот во целина се ставени во ќорсокак и пред свршен чин и мислам дека одиграа најдобро што можеа во моментов со оглед на деликатната ситуација во која се наоѓаат. Сосема се во право што ставија временска рамка за одговор на извонредно добрата понуда за 18 годишно дете (5 милиони + капитенска лента во перспектива) затоа што на детето договорот му истекува следното лето а веќе во јануари може да преговара беспари со други тимови. Едноставно не можеа да дозволат да се чека до ноември (желбата на малиот и неговиот агент) бидејќи тогаш веќе е предоцна и ќе си отидеше беспари.

Околу другите засилувања, мислам дека сите се на место и тие треба(ше) да бидат уште еден доказ плус за малиот дека тимот сериозно се гради и размислува за успех. Тоа што агентот на малиот изјави дека сегашното раководство не прашало ништо за Златан ама ако бил уште Галијани Златан ќе бил донесен во Милан, доволно зборува на кој начин функционираа сегашниот агент и поранешниот CEO на Милан (8 милиони евра во провизии за Родриго факинг Ели?!).

Стојам зад раководството и досега не ми дале за право со ништо да се сомневам во нивните намери и начин на работа. Ниту еден играч или агент досега не спомнал такво нешто па сигурно нема да почнам да му верувам на оној кој зад себе има само нечисти работи и проблеми (во моментов е под истрага на УЕФА бидејќи земал неморално висока провизија при трансферот на Погба).

Ќе биде подобро и веќе се чувствува тоа! Forza Milan!!!

P.S Би можеле некако овие текстови со лични размислувања да ги споделуваме на фб пејџот оти таму има поголема фреквенција на луѓе. Би можеле некако да ги склопиме како Notes или не знам како. Во секој случај тоа би можело да биде одлична иницијална каписла за дискусија во коментари.

Unknown said...

Види, види, не сум знаел за инстаграм и твитер. :)
А може Ивче или Фичо, бидејќи незнам кој друг е админ на фб пејџот да го ископираат
Текстов и таму да ја префрлиме дискусијата апсолутно.

Navigator said...

It's good to be back :) Убаво што не наврати на блогот. Сум размислувал мал милион пати дали вреди да се реактивира блогов, ама сепак мислам му помина времето. Убаво беше додека траеше, во секој случај :) Идејата на Жаре е одлична, секогаш кога ти се пишува вакви текстови, слободно состави note на фанпејџот. Мислам дека имаш админ пристап. Или не? Ако немаш, ќе интервенирам кај управата :) Исто ти спомнав во пораката на ФБ околу твитер групата, добродојден си и таму.