Translate

Showing posts with label Berlusconi trofeo. Show all posts
Showing posts with label Berlusconi trofeo. Show all posts

Sunday, 19 August 2012

Trofeo Luigi Berlusconi


Дојде време и за последниот посериозен тест пред почетокот на сезоната. Традиционалниот трофеј на Сан Сиро кој веќе неколку години наназад се игра против Јувентус. Трофејот (кој многумина сметаат дека го проколнува победникот поради сплет на околности во минатото) двата состави го дочекуваат во апсолутно различна атмосфера. Од една страна, Јувентус како актуелен шампион во Италија, екипа која сè уште е непоразена во натпревар по 90 минути (иземајки го купот), актуелен освојувач на супер купот на Италија и екипа која повторно имаше одлично трансфер лето. Јувентус имаше трансфер лето во кое ги пополнија (подобрија) сите свои дупки во тимот и чекаат само еден одличен гол играч за да биде затворена трансфер сезоната (веројатно тој напаѓач ќе биде Љоренте од Билбао).
Од друга страна, Милан овој натпревар (и воопшто оваа сезона) го дочекува во траорна атмосфера. Клубот ги загуби двата најдобри фудбалери во тимот а сè уште не донесе адекватни засилувања. Освен Монтоливо кој е фудбалер од вистинска класа, сите други фудбалери кои досега го засилија Милан се т.н fodder фудбалери односно фудбалери со кои клубот добива на квантитет и ротација но доколку не се случи некое чудо веројатно ниту еден од нив нема да донесе значителен квалитет на првите 11. Има уште нешто помалку од 2 недели за комплетирање на трансфер сликата на двата тима (која во случајот на Милан со било каков исход во овие 12 дена, нема да биде розева).

Во однос на вечерашниот натпревар, двата тима имаат отсутни. Кај гостите ќе недостигаат првиот голман и капитен, Буфон и креаторот Андреа Пирло кои се пожалија на ситни повреди.
Во тимот на Милан иронично, исто така ќе недостига капитенот Амброзини како и Ночерино кој вчера на тренингот се здоби со незгоден удар на зглобот па нема да се ризикува со него. Во ваква ситуација, првите 11 на двата тима би требало да изгледаат вака:


Мексес не е ниту меѓу повиканите и тоа носи нови шпекулации за неговата иднина. 
Constant кој остави солиден впечаток би требало да го замени Nocerino на левата страна иако и Urby кој беше во најдобра форма во подготвителниот период е опција. Уште една дилема е кој би заиграл покрај Bonera на CB но според последните информации, предност ќе добие Zapata (иако стигна во Милано пред неколку дена).
Јас не верувам во малери и проколнати трофеи и секоја било каква победа ќе ме направи среќен.
Инфо околу мечот кое го твитнав и на #MilanFansMkd, доколку натпреварот заврши нерешено по завршувањето на стандардните 90 минути, директно ќе се премине на изведување на пенали.
Друг интересен детаљ околу овој натпревар е фактот што за прв пат  ќе можеме да видиме како изгледа новата artificial трева на Сан Сиро која е составена како мешавина на вештачка, синтетичка и природна трева со која се надевам дека стихијното повредување на фудбалерите во тимот ќе стане минато.

Forza Milan!